build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Културно наследство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Археолошко наоѓалиште Висока-Селечка планина

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Археолошко наоѓалиште Висока-Селечка планина
    Posted: 27-Aug-2014 at 09:19
Оваа наоѓалиште мислам дека заслужува посебна тема, затоа што очигледно се работи за многу битно место од кое веројатно ќе добиваме уште нови сознанија.
           
На Висока се разоткрива дворецот на Пелагонците


ЕКСПЕДИЦИЈАТА НАПРЕДУВА НА СЕЛЕЧКА ПЛАНИНА

Иако во тешки услови, поради непристапниот терен, археолошката експедиција што годинава го истражува локалитетот Висока, лоциран на врвот на Селечка Планина, добро напредува. Тие се надеваат дека ќе го добијат крунскиот доказ дека на ова место има палата, односно резиденција што му припаѓала на кралот што владеел во античкиот период.
- Можеби сме блиску до откривањето на една од точките на антиката по кои се трага, а тоа е градот Пелагонија, досега единствен неоткриен во археологијата - вели Дејан Кебакоски, раководител на проектот за истражување на Висока.

Истражувањата се водат на тежок начин, бидејќи нема пат, па археолозите со екипата секој ден од логорот поставен во близината се искачуваат на врвот висок 1.472 метри. Тие ќе траат континуирано до крајот на месецов, а по начинот на реализација се први од типот на археолошка експедиција.
- Има дворец со влезна партија. Екипата стигна до самата карпа, но дебелината на слојот на земја е околу еден метар. Девастиран е материјалот, освен последниот од 6 век. Ретки се наодите. Еден ѕид внатрешно на акрополата е раноантички, кој соодветствува со тврдината од 4 век пр.н.е. Монументалноста на градбата укажува на моќник што ја направил - истакна Кебакоски.
Начинот на градбата бил ист со оној на гробницата во подножјето. Тоа во тој период, според експертите, можел да си го дозволи само кралот на Пелагонците, потврден во податоците како Менелај. Засега нема наоди за стопроцентна потврда, но монументалноста укажува на владетел што владеел во тој период.
На локалитетот се пронајдени повеќе монети.
- Има монета на Нерон од 1 век од нашата ера. Има и од 3 век, но најсилни се предметите од 4, 5 и 6 век, што значи дека градот бил ревитализиран. Има репарации на доцниот антички период, односно докази дека градот живеел низ целата антика. Можеби претходно жителите биле спуштени долу, па се искачиле горе. Западната страна на локалитетот Старо Бонче бил долниот град, каде што живееле граѓаните, со површина од 12 хектари, што е импресивно во споредба со други антички градови - додаваат археолозите.

Се очекува со овие капитални истражувања да се потврди претпоставката дека тука се наоѓал центарот на кралството на Пелагонците.
Локалитетот Висока годинава влезе во категоријата археолошки проекти од национален интерес. Локалитетот е составен од два дела, односно од акропол, или палатен дел, и подградие. Акрополот е со површина од 2.600 квадратни метри, додека целиот археолошки локалитет се протега на 19.600 квадратни метри, или речиси два хектара.
На локалитетот Висока се планирани уште три посебни проекти за дигитализација на локалитетот и артефактите до кои ќе се стигне, а со нив се фрла нова светлина на локалитетот, но и се отвора нов правец на археологијата во Македонија.
http://www.novamakedonija.mk/NewsDetal.asp?vest=822141043206&id=16&setIzdanie=23256
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 30-Aug-2014 at 12:33
Истиот локалитет но овој пат во нова Македонија






             
Македонија го откри својот таен загубен град

Автор: Гоце Трпковски / goce.t@novamakedonija.com.m

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=829141825411&id=9&setIzdanie=23261
ОКАЛИТЕТОТ ВИСОКА - ЕДИНСТВЕН ПО МНОГУ НЕШТА

