build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Турски театар
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Турски театар

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 8>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Турски театар
    Posted: 29-Jan-2008 at 00:10
Нека ја менуваат локацијата на проектов само нека не го менуваат проектов. Ohno Еден од подобрите што требаше да му се случат на Скопје според мене.

Турскиот театар, најверојатно, ќе никне на Бит-пазар

Театарот веќе има обезбедена локација кај Железничка станица, но министерот Аднан Ќахил иницира нов проект

Лилјана Митевска

Наместо на локацијата кај Железничка станица во Скопје, новиот Турски театар, најверојатно, ќе никне на Бит-пазар, зад универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на местото на старото турско училиште „Тефејуз“. Но, на оваа локација нема да има само театар. Идејата е да се изгради комплекс во кој покрај театарот, ќе има училиште за средно и основно образование, како и културен центар, сето ова за задоволување на потребите на локалното турско население.

Иницијативата е на актуелниот министер без ресор во Владата на РМ, Аднан Ќахил, кој уште во 1998 година ја обелоденил оваа идеја, но проектот останал само на фаза на преговори со тогашната Влада. Во меѓувреме, поранешното раководство на Турскиот театар на чело со директорот Атила Клинче ја реактуализираше идејата за изградба на нова зграда на Турски театар бидејќи постоеше одлука зградата на Театарот на народностите, во која дотогаш заедно егзистираа Турската и Албанската драма, да се отстапи на Албанскиот театар, а Турскиот театар да се дислоцира.

Во времето на минатата политичка гарнитура на власт, Турскиот театар го доби просторот кај Железничката станица, на местото на поранешното балетско училиште, а проектот беше дотуркан до фаза на изработка на идејно решение за театарот. И тука запре процесот.

Со смената на власта и раководната структура на театарот, актуелниот директор на Турскиот театар, Наџи Шабан, сопартиец на министерот Аднан Ќахил од Партијата за движење на Турците, требаше да го продолжи процесот, но тој упорно тврдеше дека не поседува никаква документација за новиот театар. Токму ова го тврди и министерот Аднан Ќахил.

„Имотноправните односи за локацијата кај Железничка не се расчистени. Во Катастар нема ништо и тоа земјиште не се води на има не Турскиот театар“, вели министерот Аднан Ќахил, потенцирајќи дека иако во основа станува збор за добра намера, сепак целта работа е водена дилетантски, дека останала само на ниво на иницијатива и дека од Министерството за култура биле доделени само пари за изложба на идејни проекти, а во буџетот немало ставки за градба на театарот.

Ѓунер Исмаил, претседател на Управниот одбор на Турскиот театар во времето кога беше инициран проектот за градба на театарот и поранешен Министер за култура, пак вели дека сите приказни за нерешени имотно-правни односи се најгруба шпекулација од најнизок вид. „Министерот Аднан Ќахил лаже! Постојат две одлуки на Влади, потпишани од двајца премиери, постои урбанистичка согласност и маркичка, како и легално спроведен конкурс за идејно решение“, вели Исмаил.

На ова тврдење се надоврзува и изјавата на поранешниот министер за култура, Благоја Стефановски, за време на чие министерување проектот за Турскиот театар беше дотуркан до фаза на изработка на идејно решение. „Ако на Влада помине одлука со која се пренесува правото на користење на дел од земјиштето кај Железничка на Турскиот театар, тогаш значи дека имотно правните односи се решени и Турскиот театар поседува имотен лист за оваа локација. И неможе да објавите конкурс за идејно решение ако претходно не поседувате комплетна катастарска документација, со точните параметри за земјиштето“, вели Стефановски. Тој додава дека е логично откако ќе заврши фазата на избор на идејно решение за театарот, да следи фазата на градба, кога во буџетот би се оформиле ставки за оваа намена.

