build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Здравствени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Италијанска болница во Петровец (Еуроиталиа)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Италијанска болница во Петровец (Еуроиталиа)
    Posted: 21-Oct-2011 at 12:52
http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=93488&kategorija=2

Ќе се гради луксузен трговски центар во Петровец


Во центарот на општината Петровец ќе започне да се гради луксузен трговски центар, а како инвеститор се јавува компанијата Еуро Италија која по пат на јавен повик стана сопственик на парцелата за околу 220 илјади евра.

Трговскиот центар во Петровец ќе има приземје и четири ката, односно корисна површина од околу 10 илјади квадрати, основа од повеќе од 2000 метри квадратни и деловен простор од околу седум илјади квадрати.

Градоначалникот на општината Борче Митевски изрази благодарност што Сојузот на пензионери го отстапил просторот за градење на трговскиот центар, а најави и дека набрзо ќе почне изградбата и на спа – комплекс со болница во општината, инвестиција на истата компанија.

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, денеска ќе присуствува на поставувањето на поставувањето камен темелник на трговскиот центар, а истиот се очекува да биде изграден кон крајот на 2012 година.



Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 07-Dec-2012 at 08:00
Напредува изградбата на трговскиот центар на „Еуроиталиа“ во Петровец

Општина Петровец наредната година ќе добие модерен трговски центар на површина од 10.000 метри квадратни. Градежните активности на терен забрзано се одвиваат, а во моментов се подигнува вториот кат од идниот мултифункционален комплекс кој ќе се простира на приземје и четири ката. За посетителите е планирана изградба на паркинг простор со капацитет од 80 возила. Инвеститор во новиот трговски центар е италијанската компанија „Еуроиталиа“. Висината на оваа странска директна инвестиција изнесува 10 милиони евра. За изведувач на градежните работи е избрана компанијата „Ники градба“ од Скопје.

 



Засега не се објавуваат информации кои брендови и ланци на продавници ќе бидат дел од трговскиот центар. Предвидувањата се дека идниот комерцијален објект ќе отвори 100 нови работни места. Камен – темелникот беше поставен кон крајот на октомври минатата година и тогаш инвеститорот најави дека зданието ќе биде завршено до крајот на 2012 година, но според последните информации официјалното пуштање во употреба е пролонгирано за наредната година. Локалната власт соопштува дека италијанската компанија има купено уште една парцела од 6.000 метри квадратни во Катланово, каде што е предвидено да се реализира современ спортско – рекреативен комплекс и спа – центар на површина од 27.000 метри квадратни.



#
Објавено на 07.12.2012 во категоријаВести.

Тагови:Бањи,Еуроиталиа,Катланово,Комерцијални,Ники градба,Општина Петровец,Петровец,Спортски,Спортско-рекреативни центри,Трговски центри,Хотели


http://www.build.mk/?p=20987


Edited by Cloverstack - 23-Sep-2014 at 14:52
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 23-Sep-2014 at 14:49
1


2


3


4

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 23-Sep-2014 at 16:11
си додале по некое катче ко ништо да не е
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3221
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 23-Sep-2014 at 17:29
Afrika Centrale di centro commerciale
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2370
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 23-Sep-2014 at 23:11
wow. Првпат ја гледам темава и објектов. Делува доста грозно... ама ај, Петровец е.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1919
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 24-Sep-2014 at 00:21
Originally posted by BOJAN

Afrika Centrale di centro commerciale

 
Потпис со двете раце !!!
 
Ова воопшто не делува на трговски центар, туку повеќе делува на деловен центар.
 
Изминативе неколку години на форумов претежно дискутираме за чировите кои изникнуваат врз покривите на зградите и куќите, но сега Италијанциве ја прошируваат дискусијата и на страничните чирови со ова нивно ремек дело.
 
Изгледа ќе треба да бидеме благодарни бидејќи овој објект не се гради во централното градско подрачје во Скопје.


