build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Уредување на Матка

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 320
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Уредување на Матка
    Posted: 20-Mar-2008 at 01:28

Почнува уредувањето на кањонот Матка

Градските власти неделава ќе почнат со уредувањето на дел од кањонот Матка, кој е споменик на природата.Од Градот информираат дека се прават подготовки за поставување осум нови канделабри и за менување на целата електрична инсталација. На планинарскиот дом во текот на идната недела ќе бидат поставени пет фенери со автентичен изглед и еден голем рефлектор што ќе ги осветлува карпите. Димче Смилев, раководител на одделението за туризам во Градот Скопје објаснува дека во тек е и подготовката за реновирање на планинарскиот дом, кој наскоро ќе добие автентичен изглед. Веќе идната недела ќе почне да се поставува нова заштитна ограда околу манастирот „Свети Андреа“, во должина од седумдесетина метри. Пред домот и пред манастирот моментно се менува парковската опрема, односно се поставуваат дванаесетина нови дрвени клупи во форма на триаголник - вели Смилев. Во тек е и уредување на пешачката патека, во должина од три и пол километри, на потегот од местото викано Клинот, па се' до местото на кое наскоро треба да биде изграден мост. Градот Скопје во соработка со Градежниот факултет неодамна објави конкурс за избор на проект за изградба на мост преку кој пеш ќе може да се стаса до трите пештери, Врело, Крштална и Убава. До нив сега се стасува само со кајче. Со проектот за ревитализација на кањонот Матка, предвидено е да се прошири и постојниот паркинг-простор

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=8CF465D935FF5941B777994EA7E565B5

Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 20-Mar-2008 at 03:51
Ова ме радува - матка е златно место. Новите клупи кај манастирот се добродојдени а и средувањето на пешачката патека е супер идеја. Све ова ми звучи доста предизборно - ама добродојдени се секакви позитивни проекти во било кое време.
Посебно ми звучи рефлекторот што ќе ги осветлува карпите, убав изглед ќе има

Прашање: Дали некој од вас има сретнато војници кои патролираат кај браната? Јас ги имам повеќе пати начекано кај манастирот одмараат па после се враќаат назад. То ест не знам дали се војници пошто возат пинцгауери - полициски возила. Ама опремени со пушки и во униформа се секогаш. Се чувствувам безбеден околу нив
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 24-Mar-2008 at 00:23

На Матка се поставуваат канделабри и се обновува пешачката патека

Градот Скопје годинава ќе изработи проекти за нови паркинзи и патеки кон пештерите

Сања Наумовска

Градот Скопје, во соработка со Глобалниот еколошки фонд и организацијата „Фагриком“, започна со реализација на проектот „Заштита на биодиверзитетот на кањонот Матка и можност за одржлив туризам“. До крајот на јуни на Матка треба да се постават осум нови канделабри со нова електрична инсталација. На Планинарскиот дом во текот на неделава се очекува да бидат поставени и пет фенери со автентичен изглед и еден голем рефлектор што ќе биде насочен и ќе ги осветлува карпите.

Пред Планинарскиот дом и пред црквата „Свети Андреја“ моментално целосно се менува и парковската опрема и се поставуваат дванаесетина нови дрвени клупи во форма на триаголник. Во рамките на проектот, на Матка ќе биде уредено и туристичко биро.

Градот Скопје во годинешниот буџет издвои средства и за изработка на проекти за изградба на три паркинг-простори во функција на споменикот на природата за изградба на пешачки патеки до објектите од културното наследство, како и за патеки до пештерите Врело и Убава. Од Секторот за заштита на животната средина информираат дека Градот има изработено и проект за изградбата на мост преку кој ќе може пеш да се стигне до трите пештери, Врело, Крштална и Убава, за кој во иднина ќе се бараат партнери, или донатори за реализацијата. Во текот на годинава ќе биде направен и проект за испитување на изворите под пештерата Врело.

„Градот Скопје во буџетот предвиде средства за изработка на проект за движење по непристапни патеки и карпи, што е еден вид авантуристички спорт многу популарен во светот. На Матка има идеални услови за тоа, а ќе бидат вклучени и качувања со јажиња, висечки мостови и слично, кои ќе им бидат достапни на сите граѓани, се разбира, со сите мерки за нивна безбедност“, вели Цветанка Икономова, раководителка на Секторот.

Деновиве треба да почне и поставувањето нова заштитна ограда, во должина од седумдесетина метри, околу црквата „Свети Андреа“, со што за сите посетители и туристи ќе се зголеми безбедноста. Во тек е реновирање на пешачката патека, во должина од 3,5 километри, на потегот од Клинот, па се' до местото каде што наскоро треба да биде изграден и мостот.

