build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Коритото и кејот на Вардар низ Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 629
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 24-Mar-2017 at 01:19
По кејот и онака минуваат коли,а кафичите го имаат зафатено на 2/3...така да по добро да се изгради оваа улица.Ќе ги респектира кафиџиите,а и ќе се воведе ред при минување на возила.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7262
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 24-Mar-2017 at 01:57
Originally posted by kiriOK

По кејот и онака минуваат коли,а кафичите го имаат зафатено на 2/3...така да по добро да се изгради оваа улица.Ќе ги респектира кафиџиите,а и ќе се воведе ред при минување на возила.
решение на проблемот е да се легализира и воведе во ред проблемот?
...инаку и до сега имаше рампа
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2005
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 24-Mar-2017 at 09:04
Единствено решение е да се забранат моторни возила на пешачки улици. А кафичите воопшто не сметаат тука, наптротив.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 24-Mar-2017 at 10:03
Не се сложувам со оваа улица. Главниот проблем е изградбата на нова катна гаража, која значително ќе го зголеми сообраќајот на оваа улица во иднина. Одлуката на општина Центар за бришење на надземната улица ја поздравувам. Со тоа што, јас би сакал и кафичите да се повлечат од средишниот дел на шеталиштето и истото да им се врати на граѓаните.
Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 213
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 24-Mar-2017 at 16:10
Originally posted by kiriOK

По кејот и онака минуваат коли,а кафичите го имаат зафатено на 2/3...така да по добро да се изгради оваа улица.Ќе ги респектира кафиџиите,а и ќе се воведе ред при минување на возила.


Koga nema policija koja ke go kontrolira i sproveduva zakonot, ke imate i koli i konji i magarinja po ovaa ulica
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7262
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 31-Mar-2017 at 00:25
Originally posted by iGi_PoP


Originally posted by kiriOK

По кејот и онака минуваат коли,а кафичите го имаат зафатено на 2/3...така да по добро да се изгради оваа улица.Ќе ги респектира кафиџиите,а и ќе се воведе ред при минување на возила.
Koga nema policija koja ke go kontrolira i sproveduva zakonot, ke imate i koli i konji i magarinja po ovaa ulica
кога нема присуство на закони, тогаш има физичко решение
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Czech Republic
Online Status: Offline
Posts: 357
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 05-Apr-2017 at 14:16
Има некој документ од изградбата на коритото на Вардар кај Скопје по земјотресот? Ме интересира како течел процесот, снимки пред и потоа, колкав дел од Вардар е затрупан и сл.
ಠ_ಠ
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3870
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 07-Apr-2017 at 19:19
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2391
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 01-May-2017 at 10:35
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7262
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 01-May-2017 at 20:28

абе глеј, да гледаме на ова позитивно, единствено нешто што е докажано во целава ситуација е дека работа која кај нас се работи со месеци/години може да се заврши во еден потег ако се сака
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12906
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 02-May-2017 at 09:04
Понекогаш си го поставувам прашањето дали ќе ни беше подобро ако градските власти вложуваа толку енергија и инает во добри и корисни проекти.

Edited by Џоле - 02-May-2017 at 09:05
За сè има вторпат
Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 213
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 02-May-2017 at 15:00
^ Ne samo gradskite vlasti nego site vo MK
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2446
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 02-May-2017 at 23:10
рака на срце на кејот веќе одамна фрчат коли и комбиња, и понекој камион... така да, се правело улица или не ми се чини исто ни се фаќа.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12906
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 09-Aug-2018 at 10:51
Се коси тревата и се поправаат фугите меѓу камењата на кејот на Вардар



Продолжи чистењето на коритото на реката Вардар во Скопје. Деновиве, како што информираат од Град Скопје, на „удар“ е потегот од булеварот 8-ми Септември до мостот „Гоце Делчев“, се коси тревата и се отстанува наталожената мил и песокот од коритото на Вардар.



– Како дел од овие активности се чистат и камењата на косините, како и фугите меѓу камењата. Таму каде што има потреба фугите се затвораат со цементен малтер – велат од Градот.



