build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Села во Македонија (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 8>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Села во Македонија (општо)
    Posted: 10-Aug-2014 at 10:28
Незнаев каде да го ставам следниот текст кој се однесува на селото Гари. Мислам дека не е лошо да имаме тема и за селата.


Гари – убавина што треба да се доживее

Македонија | 10.08.2014 11:00

Га­ри го на­се­ли­ле хра­бри и го­сто­прим­ли­ви лу­ѓе. Се чув­ству­ва­те до­бре дој­де­ни во се­кое вре­ме. Осо­бе­но им е за­до­волс­тво да слуш­нат де­ка сте про­ше­та­ле во пла­ни­на­та, сте ги по­се­ти­ле тие ин­те­рес­ни ме­ста што се гор­дост за гар­ци. Ве­лат што се гар­ци, гар­ци се, ама што не се гар­ци, ко­га ќе се за­ле­пат за Га­ри, не се од­ле­пу­ва­ат


Свеж и чист воз­дух, тем­пе­ра­ту­ра мно­гу по­ни­ска од таа во ур­ба­ни­те сре­ди­ни, жу­бор на во­да и не­ве­ро­јат­на ве­ге­та­ци­ја – уба­ви­на што ја ну­ди Ма­ке­до­ни­ја, а мал­ку­ми­на ја ко­ри­стат. Ве­лат ми­јач­ки­от крај е еден од нај­у­ба­ви­те кра­и­шта во зем­ја­ва. При­чи­ни да се по­се­ти ме­сто­то во па­зу­ви­те на Би­стра и на Сто­го­во има мно­гу. Не­до­пре­на­та при­ро­да на 1.100 ме­три над­мор­ска ви­со­чи­на е ви­стин­ско ме­сто за од­мор, но, ка­ко што ве­лат ста­ри­те гар­ци, са­мо за тие што зна­ат да ужи­ва­ат и ја са­ка­ат при­ро­да­та. Га­ри жи­вее во ле­то. Во зи­ма жи­вот има во две-три ку­ќи. Но во ле­то гар­ци се вра­ќа­ат до­ма. Дел од ку­ќи­те се со­се­ма но­ви или об­но­ве­ни, во пре­поз­нат­ли­ви­от и ори­ги­на­лен охрид­ско-кру­шев­ски стил на гра­де­ње. Ре­чи­си се­ко­ја ку­ќа е пол­на и отво­ре­на за тие што ре­ши­ле да го по­се­тат се­ло­то. Се­дев­ме во ку­ќа­та на де­до Бла­жо Дој­чи­нов­ски. Го­ле­ма бе­ла ку­ќа, со ка­фе­ни про­зор­ци, ку­ќа што го за­чу­ва­ла ста­ри­от стил. Ни рас­ка­жу­ва­ше ин­те­рес­ни при­каз­ни за се­ло­то, за жи­во­тот не­ко­гаш, за тоа што е Га­ри де­нес. Ќе ја слуш­не­те при­каз­на­та за ки­ли­ма­ра­та во ко­ја ра­бо­те­ле 120 же­ни и ги про­из­ве­ду­ва­ле нај­до­бри пер­си­ски ки­ли­ми што ги про­да­ва­ле во Гер­ма­ни­ја. За за­дру­га­та, за ку­ла­ци­те, за за­ба­ви­те и за му­зи­ка­та. Ќе ја слуш­не­те при­каз­на­та за пе­чал­ба­ри­те, за Дим­ко Шан­гај, кој на вре­ме­то ка­ко пе­чал­бар стиг­нал нај­да­ле­ку, ду­ри до Ки­на. Ќе ви рас­ка­жат за фуд­бал­ски­те нат­пре­ва­ри на игра­ли­ште­то, ка­де, ка­ко што уме­ат да ре­чат, има­ло ви­стин­ски го­ло­ви уште во вре­ме­то ко­га во Скоп­је обе­ле­жу­ва­ле го­ло­ви со ка­ме­ња. Ужи­ва­ат да збо­ру­ва­ат за нив­ни­от под­го­твен тим, кој ги по­бе­ду­вал ти­мо­ви­те од Мел­ни­ча­ни, од Ла­за­ро­по­ле и од дру­ги­те окол­ни се­ла. Со гор­дост збо­ру­ва­ат за стру­ја­та што ја има­ле ко­га гра­до­ви­те не­ма­ле, за ма­ло­то ки­но во пе­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век, за не­ве­ро­јат­на­та во­да.

 

Reportaza100-2

Бла­жо­ва чеш­ма

И на­ши­от до­ма­ќин оста­вил бе­лег во Га­ри. Не­да­ле­ку од не­го­ва­та ку­ќа, во гор­ни­от дел од се­ло­то ја има на­пра­ве­но чеш­ма­та, де­не­ска поз­на­та ка­ко Бла­жо­ва чеш­ма. Се на­о­ѓа на спро­тив­на­та стра­на од кр­стот. Уба­во уре­де­но ме­сто, гор­дост на де­до Бла­жо. Ве­ли ја на­пра­ви со по­мош на дру­ги­те се­ла­ни.

