build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Манастир Св.Кирил и Методиј - Битуше

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 700
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Манастир Св.Кирил и Методиј - Битуше
    Posted: 13-Oct-2018 at 03:49
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 700
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 09-Oct-2018 at 17:10

Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 700
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 02-Sep-2018 at 05:25

Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 700
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 26-Aug-2018 at 04:07

Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 700
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 10-Aug-2018 at 05:15
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11761
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 21-May-2018 at 12:04
Ми се допаѓа како излегле конаците.
За сè има вторпат
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 700
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 20-May-2018 at 21:45
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 700
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 04-Jan-2018 at 19:49
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 11-Jan-2017 at 17:13

Завршени годинешниве градежни работи на храмот на Свв. Кирил и Методиј во Битуше

11/24 октомври 2016 лето Господово

Две и половина години по почетокот на изградбата и осветувањето на темелите на храмот на Светите солунски Браќа Кирил и Методиј во истоимениот скит на Бигорскиот Манастир во с. Битуше, веќе е завршена рам-конструкцијата на црквата, а преземени се, исто така, и опсежни градежни дејства за пренамена на поранешната караула во манастирски конак. 

Темелите на скитскиот храм беа осветени на 31 мај 2014 година од надлежниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, игуменот Архимандрит Партениј и браќата јеромонаси, во присуство на мноштво верници и гости од околните села и однадвор. 

Иницијативата за градењето, како и идејното решение за Бигорскиот скит на Светите рамноапостолни сесловенски Првоучители и Покрстители, произлегуваат од големата љубов што нашиот Старец ја има за овие два Божествени Светилника на Црквата Христова. Дарител за изградбата на Скитот е благочестивото семејство на г. Горан Џикоски од Скопје, верно духовно чедо на нашата Света Обител. Со цел да видат како напредува работата, деновиве семејството Џиковски го посетија битушкиот Скит и се сретнаа со Старецот. 

Намената на Скитот на Светите Рамноапостоли Кирил и Методиј ќе биде, главно, воспитно-катихетска, т.е. во него ќе се одржуваат летни кампови за веронаука.



http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=nastani&action=details&record_id=2571#



ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 700
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 09-Sep-2016 at 16:04
del

Edited by macedonia - 04-Jan-2018 at 19:37
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 700
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 20-Aug-2016 at 21:06
del

Edited by macedonia - 04-Jan-2018 at 19:36
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 05-Aug-2014 at 19:50

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 21-Jul-2014 at 16:40
Сменете го насловот се работи за Битуше а не за Биуше.
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 21-Jul-2014 at 16:36

11/25 мај 2014 лето Господово

Ни претставува голема чест и искрена радост да Ве известиме дека на 31 мај (сабота) 2014 година, со почеток во 12:00 часот ќе се изврши осветување на темелите на храмот посветен на светите солунски Браќа Кирил и Методиј од истоимениот Бигорски скит, кој се наоѓа над с. Битуше, на висорамнината под планината Крчин. Со чинот на осветувањето ќе началствува Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, во сослужение со нашиот старец, архимандрит Партениј и браќата јеромонаси, а во присуство на благочестивото семејство Џикоски од Скопје - дарителите на изградбата на Кирилометодиевскиот скит, на локалното население и бројни верници. Ве покануваме да ја споделите со нас оваа радост, да го збогатите овој чин со Вашето ценето присуство и молитва, и да земете учество во оваа торжествена прослава на делото на сесловенските просветители и првоучители, нашите најсвети татковци во Христа, рамноапостолните Кирил и Методиј.

http://www.bigorski.org.mk/UserFiles/Image/02014/crkva_sv_Kiril_i_Metodij_racna_slika__1_.png
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 21-Jul-2014 at 16:31
ОТЕЦ ПАРТЕНИЈ ЌЕ ГРАДИ ПАНДАН НА БИГОРСКИОТ МАНАСТИР - Караулата во Битуше ќе стане црква

