build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Коритото и кејот на Вардар низ Скопје
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Коритото и кејот на Вардар низ Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 10>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Online
Posts: 676
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Коритото и кејот на Вардар низ Скопје
    Posted: 19-Oct-2020 at 16:51
Исто како и за реконструкција на улици, за 2-3 години се заборава. А за кејов, или ќе се одржува по програма секоја година, или секој нов градоначалник првпат ќе го чисти. Нормално, шансите за втората опција се далеку поголеми.

Edited by <Fresno> - 19-Oct-2020 at 16:51
Back to Top
Citizen View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 18-Mar-2020
Online Status: Offline
Posts: 4
  Quote Citizen Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 19-Oct-2020 at 07:38
Еве јас уште еднаш и со слика од форумов која потврдува дека кејот бил чистен редовно, а не дека со децении не бил пипнат. Добро нема некој што редовено го оди овој пат овие 10 години и да рече - еј стварно никад не бил пипнат еве сега ова е чудо, не можам да го препознаам. Го правам ова за да утврдам дали е можно човековата меморија да е толку кратка. Еве да речеме следната година да не се чисти кејот. Па 2022 да има друг градоначалник и тој да го чисти и да рече - 100 години не е ништо фатено јас го исчистив. И ќе аплаудираат луѓе.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4754
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 18-Oct-2020 at 22:18

Можеби бидејќи е до реката не е и така паметна идеја? Големи количини ќе завршат во водите на Вардар.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Online
Posts: 676
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 18-Oct-2020 at 20:45
Има и хемикалија што се користи (обично пред деловни згради од страна на самите фирми) за да не расте вегетација на бекатон или калдрма. Време е и локалните власти да почнат превентивно да делуваат, бидејќи не е само проблем со кејот.
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 376
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 18-Oct-2020 at 17:28
Супер изгледа. Се надевам дека КОНЕЧНО ќе го средат и делот во Центар од двете страни.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6936
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 18-Oct-2020 at 15:07
Кејот го враќаме во полн сјај. После неколку децении. Така како што заслужува Скопје !







https://www.facebook.com/petreshilegov
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 502
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 17-Oct-2020 at 21:37
И јас мислам дека недостасува желба, но мислам дека недостасува и иновација. Реално, не е мала должина на целата река низ градот (а тоа по автоматизам значи две страни), па одма да се среди се', но очигледно е дека ќе мора некако поинаку да се организираат тие претпријатија кои се задолжени за одржување на кејот за да може поефикасно да се чисти, а не цело лето, или не знам колку долго, само да се исчисти од вегетација, па ајде после некоја година пак итн. Со истиов начин на функционирање не може да се мрдне повеќе од тоа чистење (кое би требало да биде најнормална појава), за да се дојде до некое пристојно уредување, нови плочки, патеки итн.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6936
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 17-Oct-2020 at 20:58
Левата страна е многу ретко користена,низ Центар е сардисана од тарабите за мостот,пред средувањето беше многу зарасната и слабо осветлена. Во делот близу МТВ е потопена со вода и кал понатаму наближува поред дивата ромска населба што е спроти ПИОМ и каде врие од кучиња и купишта ѓубре па после тоа пак наидува на тараби поради мостот кон Керамидница. Немора да се прават некои огромни инвестиции за да заличи просторот како што треба но очигледно се нема желба некои работи да се стават во ред.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 824
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 17-Oct-2020 at 20:44
Јас минатово лето често се шетав по кеј обично од кај Карпош 4 до МНТ (каде е прекинат ради мостон што се прави со години). Многу често за да избегнам народ одев од левата страна од кај систина до МНТ. На тој потег во добар дел е во уредена сстојба и релативно чист, освен од делот кај што се влева Серава до пешачкиот мост кај Полигон (Луна парк од другата страна). Тука знаат често и коли да поминуваат и се одлага ѓубре и кабаст отпад. И најмногу што нервира е дека на средина на тој потег се дренира вода од брдото и патеката е потопена со вода секогаш. Тука треба да се решат тие атмосферски води и треба добро да се искастри вегетацијата. Нормално и сите уништени светилки да се обноват.
Некаде април мај Шилегов имаше прес конференција со канцеларијата на ОН мислам каде рече дека ќе се исчисти левиот кеј од лепенец до центар и ќе се постават корпи за ѓубре. до крај на септември немаше ништо од тоа, а не е некоја голема инвестиција.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7378
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 06-Oct-2020 at 01:28
Originally posted by Џоле