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 15-Jul-2008 at 09:30
Обично не обраќам внимание на вакви објави и акции но ми делува дека навистина направиле добра работа овдека.

ЕДЕН ОД НАЈУБАВИТЕ СКОПСКИ СПОМЕНИЦИ НА ПРИРОДАТА ДОБИВА ЗАСЛУЖЕНО ВНИМАНИЕ


Кањонот Матка, конечно, топ-туристичка дестинација


Градот планира идната година да набави и еколошки туристички чамец, да го реализира проектот за изградба на мост преку кој ќе може пеш да се стигне до трите прекрасни пештери, Врело, Крштална и Убава. Од државата, пак, ќе се бара изградба на заобиколен пат до кањонот кој нема да поминува низ селата


Реновирани патеки, амбиентално осветлување, нова урбана опрема, туристичко биро и неверојатна природна убавина. Вака накратко може во моментот да се опише кањонот Матка, каде идната година се планира и изградба на мост преку кој ќе може пеш да се стигне до трите прекрасни пештери, Врело, Крштална и Убава, набавка на еколошки туристички чамци, како и изградба на заобиколен пат, со кој побрзо ќе стасате до кањонот.
- На патот за Тетово кон кањонот Матка се поставени 22 информативни табли. Реконструирана е и обезбедена постоечката патека од левата страна на езерото Матка, со почеток од црквата Св. Андреа во должина од 4 километри. Постоечката просторија, лоцирана од левата страна на влезот во кањонот е реконструирана во културно-информативно биро, каде ќе можете да ги добиете сите потребни информации и каде ќе се продаваат билети за туристичко разгледување со чамец. Тука има и маси, дрвени клупи во форма на триаголник, информативна табла и 70 метри железна ограда околу новото плато пред планинарскиот дом. Просторот околу домот и црквата Св. Андреа е осветлен со канделабри, а во план е да се постават и рефлектори кои ќе го осветлуваат целиот кањон, како и пештерите Врело и Убава, објаснува Димче Смилев од одделението за туризам на Град Скопје.

До пред неколку месеци запуштен и оставен на забот на времето, овој споменик на природата, кој се наоѓа на само 15 километри од Скопје, конечно добива заслужено внимание. Првата фаза од разубавувањето привршува, а во втората, која ќе почне од јануари 2009, е предвидена и реализација на нови проекти кои Матка ќе ја стават на картата на европски и светски туристички дестинации.
- Планинарски дом, кој е под концесија, е речиси целосно реновиран и ќе го добие својот автентичен изглед на македонска куќа, со простории за подолг престој. Во план е и проширување на веќепостоечкиот паркинг простор и изградба на два нови. Од државата, пак, ќе се бара изградба на заобиколен пат до кањонот во должина од околу 4 километри, додава Смилев.

Уникатна природа
Кањонот Матка, кој Градското собрание во 1994 година го прогласи за заштитено подрачје во категорија Споменик на природата, зафаќа површина од околу 5.000 хектари и се наоѓа 15 км југозападно од Скопје. Претставува природен резерват на голем број реликтни и ендемични растенија и животни, а од вкупно 1000 растенија, 20 отсто се ендемити или реликти. Кањонот е во надлежност на Градот, а грижата за спроведување на режимот на заштита на ова подрачје ги врши Спелеолошкото друштво "Пеони".

За првата фаза 5 милиони денари
- Ревитализацијата на кањонот почна во февруари годинава, по иницијатива на Одделението за туризам при секторот за локален економски развој при Град Скопје, а беше вклучен и секторот за заштита на животната средина. За овој проект Градските власти издвоија речиси 2 милиони денари. Нешто повеќе, односно 2,128 милиони денари, изнесува грантот добиен од GEF (Global Enviroment Facility), додека НВО "Фагриком" издвои 700 илјади денари. Во промоција на Матка со 40.000 денари, се вклучи и Општината Сарај.


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=C9B04319C84BC346971E1299B1B3E497
Back to Top
GreatMakedon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 186
  Quote GreatMakedon Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 15-Jul-2008 at 11:48
i jas go procitav, izgleda prekrasno.. vgodina obavezno odam tamu Banana
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 15-Jul-2008 at 12:02
Преубаво излгеда од овие слики, посебно првата рај!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 29-Jul-2008 at 10:09
Eве по уште некој детал

