build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Коритото и кејот на Вардар низ Скопје
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Коритото и кејот на Вардар низ Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 78910>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13153
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 01-Sep-2020 at 17:13
Од твитер:

За сè има вторпат
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 502
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 01-Sep-2020 at 19:53
Толку ли е тешко да се направи подземна улица тука?!?!? Што не направија, за што не трошат пари, а за вакви работи не можат да фрлат пари и за брзо време да се реши проблемов... На овој проблем му треба брзо решение и не шминка туку одма да се оди на решение -- тунел.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 01-Sep-2020 at 20:39
Пред неколку недели се најави реконструкција на улицата Кеј 13 ноември но би немало поента да се ставаат нови плочки ако пак преку нив се вози и се врши дотур на роба до кафеаните. Ако не нека стават асфалт и нека одвојат една велопатека тоа им е најефтино и најпримитивно решение...тунел/подземна улица нема на видик и веројатно во скоро време нема ни да има.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1780
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 01-Sep-2020 at 21:00


Jasno kako bel den... od kade izleze ovaa pojava, avtomobili da vozat po plocki...!?
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 502
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 01-Sep-2020 at 21:18
Ако се гледа центарот на градот како една куќа, таа куќа нема темели - прво изградија зграда, а не улица до зградата.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13153
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 01-Sep-2020 at 21:30
Пристапна улица до подземната гаража на Т-Мobile има, се влегува преку паркингот на Холидеј Ин, се вози меѓу кафулињата во ГТЦ и нивните „испостави“ на кејот, улицата е обрабена, обележана и на неа има неколку лежечки полицајци за да не се претерува со брзината.

Но „скопските фраери“ сакаат да си возат по кејот, а многу од нив и си паркираат меѓу кафулињата (има стотици фотки на форумов за тоа). Не е проблемот во нив (иако тие се дел од проблемот), проблемот е во неспроведување на законот од страна на сообраќајната полиција.

Исто така, за ова виновни се и локалните и градските власти, мислам, не може бе еден пешачки коридор да се претвори во улица за главешините на Ти-мобајл, сите плочки расклатени, вирови вода, кал, мизерија невидена. Па уште и бродовите во вардар кога ќе се додадат, целата слика е баш комплетна. Лудило.

За сè има вторпат
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 502
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 01-Sep-2020 at 23:17
Пристапната улица, ако бидеме реални, на ништо не личи. Од километри се гледа дека е направена ради-реда. Дополнително на ова тврдење оди во прилог и тоа што се направи пред да истече рокот за изградба. Не оди таква пристапна улица, па уште и релативно долга, да биде за една таква зграда, па уште и во срцето на градот.
За скопските „фраери“ нема потреба од дополнителен коментар, тоа е само слика за тоа кој е вредносниот систем во градов и државава (фраер сум ако паркирам кајшто сакам, фраер сум ако паркирам пред кафичот за да ми се гледа скапата кола итн.).
Вината е очигледна кај властите бидејќи пред се' ова е строг центар. Ако не ги интересира за граѓаните на Скопје, па каква слика се дава на туристите, и целиот свет, со овој хаос што моментално постои. Како што и кажа, сликата е еднаква на лудило.

Edited by skopskodete - 01-Sep-2020 at 23:41
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 19-Sep-2020 at 10:15
ГРАД СКОПЈЕ ГО ЧИСТИ И УРЕДУВА КЕЈОТ НА ВАРДАР, ВЕЛАТ 30 ГОДИНИ НИКОЈ НЕ ГО ОДРЖУВАЛ И СЕГА ЌЕ ДОБИЕ НОВ ЛИК





Град Скопје десетина дена работи на чистење и уредување двете страни на кејот на реката Вардар, со цел овој дел од градот да добие еден нов лик. Со градежна механизација и екипи од сите јавни претпријатија покрај кејот се чисти и коритото на Вардар на потегот од мостот кај луна паркот до зградата на Македонската телевизија. Најпрво се работи на левата страна на реката, а потоа механизација и екипите ќе се префрлат и од десната која е многу повеќе користена од граѓаните.