Originally posted by my Macedonia

Тука има премногу работа, мене ми е баш интересно да видам што се ќе излезе во површина


Гробот на Аце
шала на страна, јас не знаев дека на насипот долж целиот кеј има цигла... знам дека сеуште се приметува на некои локации, ама мислев локално е
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 126
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 05-Oct-2020 at 08:42
Isto vakvo korito ima vo gradot Nish, tamu koritoto sveti. Slicnosta e poradi goleminata na Nishava i firmata koj gi ima gradeno dvete korita. Ednostano treba redovno odrzuvanje na koritoto. Isto e i so avtopatistata. Proleta gi iskosija iscista isekoa drva, denes izgledaat go 10 godini da ne se cepnati.
Back to Top
Citizen View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 18-Mar-2020
Online Status: Offline
Posts: 4
  Quote Citizen Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 05-Oct-2020 at 07:49
Ајде да не биде дека го споредувам со Коце (кој патем направи неколку вакви акции), еве буквално од пред две години под управа на Шилегов истото се правело и 2018-та. Кои се тие 30 години?

ЛИНКЛИНК

Edited by Citizen - 05-Oct-2020 at 07:50
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 985
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 04-Oct-2020 at 17:04
Па ако ти ја исчистиш левата страна, направиш спортски терени, вметнеш дел за кафичи на отворено, притоа бришејќи маркици на постојни локации на кафичи, нормално дека тој дел ќе се развие.

Нормално е да не се развие, ако ништо не направиш.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 669
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 03-Oct-2020 at 23:37
Левата страна и да не беше запоставена немаше да се користи...кафичите,шеталиштата,продавниците,градски парк,плоштад,скејт парк,станбените зони...се е на десна страна,а и голем дел од луѓето што идат на кеј го прават по нешто што во психологија е познато како принцип на стадото,дел за да бидат видени...ќе треба уште едно Скопје да се изгради на другата страна за да се создаде таа динамика и густина на проток на луѓе.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6936
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 03-Oct-2020 at 21:05
Правење скверчиња,поставување столбчиња,држачи за велосипеди,чистење велопатеки и бележење срамота е да се истакнуваат како проекти и да се ставаат по социјалните мрежи како некој голем подвиг. Тоа се тековни активности на надлежните служби и ништо посебно. Кога сме кај кејот треба да подразмислат како да живне и да се среди делот од левата страна кај дивата населба спроти ПИОМ и тука околу Транспортен целото ѓубре од дивите населби под мостот се фрла околу патеките а тука се и бројните кучиња скитници. Некако ќе треба доста време да живне и да се користи почесто левата страна од кејот која беше долг период тотално запоставена.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13147
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 03-Oct-2020 at 17:51
Чистењето и одржувањето на кејот и на коритото спаѓаат во редовни обврски, само кај нас тоа звучи како нешто што се прави еднаш на триесет години.
За сè има вторпат
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 669
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 03-Oct-2020 at 17:50
Ова вака треба секоја година или ајде чим не не бива бар еднаш на неколку години да се чисти, а не еднаш на 30 години.
Муљ,тиња и растителност им треба година за наново да се појават...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13147
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 03-Oct-2020 at 17:43
Originally posted by my Macedonia

Тука има премногу работа, мене ми е баш интересно да видам што се ќе излезе во површина