ГРАДОТ ЌЕ ГО ОЖИВУВА КАЊОНОТ МАТКА
Преку сајли и висечки мостови ќе се освојува „Виа ферата“ Природонаучен музеј и спасителна станица ќе се градат во рамките на кањонот Матка, со програмата за заштита и за уредување на овој споменик на природата, која ја усвои Советот на град Скопје. Тоа се само дел од активностите за оваа и за идната година кои ги предвидел Секторот за заштита на животната средина и природа на градот. Тие ќе се спроведуваат во неколку зони во заштитеното подрачје. Првата, околу манастирот „Св. Андреја“ и планинарскиот дом, е наменета за масовни посети, втората, кај спелеолошкиот парк, за контролирани посети, третата зона е самиот парк, четвртата е за туристички посети од двете страни на езерото, петтата за едукативни посети и шестата за научни цели. Секоја од нив ќе се уреди со посебни активности. Осветлувањето на патеките и поважните објекти ќе се обнови со нови канделабри и рефлектори, ќе се постават нови маси и клупи, канти за отпадоци и заштитна ограда на платото пред манастирот, а ќе се санираат и скалите кај пристаништето. Планирано е отворање културно-информативен центар, а на темелите на постари урнати објекти да се оформат музејот и спасителната станица. Надлежните ќе направат и поило за животни, а низ целиот простор ќе постават информативно-едукативни табли. Ќе се санираат патеките од планинарскиот дом до спелеолошкиот парк, во должина од четири километри, од пештерата Врело до пештерата Убава и од левата страна на езерото Матка. Посебни активности се планирани за Врело, меѓу кои доградба на пристап до пештерата и нејзино доуредување, поправка на осветлувањето внатре во пештерата. Кањонот ќе добие и екстремна спортска патека „Виа ферата“, чиј проект ќе го направат специјалисти од Франција. За сигурно искачување, патеката ќе биде обезбедена со сајли, скали, висечки мостови и системи на јажиња. За истражувањето и спортската патека потребни се 847.000 денари, од кои Градот обезбедил 600.000 во годинешниот буџет, а друштвото „Пеони“ останатиот дел од средствата. Градските власти ќе вложуваат и во развој на туристичките услуги преку формирање туристичко-информативен центар, организирање водичка служба, изработка и продажба на сувенири и печатење брошури и проспекти за убавините на Матка. Според надлежните, најголем дел од активностите се опфатени во проекти на УНДП, Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ) и невладиниот сектор. Во својот буџет Градот предвидел средства за оваа година, а за наредната ќе треба да обезбеди 320.000 денари за тековното работење на локалитетот. Покрај тоа, ќе се распишуваат и јавни повици за најповолни понудувачи кои ќе реализираат дел од планираните работи, а во реализацијата ќе учествува и спелеолошкото друштво „Пеони“.

Неопходни се чувари.

Сегашната состојба на Матка покажува дека итно се потребни чувари за да функционира чуварската служба. Од наредната година се потребни повеќе од еден милион денари, кои властите планираат да ги обезбедат со донација или со пари од влезниците во кањонот.
Службата е неопходна бидејќи бесправно се изградени објекти на брегот од езерото, по водата се движат приватни чамци, од кои повеќето работат на мотори со внатрешно согорување, со што директно ја загрозуваат природата. Забележано е и сечење шума во кањонот за изградба на колиби и за огревно дрво, ловокрадење, собирање и уништување на ретките растенија и бесправно рибарење.


Нуркачко истражување на Врело

Во пештерата Врело ќе се организира спелео-нуркачко истражување на пештерата, кое ќе го предводат искусни спелеолози.
- Последните истражувања се вршени лани кога во соработка со белгиски нуркачи е достигната длабочина од 100 метри и должина од 450 метри, со што е потврдено дека станува збор за најголем пештерски систем исполнет со вода во Европа – наведено е во програмата за заштита и за уредување на Матка.


http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1463&ArticleID=95422
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 29-Jul-2008 at 12:40
Ubavo e sto se ureduva matka bas me raduva, no odokolku tie go vidat postot ,jas za mene ne bi gi isklucil i oive moznosti :

Nekoj vakov most pokraj patekite da napravat ne bi bilo loso, i ne kosta mnogu :



i nesto za rekreacija i odmor :




"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 13-Oct-2008 at 00:45
Матка ги отвори вратите за посетителите


Матка во саботата беше домаќин на љубителите на природата. Тие на реновираното плато пред црквата "Свети Андреа", имаа можност да се дружат и истовремено да се запознаат со проектот на Градот и НВО "Фагриком" за заштита, ревитализација на биолошката разновидност по должината на кањонот Матка, но и за создавање услови за развивање на еколошкиот туризам.
-Интенција на Градот е да го зачуваме ова место за да можеме и ние и идните генерации да уживаме во ова чувство- изјави градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски.