Се чисти каменот и коритото на реката, пешачката патека на кејот, се корнат гранки, треви и грмушки со кои е обраснат овој дел од градот, се кастрат дрвјата, се уредува зеленилото, се чисти ѓубрето.

Од Град Скопје велат дека после 30 години се чисти кејот на Вардар и дека во овој проект е предвидено просторот да се уреди, да се постават нови клупи, корпи за отпадоци, ново осветлување, а левата страна да биде користена исто колку и десната.

„Никој не го пипнал кејот толку години. Коцката која е долж кејот не се гледаше од ѓубре и земја, скалите ги немаше бидејќи беа обраснати со треви. Формиравме посебна бригада за кејот која е задолжена комплетно да го среди просторот. Откако ќе завршиме со чистење, хортикултурно ќе го уреди и ќе поставиме нови содржини особено од левата страна на кејот за да и овој дел биде привлечен за граѓаните“, велат од Град Скопје.

Од Градот објаснуваат дека досега одржувањето на кејот на било предвидено во ниту една програма и немало посебна буџетска ставка за него, како што е на на пример одржување на плоштади, главни улици или паркови.

Откако ќе заврши уредување на кејот во централното градско подрачје ќе се продолжи кон населбите Влае и Ново Лисиче.

„Целта е кејот да добие еден нов лик. Редовно да се одржува, да се чисти и мие како останатите делови од градот. Коритото на Вардар сега откако едната страна е исчистена изгледа сосема поинаку и многу пошироко. За неколку месеци граѓаните ќе забележат разлика на целиот потег“, додаваат од Градот.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/grad-skopje-go-chisti-i-ureduva-kejot-na-vardar-velat-30-godini-nikoj-ne-go-odrzhuval-i-sega-ke-dobie-nov-lik/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 22-Sep-2020 at 06:43
od fb



Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13153
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 22-Sep-2020 at 08:59
Na kafence so pogled na Vadrar supersi poimnuyvame top
За сè има вторпат
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Czech Republic
Online Status: Offline
Posts: 368
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 22-Sep-2020 at 10:02
Па овде комотно може да напраат drive-thru модел на кафелокање, и бездруго се наредени до самите кафичи, барем бизнис ќе се роди од овој примитивизам.
ಠ_ಠ
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 23-Sep-2020 at 12:35
ГОЛЕМА АКЦИЈА ЗА САНКЦИОНИРАЊЕ НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА КЕЈОТ „13 НОЕМВРИ“
Инспекторатот на Град Скопје денеска, од рано наутро, спроведува акција за санкционирање непрописно паркирани возила на јавната површина на кејот „13 Ноември“, на потегот од хотелот „Холидеј ин“ до плоштадот „Македонија“. На овој потег се забележани поголем број несовесни возачи кои го злоупотребиле јавниот простор за да ги паркираат своите возила, иако на оваа локација паркирањето е забрането. Затекнатите прекршители се опоменати и им е изречена глоба. Досега се изречени 21 глоба.
Во законски предвидениот рок од 7 дена прекршителите ќе треба да подигнат платен налог од Инспекторатот на Град Скопје и да извршат уплата од 50 евра, во денарска противвредност, колку што изнесува глобата за овој прекршок. За овој тип прекршоци, глобата не може да биде заменета со општокорисна работа.
Во денешната акција е вклучена и пајак службата која ги подига возилата чии сопственици не се затекнати на местото.
Акцијата за санкционирање непрописно паркирани возила на кејот „13 Ноември“ се спроведува во соработка со Општина Центар и ќе трае континуирано, подолг временски период.
Градот Скопје апелира до граѓаните своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта во градот, да го почитуваат комуналниот ред и поставената сигнализација и да ги чуваат јавните површини. Целта е да се одржува редот и хигиената на јавниот простор и да се стави крај на ваквите грди слики низ градот.







https://www.facebook.com/CityofSkopje/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 23-Sep-2020 at 12:37
Полиција го исчисти од автомобили Кеј „13 Ноември“ во Скопје – наскоро ќе се реконструира

Откако на социјалните мрежи беше објавена фотографија од пешачката зона покрај Вардар, на која се гледаат повеќе паркирани автомобили, денеска полицаец стоеше кај рампата кај хотелот „Холидеј ин“ и регулираше кој може да влезе со возило.