Чистењето и уредувањето на кејот на реката Вардар ќе продолжи и во наредниот период, а во акцијата се вклучени и јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“.

https://plusinfo.mk/%D1%81%D0%B5-%D0%BA%D0%BE%D1%81%D0%B8-%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B8-%D1%81%D0%B5-%D0%BF%D0%BE%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D1%84%D1%83%D0%B3%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BC/
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12906
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 16-Nov-2018 at 18:29


Во коритото на Вардар се поставува пловечка препрека за собирање пластична амбалажа



Екипи на Град Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање и „Пакомак“ деновиве поставуваат пловечка препрека за собирање пластична амбалажа во коритото на реката Вардар, во Лисиче.

Проектот ќе се промовира наредната недела во рамки на Европската недела за справување со отпадот.

https://skopjeinfo.mk/se-postavuva-plovechka-prepreka-za-sobiranje-plastichna-ambalazha-vo-koritoto-na-vardar?utm_source=daily.mk&utm_medium=daily.mk&fbclid=IwAR0mKj5vaKzpEzFnm5ExX-oYkXrt3Iena-GjE4q38hMO5DYlgnNF8NE7bo4

Edited by Џоле - 16-Nov-2018 at 18:29
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1931
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 16-Nov-2018 at 22:41
А да стават пред влез на Скопје? Чисто и градот убав да е малку поубав. Одлично!
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12906
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 25-Jul-2019 at 09:40
Фонтаните во Вардар не се во функција, а стои инсталацијата…

Тие се во дефект. Веќе се работи интензивно на отстранување на фундаментите што беа поставени за панорамското тркало, како и на околните диви острови што сега се наоѓаат околу фонтаните што не ги опслужуваат. Така што нема да останат, нефункционални се. Треба да ја отстраниме целата таа инсталација.

целото интервју со Шилегов тука https://nezavisen.mk/shilegov-za-nezavisen-skopje-kje-se-shiri-na-sever/
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 5100
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 16-Jan-2020 at 14:02
ГАЛИИТЕ ВО ВАРДАР ЌЕ ОСТАНАТ ДО 2035, ГРАДОТ НЕМА 6 МИЛИОНИ ЕВРА ДА ГИ ТРГНЕ ИАКО ПРОТОЧНОСТА НА ВАРДАР Е НАМАЛЕНА ЗА ТРЕТИНА



Бродови во коритото на реката Вардар во центарот на Скопје ќе има до 2035 година. Тогаш истекува последниот договор кој Град Скопје, кога градоначалник беше Коце Трајановски, го склучи на 20 години со фирмата „Воденица“. Другите два договора, кои при јавното наддавање беа склучени со фирмата „Фаланга“ на фризерот Давор Андреевски, а денеска имаат други сопственици, се на десет години и истекуваат во 2026 и 2027.

Друг начин да се отстранат бродовите од Вардар е Град Скопје да ги урне, но за тоа ќе треба да плати оштета на сопствениците. Според проценките тоа би чинело околу 6 милиони евра, а Градот нема пари за да дава милиони евра за уривање и обештетување.

Бродовите во Вардар се дел од проектот „Скопје 2014“ на владата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски, со кој се потрошија 700 милиони евра за да се измени ликот на центарот на Скопје. При една од многуте измени на Деталниот урбанистички план (ДУП) Мал Ринг, кога градоначалник на Општина Центар беше Владимир Тодоровиќ, во коритото беа вцртани маркички за 6 сплавови, 4 од десната страна и два од левата страна на Вардар.

На јавното наддавање во Град Скопје во феврари 2012 беа продадени само две локации на фирмата „Фаланга“, кај зградата на МЕПСО и кај хотелот „Холидеј ин“. Во декември истата година, беше продадена уште една локација на фирмата „Воденица“ меѓу двата пешачки моста. Останатите локации за сплавови кои потоа прераснаа во бродови, никој не сакаше да ги купи и тие не се продадоа.

За сите три бродови договорите кои се склучени со градските власти се за поставување урбана опрема заради вршење угостителска дејност. Сопствениците имаа рок, според првичниот договор, да ги стават во функција за 24 месеци, но тие рокови не се почитуваа, па Градот им ги продолжуваше роковите со нови анекс-договори.