Посетата на локалитетот Висока е интересно искуство. Се искачувате по стрмна патека низ суви треви и низ папрати, се прекачувате преку карпи, одите низ густа шума кон целта. Но на крајот, кога ќе ги видите масивните камени блокови од античката палата, сфаќате дека целиот тој напор вредел. Секако, треба да имате предвид дека некој непосредно пред вас вложил многу поголем напор за да го откопа тоа што го гледате и ја искачувал истата патека со денови, носејќи тешка опрема. И дека некој 2.400 години претходно вложил уште поголем напор за да го изгради тоа што е откопано.
Најновата археолошка атракција на Македонија предизвикува голем интерес бидејќи е посебна по многу нешта. За почеток, тоа е досега највисокиот откриен град во земјава, на надморска височина од 1.470 метри, со што е за околу 200 метри повисок од Крушево. Таа е и единствената градба од своето време на овие простори направена од правоаголни камени блокови долги и по два метра, а тешки по неколку тона. Исто така, со поглед што се протега до Кожув, Ниџе, Пелистер, Битола, Прилеп, Демиркаписката Клисура, низ целата мариовска долина и речиси цела Пелагонија. Висока е повеќе дел од небото отколку од земјата, како што ја опишува професорот Виктор Лилчиќ, директорот на Управата за заштита на културното наследство.

АКО НЕМА ХЕЛИКОПТЕР, СЕ ОДИ ПЕШ

Најблиската точка до Висока до која може да се стигне со обично возило е мариовското село Крушевица. Стара и живописна сточарска населба од камени куќи, во која останале уште триесетина жители, кои чуваат неколку илјади овци и закачуваат низи со тутун од едниот до другиот крај на своите фасади. Тешко е да се процени дали таа полунапуштена и полуразурната состојба му одзема од убавината на селото или му додава. Сепак, уште од почетокот тргнавме да најдеме урнатини, иако антички, не од 20 век.
Висока е веднаш над Крушевица, но тоа е исто како што Водно е веднаш над Скопје. Искачувањето од селото до врвот може да трае околу три часа. Со добро подготвено теренско возило и со некој што знае вешто да го управува, може да се стигне до местото Крушка, на околу 300 метри пониска надморска височина од врвот, каде што се наоѓал археолошкиот камп додека траеја годинешните истражувања. Оттука има само две опции: со хеликоптер, но бидејќи такво нешто нема на располагање, се оди пеш до горе.
Има само две дрвца покрај патеката низ сувата трева. Изложена на сонце, станала лизгава како тобоган. Иронично, првите знаци дека горе имало живот се знаците на смртта, гробовите издлабени на работ од карпата. Потоа следува шумата, која според дебелината на стеблата е релативно млада, но затоа многу густа, има и по десетина дрвја на квадратен метар. Кога ќе го поминете сето тоа и кога ќе стигнете до локалитетот, чувството е како да сте нашле некој загубен мистериозен град, мала македонска верзија на Мачу Пикчу, урнатини под масивната карпа и меѓу густите дрвја.

Градба од повеќетонски правоаголни камени блокови можел да направи само многу богат и моќен владетел