Во овој контекст, поранешниот директор на Турскиот театар, Атила Клинче, потсетува дека конкурсот за избор на идејното решение на кое победи архитектот Виктор Михајлов заврши во септември 2006, а тој беше сменет од функцијата во октомври 2006 година. „Буџетот се оформуваше во ноември, а новиот директор Наџи Шабан требаше да продолжи да го бутка проектот. Но, тој упорно даваше изјави во јавноста дека не поседува никаква документација за новиот театар, иако со процесот на примопредавање на функцијата таа му беше предадена, како и дека новата локација за театарот не соодветствува бидејќи во околината не живеело турско население“, вели Атила Клинче.

Она што пак е фактичка состојба во моментов е запирање на проектот за градба на Турскиот театар на локацијата кај Железничка станица, иако е факт дека во деталниот урбанистички план таа се води како парцела за изградба на театарот, а постои и имотен лист од кој се гледа дека ова земјиште е доделено на користење на Турскиот театар. Од друга страна токму сега отпочнува нов процес за иницирање на градба Турскиот театар на локацијата на Бит-пазар. „Владата донесе одлука јас како министер да го следам овој проект. На мој предлог, во буџетот за 2008 се оформени три ставки од по милион денари за градба на театарот, две во Министерството за култура и една во Министерството за образование со оглед на тоа што во комплексот е вклучено и училиште. И започнуваме системски да го реализираме проектот. Најпрво ќе се решат имотно правните работи во однос на плацот, па ќе следи конкурс за идејно решение, ќе се оформи комисија која ќе ги направи пресметките за тоа колку би чинел проектот врз основа на идејното решение... “, вели министерот Ќахил. Значи, повторување на целата процедура која беше завршена досега, но сега за друга локација, при што граѓаните на Македонија ќе платат два пати. Но, ова е дел од општата ситуација кај нас, каде со смената на една политичка гарнитура од власта, светот почнува од почеток, без притоа да се води никаква сметка за некаков континуитет во работењето.

Истовремено индикативна е и ситуацијата со локацијата на театарот на Бит-пазар. Многумина ќе ја протолкуваат реализацијата на новиот проект за театарот токму на оваа локација како остварување на планот на политичката опција на која и припаѓаат министерот Аднан Ќахил и директорот Наџи Шабан, кој уште од стартот изјави дека локацијата кај Железничка станица не соодветствува, меѓу другото и поради фактот што во околината не живее турско население. Министерот Аднан Ќахил пак вели дека е свесен за можноста сето ова да биде протолкувано на тој начин, но реагира на забелешките од страна на опонентите велејќи: „Ако се загрижени за Турскиот театар, тогаш треба да знаат дека ние не стопираме, туку градиме. И што е проблемот? Фактот што не се реализира нивната идеја? Ние ќе докажеме дека ќе го изградиме театарот. Јас ја туркам идејата и Владата стои зад овој проект со сите коалициони партнери“, вели Ќахил. Според него планот е Турскиот театар да биде готов до 2010 година, во рокот предвиден и за сите други капитални објекти во областа на културата.

Министерството за култура пак нема коментар за целата ситуација околу градбата на Турскиот театар. Според нив, се зависи од одлуките на Владата, која пак во оваа стартна фаза очигледно ја поддржа новата иницијатива. Сето ова, пак, отвора простор и за шпекулациите од типот дека на Турскиот театар му се обезбедува нова локација бидејќи некој друг ја пикирал атрактивната локација кај Железничка станица за објект од комерцијална намена.


Извор: Утринки весник
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 29-Jan-2008 at 00:23
Ја како што знам од буџетот за оваа година не се издвоени средства за овој театар, така да не знам како планираат да го изградат до 2010 година.. А рендерот е супер, само нека го градат.
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 29-Jan-2008 at 00:23
Го памтам проектов за турскиот театар, навистина е одличен. Само нека се гради, локацијата е второразредна (иако мене повеќе ми се свиѓаше оргиналната, во близина на железничка)

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 29-Jan-2008 at 00:29
@La Linea театаров беше готова работа уште на крајот на мандатот на СДСМ. Имаа обезбедено и пари (барем според тогашните кажувања). Дел од Владата преку некои 'designated' фондови за малцинства дел од Турција како донација. Кога се смени власта имаше написи дека новиот директор сака да го менува проектов. Ова е прва објава во последниве година и кусур за театаров. Се надевам дека ќе го биде. Има и други рендери ќе ги ископам од SSC ваљда до утре. Проектот е многу добар инаку автор е Виктор Михајловски, дечкото што го направи проектот за Филхармонијата.