Старата напуштена караула над село Битуше ќе стане црква. Архимандрит Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, најави дека на местото на пограничната караула ќе крене храм "Св.Кирил и Методиј", кој треба да биде готов до крајот на годинава...

http://www.vest.mk/WBStorage/Articles/3C36710E6F47924B87511E4C60DE17A2.jpg
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 21-Jul-2014 at 16:30
ПОСТАВУВАЊЕ КАМЕН ТЕМЕЛНИК НА ХРАМОТ ВО С. БИТУШЕ (31.05.2014)

На 31.05.2014 година, на празникот на св. мч. Теодот Анкирски и св. мч-ци Петар, Дионисиј и други, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Партениј, еромонасите Доситеј, Макариј и Еразмо, свештениците Никола Христоски и Благоја Спироски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконот Силуан, изврши осветување и го положи камен-темелникот на храмот – скит на Бигорскиот манастир, посветен на светите солунски браќа, сесловенските просветители Кирил и Методиј. Новиот храм се наоѓа во с. Битуше, на висорамнината над планината Крчин. Храмот се гради по иницијатива на архимандритот Партениј, игумен на манастирот „Св. Јован Крстител - Бигорски“, а дарители на храмот се семејството Џиковски од Скопје.

http://dke.org.mk/novosti/slikimaligolemi/BITUSEOSV%203.jpg
http://dke.org.mk/novosti/slikimaligolemi/BITUSEOSV%2017.jpg
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 21-Jul-2014 at 16:28
http://vecer.mk/WBStorage/Articles/5660604B9740BA4FBFF7378225EA058C.jpg
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 21-Jul-2014 at 16:27
Ми стои интересно, мош е паметно да се воде под посебен проект!

Originally posted by kultuzin

Бигорски го разбуди Битуше


Иако се работи само еден месец, караулата полека почнува да наликува на древните манастирски конаци на Бигорскиот манастир, кој се наоѓа отспротива на Бистра планина


Старата караула архитектонски ќе наликува на Бигорскиот манастир

Мирот и спокојот во подножјето на Крчин Планина веќе еден месец се прекинува со звукот на мистриите и лопатите на вредната тајфа велешки мајстори. Со полна пареа ја реконструираат старата напуштена караула во селото Битуше, која наскоро ќе прерасне во вистински манастирски конак. Заедно со црквата, чии темели беа удрени неодамна, ќе се дел од манастирскиот комплекс Св. Кирил и Методиј" скит на Бигорскиот манастир. Една од намените на комплексот ќе биде летен камп за православна веронаука за деца.

Двокатната војничка зграда каде што последниот војник замина откако полицијата ги презеде ингеренциите за гранична контрола со години беше празна и напуштена, па како што се случува со се што нема стопан, на неа останаа само ѕидовите. Ја празнеле кој како ќе стигнел. Мајсторите велат дека просториите биле буквално соголени. Но, сега, иако се работи само еден месец, караулата полека почнува да наликува на древните манастирски конаци на Бигорскиот манастир, кој се наоѓа отспротива на Бистра планина.
- Работиме многу, но се е тоа без умор. Знаете, кога се работи на вакви благословени објекти, работата ни е како уживање. Ако на тоа се додаде мирот и спокојот што владее, потоа и убавиот збор на мештаните, кои се радуваат на се што се работи... Навистина, работата убаво ни оди - ни рече главниот мајстор.

Бидејќи не бевме претходно најавени, тој најпрво побара благослов од архимандритот на манастирот, отец Партениј, па потоа не покани внатре во објектот за да ни покаже што е се сработено. Внатрешниот дел на објектот е речиси целосно реновиран. Електричната и водоводната инсталација се изградени, извршено е и проширување на првиот кат, а почнато е и преградувањето на балконите. Ни појаснија дека изградбата е според стандардите за енергетска ефикасност.

Наскоро, велат мајсторите, ќе почне и отстранувањето на кровната конструкција и објектот ќе порасне за еден кат. Тие ни открија дека доколку се оди според предвидената динамика, би требало зградата до септември да биде пуштена во употреба.