Инаку, изминатите месеци реконструирана е и обезбедена патеката од црквата Св. Андреа во должина од 4 километри. Постоечката просторија на влезот во кањонот, е пренаменета во културно-информативно биро, поставени се нови маси, информативна табла и нова ограда околу платото пред планинарскиот дом кој со санација доби имиџ на македонска куќа. Просторот околу домот и црквата е осветлен со канделабри, а во план е да се постават и рефлектори кои ќе го осветлуваат целиот кањон. Од Градот потенцираат дека идната година се планира и изградба на мост преку кој ќе може пеш да се стигне до трите прекрасни пештери, Врело, Крштална и Убава, а ќе се набават и еколошки туристички чамци.

http://vecer.com.mk/?ItemID=F8FF514519FDEF4FA99C46CD8E955D66


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 14-Oct-2008 at 00:22

Ќе се гради патека и висечки мост до пештерите на Матка

Градот Скопје ќе инвестира 10 милиони денари за изградба на пешачка патека и висечки мост до пештерите на Матка, одлучија членовите на Советот на Скопје. Парите се пренаменети со последниот ребаланс на градскиот буџет, кој беше изгласан на вчерашната седница, а со кој се обезбедија услови да отпочнат неколку капитални проекти на градската администрација.

На Матка ќе се гради патека од 4 километри и висечки пешачки мост кој директно ќе ја поврзува патеката со пештерите. Со оваа инвестиција, нагласи градоначалникот Трифун Костовски, убавините на Матка ќе им станат подостапни на сите посетители. Истовремено, ќе се инвестира во уредување и чистење на пештерите.

Костовски истакна дека ова е голем проект кој Градот не може да го реализира сам, но се надева дека ќе има партнери, бидејќи целта е промоција на убавините и привлекување туристи. Тој потенцираше дека на овој потег лежат основи на многу манастири од минатото кои, ако бидат обновени, само ќе ја зголемат убавината и атрактивноста на локалитетот. (С.Н.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=03FB0D9DE057AB4586374D34BBAA924A




Edited by lslcrew - 14-Oct-2008 at 00:23
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 13-Jan-2009 at 12:14
Повторно се планира чамец за разгледување на Матка



Скопје
И во годинашната програма за општа туристичка пропаганда на градот се предвидени пари за да се купи чамец што би служел за разгледување на кањонот Матка и на неговата околина. Градските власти ја планираа оваа набавка и со програмите за минатите години, но с? уште не го купиле чамецот.

За развојот на туризмот и за промоцијата на Скопје градот годинава планира да потроши околу 260 илјади евра, од кои најголемиот дел би го собрал од туристичката такса што се плаќа за ноќевањата. Се очекува дека во сместувачките капацитети во текот на годинава ќе има околу 200 илјади ноќевања.

Парите од програмата се распределени за повеќе намени. Со речиси 90 илјади евра ќе се изработува туристички пропаганден материјал, односно информатор, тематски постери со мотиви од градот, стратегија за туризам, филџани, пенкала, маици, капи и торби со туристичкиот белег и слично. Се планираат 78 илјади евра за да се обнови постојната и да се постави нова туристичка сигнализација, за манифестациите со кои ќе се привлекуваат туристи, како „Баскерфест“, „Денови на Крале Марко“ и други, а со овие пари треба да се купи и најавениот чамец, кој би чинел околу 50 илјади евра. За организираните автобуски тури низ Скопје и за учествата на градот туристички саеми, берзи и на други манифестации ќе се потрошат по 2.500 евра. Неколку проекти, како порибувањето на Матка и уредувањето на пешачките патеки, пештерите и алпинистичките карпи во локалитетот, ќе чинат 80 илјади евра. Уште осум илјади се наменети за Скопје да се зачлени во Европската маркетиншка асоцијација на туристички градови.

Колку ќе се реализира програмата ќе зависи од приливот на пари од таксата за привремен престој на посетителите.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=285&ArticleID=15417


Како прво патот до матка е за никаде! Глумово е едно од тесните грла, а и сарај не е баш за фалење. Мостот оддамна е во најава, па така ако некогаш се направи очекувам после тоа да се зафатат со патот до матка.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 11-Sep-2009 at 14:49
СПОРЕД НАЈАВИТЕ ОД ГРАДОТ
Јавно претпријатие и за Матка

Кањонот Матка ќе го чува посебно јавно претпријатие, кое ќе биде одговорно да ги наплатува влезниците, да се грижи за околината и да ги вози туристите со чамец по езерото, најавија од Град Скопје. Сепак, годинава чамец нема да се набавува, а наместо за него, парите ќе се трошат за доуредување на просторот. - Ако сега го купиме чамецот, немаме кому да го дадеме за да го управува. Сите превозници во моментот се нелегални. Потребно ни е јавно претпријатие кое ќе се грижи за сите овие работи. Затоа ги скративме средствата од 15,9 на 12,9 милиони денари и со нив ќе правиме мост, ограда и пешачки патеки во кањонот и“вели Димче Смилев, раководител на Одделението за туризам на градот.