@Clover локацијата е можеби второразредна но еден ваков проект би створил услови да стане прворазредна. Сепак се работи за поширокиот центар. Додуше немам точна ориентација за каде точно зборуваат. Дали би гледал на Александар Македонски?  Некако зградата не ми одговара за покрај таков прометен булевар.  Не дека претходнава локација бепе различна од тој аспект но сепак.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 29-Jan-2008 at 00:34
Originally posted by pbanks


@Clover локацијата е можеби второразредна но еден ваков проект би створил услови да стане прворазредна. Сепак се работи за поширокиот центар. Додуше немам точна ориентација за каде точно зборуваат. Дали би гледал на Александар Македонски?  Некако зградата не ми одговара за покрај таков прометен булевар.  Не дека претходнава локација бепе различна од тој аспект но сепак.


Абе мислев како второразреден критериум, а најважен е фактот дали ќе се гради и дали ќе се гради по оргиналниот проект Big%20smile 

Не мислев автоматски дека е лоша локација...

А иначе не сум сигурен баш најточно каде е маркицата и затоа не би шпекулирал понатака околу самата локација
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 29-Jan-2008 at 10:07
Еве уште еден малечок рендер од друг агол како и оригиналната локација каде што требаше да се гради. Имам видено и еден рендер од внатрешноста на објектот (повторно изгледа одличнно) но не знам дали го имам во дигитална форма :(



Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 29-Jan-2008 at 10:49
Прв пат слушам за овој проект, и морам да кажам дека сум воодушевен. Али зошто да се менува локацијата па?? Колку убаво си доаѓа тука кај железничка... Ohno
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 06-Sep-2008 at 22:49

Турскиот театар се враќа на локацијата кај железничка

Министерот без ресор Хади Незири, задолжен за проектот, се согласил градбата на театарот да продолжи на старата локација

Лилјана Митевска


Турскиот театар ќе се гради на старата локација, на просторот околу новата железничка станица. Ова е решението донесено во Министерството за култура, по средбата меѓу министерката Елизабета Канческа Милевска и министерот без ресор во Владата на РМ, Хади Незири, задолжен за овој проект.

„На средбата на која присуствуваа и претставници од правниот сектор на министерството, беше донесен став да се информира Владата изградбата на театарот да продолжи на локацијата кај старото балетско училиште околу новата железничка станица за кое веќе има и идејно решение. На средбата беше поканет и авторот кој победи на конкурсот за идејното решение, архитектот Виктор Михајлов, кој се согласи да го изработи и главниот и изведбениот проект. Сега ја чекаме одлуката на Владата по што ќе може да се продолжи со процесот за изградба на Турскиот театар“, вели министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

Иницијативата за изградба на Турскиот театар, кој во моментов ги дели просториите на Театарот на народностите заедно со Албанскиот театар, потекна во времето на министерот Благоја Стефановски. До крајот на неговиот мандат, се реши проблемот со новата локација на Турскиот театар, односно Министерството за одбрана ги отстапи просториите кај старото Балетско училиште кај новата железничка, беа решени имотно-правните односи и проектот беше доведен до фаза на изработка на идејно решение.