Edited by Dexter26 - 24-Sep-2014 at 00:22
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11025
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 24-Sep-2014 at 07:46
Од фотографиите се гледа дека во изведбата има отстапување од рендерот (зборувам за оние полукружни елементи на последниот кат).
За сè има вторпат
Back to Top
avijacijamk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2013
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 350
  Quote avijacijamk Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 29-Dec-2014 at 19:01
До каде е овој објект? Има новости поврзано со евентуален влез на некој брендови и слично?
Back to Top
maks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Sep-2012
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 106
  Quote maks Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 01-Jan-2015 at 15:21
Уште еден доказ дека кога се остава на ,,слободната интерпретација и визија,, на домашните инвеститори, излегуваат вакви ЧУДЕСИИ, кои се потсмев за струката и македонското градителско наследство. Следствено на ова, овој објект е протопример за негрижата во образовниот систем на Архитектонскиот факултет, кој досега требаше цврсто и стамено да го води кормилото на создавање и развивање  креативна и современа размисла за различни интерпретации на домашното градителство, кое го има во доволен број! Но, ете за цивилизациска жалост го имаме ова во изобилие и пред СК14та!
Architecture is the living organisam of society>It shows your dreams!
Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 01-Jan-2015 at 19:10
Originally posted by maks

Уште еден доказ дека кога се остава на ,,слободната интерпретација и визија,, на домашните инвеститори, излегуваат вакви ЧУДЕСИИ, кои се потсмев за струката и македонското градителско наследство. Следствено на ова, овој објект е протопример за негрижата во образовниот систем на Архитектонскиот факултет, кој досега требаше цврсто и стамено да го води кормилото на создавање и развивање  креативна и современа размисла за различни интерпретации на домашното градителство, кое го има во доволен број! Но, ете за цивилизациска жалост го имаме ова во изобилие и пред СК14та!



Не можам воопшто да се сложам со тебе бидејќи од Архитектонскиот Факултет излегоа многу млади лица кои имаат создадено многубројни модерни архитектонски проекти кои за жал дел беа одбиени од страна на Градот Скопје поточно Мнозинството на Советот на Град Скопје и од страна на Министерството за Култура...
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2286
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 01-Jan-2015 at 19:49
Originally posted by maks

Уште еден доказ дека кога се остава на ,,слободната интерпретација и визија,, на домашните инвеститори, излегуваат вакви ЧУДЕСИИ, кои се потсмев за струката и македонското градителско наследство. Следствено на ова, овој објект е протопример за негрижата во образовниот систем на Архитектонскиот факултет, кој досега требаше цврсто и стамено да го води кормилото на создавање и развивање  креативна и современа размисла за различни интерпретации на домашното градителство, кое го има во доволен број! Но, ете за цивилизациска жалост го имаме ова во изобилие и пред СК14та!



Точно. Ова е за потсмев, а не е за потсмев што жителите на Петровец во 21-от век немаат канализација и користат септички јами.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 01-Jan-2015 at 22:31
Originally posted by maks

Уште еден доказ дека кога се остава на ,,слободната интерпретација и визија,, на домашните инвеститори, излегуваат вакви ЧУДЕСИИ, кои се потсмев за струката и македонското градителско наследство. Следствено на ова, овој објект е протопример за негрижата во образовниот систем на Архитектонскиот факултет, кој досега требаше цврсто и стамено да го води кормилото на создавање и развивање  креативна и современа размисла за различни интерпретации на домашното градителство, кое го има во доволен број! Но, ете за цивилизациска жалост го имаме ова во изобилие и пред СК14та!
добро што ти е проблемот со факултетот човеку?
некојси архитект креирал некојси објект за некојси тазе бизнисмен, по негов кеиф и со негови пари, и одеднаш Архитектурата во Македонија е загрозена од страна на Архитектоснкиот факултет?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
pfc View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 27-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 55
  Quote pfc Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 26-Jan-2015 at 23:27
Пренамена преку ноќ. Да се чудиш
http://vecer.mk/skopska/vo-petrovec-se-gradi-svetska-bolnica-za-pacienti-od-cel-balkan
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 26-Jan-2015 at 23:29
Лажна 9-ка
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 27-Jan-2015 at 00:32
Originally posted by pfc

Пренамена преку ноќ. Да се чудиш
http://vecer.mk/skopska/vo-petrovec-se-gradi-svetska-bolnica-za-pacienti-od-cel-balkan
Светска LOL
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11025
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 27-Jan-2015 at 08:24
Фотографиите од текстот:



За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 27-Jan-2015 at 20:33
А каде е ова-у Шутка?
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 27-Jan-2015 at 23:56
Originally posted by gjoko

А каде е ова-у Шутка?
у италија, нели читаш горе на рендерот?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11025
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 28-Jan-2015 at 08:39
Бидејќи и официјално е потврдено дека зградата ќе биде пренаменета во болница, ја преименував и ја префрлив темата во Здравствени проекти.
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.