Р.П.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1810&ArticleID=121550

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 11-Sep-2009 at 15:23
Капетанијата во Охрид е надлежна за пловидба на целата територија на Македонија. Како тоа нема кој да спроведе ред?! Нека спороведат подрачна единица Скопје и готово.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 21-Oct-2009 at 19:13
Постирам пред се поради донаторската конференција

Водостојот на Матка безопасен за природата, штетен за туризмот


 

Нивото на водата мора да се одржува до 312 метри надморска височина додека се чистат и се уредуваат браните поради нивната безбедност, па иако инспекциските надзори покажале дека биолошкиот минимум е запазен и живиот свет не е загрозен, скопјани се разочарани што цели два месеца не можат со локалитетот да се фалат пред странците

 
 
%20  
Веќе месец и половина нивото на водата во езерото Матка е драстично намалено. Празните чамци висат на голите карпи, а дрвјата и ѓубрето штрчат од каливото езеро, кое до неодамна беше полно со вода и претставуваше главна атракција за домашните и за странските туристи. Причина за оваа грда слика се редовните градежни активности што ги извршуваат компаниите „ЕЛЕМ“, „ЕВН Македонија“ и „Макхидро проект“, што треба да се направат од 1 септември до 31 октомври поради одржувањето на хидроелектраните Козјак и Матка, како и поради завршните активности од првата фаза за изградбата на хидроцентралата Света Петка. На Света Петка се градат тунелите, а на Козјак и на Матка се чистат, бидејќи таа активност е неопходно да се изврши на неколку години пред сé од безбедносни причини. За да се создадат услови непречено да се одвиваат овие работи, водата кај Матка не смее да надминува 312 метри надморска височина, но да се внимава на биолошкиот минимум потребен за да не се доведе живиот свет во опасност.


ПЕШТЕРИТЕ НЕДОСТАПНИ


Тажната глетка на речиси испразнетото езеро во изминатиов период разочарала голем број туристи што отишле да ја видат Матка, пред се странци, бидејќи овој локалитет е најчестото место каде што ги носат нивните домаќини. Многумина од нив виделе слики на Интернет или брошури, но кога пристигнале кај браната, зачудено гледале во длабокиот басен и во голите карпи. Прошетката со кајче била невозможна, а пештерите Врело и Убава, кои стекнаа светска слава, во периодите на чистење се недостапни.

- Пред две недели имав гости од Англија кои ја виделе Матка во туристичките водичи и во картите, па самите инсистираа да ги однесам таму. Не знаев дека нивото е намалено, па кога пристигнавме бевме мошне непријатно изненадени од глетката. Не помогна ниту објаснувањето дека ова морало да се направи заради безбедноста на браните пред сé. Моите пријатели беа разочарани што дошле во Македонија токму во тој период, кога се намалувала водата. За жал, не можеа да ги видат ниту пештерите, кои им ги испофалив додека возевме кон Матка - вели скопјанката Милена Костова.

И планинарите што редовно одат на Матка забележале дека бројот на гости од еден до друг викенд се намалува, а луѓето како што доаѓале така се разочарувале од глетката. Од спелеолошкото друштво „Пеони“ велат дека со ваквиот минимум на водата во езерото Матка не може ниту да се нурка, ниту да се извршуваат спелеолошки активности.

- Пред две гони имаше некакви активности на езерото и беше намалено нивото на водата. Во минатото, пак, кога се одвиваа градежни активности или кога се чистеа наносите беше забранет пристапот поради безбедносни причини. Сепак, тоа е вештачко езеро и индустриски објект кој треба да произведува струја и вакви активности се законски дозволени, но треба да се внимава на живиот свет. Градската управа има иницијатива за изградба на пешачка патека преку езерото, па тогаш нема да мора да се чека да се зголеми нивото на езерото за да се дојде до пештерите - истакна Иван Жежовски, претседателот на „Пеони“.


ГРАДОТ ЈА СЛЕДИ СОСТОЈБАТА


Состојбата со Матка беше разгледувана и на седница на градскиот совет, по иницијатива на советникот Зоран Шапуриќ од ЛДП, кој претходно побара информации за можната опасност по биодиверзитетот. Од градската администрација му одговориле дека иако со одлука на градот од 1994 година просторот е прогласен за споменик на природата, со законските измени од 2004 година надлежностите за заштитените зони ги доби Министерството за животна средина. Затоа градот ги барал информациите од електраните, од Управата за водостопанство, како и од државните инспекторати за водоснабдување и за животна средина.

- По течението на реката Треска не е забележан помор на риби, ниту евентуална деградација на животната средина. Во одлуката за прогласување на кањонот Матка за споменик на природата е нагласено дека во рамките на заштитеното подрачје се забранети секакви градежни активности, освен изградба на планираните хидротехнички објекти со водостопанска основа, бидејќи тоа е вештачка акумулација за потребите на хидроцентралата - се вели во образложението од секторот за животна средина на градот.