Но, по смената на политичката гарнитура и со доаѓањето на Наџи Шабан на местото на Атила Клинче, за нов директор на Турскиот театар, работите попримија надолен тек. Шабан тврдеше дека нема никаква документација за локацијата на новиот Турски театар, а воедно се проширија гласините дека просторот кај железничка станица не се преферира бидејќи во околината не живее турско население. По извесно време, со поранешниот министер без ресор, Аднан Ќахил, кој го доби задолжението од Владата да го води проектот, раководството на Турскиот театар излезе со иницијатива за нов проект за Турскиот театар, кој би бил лоциран на Бит пазар, зад универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на местото на старото турско училиште „Тефејуз“, а во чиј склоп би функционирало и училиште за средно и основно образование, како и културен центар, сето ова за задоволување на потребите на локалното турско население. Но, за овој проект одново ќе требаше да се врши испитување на имотно-правните односи и целата легална процедура која веќе еднаш беше извршена за локацијата кај железничка, а сето тоа логично ќе ги чинеше граѓаните на Македонија двојно.

Согледувајќи ги околностите Министерството за култура сега го враќа проектот на првобитната локација. „Министерот без ресор, Хади Незири, се согласи со локацијата, така што сега, по информирањето на Владата следи склучување на договор со авторот на идејното решение Виктор Михајлов за изработка и на главниот и изведбениот проект. Потоа следи објавување на тендер за ревизија и на крајот тендер за градба“, објаснува министерката Милевска.

Турскиот театар е дел од капиталните проекти во културата планирани да бидат изградени до 2010 година кои директно се финансираат од буџетот на Владата. По изградбата на Турскиот театар, зградата на Театарот на народностите целосно ќе му биде отстапена на Албанскиот театар.


http://utrinski.com.mk/?ItemID=5C533161ED3C4B4FBBBED0771D05CB4D


"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 06-Sep-2008 at 22:53
Мило ми е што се враќа на првобитната замислена локација, наместо да се импровизира по тоа прашање   Cheers
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 07-Sep-2008 at 18:41
многу интересен проект, одлично е што го вратија на старата локација,и онака на тој простор му треба доста уредување
единствено што ми пречи е кога ќе видам културен центар меѓу станбени згради и куќи

Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 07-Sep-2008 at 23:44
одлична вест, имам двоумење околу соодветноста на локацијата но дефинитивно не би сакал овој проект да пропадне така да сум дефинитивно за Thumbs%20Up
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 09-Sep-2008 at 10:12
а од кај ја извадија сега улицава, колку што знам таму нема улица со четири ленти?
можеби сум се збунил, поправете ме ако грешам
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 09-Sep-2008 at 15:09
си се збунил кога ке отидеш накај новата аутобуска т.е новата желеничка ке видиш дека има 4 ленти , 2 за наваки 2 за натаки хехе усфари ја мислам дека се по 3 ама ај еве по 2 се хеххее
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 20-Nov-2008 at 21:08

ова дури сега го видов на мапата на build на google earth... почнато е да се гради, бидејќи според еден пост така заклучувам, дека изградбата ќе продолжи таму. почнато е?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 25-Apr-2009 at 19:01
Од задната страна, кај функционерската кула. Незнам дали само задниов дел треба да биде ваков или се работи за сеопфатна измена на изгледот. Ако е ова второво тогаш промената е на лошо, барем мене ми се допаѓаше повеќе она што го имаме на оскудниве рендери поназад во нишкава.

Back to Top
BOKO View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 03-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote BOKO Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 25-Apr-2009 at 20:24
Не знам луѓе дали бевте на изложба за проектите на театар Центар во КИЦ , ама истиот автор Виктор Михајловски имаше проект чија фасада страшно ме потсеќа на ова ново решение за Турскиов театар, со таа разлика што таму фасадата беше навнатре закривена...немам слика за upload се надевам ќе најдам...ама ако фасадава е copy/paste стварно ќе бидам многу разочаран од авторот