- Тре­ба одр­жу­ва­ње, до ко­га мо­жам мо­жам, по­тоа ќе ја пре­не­сам на дру­ги.Ко­га ќе за­ми­нам јас чеш­ма­та ќе оста­не да те­че – ве­ли тој.

 

- Во­да­та е по­себ­на. Да ис­пе­реш не­што не­ве­ро­јат­но бе­ло из­ле­гу­ва. Да го ва­риш гра­вот на гар­ска во­да ќе би­де по­и­на­ков од тој со скоп­ска во­да – ве­лат тие.

И до­де­ка раз­го­ва­рав­ме, по­ми­на ед­на мла­да брач­на двој­ка, ко­ја дош­ла да го по­се­ти се­ло­то. Де­до Бла­жо вед­наш ги по­ка­ни на ка­фе за и тие да ги слуш­нат гар­ски­те при­каз­ни. Га­ри го на­се­ли­ле хра­бри и го­сто­прим­ли­ви лу­ѓе. Се чув­ству­ва­те до­бре дој­де­ни во се­кое вре­ме. Осо­бе­но им е за­до­волс­тво да слуш­нат де­ка сте про­ше­та­ле во пла­ни­на­та, сте ги по­се­ти­ле тие ин­те­рес­ни ме­ста, кои се гор­дост за гар­ци. Ве­лат што се гар­ци, гар­ци се, ама што не се гар­ци, ко­га ќе се за­ле­пат за Га­ри не се од­ле­пу­ва­ат.

- Се ме­ну­ва­ат лу­ѓе­то. Мла­ди­на­та не е иста ка­ко по­ра­но. По­ра­но до­а­ѓаа мла­ди во гру­пи и се­кој ден одеа на Сто­го­во, да ви­дат при­ро­да, по­то­ци, ба­чи­ло… Ако не го на­пра­виш тоа, ка­ко да не си бил во Га­ри. Се че­каа на сви­јо­кот од ка­де што се гле­да Га­ри и се до­ви­ку­ваа „ај­де оди­ме“. Бе­ше ин­те­рес­но. Но во пос­лед­ни­те 10-15 го­ди­ни мла­ди­на­та е по­и­на­ква. До­а­ѓа ту­ка, ни пла­ни­на ги ин­те­ре­си­ра, ни жи­во­пис­ност, ни из­во­ри. Ста­ну­ва во 10-11 ча­сот. Про­ме­на­та е во тех­но­ло­ги­ја­та. Ста­ну­ва, зе­ма лап­топ, и не ја до­жи­ву­ва при­ро­да­та и уба­ви­на­та. Мла­ди­те не одат пеш. Тре­ба да им е ма­ла пла­ни­на­та да ја про­ше­та­ат. Тие не ја до­жи­ву­ва­ат таа уба­ви­на – ве­ло де­до Бла­жо но­стал­ги­чен за го­ди­ни­те што по­ми­на­ле.

Reportaza100-4

Секој гарец остава свој белег

Се­ло­то со око­лу 100 ку­ќи пле­ни со сво­ја­та ин­те­рес­на ар­хи­те­кту­ра, кла­ден­ци­те со сту­де­на во­да, ин­те­рес­на­та по­ста­ве­ност под па­ди­ни­те на две­те пла­ни­ни. По­ра­но ова би­ло зби­е­но се­ло, по­крив до по­крив. Де­не­ска бро­јот на ку­ќи е на­ма­лен, но пар­це­ли­те ни­кој не ги про­да­ва. Ако го про­да­дат ме­сто­то, уми­ра пре­зи­ме­то, фа­ми­ли­ја­та гас­не, се би­ти­су­ва. Ку­ќа­та ко­га ќе ја про­да­деш и да има кој да го нас­ле­ди пре­зи­ме­то, тоа уми­ра.

На­се­ка­де око­лу Га­ри има по­ста­ве­но клу­пи на кои мо­же да ужи­ва­те во уба­ви­от пог­лед. Над се­ло­то се на­о­ѓа крст, ка­де што на клу­пи­те че­сто ќе срет­не­те лу­ѓе што ужи­ва­ат во уба­ва­та гле­тка. До не­го се до­а­ѓа лес­но. Гар­ци рас­ка­жу­ва­ат де­ка е по­да­рок од нив­ни зем­јак.