Оттаму додаваат дека според увидите на државниот инспекторат за животна средина нема стравување од еколошка катастрофа, а дека тие и понатаму ќе останат во контакт со двете министерства и ќе ја следат состојбата, а за евентуалните недоследности веднаш ќе го известат советот.

Од градската управа велат дека идејата за изградба на пешачка патека или мост преку езерото Матка очекуваат да се реализира за две до три години.

- Тоа не е мал проект, па затоа ќе се бараат донатори кои ќе учествуваат со 50 отсто од вкупната сума. Ние ќе ги обезбедиме останатите пари - велат надлежните од градот.




Утре донаторска конференција за Матка

Градската управа утре ќе организира голема донаторска конференција за кањонот Матка, што ќе се одржи во Клубот на пратениците со почеток во 11 часот. Таа се прави во соработка со невладината организација „Фагриком“, а на неа се поканети повеќе државни институции, амбасади, претставници од бизнис-секторот и други можни донатори. Парите што ќе се соберат ќе послужат за да се реализира програмата на градот и на „Фагриком“ за развој на екотуризмот во кањонот Матка, која опфаќа повеќе активности за неговото доуредување и за создавање услови за туризам базиран на одржлив развој.
 
   
Автор: Радмила Заревска   Фотографија: Маја Јаневска Илиева


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=102191842251&id=14&setIzdanie=21817
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3605
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 21-Oct-2009 at 19:27

ме интересира што мислите ова подводната пештера што ја истражуваа сега е на суво!? не би било лошо да проверат дали држи вода истата, зошто не ми се верува дека истата е извор, инаку сега ќе видевме водопад на некоја фотка...


Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3605
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 22-Oct-2009 at 15:18

сум избрзал со коментарот  знам дека таму имаше изворче ама ова е бе луѓе извор, Вруток има издашност од 1500 литри во секунда, а овој 1000!

Матка крие пивка вода за цел град

Деновиве, ентузијасти од истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ откриле нов извор кај пештерата Врело, кој заедно со изворот Коритиште може да стане алтернатива на Рашче


Во кањонот Матка е пронајден нов извор кој би можел да биде алтернатива на водоснабдувањето на Скопје, наместо Рашче. Изворот се наоѓа на пониско ниво од пештерата Врело, на 20 метри пред скалилата што одат кон неа, а на исто ниво со изворот Коритиште, кој пак се наоѓа десетина метри зад патеката. Откриен е благодарение на ентузијастите од истражувачкото друштво „Урсус спелеос“. Тие на 10 октомври решиле да го истражат овој простор, предизвикани од испуштањето на водата од езерото Матка, заради интервенции на хидроцентралите „Козјак“ и „Света Петка“.

- Благодарение на испуштената вода од езерото откривме извор кај пештерата Врело. Воопшто не очекувавме дека ќе пронајдеме уште еден извор. Кога езерото е полно, тој е потопен и е на десет метри под нивото на водата, па не може да се забележи - вели Драган Колчаковски, геоморфолог и карстолог, професор на Природно-математичкиот факултет.

Билјана Гичевски, секретар на „Урсус спелеос“ и магистар по географски науки вели дека за изворот досега не знаел никој.

- Станува збор за сосема нов извор, кој досега не бил познат ниту во литературата ниту меѓу досегашните истражувачи - потенцира Гичевски.

Таа објаснува дека изворот е формиран како резултат на водата-прокапница, поради која низ пукнатините во варовникот се создал нов пештерски канал, на кој треба допрва да се работи.

ДО 1.000 ЛИТРИ ВО СЕКУНДА

Според Колчаковски, на новооткриениот извор е измерен капацитет од 200 литри во секунда, но во период од годината кога штедроста е најмала. Тој смета дека напролет капацитетот на овој извор би бил и петпати поголем, што значи дека би можел да достигне и до 1.000 литри во секунда.

За споредба, соседниот извор Коритиште има капацитет од 2.000 до 3.000 литри во секунда, а Рашче дава околу 4.000 литри во секунда.

- Водата од овој извор е питка, но потребно е да се направат дополнителни анализи за да се утврдат начините и можностите за нејзино искористување за пиење, водоснабдување, наводнување, а на крајот и како техничка вода. Доколку официјално се потврди дека новиот извор има добар квалитет на вода за пиење, заедно со Коритиште може да се искористи за снабдување на Скопје со питка вода - вели Колчаковски.

Тој тврди дека изворот Рашче некогаш сигурно ќе се загади.