ЖИВОТ НА ВИСОКА НОГА

Но зошто некој градел толку високо и толку далеку од сѐ?
- Затоа што локацијата е недостапна и е стратегиска точка. Доказ за тоа е и што местото не било напуштено сѐ до 6 век од нашата ера, значи околу илјада години. И не само тоа, туку има фрагменти и од праисторијата, а било значајна точка и во Првата светска војна - вели археологот Дејан Кебакоски од прилепскиот Институт за старословенска култура, кој го предводеше тимот од 18 члена, од кои 11 археолози, кои ги вршеа годинешните истражувања.
А кој го изградил? Кебакоски и директорот Лилчиќ ја споделуваат истата претпоставка, бидејќи крунски доказ, како натпис, сѐ уште не е најден. Во времето од кога датира локалитетот најмоќниот човек во Пелагонија бил кралот Менелај, и се смета дека само тој можел да си дозволи да направи такво здание. Се смета дека тоа било акрополата (горниот град) на градот на Пелагонците, а околу него е подградието.
- Од сѐ што е најдено во Пелагонија досега, ова е најсилен, највпечатлив и најатрактивен локалитет, и единствено него можеме да го поврземе со центарот на кралството на Пелагонците. Кралот соработувал и одржувал комуникација со Атина. Веројатно од таму или од Халкидик добил каменоделци, клесари, кои го изградиле тој град, бидејќи локалните мајстори не можеле да го сторат тоа. Бидејќи првпат се појавува такво нешто, логиката е дека само некој моќен и богат човек можел да си го дозволи - објаснува професорот Лилчиќ.

Камените блокови се издлабени од карпата на врвот, што се гледа и од трагите и од недоизвадените камења. Археолозите сѐ уште ја немаат утврдено ни точната намена на објектот, дали бил тврдина, кралска палата, летна резиденција или нешто друго. Според објаснувањето на Лилчиќ, на Висока се живеело на висока нога.
- Има локалитети што се на повисоки места, на пример утврдувања на 2.000 метри. Но овде се најдени пари и други елементи што укажуваат дека имало економија, односно дека било град. Затоа тој е највисокиот град најден досега. Очигледно е избран поради некоја цел, зашто оттаму се гледа сѐ што се случувало во Пелагонија и во Мариово, а оттаму се гледа и највисокиот рид на Демир Капија, каде што исто така има локалитет и тие комуницирале - додава Лилчиќ.
На Висока останавме околу еден час, да уживаме во погледот широк стотина километри и да го замислуваме животот од пред 24 века. Сосема доволно за да сфатиме зошто на Кебакоски и на неговиот млад, ентузијастички, високомотивиран и добро подготвен тим веќе им недостига локалитетот, иако таму поминаа цел месец, а во Прилеп се само една недела.

Меѓу пронајдените артефакти се издвојува фибулата од малоазиски тип (лево) и бронзената алка
Археолошки локалитет Висока
Истражувања:

1996 - внесен е во археолошката карта, иако бил познат од порано.
2005 - биле направени првични истражувања под раководство на професорот Лилчиќ, кои траеле 10 дена, а екипата секој ден се искачувала по три часа од Крушевица до врвот.
2007 - Лилчиќ ја предводел екипата што истражувала 13 дена и престојувала на самото место, но снабдувањето со храна и особено со вода било многу отежнато.
2014 - во соработка со АРМ е поставен камп на нецел час одење до врвот и 18-члената екипа предводена од Кебакоски 30 дена ги откопуваше масивните темели на палатата. Претходно пет дена со големи тешкотии го чистеле пристапниот пат и ја пренесувале опремата до кампот, но на крајот сѐ завршило успешно.