- Во 1963 го­ди­на си­те бе­гаа од ту­ка. Си­те за­ми­ну­ваа, ка­ко да е крај на све­тот. Но на­у­че­ни сме на по­и­на­ква кли­ма. Скоп­је бе­ше пре­топ­ло. Уште то­гаш се ро­ди иде­ја­та да ни жу­бо­ри гар­ска ре­ка, да го ди­ше­ме воз­ду­хот од бу­ки­те и од ба­гре­ми­те гар­ски. Во тоа вре­ме фор­ми­рав­ме Ми­јач­ка ро­до­љу­би­ва фон­да­ци­ја. Ор­га­ни­зи­ра­ни сме во 1970 го­ди­на. Не доз­во­лив­ме да про­пад­не. Спа­су­вав­ме од кан­џи­те на за­бо­ра­вот. Мно­гу има­ме за­бо­ра­ве­но. На Гар­ска Ре­ка има­ло 12 во­де­ни­ци. Има­ло пи­ла­ни, вла­ча­ри, ва­ла­ви­ци… Го за­шти­тив­ме се­ло­то. Га­ри е му­зеј под отво­ре­но не­бо. Има ме­ста од ка­де што со еден ка­дар мо­же да го фо­то­гра­фи­раш це­ло­то се­ло. Во тој склоп на единс­тво си­те да­вав­ме, ама сѐ оде­ше ка­ко во бу­нар. И не­кои што беа по­моќ­ни и им ле­же­ше Га­ри на ср­це, ре­ши­ја да на­пра­ват по не­што за се­ло­то. Та­ка еден на­ши­нец на­пра­ви крст пред не­кол­ку го­ди­ни. Оста­ви тра­ен спо­мен за Га­ри – ни ве­ли де­до Бла­жо.

 

Reportaza100-3

Гар­ска­та во­да до­не­се ин­ве­сти­ци­ја

Хр­ват­ска­та ком­па­ни­ја „Ма­ли Ло­шињ“ поч­на со из­град­ба на фа­бри­ка во Га­ри, во ко­ја ќе пол­ни во­да за пи­е­ње од окол­ни­те из­во­ри. Про­из­водс­т­ве­на­та ха­ла ќе би­де со по­вр­ши­на од 2.200 ква­драт­ни ме­три и ќе има ма­га­цин­ски дел, со управ­на згра­да, ка­ко и до­пол­ни­тел­ни про­сто­рии ка­ко ла­бо­ра­то­ри­ја, кан­ти­на и дру­го. Фа­бри­ка­та е ло­ци­ра­на на пет ки­ло­ме­три пред се­ло­то, по­крај ре­ги­о­нал­ни­от пат Бо­шков мост – Из­вор.

 

При­каз­на­та ја про­дол­жу­ва со Ви­сок Ка­мен, не­о­бич­на кар­па соз­да­де­на од при­ро­да­та. Ве­ли, тоа е амб­лем на Га­ри. Се­ла­ни­те се по­гри­жи­ле кај не­о­бич­ни­от ка­мен, кој изг­ле­да ка­ко лу­ѓе да го ва­ја­ле да на­пра­ват при­јат­но ме­сто за од­мор. На­ве­чер ка­ме­нот е освет­лен, од кла­де­не­цот бли­ка во­да, а клу­пи­те се од­лич­но ме­сто да го ис­пи­е­те ва­ше­то утрин­ско ка­фе или на­ве­чер да ужи­ва­те во зву­ци­те што ги соз­да­ва при­ро­да­та. Во бли­зи­на се и ма­ли­те во­до­па­ди на Гар­ска Ре­ка. Но де­до Бла­жо пак се вра­ти на она исто­то – мла­ди­те де­не­ска не ја до­жи­ву­ва­ат при­ро­да­та, не пра­кти­ку­ва­ат да се со­би­ра­ат кај Ви­сок Ка­мен.

 

Reportaza100-5

Елен­ски скок – сим­бол на хра­бро­ста и на истрај­но­ста

Пр­ва­та де­сти­на­ци­ја на си­те што одат кон Га­ри и кон Ла­за­ро­по­ле е мо­стот Елен­ски скок, из­гра­ден во пер­и­о­дот на тур­ско­то вла­де­е­ње. Жи­те­ли­те има­ат по­ве­ќе ин­те­рес­ни при­каз­ни за мо­стот. Ед­на­та ве­ли де­ка е из­гра­ден по на­ред­ба на тур­ски бег, кој за вре­ме на лов ра­нил елен, кој бе­гај­ќи од сво­и­те го­ни­те­ли, иа­ко бил ра­нет, ус­пе­ал да ја пре­скок­не Гар­ска Ре­ка, а по­тоа умрел. Бе­гот ре­шил на тоа ме­сто да се из­гра­ди мост, кој ќе прет­ста­ву­ва сим­бол на хра­бро­ста, че­ста, си­ла­та и бор­ба­та во ко­ја се истра­ју­ва до пос­ле­ден здив. Овој мост се на­о­ѓа на ме­сто­то ка­де што ми­ну­вал не­ко­гаш­ни­от рим­ски пат Виа Иг­на­ци­ја.