- Можеби за 20, 50 или за 100 години, но тој процес е неминовен поради тоа што е таков механизмот на функционирањето на изворот Рашче. Кога ќе се загадат подземните води кај Јагуновце во Полог, ќе се загади и Рашче. А кога тоа ќе се случи, ќе бидат потребни најмалку 100.000 години за повторно природно да се прочисти. Алтернатива на Скопје за вода за пиење е изворот Коритиште и новооткриениот извор - дециден е Колчаковски.

СТРУЈА ИЛИ ВОДА

Професорот смета дека со изградбата на хидроцентралата „Матка 2“, односно „Света Петка“, која ќе се наоѓа четири километри погоре, искористувањето на изворите ќе биде невозможно.

- Тогаш ќе се создаде висока брана, а езерото ќе се наполни со загадена вода. Бидејќи станува збор за карпест предел, таа загадена вода ќе навлезе во пукнатините и ќе се спои со водата од новиот извор и од Коритише, па од нив ќе излегува загадена вода, а водата ќе бега од езерото. Тогаш, не само што ќе останеме без питка вода, туку и без езеро. Порано или подоцна, таму ќе имаме брана, но ќе немаме езеро. А водата за пиење е стопати повредна од малата корист од „Света Петка“, бидејќи таа ќе биде хидроцентрала со мал капацитет - вели Колчаковски.

Тој додава дека новата хидроцентрала непотребно се гради и дека тоа ќе бидат 100 милиони евра фрлени бадијала.

- „Матка 2“ ќе биде само катастрофа. Не е веродостојно ни едно од образложенијата со кои надлежните ја оправдуваат нејзината изградба - за производство на електрична енергија, за полевање на нивите и за заштита на Скопје од поплави.

За мене е необјасниво ниту крајното образложение дека „Матка 2“ мора да се изгради за да може да функционира хидроцентралата „Козјак“. А ако не успееме да ја изградиме, тогаш ќе биде ли „Козјак“ пропадната инвестиција? Не знам, не можам да ја разберам оваа логика. Сепак, не е исплатливо да се прави толку голема инвестиција и за мали ефекти да се уништува раритетна природа - смета Колчаковски.

Гинчевски вели дека со изградбата на браната „Матка 2“ е деградирана и уништена и естетската вредност на кањонот, кој е споменик на природата и е заштитено подрачје.

Дневник - Анела Петрова - 22.10.2009
 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 24-Oct-2009 at 14:04

Сите се изнаслушаа за Матка, пари не даде никој

Претставници на државните институции, дипломатските претставништва во нашата земја и на бизнис-секторот се запознаа со убавините на кањонот Матка, но засега никој не се понуди да даде пари за реализација на Програмата за развој на екотуризмот во заштитеното подрачје. На првата донаторска конференција за Матка, организирана од Градот Скопје и невладината организација „Фагриком“, се појавија голем број заинтересирани, но никој не беше подготвен да настапи со конкретна сума.

Според надлежните во Градот, Програмата за екотуризмот во Матка треба да започна да се реализира следната година и ќе трае две години. За нејзина реализација се потребни 1,2 милиони евра, додека, пак, за првиот дел што ќе се спроведува в година - околу 450.000 евра. За целиот проект е планирано половина од парите да се обезбедат од донатори, а исто толку ќе инвестира и Градот Скопје.

„Меѓу првите активности што се планирани е изградбата на пешачка патека во должина од 4 километри, од планинарскиот дом, како и висечки мост со кој ќе се поврзат двата брега на кањонот и ќе се овозможи влез во пештерата Врело. Исто така, ќе се гради нова патека со заштитна ограда од Врело до другите две пештери за да се овозможи безбедно движење на посетителите“, вели Димче Смилев, раководител на Одделението за туризам во Градот.

Програмата предвидува и уредување и туристичка промоција на спелеолошкиот парк, развој и промоција на екстремни и планинарски спортови, заштита на пештерите и нивно уредување и научна едукација и анимација на посетителите.

„Од нас се очекува да бидеме одговорни, внимателни и грижливи кон природата, зашто само заедно може да ја зачуваме биолошката разновидност и да го збогатиме квалитетот на животот за нас и за идните генерации. Заштитата на кањонот Матка и промоцијата на одржливиот туризам е императив за Градот Скопје“, рече градоначалникот Коце Трајановски на донаторската конференција. (С.Н.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=7EF798FBF445E346B665CE3CFC6F4CB9
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 26-Oct-2009 at 09:17
Незнам искрено, зашто толку галам се крена околу нивото на водата во Матка.

Се знае дека езерото Матка е вештачко езеро и за потребите на хидро-централата. Кај има хидро-централа треба и ремонт и одржување.

И лани бев последен пат на Матка, можам да кажам дека за наши услови ... и не е толку лошо како што само се зборува.

Иако да, не велам дека не треба малку повеќе сигнализација и дополнување на веќе постоечката со англиски, како и средување на патеката до пештерите (но градските власти треба убаво да размислат како доколку има патека, ќе го чуваат Врело).