2015 - од годинава Висока е прогласена за капитален проект од национален интерес и се очекува ископувањата да продолжат и следната година, кога треба да се истражи и подградието.
Особености:
- Највисок град некогаш пронајден во Македонија, на 1.470 метри.
- Стратегиска точка со поглед на две големи рамнини, Пелагонија и Мариово.
- Врвна градежна техника за времето кога бил изграден, во 4 век пред новата ера.
Туристички потенцијали:
- Сегашен пристап: се патува 30 километри, околу половина час, од Прилеп до Крушевица по слабо одржувани патишта низ мариовската пустелија (сретнавме само три други автомобили додека возевме натаму), а до врвот се пешачи уште три часа.
- Можен пристап: професорот Лилчиќ вели дека би било подобро да се пробие пат откај селото Бонче до врвот, кој прво би помогнал за истражувањата, а потоа би можеле да го користат и туристите.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=829141825411&id=9&prilog=0&setIzdanie=23261
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 30-Aug-2014 at 12:33
Откриена мистериозна палата на локалитетот Висока
ПАТУВАЊА | 30.08.2014 10:18
На 1.472 метри надморска височина е изграден мошне луксузен објект, кој го правеле големи мајстори. Се претпоставува дека многу моќен човек го градел овој монументален објект, најверојатно Менелај, велат 17 археолози, кои ја сочинуваат екипата што работи на локалитетот
Селото Крушевица се наоѓа на северозападната страна на територијата на општината Витолиште, во прилепскиот дел на Мариово. Се упативме кон ова село за да дојдеме до крајната дестинација – локалитетот Висока. Од Прилеп до Крушевица води тесен асфалтиран пат и по 26 километри пред нас се распослаа пасишта, обработливо земјиште и шуми со кои изобилува овој крај. Поради поројните дождови вегетацијата беше бујна, што е невообичаено за прилепската околија во овој дел од годината. Кога го напуштивме селото дојде потешкиот дел од патот. До кампот каде што се сместени 17 археолози што работат на Висока се оди по мошне стрмен пат, кој може да се помине само со теренско возило. Археологот Орце Петров дојде по нас во Крушевица и мајсторски нѐ искачи до кампот. По пат ни раскажа дека три дена сами го пробивале патот нагоре и со трактор ја качувале опремата што им е неопходна, а бидејќи летово имаше многу врнежи, дури и тракторот не можел да се искачи нагоре, па ја претоварувале опремата. Овде за првпат возел теренско возило, но веќе го научил патот и одлично се снаоѓа бидејќи го поминува секој трет ден за да набави храна и други потребни работи за екипата, а некогаш оди и по двапати до селото.

Во кампот нѐ пречека другиот дел од екипата, која ја сочинуваат: Дејан Кебакоски, Радомир Ивановиќ, Панче Кралев, Орданче Петров, Елена Каранфиловска, Сашко Василевски, Јовица Ристов, Душко Темелковски, Стојанче Атанасов, Александар Мургоски, Миле Јованоски, Крсте Ѓорѓиоски, Владимир Крстески, Ангел Кржески, Владо Ѓорѓиоски и Љупчо, кој е задолжен за готвење. Поради недостапноста на локалитетот, кој се наоѓа на надморска височина од 1.472 метри, сместени се на најблиската достапна точка, која е оддалечена околу еден час пешачење од локалитетот, во организиран камп со шатори од АРМ.

visoko1

- Копавме 30 дена на локалитетот, кој се наоѓа на 1.472 метри надморска височина. Констатирани се наоди од 4 век пред наша ера до 6 век од наша ера. Најинтересниот дел што нѐ привлече да ископуваме е палатата, која е изградена во 4 век пред нашата ера. Камените блокови се високи по четири метри, што ја прави градбата монументална. Карпата ја сечеле вертикално за да добијат на висина. Градбата е идентична со градбата на гробницата од македонски тип што е најдена селото Бонче. Сметаме дека временски се совпаѓаат. Со овие истражувања, преку пронајдените монети потврдивме дека станува збор за континуирана егзистенција на населбата. Секој следен што се населувал на овој простор ги градел градбите на основите на своите претходници. Најмногу најдовме монети пред портата што има форма на инка. Беше лоцирана и истражена просторија, чијшто под е определен со монети, керамика, луксузна раноантичка керамика и врв од стрела, кој, веројатно, им припаѓал на освојувачите што последни ја освоиле оваа територија – вели археологот Дејан Кебакоски од Институтот за старословенска култура.

visoko3

- Овој локалитет е познат и внесен во археолошка карта во 1996 година и не бил истражуван до 2005 година. Таа година на врвот Висока на Селечка Планина се појави професорот Виктор Лилчиќ – археолог, ентузијаст, активен трагач по културните вредности на Македонија, особено на тврдините на древна Македонија.