 

На Бо­го­ро­ди­ца гр­ми

Во се­ло­то се на­о­ѓа ма­ла­та, но пре­крас­на цр­ква „Св. Бо­го­ро­ди­ца“, од 1860 го­ди­на. Во неа ико­но­ста­сот е изра­бо­тен од жи­те­ли на се­ло­то, Фи­лип, Пе­тре и Мар­ко Да­бо­рес­ци. На­ши­от до­ма­ќин е нив­ни прав­нук. Во гор­ни­от кат од цр­ква­та е ода­ја­та за не­ве­сти­те и за де­вој­ки­те. Ту­ка, ако пог­лед­неш на­го­ре, ме­ѓу ико­ни­те се гле­да око. Око­то е на­цр­та­но во три­а­гол­ник, и ка­ко и да се дви­жи­те, тоа по­сто­ја­но ве сле­ди. Пр­ва­та асо­ци­ја­ци­ја, ка­ко што се прет­по­ста­ву­ва во до­ку­мен­ти­ра­ни­те за­пи­си за Га­ри, е де­ка тоа е ма­сон­ско око. Ама ло­кал­ни­те жи­те­ли не зна­ат да об­јас­нат што зна­чи овој знак. Над ол­та­рот има и сон­це со 16 кра­ци. Се­ла­ни­те ве­лат де­ка тоа им е сим­бол на ми­јач­ки­от крај и де­ка на вре­ме­то Ми­ја­ци­те, по­крај сво­јот ми­јач­ки ја­зик, си има­ле и ми­јач­ко зна­ме со сон­це со 16 кра­ци. Во цр­ква­та се на­о­ѓа­ат и ко­ски од све­тец, кои, ка­ко што рас­ка­жу­ва­ат, им по­мог­на­ле на мно­гу­ми­на. Ко­ски­те се пре­ми­ва­ат со во­да, а со таа во­да бол­ни­от се мие. Од кој све­тец се ко­ски­те, ни­кој не знае, но се ве­ру­ва де­ка чу­до­твор­ни­те ко­ски им по­мог­на­ле на мно­гу­ми­на.

- Се­ла­ни­те би­ле сто­ча­ри, но и пе­чал­ба­ри. Пе­ча­ле­ле во Ру­си­ја и во Пол­ска. Од си­те се­ла­ни најм­но­гу прос­пе­ри­ра­ле тие што би­ле во Пол­ска. Зла­то те­че­ло од нив­ни­те ра­це, са­мо ус­пе­си ни­же­ле. Пол­ја­ци­те ги при­ми­ле уба­во, раз­ви­ле го­лем ка­пи­тал, по­ве­ќе­то има­ле сла­ткар­ни­ци, на­пра­ви­ле мно­гу па­ри. За праз­ни­кот Пре­све­та Бо­го­ро­ди­ца се пра­ве­ле го­ле­ми свад­би. Би­ло тра­ди­ци­ја то­гаш да на­пра­виш свад­ба. Во Ла­за­ро­по­ле тоа би­ло за Илин­ден. По­сто­е­ло ри­валс­тво. Ќер­ки­те на пе­чал­ба­ри­те од Пол­ска се ма­же­ле со три чи­фта ми­јач­ки ру­би. На чар­да­ци ши­е­ле ру­би 360 де­на. Се нат­пре­ва­ру­ва­ле кој ќе на­пра­ви по­го­ле­ма свад­ба, кол­ку чи­фта та­па­ни ќе се слуш­нат. Бо­го­ро­ди­ца гр­ме­ла – се по­тсе­ту­ва до­ма­ќи­нот.

Гар­ци про­дол­жи­ле да се со­би­ра­ат на овој ден. На­пра­ви­ле оби­ди да се пра­ват свад­би, но иа­ко ве­ќе не­ма свад­би, сѐ уште по­стои тра­ди­ци­ја­та на овој ден си­те да се со­бе­рат. Бр­зо­то тем­по на жи­вот се одра­зу­ва и ту­ка. Дел од не­го­ви­те жи­те­ли по­ра­ди биз­нис не ус­пе­ва­ат да дој­дат, но но­стал­ги­ја­та ги те­ра да не доз­во­лат да згас­не оваа тра­ди­ци­ја.

 

Reportaza100-6

 

Цр­ква зат­скри­е­на во пла­ни­на­та

Во па­ди­ни­те на Сто­го­во, на око­лу три ки­ло­ме­три од се­ло­то се на­о­ѓа ин­те­рес­на цр­ква „Св. Пе­тка“. Па­тот кон неа ќе ве оду­ше­ви. Го слу­ша­те жу­бо­рот на ре­ка­та, по­ми­ну­ва­те кон ин­те­рес­ни из­вор­чи­ња, кои, бу­квал­но, из­ви­ра­ат од ка­ме­ња­та, зе­ле­ни­ло, ин­те­рес­на ве­ге­та­ци­ја. Са­ма­та цр­ква е сме­сте­на во зе­ле­ни­ло, до­лу под па­тот. Клу­пи за се­де­ње, чеш­ма со сту­де­на во­да, кам­ба­на­ри­ја… Де­до Бла­жо рас­ка­жу­ва де­ка цр­ква­та ја на­ре­ку­ва­ат Из­во­ри­те.