Брод кај МЕПСО

Рок на користење: 10 години од денот на почнување со работа. Договорот во моментов е ставен во мирување поради градежни работи на Град Скопје за изградба на мостот на кој требаше да стои Панорамското тркало.

Сопственик: „Фаланга ДИМ“ ДООЕЛ, сменето во „Фаланга Херонеа“ ДООЕЛ.

Кирија: 76.600 денари месечно.

Договор за доделување право и издавање на одобрение за поставување на урбана опрема за вршење на угостителска дејност на кејот на реката Вардар број 08-1257/1 од 21.03.2012 година.
Анекс договор број 1 кон основниот договор број 08-1257/1 од 29.07.2013 година.
Анекс договор број 2 кон основниот договор број 08-1257/2 од 31.01.2014 година.
Анекс договор број 3 кон основниот договор број 08-1257/3 од 20.06.2014 година.
Договор за давање на согласност и доделување на право и издавање на одобрение за поставување на урбана опрема за вршење на угостителска дејност на кејот на реката Вардар број 08-4830/1 од 11.07.2014 година.
Анекс договор број 4 кон основниот договор број 08-1257/4 од 06.12.2016 година.

Брод кај Градски трговски центар

Рок на користење: 20 години од денот со почнување со работа.

Корисник: „Воденица ОНЕ ТП“

Кирија: 35.990 денари месечно.

Договор за доделување право и издавање на одобрение за поставување на урбана опрема за вршење на угостителска дејност на кејот на реката Вардар број 08-5112/1 од 06.12.2012 година.
Анекс договор број 1 кон основниот договор број 08-2012/1 од 19.02.2015 година.
Анекс договор број 2 кон основниот договор број 08-5112/2 од 28.07.2015 година.

Брод кај Холидеј ин

Рок на користење: 10 години од денот со почнување со работа.

Корисник: Фаланга ДИМ ДООЕЛ, сменето во „ИНТЕК МАК“, сменето во „СЕРВИС АД“.

Кирија: 64.999 денари месечно.

Договор за доделување право и издавање на одобрение за поставување на урбана опрема за вршење на угостителска дејност на кејот на реката Вардар број 08-1258/1 од 21.03.2012 година.
Анекс договор број 1 кон основниот договор број 08-1258/2 од 29.07.2013 година.
Анекс договор број 2 кон основниот договор број 08-1258/3 од 09.09.2014 година.
Анекс договор број 3 кон основниот договор број 08-6745/3 од 03.09.2015 година.
Анекс договор број 4 кон основниот договор број 08-2263/3 од 31.08.2016 година.
Анекс договор број 4 кон основниот договор број 08-1258/5 од 01.02.2017 година.

Градоначалникот Петре Шилегов во првите месеци откако дојде на градоначалничката функција на прес-конференции, во интервјуа и изјави за медиуми, велеше дека ќе ги отстрани бродовите во Вардар бидејќи претставуваат опасност.

„Наредив да започне постапка за дислоцирање на галиите. Во тек се постапките. Како ќе бидат созреани одлуките за носење, така ќе бидат објавени“, рече градоначалникот Петре Шилегов на прес-конференција на кејот на Вардар пред една од галиите на 7 февруари 2018, два месеца откако ја презеде градоначалничката функција.

Но, од ваквите изјави на Шилегов кои на големо ги даваше на почетокот на неговиот мандат, не се оствари ништо. Бродовите сѐ уште се во Вардар и тешко дека ќе бидат отстранети бидејќи Градот нема пари.

Шилегов сега вели ако Градот ги отстрани бродовите и при тоа ги обештети сопствениците, тоа би го чинело околу 6 милиони евра. Тоа се многу пари кои Град Скопје ги нема, па затоа се преговара со сопствениците сами да се откажат од објектите.

Едната галија што е кај градилиштето на мостот не може да биде отстранета, сега не работи поради градежните работи за мостот. Тој многу бргу ќе биде пуштен во употреба и ќе мора да стапат во определна дејност. Останува да видиме дали ќе почнат со работа. За првата галија кај ‘Холидеј ин‘ со сопствениците сме во завршна фаза на разговори и договори. Можно е многу бргу да биде дислоцирана. Може да се случи оваа година две од трите галии да бидат дислоцирани. Сега за сега, не можеме да се договориме со сопственикот на третата галија ‘Воденица‘“, вели Шилегов.