Посебна градба што уште повеќе го оплеменува местото ќе биде црквата посветена на македонските просветители, светите Кирил и Методиј, на која неодамна со голема црковна церемонија беше удрен камен-темелник. Храмот се гради на иницијатива на архимандритот Партениј, а со донација на семејството Џиковски од Скопје.

Отец Партениј, кого го слушнавме телефонски, ни потврди дека овој објект ќе биде детско верско одморалиште, место за одмор и верска едукација на најмладите. Престојот ќе биде бесплатен за сите.
- Ретки се местата како што е Битуше каде што штедрата рака на Творецот излеала посебна убавина и несекојдневна енергија. Со Божја помош тука наскоро ќе се слуша детски џагор и целото место ќе заживее. Домот ќе биде отворен преку целата година, па поради климата и острите зими, овде планираме да ангажираме домаќини - брачен пар кој ќе се грижи за објектот. Битуше е прекрасно село, а мештаните многу срдечни. Затоа, наша намера за понатаму е да инвестираме и во реконструкција на старото училиште, кое би можело да биде одличен музеј на мијачката и реканската традиција - ни најави отец Партениј.

А задоволни се и битушани што во нивното село никнува еден таков прекрасен манастир. Сега тие веќе гледаат како се оплеменува и еден дел од селото се претвора во детски верски центар. Особено се горди на црквата, која е посветена на сесловенските просветители, патрони на образованието и просветните работници. И не без причина, бидејќи Битуше некогаш беше познато село на учители. Сите битушани со гордост ќе ви кажат дека во еден период по Втората светска војна од ова село имало седумдесетина дипломирани учители кои работеле во училиштата низ реканскиот и мијачкиот крај. (Е.А.)

Практична настава во Бигорски и Рајчица
И деца од други религии се запознаа со Христовото учење



Четириесетина ученици од Центарот за православна христијанска веронаука Св. Јован Богослов" од Битола, предводени од нивните вероучители, биле дел од неколкудневната летна школа во манастирите Св. Јован Бигорски" и Рајчица". Ова е една своевидна подготовка, дел од програмата на бигорскиот скит Св. Кирил и Методиј" во село Битуше, каде што во иднина ќе се одржуваат ваквите летни катихетски кампови.
-Во неколкуте изминати денови исполнети со радост и веселие децата имаа можност преку личен опит добро да се запознаат со животот во манастирот; ги посетуваа светите богослужби, земаа активно учество во нив и заедничареа со Христа, причестувајќи се со Неговите Свети Тајни; работеа на разни послушанија заедно со монасите и монахињите, учеа византиско пеење и секако, ги збогатуваа своите знаења за нашата православна вера на редовните часови по веронаука. Радоста која се отсликуваше на нивните лица, љубовта што ја ширеа насекаде беше најсилно сведоштво за нивното задоволство од срдечниот и гостопримлив престој во манастирот - вели отец Кирил. Тој додава дека на школата присуствувале и деца од друга религија кои уживале во вероучението и заедничката дружба со монасите и монахињите. За тоа, вели отец Кирил, говорат и нивните лични впечатоци. Дванаесетгодишната Валдета Лумановска изјавила: Мили сестри и отец Партениј! Јас сум од друга религија, но многу ми се допадна пеењето на црковни песни и обредите во црквата. Од нив научив да ширам мир и љубов кон сите мои другарчиња, иако се од друга религија. Вие бевте добри кон нас. Ве сакам". Слични импресии имале и сите останати ученици.

Школата се одржала со благослов на митрополитот преспанско-пелагониски, г. Петар, игуменот на Бигорскиот манастир, архимандрит Партениј, а со поддршка на хуманитарната организација Утешител".

http://vecer.mk/?ItemID=7D1AF82DEEE355478405487E13172007



Edited by Makedonij - 21-Jul-2014 at 16:41
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.