- Оваа стра­на на Сто­го­во е со зе­ле­ни­ло, па­си­шта, шу­ма, из­во­ри. Дру­га­та стра­на е кон Дрим. От­та­му е су­во и пе­кол­но, со го­ли ри­до­ви. Ние сме бо­га­ти со шу­ма. Се­ко­ја го­ди­на за Ве­ли­пе­ток се оде­ше та­му, по­по­ви­те ја кр­стат во­да­та, се пра­веа из­ле­ти. Из­во­ри­те е „Све­та Пе­тка“. Се­ла­ни­те ја пра­веа со го­ди­ни, ка­ко што мо­жеа. Не­ма­ше ни стру­ја. Та­му фа­ќа­ат го­ле­ми сне­го­ви. До два-три ме­три. И ни се ури­ва­ше цр­ква­та. Ко­га дој­де пом­ла­да­та ге­не­ра­ци­ја, по­моќ­ни, ре­коа ќе го на­пра­ви­ме да би­де гор­дост – рас­ка­жу­ва де­до Бла­жо.

По па­тот од цр­ква­та кон вр­вот на пла­ни­на­та се на­о­ѓа­ат ба­чи­ла­та. Та­му се пра­ви вкус­но­то гар­ско си­ре­ње. Ов­де мо­же да про­ба­те и леб пе­чен под сач, ка­ко и ов­чо мле­ко.

Reportaza100-7

Ре­ста­вра­ци­ја на ста­ри­те ку­ќи

Од стра­на на Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра е изра­бо­те­на сту­ди­ја за еко­ном­ска оправ­да­ност за ре­ви­та­ли­за­ци­ја на ова ми­јач­ко се­ло. Сту­ди­ја­та пред­ви­ду­ва ре­ста­вра­ци­ја на по­стој­ни­те ку­ќи со тра­ди­ци­о­нал­ни­те ма­те­ри­ја­ли, ар­хи­те­кту­ра и тех­ни­ки на ста­ри­те мај­сто­ри.

Пред­ви­де­но е да се ин­ве­сти­ра и во но­ви со­др­жи­ни што ќе го под­др­жат сел­ски­от ту­ри­зам, ка­ко што се: сме­сту­вач­ки и уго­сти­тел­ски ка­па­ци­те­ти, ин­фо­зо­ни, из­лож­бен про­стор, уре­ду­ва­ње на про­сто­рот во цен­та­рот на се­ло­то, ре­ви­та­ли­за­ци­ја на цр­ква­та „Св. Бо­го­ро­ди­ца“ и ор­га­ни­зи­ра­ње лет­на шко­ла за ар­хи­те­ктон­ска кон­зер­ва­ци­ја на тра­ди­ци­о­нал­ни­те ку­ќи.

Се­ла­ни­те рас­ка­жу­ва­ат де­ка по­ра­но има­ло 25.000-30.000 ов­ци, се пра­вел нај­у­ба­ви­от ка­шка­вал, со ми­риз­ба што се ши­ре­ла низ це­ло­то се­ло. Ка­шка­ва­лот за­вр­шу­вал на аме­ри­кан­ски­от па­зар.

Ова е са­мо дел од тоа што мо­же да се ви­ди во Га­ри и да се слуш­не од не­го­ви­те се­ла­ни. Ве­ќе две го­ди­ни во се­ло­то по­стои ви­ла во ко­ја мо­же­те да прес­пи­е­те, да ја­де­те вкус­на тра­ди­ци­о­нал­на хра­на, да про­ба­те гар­ска па­стрм­ка. Оста­ну­ва са­мо да го по­се­ти­те се­ло­то и да ја по­чув­ству­ва­те уба­ви­на­та, ко­ја не се опи­шу­ва. И, се­ка­ко, да го пос­лу­ша­те де­до Бла­жо – оста­ве­те го лап­то­пот, до­жи­веј­те ја пла­ни­на­та.

 

(Пишува: Билјана Зафирова

http://republika.mk/?p=297379
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 10-Aug-2014 at 12:00
Скопско село само со двајца постојани жители

Тодор Велковски, 89-годишен старец, и 50-годишниот Тихомир Тодоровски се единствените постојани жители на село Говрлево.



Селото, познато поради многуте стари цркви во околината и по прастарата скулптура Адам од Говрлево, е оддалечено 30-ина километри од Скопје. Припаѓа на Општина Сопиште, изборна единица број 1 и е единственото село во Скопско со ваков куриозитет - да има само двајца постојани жители, кои му пркосат на модерното време и не посакале да се иселат од родното место за да заминат в град, пишув Дневник.
Дедо Тоде, поради проблеми со здравјето и годините што го нагазиле, а и слабиот вид и слух, годинава не го остварил своето избирачко право, раскажаа неговите внуци, кои зиме го чуваат во населбата Kисела Вода, а Тихомир, како што самиот ни кажа, гласал. Единствените жители на Говрлево не ги најдовме во селото, туку ги баравме низ градот - дедо Тоде беше кај синовите во Kисела Вода, а Тихомир на работното место во Пинтија.

