build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: [Р-1312] Прилеп - Велес *
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

[Р-1312] Прилеп - Велес *

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
The Wild Boy View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 41
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 04-Mar-2020 at 00:42
Ова може многу лесно да прерасне во автопат.
Се сложувам со тоа горе што кажаа, глупо е и едно и друго, за џабе ќе се фрлаат пари. Нека го довршат експресниот пат, до кај што можат, и нека си почнат со автопат низ Бабуна, па таман до Битола и после Битола - Прилеп што ќе биде автопат. Ќе биде (барем според мене) глупаво да си остане само Прилеп - Битола автопат, а Прилеп да не го поврзат со веќепостоечкиот (што минува низ градско).
Back to Top
Bistro View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 16-Dec-2018
Online Status: Offline
Posts: 34
  Quote Bistro Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 04-Mar-2020 at 10:22
Прилеп-Битола ако се направи автопат тој ке се поврзи со автопатот во Грција кој е до самиот граничен премин меџитлија, а со Скопје - тешко.

Инаку прашање е дали овај постоечкиот пат преку Бабуна на фотографијата е воопшто поврзан до Велес односно функционален а од Велес до Скопје еден пријател ми кажа дека пред неколку години покушал да стигне неавтопатски ама не успеал, патот бил како овој на сликата со велосипедистите но на некое место бил прекинат и мораал да се враќа, дали е сеуште така - не знам
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 41
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 04-Mar-2020 at 16:24
Па чим не го почнале/довршиле ондак ништо чудно и да завршува.
Како што погледнав на мапа, има само еден дел, и тоа после Велес, а кај што завршува овој пат почнува еден ридест планински дел, па изгледа затоа неможе да се продужи понатаму.
Инаку да, овде е последно да се ископа за да се направи автопат, а на плетвар камења камења. Ич не ми се свиѓа тој дел за возење, ама тоа е. Се надевам дека во скоро време ќе се изнајде решение и ќе се среди овој децениски проблем.
Инаку, незнам кој кажа на форумот ама од Битола до граничниот премин ќе биде експресен пат, но тоа не е проблем, бидејки лесно може да се надгради во автопат. А и од грчката страна не е скрос автопат, туку само еден дел.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 04-Mar-2020 at 18:08

за оваа делница велат уште во време на АнтеМ ’91-ва ГПГранит фрлал ручоци на терен, а и БранкоЦ подоцна ’94-та ја почнувал веројатно онака на ниво Предизборен Багер кој треба да трасира иднина, а дури по НиколаГ државата ја подзатурка како некст-левл инфраструктурна инвестиција, но повторно оставајќи ја за нечии следни предизборни ветувања ... од тогаш еве подоле оквирно инфо колку би чинела истата [1] муабет кој е думан и во други нишки на форумов [2][2] единствено виси едно еколошко прашање > дали бар тука ќе пуштат и грин хајпас освен подземни премини ко што најчесто е случај [3][3][3]][3]
исто непознато е дали при евентуално кревање на Вардарска Долина пругата ќе се изместува по оваа траса или ќе оди по друга, велат заради едикоја ХЕ-Велес ќе мора 30км од постојната пруга да се ретрасира [4][4] квешчн дис > и ова ли влегува во изборните ветувања на ХристијанМ за 2 милијарди евра кои чув ги имале во програма



бреј што значи нетранспаретност, еве горе груевци читко велат 300 м. евра би чинел Велес-Прилеп а зајковци свирнале бројка од 600 м. евра, нормал сигурно вклучително и ПП-БТ правецот, но тоа требало и да е медиумски почитко потенцирано, вака делува ко да сакаат на мала врата да лапаат и отпојќе! но ај ВЕ-ПП има тунел па оправдано таму 300-че ама до БТ само за проширување толку, хм, нешто смрди ако не во вољата тогај во проекциите на партиските ексерти!
Originally posted by hcitrS

З.З. пред некое време предизборно најави автопат Велес-Прилеп-Битола за 600 милиони еур - http://apla.mk/index.php/sho-reche/item/4258-zaev-bara-idejnoto-reshenie-za-avtopatot-bitola-prilep-veles

Да речеме дека ако го го завршат градско-Прилеп ќе биде доволно за во моментов. Но, колку би чинел од прилика автопат ПП-БТ? Зeмајќи во предвид дека теренот е идеален за изградба на автопат, нешто околу 300м?