- Беше многу напорно истражувањето тогаш бидејќи опремата ја носевме секој ден од Крушевица и траеше десеттина дена. Потоа во 2007 година бевме сместени на самиот локалитет, но временските услови, како и недостигот од храна и од вода не дозволија да останеме подолго од тринаесет дена. Со истражувањата раководеше проф. Виктор Лилчиќ и со откритијата од нив ги надополнивме празнините од претходните откритија – ни раскажа Кебакоски.

visoko4

- Објектот е изграден мошне луксузно и, според пронајдоците, го правеле големи мајстори. Се претпоставува дека овој монументален објект го градел многу моќен човек, најверојатно Менелај. Делови од овие градби сѐ уште се видливи горе, а кога дошле Римјаните сѐ разурнале и ги искористиле темелите за своите градби. Горниот објект припаѓа на антиката, а терасите подолу ги прошириле Римјаните. Самата градба укажува дека станува збор за многу моќен човек, за кој се претпоставува дека е Менелај. Некои сметаат дека станува збор за палата, некои за светилиште или за резиденцијален објект – вели археологот Радомир Ивановиќ.

- Сметаме дека со натамошните ископувања горе ќе можеме да утврдиме кому му припаѓала и гробницата, бидејќи временски се совпаѓаат, најмени се едни исти мајстори да ги изградат двата објекта и сметаме дека горе ќе го најдеме одговорот и за гробницата и за самиот локалитет на Висока – додава Кебакоски.

visoko5

Локалитетот Висока годинава влегува во категоријата археолошки проекти од национален интерес. Сместен е на највисокиот врв на Селечка Планина, што укажува на стратегиската положба на просторот. Од оваа точка можело да се контролира движењето низ речиси цела пелагониска рамнина и низ мариовската планинска област.

По еден час пешачење пред нас се појави неповторлива глетка. Како да се наоѓате на врвот на светот. Од една страна Пелагонија, од другата го гледате Мариово.

Акрополата, која е откриена овде, е со површина од 2.600 квадратни метри, додека целиот археолошки локалитет се протега на 19.600 квадратни метри или речиси два хектара.

- Монументалноста на досега откриените партии од влезот и дел од ѕидот на акрополата, но и близината со најмонументалната гробница од македонски тип на територијата на државата, односно гробницата во атарот на селото Бонче, која е сместена во падините на Селечка Планина, оддалечена од локалитетот Висока околу два километра, ни дава право да го сместиме локалитетот во едно од потенцијалните места на кое лежат остатоците на античкиот град Пелагонија – објаснува археологот Дејан Кебакоски.

Гробницата, најверојатно, му припаѓала на некој од моќните пелагониски владетели, можеби на Менелај Пелагонецот, за кој постојат извори, и кој со Пелагонија владеел во првата половина на четвртиот век пр. н. е.

visoko6

- За поврзувањето на овие два локалитета показател е и начинот на градба на бедемот на акрополата и самата гробница, кој е идентичен и совршено прецизен – раскажува Дејан Кебакоски.

Акрополата-дворец е оформена на највисоката карпа на Висока. Има приближно петоаголна форма поради конфигурацијата на теренот. Во северниот дел уште од раната антика била формирана влезна порта во акрополата, а има и станбена површина. Ѕидот околу акрополата е раноантички, изграден од камени блокови, кои биле екстрахирани од највисоката карпа.

- На неговата источна закосена страна се гледаат остатоци од типична античка експлоатација на правоаголни и по некоја кружна форма. Блоковите наменети за одбранбениот ѕид биле доработувани на самото место и монтирани во масивниот раноантички ѕид – ни раскажаа археолозите што работат на локалитетот.