Дедо Тоде, како што вели, никогаш не би ја напуштил својата куќа, но сега е во години, а имал и операција, па синовите го зеле да го почуваат. Го најдовме на тераса, седнат на стол, со ќебе преку нозете и со поглед во далечина, кон Сонцето. Слуша, но не толку добро, па во негово име зборуваше еден од внуците. Едното око му е затворено, имал неуспешна операција на катаракта, а на другото гледа само сенки. Но, и покрај тоа, месецов инсистирал да оди да си поседи во Говрлево. Го прашавме кој ќе го чува, а внукот ни рече „самиот ќе се чува“. Таква му била желбата, тоа го правел и претходно.

- Не гледа, но сам си нареди пластични шишиња во дворот, од кои направи една патека, и така се движи. Сонцето прави отсјај и така гледа силна светлина. Не готви, јаде малку, само чорбесто, а најважно му е дента да има млеко. Сака сам да си седи, но секако за него ќе се грижат соседите. Потоа пак ќе го земеме - вели внукот.

Дедо Тоде е роден во 1925 година во Говрлево, на 7 јануари, на Божик. Сопругата му починала пред десетина години и оттогаш е сам. Додуша и сака да биде сам, вели внукот, самиот си мисли дека ни додева и никако да го убедиме во спротивното. Во Втората светска војна се борел во партизани и бил погоден со куршум во рамото. Оттогаш зема боречка пензија, а цел живот е земјоделец.

Тихомир Тодоровски е помлад, но и тој како дедо Тоде, сам живее во селото. За разлика од старецот, кој повремено е во градот, Тихо живее во Говрлево, а работи во Скопје. Тоа го чини многу изгубено време во патување. Секој ден оди 20 минути пеш до автобуската станица среде Говрлево, а потоа со автобус до Пинтија.

- Немам постојана работа, но нешто подработувам во автомеханичарски салон кај мој роднина - раскажува тој.

Не е пречека на работното место со еден автомеханичарски клуч во рацете и во работничко одело. Го прашавме дали некогаш добива желба да се иссели од селото, а тој вели „не“. И покрај сите недостатоци, како, на пример, слабата струја и проблемот со водата.

- Ова време во селото има луѓе, но тоа се претежно викендаши, луѓе што повремено доаѓаат, одгледуваат земјоделски култури, се одмораат на чистиот воздух, а потоа пак се симнуваат во градот - вели Тодоровски.

На последните избори го остварил своето избирачко право, но долу, во Горно Соње, со тамошните жители. Не било отворано посебно избирачко место во Говрлево, за само двајцата гласачи, последните говрлевци.
Недостатокот од чиста вода за пиење и за наводнување, недостигот од улично осветление, како и слабата струја, која е монофазна, се главните причини што жителите од Говрлево изминативе децении го напуштија селото, до кое има асфалтен пат. За ова ни раскажаа викендашите, кои со години доаѓаат таму. Некои од нив се родени во ова место, а се иселени во Скопје, други тука купиле или направиле викендички за одмор.

Некои од тие што вчера ги најдовме во Говрлево се пожалија дека локалната власт не вложува многу и е време да почне да го прави тоа, особено што во месноста се гради и нов манастир „Свети Илија“, за чиј празник на 2 август доаѓаат и до 5.000 посетители. Недостатокот од вода прави проблеми при одгледувањето на градинарските култури, а поради тоа е тешко и да се чува стока. Затоа ретко се занимава со тоа, а ако се нафатат, собираат дождовница или копаат бунари, но вода наоѓаат дури по 20 метри длабочина.

http://www.skopjeinfo.mk/gradot/78775386/skopsko-selo-samo-so-dvajca-postojani-ziteli

Edited by jyvation - 10-Nov-2014 at 13:11
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 10-Aug-2014 at 19:47
Ќафа,село кое е голема надморска височина,можеби во највисоките во Македонија.Постојани жители нема,има само повремени посети на отселени претежно во Гостивар,Кичево и нормално во странство.

Населението е албанско,а самото име кажува дека на тоа место на времето било некаква граница(Кафа Сан,Ќафа Боте,...Ќафа).

Се наоѓа на следната локација:

41.657218, 21.023487

Селото административно припаѓа на Гостивар,но во некои сегменти се управува од Кичево(ЕВН).

Овој дел сега заживе благодарејќи на убавиот ресторан кој се наоѓа на самиот врв од планината.Се оди преку локалниот пат за РЕК Осломеј,па Жубрино,Поповјани,Јагол,Бериково и од Бериково до Ќафа е шумски неасфалторан пат од 3.1 км.

Од селото има прекрасен поглед према Кичево и према Падалишта(големиот железнички тунел)










Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 10-Aug-2014 at 19:55
Ресторанот на врвот на превојот(снабдувањето со електрична енергија е исклучиво преку соларни колектори):








Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 10-Aug-2014 at 19:57
А каков поглед има од ова село се гледа од следнава слика на која се гледаат РЕК Осломеј(крајно десно),Србица,Аранќел,Премка..