а и мене како и на pbanks повеќе ми се допаѓа првото решениеза фасадата
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 27-Apr-2009 at 18:46
абе остај фасадата, локацијата е најголема утка Crazy
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 18-Nov-2009 at 21:47
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 28-Dec-2009 at 10:20
Pa cek mislam deka i celiot ovoj tim se vkluceni vo rekonstrukcija na Stopanska banka ne?Big%20smile
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 15-Feb-2011 at 12:27
Албанскиот и Турскиот театар остануваат под ист покрив

     
И покрај тоа што од 2006 година се прогласени за национални театри, Турскиот и Албанскиот театар сé уште „се тискаат“ под покривот на еден објект. Најавената изградба на новата зграда на Турскиот театар, во близина на новата железничка станица, сé уште не е почната поради, како што велат од Министерството за култура, неразрешени имотноправни односи околу парцелата


     
     
Анимација на новата зграда на Турскиот театар
Албанскиот и Турскиот театар најмалку уште две години ќе мораат да работат под ист покрив, кој се покажа како претесен за потребите на два национални театарски ансамбли. Како излез од ваквата ситуација уште од 2006 година, кога двата театри станаа самостојни правни субјекти, беше иницирана идејата за изградба на нов објект на Турскиот театар. Албанскиот театар треба да остане во зградата на некогашниот Театар на народностите, во непосредна близина на Бит-пазар.

Новата зграда на Турскиот театар, која долги години беше најавувана како капитален проект, во план е да се гради годинава во близина на новата железничка станица. Но изградбата сé уште не е почната, поради, како што велат од Министерството за култура, нерасчистени имотноправни односи на парцелата предвидена за градба.

- Потребно е проширување на маркицата со еден мал дел што се наоѓа во приватна сопственост. Поради проблемите од имотноправен карактер на локацијата, во тек се измени во основниот проект, затоа што постојната локација се наоѓа покрај Центарот за социјални работи на град Скопје и приватни објекти, кои треба да се дислоцираат. Откако ова ќе се реши, ќе следува и распишување тендер за изработка на проект за акустика и акустична обработка на просториите на самиот објект и избор на изведувач на градежните работи - велат од Министерството за култура.

Од Турскиот театар се оптимисти и очекуваат спорот околу локацијата да се разреши во скоро време и изградбата на театарот да почне во првата половина од оваа година. Се оценува дека за комплетно завршување на новиот објект ќе бидат потребни околу две години.

- Ни ветија дека Министерството за финансии има обезбедено пари за откуп на тој мал дел спорно земјиште, кое изнесува само 46 квадрати и се наоѓа во приватна сопственост и дека штом ова се реши, веднаш ќе биде распишан тендер за изведувач - оптимистичен е директорот на Турскиот театар, Атила Клинче.

Со договор меѓу Министерството за транспорт и врски и Министерството за култура, Турскиот театар доби 550 квадратни метри и дополнителни 2.500 квадратни метри плац, каде што треба да се гради. Идејното решение на новиот театар е на архитект Виктор Михјлов, и во него е предвидена голема сцена со капацитет од 350 седишта и мала сцена со 120 седишта.

- Сега имаме по 5-6 претстави неделно, што само по себе подразбира потреба од самостојна сцена, иако ние веќе 60 години функционираме како два субјекта во една зграда и во моментов немаме некои поголеми проблеми - вели Клинче.

Двата ансамбла, покрај сценската техника, „братски“ ја делат и заедничката сцена. Во четврток, петок и во недела, таа е резервирана за претставите на Турскиот театар, а во вторник, среда и во сабота за Албанскиот.

Што се однесува до сценската техника, двата театри сé уште функционираат на „устен договор“. Откако биле подготвени новите статути на Албанскиот и Турскиот театар како национални театри, не бил направен делбен биланс, а со тоа не била дефинирана ниту припадноста на сценската техника.

И покрај овие проблеми и двата театри велат дека имаат солидна посетеност и јазично измешана публика, благодарение на софистицирана преведувачка технологија.
http://www.novamakedonija.mk/NewsDetal.asp?vest=2151193618&id=16&prilog=0&setIzdanie=22207
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.