build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Света Троица - Аеродром (Руска црква)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11660
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Света Троица - Аеродром (Руска црква)
    Posted: 09-Jun-2014 at 13:50
Самсоненко е ктитор на црквата Света Троица во Аеродром

Во општина Аеродром во Скопје денеска ќе биде поставен камен темелник на нова црква посветена на Света Троица, чиј ктитор е Сергеј Самсоненко со неговото семејство.

Благослов за изградба на црквата ќе даде Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во присуство на амбасадорот на Руската федерација Олег Шчербак и градоначалникот на Општината Аеродром Ивица Коневски.

Самсоненко е инвеститор на новата спортска сала во Аеродром и е сопственик на спортскиот клуб Вардар (ракомет и фудбал).

http://www.mkd.mk/makedonija/skopje/samsonenko-e-ktitor-na-crkvata-sveta-troica-vo-aerodrom

Патем, црквата е лоцирана спроти спортскиот центар „Јане Сандански“, што значи дека поради таа причина беа урнати пералните за коли, за кои прашуваше некој форумаш од пред неколку дена. На следниов линк може да се види како отприлика ќе изгледа црквата (преголема е сликата за објавување овде):http://mia.mk/CMS/Galleries/FF88B68EA65D041D9C85F3DB2E33E171.jpg
За сè има вторпат
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 09-Jun-2014 at 13:57
Грозно. Ако ги дава парите русинот, мора ли да биде во руски стил?
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 09-Jun-2014 at 14:22
А, што е со маркичката и дупот нели таму требаше улицата да поминува или поместена е црквата...?
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 09-Jun-2014 at 15:07
Previous
http://kurir.mk/republika/skopje/160967-FOTO-Crkva-vo-ruski-stil-za-makedonskite-pravoslavni-vernici

Црква во руски стил за македонските православни верници

Темелите на првата црква во руски стил Македонија денеска беа осветени и поставени во општина Аеродром.

crkva-1-500

Чинот на осветување на црквата посветана на „Света Тројца“ го изврши Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, а ктитор е Сергеј Самсоненко.

На овој свечен чин присуствуваа и амбасадорот на Руската федерација Олег Шчербак, градоначалникот на Град Скопја Коце Трајановски, градоначалникот на Општината Аеродром Ивица Коневски. 

crkva-4-500

Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан  истакна дека Македонија е пребогата со цркви, но денешниот чин на поставување на темели на руска црква  е од исклучително значење која ќе придонесе за зближување на рускиот и македонскиот народ и ќе претстваува мост за нивно уште поголемо зближување.

-Оваа Црква ќе биде парче, дел од руската душа на македонската земја. Во ова наше време најмногу ни е потребна подадена пријателска рака, особено на црковен план и неоправдано ја очекуваме со голема надеж. Овој нов храм нека биде сведок и потврда на нашата меѓусебна љубов и почит, нека биде дом што ќе ја сведочи нашата заедничка вера и љубов, нагласи ариепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

crkva-3-500

Сергеј Самсоненко истакна дека изградбата на руски православен храм во Македонија е вистинска работа да ги спои нашите народи, бидејќи, како што забележа, има голема духовна блискост.

- Во иднина нема да има никаква омраза, како што немало и досега, мора да се зближиме да бидеме заедно во радост и во тага. Мора да ја почитуваме нашата историја и традиција, кои со векови нашите предци ги почитувале, рече Самсоненко.

Црквата посветена на „Св. Троица“, треба да биде готова во 2015 година, а изведувач на работите е комланијата „Жигол“.

Фото: МИА


ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 09-Jun-2014 at 18:44
Sv Troica Aerodrom - Ruska Crkva

http://preminportal.com.mk/images/stories/vesti14/Arhierejska.osveten28.jpg
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
sashakv View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 147
  Quote sashakv Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 09-Jun-2014 at 18:58
   
  Po moe mislenje,ke ima najmalku 35 metri vo visina
Back to Top
sashakv View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 147
  Quote sashakv Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 09-Jun-2014 at 19:01
Drugo...mnogu ubavo bi bilo da imaat site pravoslavni zemji od svetot po edna crkva vo Makedonija,poradi nekoj imidz na Makedonija i poradi golemi pari sto bi se zele od verski turizam
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4417
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 09-Jun-2014 at 19:07
Бидејќи Русите ќе дојдат во Скопје само за да видат руска црква. Makes sense.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
sashakv View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 147
  Quote sashakv Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 09-Jun-2014 at 21:46
it makes sense ...ako ti imas komplex nize vrednosti,its your problem and it make sense

zarem eden Rus sto prajt crkva vo Skopje,pojke e saka Makedonija od vas site? Odete,kazete mu da e zabegan i mrdnat

Edited by Џоле - 09-Jun-2014 at 22:04
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2400
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 10-Jun-2014 at 01:23
Аеродром уште малку ќе го престигне Охрид по број на цркви.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 11-Jun-2014 at 00:56
ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ВОЗДИГНАТ ТРИ ЦРКВИ ВО РУСКИ СТИЛ



Бранко Ѓорѓевски

Црквата во руски стил, која завчера почна да се гради во скопската општина Аеродром, ќе биде трета по ред православна црква што ќе се воздигне во Македонија во овој период. Претходно, црковен храм во ваков стил е почнат да се гради во близина на Бигорскиот манастир крај Дебар, а ќе биде посветен на познатиот руски светител свети Серафим Саровски. Него го гради бигорското монашко братство и е во завршна фаза. Втора ваква црква се завршува во Маврово, а ќе биде посветена на Пресвета Богородица. Нејзините ктитори се членовите на семејството на поранешниот министер за финансии Борис Стојменов, а ја градат на својот имот во непосредната близина на својот хотел.