~

17.01.2010 - Патот Велес-Прилеп преку Бабуна нем сведок на СДСМ-овските ветувања

Кон крајот на октомври 1994 година во пресрет на вторите парламентарни избори во самостојна Македонија, во близина на наплатната рампа на автопатот кај селото Отовица крај Велес, на свечен начин започна изградбата на магистралниот пат Велес-Прилеп преку Бабуна. Свеченост со многу луѓе, па и од највисокиот врв и со зборови за оправданоста за изградбата на оваа сообраќајница, која не само што требаше да го скуси патот за Прилеп преку Плетвар за повеќе од 35 километри туку требаше и да го врати и животот во триесетина населени места во регионот на Азот. И повеќе од ова. Патот требаше преку Прилеп, Битола, Меџитлија да ја поврзе нашата држава со современа сообраќајница и со соседна Грција. Иницијативата за изградба на магистралниот пат преку Бабуна ја поздравија жителите од Велес, Прилеп, Битола, Ресен, Охрид и други населени места од западниот дел на Македонија.



Речено - сторено. Работите на магистралниот пат му беа доверени на скопски Гранит. По церемонијата вработените од ова градежно претпријатие започнаа со изградбата на магистралниот пат. И додека луѓето и машините кај крстосницата на автопатот кај Отовица, веднаш до брегот на Велешкото Езеро, започнаа да го трасираат патот, стручни екипи извршија експропријација на насадите со лозја и други земјоделски култури преку кои требаше да минува патот. Беа потрошени големи пари.

Изборите дојдоа и завршија. Кога сите веруваа дека работите на магистралниот пат за Прилеп преку Бабуна ќе продолжат, се случи ообратното. Поради немање пари, набргу по изборите, работите на сообраќајницата беа прекинати. Тогашната влада не можеше да обезбеди финансиски средства. Работниците од Гранит по неколкумесечно чекање си ги собраа машините и си заминаа. Од оваа сообраќајница, која според проектот требаше да биде долга 65 километри, со најдолг тунел кај селото Габровник под Бабуна во должина од 1.300 метри, со 38 мостови, од кои најдолгиот на реката Вардар кај Башино Село од 630 метри и за која во тоа време беа потребни 110 милиони долари, се изградени само десетина километри.


Од тој почеток на градбата на магистралниот пат Велес-Прилеп поминаа шеснаесет години. На местото каде што беше одржана свеченоста и каде што почнаа работите, денес нема ништо. Како нем сведок дека тука, од клучката на автопатот, па преку двата брега на Отовичка Река, требаше да минува магистралниот пат, стојат само неколкуте стотини метри асфалтен пат и столбовите на мостот што остана недоградени. Тогашната Влада ветуваше дека работите ќе продолжат, дека ќе бидат обезбедени странски кредити и дека патот ќе биде изграден. Меѓутоа, работите повеќе не продолжија. Работниците од Гранит никогаш повеќе не се вратија за да ги продолжат започнатите работи на оваа сообраќајница која не само што требаше економски да биде оправдана туку требаше да ги врати во живот заборавената Богомила и триесетината населени места од регионот на Азот .

За проектот како и за изведените работи на патот беа потрошени многу пари. Денес, оние изградени и асфалтирани десетина километри од оваа сообраќајница единствено ги користат само сопствениците на лозјата во месноста Гроот, во близината на Велес и никој друг. Дали некогаш повторно ќе продолжат работите на патот Велес-Прилеп или пак, она што беше направено ќе остане само како споменик за една нереализирана инвестиција, барем засега, никој не знае.