Околу акрополата бил оформен градот. Во карпите се издлабени десетина правоаголни гробови од типот циста. Подвижните археолошки предмети пронајдени во градот и во акрополата, долу во кампот стрпливо ги архивира археологот Душко Темелковски од НУ Музеј – Прилеп. Тие говорат за долг временски континуитет на егзистенција на градот. Откриени се монети од Филип II, Александар III, Антигон Гонат и од Деметриј II, бронзен дупондиус на Нерон, сребрен денар на Гордијан, мали бронзени апоени на Констанциј и од Аркадиј, како и поголем број монети на рановизантиските цареви од шестиот век пред н.е. Откриени се многу керамички предмети, метални предмети, дел од бронзена теразија итн.

Жителите на селата во Мариово локалитетот го викаат Висока или Ќаве, а тие од селата во Пелагонија, го викаат Цуцул. Така го знаат од памтивек. За него се плетат разновидни приказни од двете страни.

- Горе имало некоја железна порта, од неа се влегувало под земја, во некој бунар. Бунарот бил многу длабок, ведрото да го фрлиш долго ќе паѓа кон дното и тешко ќе го чуеш кога ќе падне во водата. Сега е затрупан со земја и со камења и никој не знае каде е – раскажуваат селаните.

По некој старец од селата и денес тврди дека и самиот пуштил кофа во него, дека тој знае токму каде се наоѓа бунарот, но треба да се искачи таму во високото. Токму таму, на највисокиот дел од врвот, под карпата што се издига најгоре, целата изрежана со извесни скали, извадени монолити гранит и слично, под цуцулот, од страната на селото Крушевица, се наоѓа една исклучителна градба направена од големи камени блокови. Тие, сраснати во бујната природа од лески, дабје, габер и од други растенија, тешко се забележуваат и личат на карпи со природна форма.

Пишува: Невена Поповска
Фото: Александар Ивановски
http://republika.mk/?p=307484
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 30-Aug-2014 at 18:47
знае некој координато на овој локалитет?или барем приближно каде би се наоѓал
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 30-Aug-2014 at 18:59
Originally posted by gjoko

знае некој координато на овој локалитет?или барем приближно каде би се наоѓал


Од погорните тексови
„Висока е веднаш над Крушевица„

А Крушевица е овде:

https://goo.gl/maps/GkU4B

Врвот висока е на овие координати:
41.207838, 21.616395
А под него од другата страна на планината е и гробницата кај Бонче
Мислам дека се следните координати:
41.217826, 21.600475


Edited by kultuzin - 30-Aug-2014 at 19:04
Back to Top
zdravozivo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2012
Location: Kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote zdravozivo Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 30-Aug-2014 at 19:21
Ѓоко направи си барем еден лажен Facebook профил(колку да не ти бегаат информациите), и отвори тука: https://www.facebook.com/viktor.lilcik/media_set?set=a.10202608500433189.1073741903.1217483917&type=3

Воедно и разгледај со ги другите информации на профилот
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 30-Aug-2014 at 19:39
Originally posted by zdravozivo

Ѓоко направи си барем еден лажен Facebook профил(колку да не ти бегаат информациите), и отвори тука: https://www.facebook.com/viktor.lilcik/media_set?set=a.10202608500433189.1073741903.1217483917&type=3

Воедно и разгледај со ги другите информации на профилот


Јас го имам човекот веќе некое време како пријател. И можам само да кажам дека е едено од профилите на кој посветувам најмногу внимание кога сум на Фејс. За пофалба е и тоа што досега имам поставено неколку прашање и секогаш многу брзо и професионално сум добивал одговор. Што сепак за наши услови е рамно на сензација.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 30-Aug-2014 at 19:53
Ќе пробам со профилот од сопругата,но самата помисла на ФБ и заведењето на слики од очајни домаќинки каква торта направиле или каде биле на летовање ми го дига притисокот до таван

фала за информациите.До Ерековци сум бил,имам некои пријатели тамо,ама нагоре незнам што има.

Мариово е вистинска енигма што све има.Сум прочитал информација и дека апостол Павле кога проаѓал низ Македонија(на сон му се јавил светиот дух и му рекол-оди во Македонија,македонците имаат мака) изградил верски храм на тој простор
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.