Речиси ист одговор дека галиите наскоро ќе се отстранат градоначалникот Шилегов даде за САКАМДАКАЖАМ.МК и на 22 декември 2018, велејќи „очекуваме дека во блиска иднина ќе можеме да зборуваме за отстранување на две галии. Можно е едниот брод да биде отстранет и до крајот на оваа година“.

Трите бродови во Вардар заедно со пешачките мостови претставуваат опасност реката да се излее при пообилни дождови бидејќи тие се еден вид препрека во коритото. Ова го покажува студијата за намалување на ризикот од поплави која ја изготви УНДП заедно со Град Скопје и Центарот за управување со кризи. Во студијата се вели дека бродовите за третина ја намалиле проточноста на реката и дека во Вардар не треба да се градат насипи, прегради и други објекти.

„Регулираното речно корито на Вардар низ централното подрачје, во текот на изминатите неколку години е предмет на архитектонски промени. По 2010 година, изградени се два нови пешачки моста, а еден мост со панорамско тркало е сè уште во градба. Исто така, измените вклучуваат изградба на три статични бродови во речното корито, наменети за разонода. Со оглед на тоа, моменталната состојба на речното корито на Вардар во Скопје е видливо изменета од проектните параметри, главно поради големите количини на нанос депониран во речното корито и инфраструктурата што зазема дел од попречниот профил“, стои и во студијата.

Во декември 2017, Вардар во центарот на градот се излеа од малото корито по еден ден дожд.

А. АНТЕВСКА


https://sdk.mk/index.php/sakam-zeleno/galiite-vo-vardar-ke-ostanat-do-2035-gradot-nema-6-milioni-evra-za-da-gi-ostrani-iako-protochnosta-na-vardar-e-namalena-za-tretina/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 5100
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 17-Jun-2020 at 12:24
ОД ЛЕПЕНЕЦ ДО АЕРОДРОМ – ПОЧНА ГОЛЕМА АКЦИЈА ЗА УРЕДУВАЊЕ НА СЕВЕРНАТА СТРАНА ОД КЕЈОТ НА ВАРДАР

Екипите на Град Скопје денеска почнаа акција за чистење и уредување на северната страна од кејот на Вардар, на потегот од реката Лепенец до Аеродром. Во текот на наредниот месец на терен ќе работат екипите на јавните градски претпријатија „Комунална хигиена“, „Паркови и зеленило“, „Водовод и канализација“ и „Улици и патишта“. Тие прво ќе го исчистат потегот, а онаму каде што е потребно ќе ги обноват патеките, ќе го уредат зеленилото и ќе го заменат осветлувањето. Во акцијата ќе се вклучи и УНДП преку имплементација на проект за поставување урбана опрема - корпи за џебен отпад.

- Оваа страна од регулираното корито на реката Вардар беше чудно запоставена и токму поради таа запоставеност во последниве две и пол години во неколку наврати тука имавме акции за расчистување мини депонии. Сега, левата страна на коритото целосно ќе ја уредиме за граѓаните да ја користат како што ја користат десната страна, односно ќе ја изедначиме и по квалитет на инфраструктурата и според можностите што се нудат на граѓаните. Истовремено ќе го засилиме инспекцискиот надзор. Ова го работиме заедно со УНДП, кои помагаат со поставување урбана опрема – корпи за џебен отпад кои недостасуваат од оваа страна на реката. Целта е скопјани да добијат нов, добро уреден јавен простор. Отвораме нови јавни простори за нашите сограѓани, зашто токму заради пандемијата од вирусот Ковид-19 се препорачува на граѓаните на безбеден начин да го користат јавниот простор - рече градоначалникот Петре Шилегов, на почетокот на акцијата за чистење.





https://www.facebook.com/CityofSkopje/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7262
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 19-Jun-2020 at 17:51
ако не го санираат и појачаат осветлувањето на кејот, џабе им е све
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.154 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.