некои слики се сликани со апарат ,некои со мобилен

Edited by gjoko - 10-Aug-2014 at 19:58
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 10-Aug-2014 at 20:30
Секогаш ми е интересно кога прв пат ќе чујам за села во Македонија. Одлична местоположба има селото. Инаку, мала исправка, сепак селото си се наоѓа во Општина Кичево, а до 2013 година во Општина Осломеј.

На Википедија има и карта со селата на поранешната Општина Осломеј
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 10-Aug-2014 at 20:41
надлежностите се помешани,дел ги има Гостивар,дел Кичево,слично како Лисичани кај општина Пласница
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 11-Aug-2014 at 23:46
ЗАЕДНО СО ДЕДО БИНО УМРЕ И МАРИОВСКИ БРНИК



Што не сторивме да го донесеме во градот, за да биде поблиску до нас, а и животот да му биде побезбеден. Дури ни свирепото убиство што го стори кумановец врз жена од селото за пари, не го набрка. Во Битола купи стан, но никогаш не се пресели. Ни велеше „селото ќе ми даде сто години живот“. Вака членовите од семејството раскажуваат за Бино Стојановски, последниот жител на мариовското село Брник. Тој беше бастионот за ова село кое пред еден век имало над 200 луѓе, а по неговата смрт остана без ниеден жител. Стојановски не ја доживеа стотката, почина на 91 година. Последните десет години живееше осаменички живот во селото, без друга човечка душа, придружуван само од стоката, освен во викенди кога го посетувале роднините.

- Чудно е што најголемата љубов во животот ја имаше кон селото во кое не беше ни роден. Беше од прилепско Полчишта, но даден како ранениче во Брник на 10 години. Го привлекуваше природата таму. Во градот му пречеше бучавата, загадениот воздухот. Го убедувавме да дојде. Луѓето ме сретнуваа и ми велеа „зошто не си го земиш таткo ти?“. Им одговарав, ако можеш ти да го наговориш да дојди, веднаш ќе го земам - раскажува ќерката Менка Стојанова.

Роднините ќе го паметат како храбар и вреден човек. За време на Втората светска војна бил партизан, а потоа еден од најпосветените кога се правеле колективите во Мариовско. Работел во „Водостопанство“, а по пензионирањето одгледувал стока. Трипати ги намалувал овците продавајќи ги, зашто бил во години и не можел да ги одгледува сите. На крајот ги продал, купил кози, па кокошки и непосредно пред да почине и живината ја дал во соседното село Рапеш.

- Беше многу вреден. Kога го посетувавме, јагнето ќе ни го испечеше, а тој заминуваше со стоката. Не смееше таа да биде гладна. Раскажуваше дека кога умрел татко му млад, му дале наследство од десет овци и тој ги донел во Брник. Пред да почини повторно ги продаде во Полчишта. Рече „ги вратив овците од каде што ги донесов“ - раскажува внуката Бојана Петровска.

Живеел во село до кое не води асфалтен пат, во кое нема ни вода ни струја. На 90 години пеш минувал по четири километри за да стигне до Рапеш по храна, меѓу живи луѓе или за да гласа на избори.

- Државата не му ја исполни животната желба, селото да добие струја. За таа работа трчаше по дистрибуција, по општини. Немаше ни телевизија, а што е најиронично години му доаѓаа сметки за да плаќа радиодифузна такса. На крајот му ја укинаа откако се разболе - вели зетот за ќерката, Никола Стојанов.

Пред да почине собрал 30 килограми брнички смокви, а истиот ден кога се разболел, за последен пат ги изорал нивите. Вечерта му се слошило и им јавил на блиските во Битола. Починал од мозочен удар.

За да не се заборави ова мариовско село, историчарите Никола Миновски и Владо Темелковски објавија книга „Село Брник без брничани“. Во неа е запишано дека селото што се споменува како постојна населба уште во турските тефтери од 1570 година сега е без жители.

- Со Бино се договоривме дека кога ќе почине, ќе напишеме напис во весник дека замина последниот бастион на селото. Тоа е село со здрава и еколошки чиста околина, пространи тревни пасишта, за жал, денес неискористени, разновидни шумски плодови, печурки, погодни услови за лов на диви животни. Тоа е село од каде што потекнувал војводата Трајко Kрало, десна рака на војводите Димче Могилчето и Јон Пашата - напишале во книгата.

Kако природна реткост се споменува Брничкиот Водопад од кој водата слободно паѓа од 18 метри височина, но во убавината, мирот и спокојството веќе нема кој да ужива. Ова е една од десетината мариовски села што згаснаа во Битолско.