Стоилко Андреевски - https://vecer.mk/node/141489
камо да ги имаа извадено сите досегашни физибилитки на ачик во МТВ, да провери некој да не им зарибале врати на сефоите или шини на фиоките! како тргнале ниту во НУБ некој ќе документира и архивира соодветна публикација!
24.01.2010 - Се подготвуваат студии за современа сообраќајница преку Бабуна

Има надеж да се реализира патот Велес-Прилеп преку Бабуна кој почна да се гради далечната 1994 година, но по асфалтирани 10 километри, тогашната Влада на СДСМ престана да го финансира овој проект бидејќи немале доволно финансиски средства. ВЕЧЕР деновиве пишуваше за оваа нереализирана инвестиција која требаше да го врати животот во триесетина населени места во регионот на Азот, а патот преку Прилеп, Битола и Меџитлија, треба да ја поврзе нашата држава со современа сообраќајница и со соседна Грција.

Од Агенцијата за државни патишта велат дека е склучен договор за изработка на инвестиционо-техничка документација во фаза на претпроект за автопатско решение на делницата од патната мрежа Велес-Прилеп.
-Договор е склучен и за изработка на физибилити студија, но и на студија за оцена на влијанието врз животната средина. Изработката на идејниот проект за патот е во тек, а потоа ќе следува отпочнување на постапка за изработка на основен и изведбен проект - вели Катерина Панова-Илиевска, помошник-директор во Агенцијата за државни патишта.

Реализацијата на овој пат треба да го скуси патувањето од Велес до Прилеп за повеќе од 35 километри. Според тогашниот проект, патот требаше да биде долг 65 километри, со најдолг тунел кај селото Габровник под Бабуна во должина од 1.300 метри, со 38 мостови, од кои најдолгиот на реката Вардар кај Башино Село од 630 метри. За негова реализација во тоа време беа потребни 110 милиони долари, а се изградени само десетина километри.


Од тој почеток на градбата на магистралниот пат Велес-Прилеп поминаа шеснаесет години. На местото каде што беше одржана свеченоста и каде што почнаа работите, денес нема ништо. Како нем сведок дека тука, од клучката на автопатот, па преку двата брега на Отовичка Река, требаше да минува магистралниот пат, стојат само неколкуте стотини метри асфалтен пат и столбовите на мостот што остана недоградени. Тогашната влада ветуваше дека работите ќе продолжат, дека ќе бидат обезбедени странски кредити и дека патот ќе биде изграден. Работниците од Гранит никогаш повеќе не се вратија за да ги продолжат започнатите работи на оваа сообраќајница која не само што требаше економски да биде оправдана туку требаше да ги врати во живот заборавената Богомила и триесетината населени места од регионот на Азот .

Денес, оние изградени и асфалтирани десетина километри од оваа сообраќајница единствено ги користат само сопствениците на лозјата во месноста Гроот, во близината на Велес и никој друг.

(В.Б.-С.А.) - https://vecer.mk/node/141812



Edited by Zelenikovo - 08-Mar-2020 at 18:48
Back to Top
Realistic88 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Dec-2019
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 7
  Quote Realistic88 Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 21-Mar-2020 at 06:49
мадиња голи, ништо нема да се направи . Како што е тргната работава нема ни 0.1 % шанси овој автопат да се заврши.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 21-Mar-2020 at 12:47



ма’тиња ти е коментаров бајреално, btw можело со спамирање да тераш на фејкбук, колку болно реално нема да има потреба од форумска дебата ако и тука на тематски форум се полнат нишките со спам-постои со по некој прилог или епитет кој ниту демистифицира ниту прогнозира нешто освен што онака дифтарски им губи времето на сите! ќе разберев да се е-алатки ограничени ко на почеток од веков па да си поќутам, но и тогаш имаше мирц и блогови па пак бо блогои немаше да сретнеш спамери! но навики ли се навики, та убо велам дека ко на симпл-машинс така и на вебвиз форумскава платформа убо е да има лајк-систем [1]