Гробот на Аце
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6936
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 03-Oct-2020 at 17:20
„Затемнување“ на кејот кај Железничката станица



Граѓани сведочат за намерно уништување на уличното осветлување во Скопје
Намерното уништување на јавните добра од страна на несовесни граѓани, на кои се чини дека поради некоја причина тоа им одговара, не се однесува само на уништувањето на клупите и кантите за отпадоци, туку и на уличното осветлување. Како последица од тоа низ градот има темни улички, паркови и велосипедски патеки каде што многу е тешко, но и опасно движењето на граѓаните.
Таква е сликата и на кејот кај Железничката станица. Сега, кога денот почна да се намалува, граѓаните што со велосипеди се движат во овој дел од градот, велат дека темнината во тој дел е застрашувачка. Велат дека на тој начин лесно може да станат цел на напасници, кои во темнината лесно би успеале да ги остварат своите криминогени цели, да наштетат, а без притоа некој да ги види.
– Моето работно време завршува околу 19 часот, кога надвор веќе се стемнува. Работам во Центар, а живеам во Аеродром. За да стигнам побрзо дома најчесто со велосипедот се движам по кејот, а изминативе неколку дена, делот кај Железничката станица е без осветлување. За мене тоа е навистина страшно.

Што ако некој ме нападне во темницата? Кој ќе може да ми помогне доколку навистина дојде до таква ситуација? Сега и фреквентноста на луѓе е намалена, па навистина е застрашувачки да се движи човек тука. Но не е само тоа во прашање. Видливоста е мала, па лесно може и да се случи некоја несреќа додека возам велосипед – вели Деана Јовановска, жителка на Аеродром.
Таа вели дека од целата патека, проблем има само во овој потег, па додава дека честопати била сведок на несовесни граѓани како намерно го уништуваат осветлувањето.
– Тука во околината има диви населби. Честопати ги гледам дивонаселените како се качуваат на столбовите од светилките и се нишаат за намерно да ги прекинат контактите за тие да не светат. Се чини дека ним им одговара во овој дел да е темнина – вели таа.
Градските власти велат дека се запознаени со дефектот, но дека не знаат која е причината за неговото настанување.
– Станува збор за дефект што е пријавен до нашите служби.

Истите тие ќе излезат на терен и ќе го санираат во најкраток можен рок. Во однос на причините за ваквите дефекти, за конкретниов случај немаме информации – информираат од Градот.
Оттаму додаваат дека дефектите се редовна појава, но истакнуваат дека намерното уништување на урбаната опрема не е ниту новитет ниту нешто што ретко се случува.
– Дефектите се редовна појава што се случува на терен, но понекогаш имаме случаи и на намерно уништување на урбаната опрема и на другите материјални добра на Град Скопје, при што често се уништуваат зелените површини и инсталациите за наводнување, се крадат расадите, се палат контејнерите, се оштетуваат сообраќајните знаци… – велат градските власти.
Овој случај не е ниту изолиран ниту единствен на територија на Градот. Неодамна во Општина Чаир граѓани се обидоа да украдат цел столб за осветлување во „Чаирчанка“, за што јавноста ја информира градскиот татко, Петре Шилегов, на социјалните мрежи. За среќа, сторителите беа набрзо фатени, а уличната светилка повторно беше вратена и поставена на местото од страна на стручните служби.

Во некои населби се извадени и капаците од електричните столбови на уличното осветлување. Од нив стрчат кабли, кои лесно можат да предизвикаат фатални последици кај помалите деца, кои не знаат дека тоа може да биде опасност по нивниот живот.
Се чини дека се залудни сите напори на општините и на Градот. Тие не можат толку да поправат колку што несовесните граѓани можат да уништат.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/затемнување-на-кејот-кај-железнич/
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3889
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 28-Sep-2020 at 12:01
Тука има премногу работа, мене ми е баш интересно да видам што се ќе излезе во површина
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 10>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.