Жанета Здравковска
http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=6C9BA6F6611D5E40B45CC2478EEC6889
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 15-Aug-2014 at 12:05
село Ума, Гевгелиско

За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 18-Aug-2014 at 22:54
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 05-Sep-2014 at 07:54
Брајчино















brajcino.mk
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 05-Sep-2014 at 07:54














brajcino.mk
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 05-Sep-2014 at 07:56














brajcino.mk
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 05-Sep-2014 at 07:58














brajcino.mk
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 05-Sep-2014 at 08:01














brajcino.mk
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 05-Sep-2014 at 08:04




brajcino.mk
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 05-Sep-2014 at 16:25
убаво место
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 17-Sep-2014 at 01:46

Во селото со пет музеи

Скопје има осум музеи, Охрид четири, Битола два, а повеќето помали градови по еден. Но едно мало село од 200-300 жители, затскриено меѓу планините во централниот дел на Македонија, има дури пет. Горно Врановци е познатото село-музеј, со многу повеќе историја отколку што може да се очекува од еден таков изолиран крај. Но токму тоа била неговата предност во историјата што го направила славно.

vranovci

Во еден момент од историјата, во Втората светска војна, ова мало селце на некој начин било главниот град на Македонија. Партизаните се бореле против неспоредливо помоќните окупаторски сили. Но имале добра стратегија, создале голема слободна територија во непристапните планински краишта во централниот и во западниот дел на Македонија. Таа територија, како и целата борба, се раководела од Горно Врановци. Тука бил Президиумот на АСНОМ, значи државното собрание, Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија, која била еден вид влада, Главниот штаб на НОБ, како денешен генералштаб, и ОЗНА, разузнавачката служба.

vranovci%201

По конечното ослободување, сите тие институции се префрлиле во Скопје и таму функционирале. Но куќите во Горно Врановци, каде што биле сместени, денес се нивни спомен-музеи. Заштитени и одржани, го чуваат споменот на таа борба.

vranovci%202 vranovci%203

Музеите се мали, сите имаат по една-две соби, главно полни со стари документи или копии, големи фотографии од славното борбено минато и понекое парче оружје што го користеле партизаните. На нив точно може да се види колку било тешко, на пример по фотографијата од тројца партизани, сите облечени во различни униформи, кој каква успеал да најде. Но имало и интересни моменти, како тој кога готвачот со црпалката в рака застанал да се слика до борците со пушки.

vranovci%204 vranovci%205

Петтиот музеј е поинаков. Тоа е печатницата во која бил испечатен првиот број на дневниот весник „Нова Македонија“. Внатре е печатарската машина тешка еден тон, која партизаните кришум ја носеле в раце од Скопје до таму, преку планини и долини.

vranovci%206

Во соседната соба може да се види и како се сложувале страниците за печатење, буква по буква. Тоа што денес се прави за неколку минути на компјутер тогаш било макотрпна работа. „Нова Македонија“ веќе не е ниту партизански ниту државен весник, но се` уште излегува, како најстар во Македонија и еден од најстарите на Балканот, со 69 години. Членовите на нејзината редакција секој октомври го посетуваат музејот, по повод годишнината од првиот број на 29 октомври 1944 година.
vranovci%207

Шестиот музеј е спектакуларен. Но нели беа само пет? Да, но шестиот не е спомен-куќа важна поради историските настани од Втората светска војна, туку е милиони години постар. Тоа е природата околу Горно Врановци. Малата Врановска река во ова осојничаво место создава толку влага што камењата и корите од дрвјата се прекриени со мов.

vranovci%20priroda vranovci%20priroda%202

Волшебна зелена земја како од „Господарот на прстените“. Водата се пробива низ камења, карпи, паднати стебла, а со секој чекор љубопитноста расте за тоа што има зад следниот мал водопад. Во природата, со малку среќа, ќе се сретнете и со некои од нејзините жители. Малите гуштери веројатно ќе бидат порасположени да позираат пред вашиот фотоапарат, но верверичките ќе ги снема за неколку секунди.

vranovci%20guster

Низ Горно Врановци не прошетаа две момчиња што веќе се иселиле од таму во Горно Јаболчиште. Велат, има се помалку жители во ова село. Иако е оддалечено по триесетина километри од Скопје, Прилеп и од Велес, до него може да се стигне само преку Велес по тесен планински пат. И покрај тоа што е единствено со толку многу атракции, тешко се наметнува како туристичка дестинација. Дури ни за викенди.

vranovci%20cover

Особено во последнава деценија, откога не работи хотелот „Врановци“. Изграден во 1986 година, дваесетина години ги пречекувал велешките работници од јавните претпријатија и многу други гости. Веќе не е отворен поради судските спорови околу сопственоста. Како секој друг хотел што одамна го испратил својот последен гостин, и овој сега изгледа како сцена од филмот „Сјаење“ на Стенли Кјубрик.

vranovci%209

Стар, затворен, напуштен, тивок. Толку тивок што речиси може да се слушнат звуците од минатото, од гостите на големата тераса со поглед на реката или од оние во собите со прозорци завтрени кон планинските врвови. Но се слуша само ветрот, шумот на реката и минатото. Затоа што сегашност таму нема.

Гоце Трпковски

http://balkon3.com/vo-seloto-so-pet-muzei-2/

Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 17-Sep-2014 at 07:53
Ете, во минатото и селскиот туризам бил развиен во МК.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 22-Oct-2014 at 11:49
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.098 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.