„Шеталиштето. Единствената запад – исток велосипедска врска низ Мал Ринг. И ‘прекрасен’ репрезентативен амбиент за пиење кафе. Центарот на центарот“, стоеше во објавата на социјалните мрежи.

Кејот покрај Вардар, каде има бројни тераси, каде се пие кафе или се руча, постојано е тема на критики од јавноста, затоа што и покрај поставената рампа по него поминуваат автомобили.

„Решавањето на проблемот со хаосот на Кејот ’13 Ноември’ е покомплексен проблем, бидејќи тука има рампа и паркинг за пристап на угостителските објекти во вид на дотур на стока, како и за објектите на ГТЦ и Македонски телеком, па неретко тоа се злоупотребува од несовесни граѓани кои паркираат возила на оваа локација.

Оваа состојба е наследена и е резултат на непланското работење на претходната градска администрација, бидејќи овој потег беше предвидена подземна сообраќајница, но во одреден момент инвеститорот беше ослободен од обврската да ја изгради“, велат од Град Скопје како одговор на прашање од „Независен“.

Идејата да се прави подземна сообраќајница за да се обезбеди пристап за вработените до деловните згради изградени околу плоштадот „Македонија“, датира од пред неколку години. Имено, со договорот за градење на зградата на „Телеком“, инвеститорот „Дивелоп груп“ имаше обврска да изгради подземна сообраќајница. Но, по изградбата на зградата, тогашното раководство на Општина Центар со градоначалникот Владимир Тодоровиќ, го смени Деталниот урбанистички план и наместо подземна, предвиде надземна сообраќајница. Но, од овој план не се оствари ништо.

Сега Град Скопје објави тендер за избор на фирма која ќе врши партерно уредување на кејот, на потегот од хотелот „Холидеј ин“ до зградата на „Телеком“.

„Град Скопје распиша јавен повик за Изработка на проектна документација за партерно уредување на Кеј ’13-ти Ноември’ од Телеком до ‘Холидеј ин’, со кој е предвидено отстранување на старите и оштетени плочки, клупите, корпите за отпадоци, канделабрите…“, велат од Град Скопје.

Со проектот е предвидено поставување на пет вида партерни плочки, 72 смарт клупи, жардинери, бетонски корпи за отпадоци, бетонски и електрични столпчиња и ќе се засадат јавори, додаваат од таму.

Но, со реконструкцијата на кејот тој нема потполно да се ослободи од автомобили, туку со хидраучилни столпчиња ќе се регулира кој влегува, односно ќе има читачи на регистрации, кои само на возилата од „Телеком“ ќе им дозволуваат да се движат по пешачката зона.

https://nezavisen.mk/policija-go-ischisti-od-avtomobili-kej-13-noemvri-naskoro-kje-se-rekonstruira/
Back to Top
Citizen View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 18-Mar-2020
Online Status: Offline
Posts: 4
  Quote Citizen Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 27-Sep-2020 at 14:59
Originally posted by stef4o