Градењето цркви во руски стил е нова појава во рамките на Македонска православна црква, која досега цврсто си се држеше до старата традиција која е препознатлива за македонските простори. Сега за кусо време се градат неколку цркви во руски стил, кој досега не беше присутен тука. Во МПЦ наведуваат дека нема потреба за никаква загриженост за некакво менување на црковниот стил.

- Изгледот на новата црква во скопски Аеродром беше желбата на ктиторот и ние со тоа се согласивме. Тоа не е ништо невообичаено кога станува збор за градење цркви. Во тој храм ние ќе одржуваме редовни богослужби, а ќе видиме како ќе биде во иднина во однос на богослужбите на руски јазик - ни изјави презвитер Бобан Митевски, секретар на архиепископот г.г. Стефан.

Поглаварот на МПЦ завчера изјави дека оваа црква ќе претставува дел од руската душа на македонска почва.

Храмот, кој ќе го финансира рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, ќе го носи името „Света Троица“, што е идентично на името што го има познатата руска црква во Белград. Белградскиот храм „Света Троица“ е подигнат во 1924 година за Руси кои по Октомвриска револуција избегале од комунистите во Русија. Од 1946 година овој храм има статус на претставништвото на Московската патријаршија при тронот на СПЦ и во него служат руски црковни достоинственици кога ја посетуваат Србија.

Храмот на свети Серафим Саровски е во непосредна близина на Бигорскиот манастир беше првиот храм во руски стил во нашата земја, кој почна да се гради во 2008 година. Неодамна неговиот покрив беше украсен со позлатен лим изработен во облик на ромбовидна крлушка, а за што била ангажирана група стручни работници од славната Kиево-печерска лавра од Kиев, Украина.

- Покрај него ќе има и мал конак со монашки ќелии. Истовремено, добивме и дел од моштите на овој светител, кои ни се подарени од архимандрит Јован од рускиот манастир на Христовото воскресение на Руската задгранична црква - потенцираат од познатиот манастир.

Бизнисменот Марјан Стојменов, кој во име на семејството го води проектот за изградбата на црквата Пресвета Богородица во руски стил во Маврово, во непосредната близина на нивниот хотел TCC Plaza - Маврово, вчера ни изјави дека изборот на стилот паднал затоа што му се допаѓа изгледот на руските и на украинските цркви.

- Сум ги видел црквите таму и многу ми се допаднаа. Тука сакавме да направиме храм кој ќе биде поинаков од другите, да не биде еден од истите какви имаме многу во наша земја. Посебно ми се допаѓа тоа што благодарение на металот што се користи за куполите на храмот постојано сјае во златна боја. Нашиот бакар потемнува, а овој метал свети со ист сјај со децении. Петте куполи специјално ги донесовме од Украина каде што се и направени - ни рече Марјан Стојменов.

#
http://dnevnik.mk/?ItemID=9E55BDA0E7A7364C91AECF47FF617D3A
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11660
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 12-Jun-2014 at 20:06
Руската црква дефинитивно ќе се гради на местото на поранешните перални за коли спроти спортскиот центар Јане Сандански. Денес поминав оттаму, и местото веќе е заградено со бетонска ограда. Еве две фотки како ќе изгледа црквата.

DSC04028 by george k. 1981, on Flickr

DSC04029 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4417
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 12-Jun-2014 at 20:32
СветИ Троица, преправено со маркер. Браво.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 698
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 12-Jun-2014 at 23:24
How tall will the new church be?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11660
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 13-Jun-2014 at 07:05
So far there is no information, but some of the forumers said that it should be at least 35 meters.
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 13-Jun-2014 at 20:26
значи најглупата локација ја одбрале за црквава, се однесуваат спрема религиозни објекти како да се урбана опрема...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11660
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 05-Aug-2014 at 20:08
Не ќе е лошо некој од Аеродромците да појде до црквата и да сликне малку, да видиме до каде е стигната изградбата, ако воопшто се гради нешто таму. Патем ќе може да је сликне и салата Јане Сандански, ептен се една спроти друга.
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11660
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 11-Nov-2014 at 10:10
Ексклузивно: Како ќе изгледа руската црква во Аеродром







http://republika.mk/?p=342642
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 12-Nov-2014 at 01:25
на местото каде што е планирана црквата нема никаква акивност откако ги срушија пералните и ставија ограда... дури ни ископ, ни расчистено земјиште нема, ставија само еден руски крст, и тоа е се
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 26-Feb-2015 at 18:31


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.