што е до тунел под Бабуна, лично мислам поарно ќе беше груевци прво овој да го пробијат него оние кај Бистра [1] или пак зајковци оние 200 милиона што ги доплатија за клучки по новиот автопат на К8 да ги свртеа токму за овој бабунски тунел [2] сигурно ќе речете зошто сега додека лебот се пече да не се премеси, токму глупост невидена, а решение можеше да биде брзо докитување на едносмерни приклучоци кај локалните села евентуално тук таму со подвожњаци кај поголемите, но за такво нешто можело и требало локалната да прискокне преку ипард фондоите, доека овој 200 милиони анекс-галиматијас лично сметам не само што е изгубено време туку е и голема глупост небаре со такви клучки се поврзуваат градови а не села! Но не прашуваа ни груевци та не прашуваат никого ни зајковци иако ветуваа граѓански промени, криминалот тука е повеќе во лагите срвирани предизборно а денес со оправдување немаат време им се брзало, бреј само многу скап агитпроп истераа и ништо друго! сепак доколку се знае дека светската економија е на колена, паметно е да анблок да се заборџи државата и милијарди за да се комплетираат многу инфраструктурни и општествени проекти неопходни за што по самоодржлив опстанок во блиска иднина бидејќи и така ќе ојди во неповрат многу фиктивно светско азно, та логично ако сите банкротираат та и нема да треба Народ да се секира дали му метнале фиктивни камати натака на рамена, просто треба дасе искористи постојниов фатаморгана финансиски систем но и следниот за да свртиме инстант кон Рурална Самоодржливост на пример ...

значи не велам дека треба да крадеме, туку дека треба ко и другите оштроумно да се презадолжиме доколку е јасно дека светската економија ќе почне да пка по сите шавови да речеме не сега туку по една деценија, а до тогаш кај нас би можело многу што да се изгради виа фиктивното азно кое го расфрлаат, имаме ксмет да моеме да зајмуваме и од Исток, па треба здрави проекти и јасни цели за да не ни брцаат во око еа-детерминистите, што пак може како процес да се реосигура и преку Референдуми кои би ставиле Народен Штембил на таквите проекти и заеми та да мора да се туркаат од чија и да е ротација на власт, нели во нестабилни времиња ќе ги има и отповеќе!

R-88 Проштевај немав намера тебе да те земам за спам-кусур ги имало тони по форумов, туку ми се виде супер прилика за да посочам Луѓе Немој Вака во која деценија од веков сме, ем еве тоа ми бидна повод за да се расприкажам и други мутабети ...
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 41
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 24-Mar-2020 at 20:33
Како прво, пред да почнат со овој проект, нека се навратат на децениската грешка, и да го средат експресниот пат, или да го нарачам само обичен пат во 1 правец (со тие максимални брзини, не заслужува ни експресен пат да се нарече, а не па автопат), да оди нов вистински автопат, не по тоа брдото туку паралелно со автопатот Велес - Скопје, па дури после нека прават клучка кај Езеро Младост и нека тера. А експресниот пат кај фариш (дреновска клисура) нека го довршат што можат, другото нека си остане како што си е, нека го започнаѕ од Прилеп до Битола автопатот, и крај на приказна. После може експресен пат до граница, и до Ресен (ако одлучат така).
Back to Top
AmyntA View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 07-Nov-2011
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 68
  Quote AmyntA Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 01-Apr-2020 at 10:24
Originally posted by The Wild Boy

Како прво, пред да почнат со овој проект, нека се навратат на децениската грешка, и да го средат експресниот пат, или да го нарачам само обичен пат во 1 правец (со тие максимални брзини, не заслужува ни експресен пат да се нарече, а не па автопат), да оди нов вистински автопат, не по тоа брдото туку паралелно со автопатот Велес - Скопје, па дури после нека прават клучка кај Езеро Младост и нека тера. А експресниот пат кај фариш (дреновска клисура) нека го довршат што можат, другото нека си остане како што си е, нека го започнаѕ од Прилеп до Битола автопатот, и крај на приказна. После може експресен пат до граница, и до Ресен (ако одлучат така).


Here, Here!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.