ГРАД СКОПЈЕ ГО ЧИСТИ И УРЕДУВА КЕЈОТ НА ВАРДАР, ВЕЛАТ 30 ГОДИНИ НИКОЈ НЕ ГО ОДРЖУВАЛ И СЕГА ЌЕ ДОБИЕ НОВ ЛИК





Град Скопје десетина дена работи на чистење и уредување двете страни на кејот на реката Вардар, со цел овој дел од градот да добие еден нов лик. Со градежна механизација и екипи од сите јавни претпријатија покрај кејот се чисти и коритото на Вардар на потегот од мостот кај луна паркот до зградата на Македонската телевизија. Најпрво се работи на левата страна на реката, а потоа механизација и екипите ќе се префрлат и од десната која е многу повеќе користена од граѓаните.
Со бегло пребарување на интернет (за потврда на моето сеќавање) може да се види дека кејот секоја година се чистел на ист начин (рачно кастрење, машинско чистење на коритото, пополнување на оштетени делови од коритото и тн.). Може некој да каже што е поразлично и што е тоа што 30 години не е чистено затоа што Улици и Патишта секоја година имаат програма за (која ја реализираат) за чистење и одржување на коритото на реката Вардар)?
Се чисти каменот и коритото на реката, пешачката патека на кејот, се корнат гранки, треви и грмушки со кои е обраснат овој дел од градот, се кастрат дрвјата, се уредува зеленилото, се чисти ѓубрето.

Од Град Скопје велат дека после 30 години се чисти кејот на Вардар и дека во овој проект е предвидено просторот да се уреди, да се постават нови клупи, корпи за отпадоци, ново осветлување, а левата страна да биде користена исто колку и десната.

„Никој не го пипнал кејот толку години. Коцката која е долж кејот не се гледаше од ѓубре и земја, скалите ги немаше бидејќи беа обраснати со треви. Формиравме посебна бригада за кејот која е задолжена комплетно да го среди просторот. Откако ќе завршиме со чистење, хортикултурно ќе го уреди и ќе поставиме нови содржини особено од левата страна на кејот за да и овој дел биде привлечен за граѓаните“, велат од Град Скопје.

Од Градот објаснуваат дека досега одржувањето на кејот на било предвидено во ниту една програма и немало посебна буџетска ставка за него, како што е на на пример одржување на плоштади, главни улици или паркови.

Откако ќе заврши уредување на кејот во централното градско подрачје ќе се продолжи кон населбите Влае и Ново Лисиче.

„Целта е кејот да добие еден нов лик. Редовно да се одржува, да се чисти и мие како останатите делови од градот. Коритото на Вардар сега откако едната страна е исчистена изгледа сосема поинаку и многу пошироко. За неколку месеци граѓаните ќе забележат разлика на целиот потег“, додаваат од Градот.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/grad-skopje-go-chisti-i-ureduva-kejot-na-vardar-velat-30-godini-nikoj-ne-go-odrzhuval-i-sega-ke-dobie-nov-lik/

Супер е што се се чисти ама една работа не ми е јасна...
Mоже некој да каже што е тоа толку што е чистено а што не било претходно? Па на самава тема има од секоја година извештаи од чистењата, санации и тн. од 2006 навака. 30 години не било пипнато? Па да беше така ќе беше прашума доле. Инаку Улици и Патишта имаат секоја година програма (која колку што видов ја реализирале) која буквално се вика Програма за одржување на коритото на Вардар.

Edited by Citizen - 27-Sep-2020 at 15:02
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 987
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 27-Sep-2020 at 15:42

Одлично кажано.

Очигледно не знаат дека тревата расте постојано
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 28-Sep-2020 at 07:02
Го враќаме кејот во полн сјај. Чекор по чекор, дел по дел. За неколку месеци да светне од Влае до Ново Лисиче. И од левата и од десната страна.







https://www.facebook.com/petreshilegov
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Online
Posts: 3889
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 28-Sep-2020 at 12:01
Тука има премногу работа, мене ми е баш интересно да видам што се ќе излезе во површина
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 03-Oct-2020 at 17:20
„Затемнување“ на кејот кај Железничката станица