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 19-Nov-2009 at 18:26
НЕ­МА ЕФЕК­ТИ ОД КОН­ФЕ­РЕН­ЦИ­ЈА­ТА ЗА РЕ­ВИ­ТА­ЛИ­ЗА­ЦИ­ЈА НА КА­ЊО­НОТ

До­на­то­ри­те не да­ва­ат па­ри за об­но­ва на Мат­ка

Ни­ту еден од до­на­то­ри­те на кои пред еден ме­сец им бе­ше прет­ста­вен про­ек­тот за из­град­ба на пе­шач­ки па­те­ки, ог­ра­да, мост до пеш­те­ри­те и ин­фор­ма­ти­вен цен­тар на Мат­ка, до де­не­ска не дал па­ри за ре­а­ли­зи­а­ци­ја на овие про­ек­ти

Ни­ту ед­на фир­ма, ин­сти­ту­ци­ја или биз­нис­ме­ни не да­ле па­ри за ре­ви­та­ли­за­ци­ја на ка­њо­нот Мат­ка. Пред еден ме­сец град­ски­те влас­ти ор­га­ни­зи­раа до­на­тор­ска кон­фе­рен­ци­ја, на ко­ја учес­тву­ваа око­лу 50-ина гос­ти,ме­ѓу кои прет­став­ни­ци на Свет­ска­та бан­ка, Ев­роп­ска­та аген­ци­ја за ре­конс­трук­ци­ја и раз­вој, УСА­ИД, УНДП и до­маш­ни биз­нис­ме­ни. На до­на­то­ри­те им бе­ше прет­ста­вен про­ек­тот за ре­ви­та­ли­за­ци­ја на ка­њо­нот, од­нос­но пот­ре­ба­та од из­град­ба на пе­шач­ки па­те­ки, ог­ра­да, мост до пеш­те­ри­те и ин­фор­ма­ти­вен цен­тар на Мат­ка. Со из­град­ба­та на мос­то­ви­те ќе се овоз­мо­жи прис­тап до пеш­те­ри­те Вре­ло, Крш­та­ла и Уба­ва, до кои се­га се стиг­ну­ва са­мо по во­ден пат. Спо­ред град­ски­те влас­ти, цел­та на про­ек­ти­те е да за­жи­вее Мат­ка и да се прив­ле­чат го­лем број до­маш­ни и стран­ски ту­рис­ти. Но, до де­не­ска ни­ту еден до­на­тор не дал па­ри за да мо­же Гра­дот да ги ре­а­ли­зи­ра.
"Со до­на­тор­ска­та кон­фе­рен­ци­ја тре­ба­ше да се ани­ми­ра­ат го­ле­ми­те кор­по­ра­ции, стран­ски­те ам­ба­са­ди, фи­нан­сис­ки­те ин­сти­ту­ции и ос­та­на­ти­те вљу­бе­ни­ци во овој пре­дел, да ја по­мог­нат об­но­ва­та на Мат­ка. Пос­тои ин­те­рес кај по­ве­ќе фир­ми и тре­ба да за­поч­нат ди­рек­тни раз­го­во­ри, за тоа да­ли и ка­ко ќе учес­тву­ва­ат во ре­ви­та­ли­за­ци­ја­та. Фи­нан­сис­ки­от ефект ќе би­де поз­нат до кра­јот на го­ди­на­та", ве­лат од Гра­дот.
Од град­ска­та власт до­да­ва­ат де­ка и да не се со­бе­рат па­ри од до­на­то­ри, ка­њо­нот Мат­ка на­ред­на­та го­ди­на ќе поч­не да се ре­ви­та­ли­зи­ра. Во бу­џе­тот на Град Скоп­је за на­ред­на­та го­ди­на пред­ви­де­ни се 600.000 ев­ра за по­че­то­кот на про­ек­тот. Но овие па­ри не­ма да би­дат до­вол­ни, би­деј­ќи за ре­а­ли­за­ци­ја­та на че­ти­ри про­ек­ти пот­реб­ни се 1.200 000 ев­ра. За­тоа, до­де­ка не се нај­дат па­ри и од до­на­то­ри, ре­а­ли­за­ци­ја­та на про­ек­тот ќе трае не­кол­ку го­ди­ни. (А.А.)
http://vest.com.mk/?ItemID=AFD490146FFB0149B0B301FB49D734E2
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 21-Nov-2009 at 21:55
дечки едно прашање, дали знаете во каква состојба е сега акумулацијата Матка, зошто сакам утре да носам една другарка од странство таму да прошетаме. Читам дека била испразнета поради некои работи, ама пишува дека до 15ти Ноември требало да е полна пак. Ако може некој нека ми одговори, зошто незнам што да праам
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.