Граѓани сведочат за намерно уништување на уличното осветлување во Скопје
Намерното уништување на јавните добра од страна на несовесни граѓани, на кои се чини дека поради некоја причина тоа им одговара, не се однесува само на уништувањето на клупите и кантите за отпадоци, туку и на уличното осветлување. Како последица од тоа низ градот има темни улички, паркови и велосипедски патеки каде што многу е тешко, но и опасно движењето на граѓаните.
Таква е сликата и на кејот кај Железничката станица. Сега, кога денот почна да се намалува, граѓаните што со велосипеди се движат во овој дел од градот, велат дека темнината во тој дел е застрашувачка. Велат дека на тој начин лесно може да станат цел на напасници, кои во темнината лесно би успеале да ги остварат своите криминогени цели, да наштетат, а без притоа некој да ги види.
– Моето работно време завршува околу 19 часот, кога надвор веќе се стемнува. Работам во Центар, а живеам во Аеродром. За да стигнам побрзо дома најчесто со велосипедот се движам по кејот, а изминативе неколку дена, делот кај Железничката станица е без осветлување. За мене тоа е навистина страшно.

Што ако некој ме нападне во темницата? Кој ќе може да ми помогне доколку навистина дојде до таква ситуација? Сега и фреквентноста на луѓе е намалена, па навистина е застрашувачки да се движи човек тука. Но не е само тоа во прашање. Видливоста е мала, па лесно може и да се случи некоја несреќа додека возам велосипед – вели Деана Јовановска, жителка на Аеродром.
Таа вели дека од целата патека, проблем има само во овој потег, па додава дека честопати била сведок на несовесни граѓани како намерно го уништуваат осветлувањето.
– Тука во околината има диви населби. Честопати ги гледам дивонаселените како се качуваат на столбовите од светилките и се нишаат за намерно да ги прекинат контактите за тие да не светат. Се чини дека ним им одговара во овој дел да е темнина – вели таа.
Градските власти велат дека се запознаени со дефектот, но дека не знаат која е причината за неговото настанување.
– Станува збор за дефект што е пријавен до нашите служби.

Истите тие ќе излезат на терен и ќе го санираат во најкраток можен рок. Во однос на причините за ваквите дефекти, за конкретниов случај немаме информации – информираат од Градот.
Оттаму додаваат дека дефектите се редовна појава, но истакнуваат дека намерното уништување на урбаната опрема не е ниту новитет ниту нешто што ретко се случува.
– Дефектите се редовна појава што се случува на терен, но понекогаш имаме случаи и на намерно уништување на урбаната опрема и на другите материјални добра на Град Скопје, при што често се уништуваат зелените површини и инсталациите за наводнување, се крадат расадите, се палат контејнерите, се оштетуваат сообраќајните знаци… – велат градските власти.
Овој случај не е ниту изолиран ниту единствен на територија на Градот. Неодамна во Општина Чаир граѓани се обидоа да украдат цел столб за осветлување во „Чаирчанка“, за што јавноста ја информира градскиот татко, Петре Шилегов, на социјалните мрежи. За среќа, сторителите беа набрзо фатени, а уличната светилка повторно беше вратена и поставена на местото од страна на стручните служби.

Во некои населби се извадени и капаците од електричните столбови на уличното осветлување. Од нив стрчат кабли, кои лесно можат да предизвикаат фатални последици кај помалите деца, кои не знаат дека тоа може да биде опасност по нивниот живот.
Се чини дека се залудни сите напори на општините и на Градот. Тие не можат толку да поправат колку што несовесните граѓани можат да уништат.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/затемнување-на-кејот-кај-железнич/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13153
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 03-Oct-2020 at 17:43
Originally posted by my Macedonia

Тука има премногу работа, мене ми е баш интересно да видам што се ќе излезе во површина


Гробот на Аце
За сè има вторпат
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 672
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 03-Oct-2020 at 17:50
Ова вака треба секоја година или ајде чим не не бива бар еднаш на неколку години да се чисти, а не еднаш на 30 години.
Муљ,тиња и растителност им треба година за наново да се појават...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 78910>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.