build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

[Р-1312] Прилеп - Велес *

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
duki08 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Oct-2014
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote duki08 Quote  Post ReplyReply #1 Topic: [Р-1312] Прилеп - Велес *
    Posted: 03-Oct-2014 at 00:11
Сум читал доста дискусии досега, зошто не е изграден автопат или магистрален пат меѓу двата града преку Бабуна... се прашувам и јас зошто, ајде да речеме се смета за доста скап (ама би рекол НЕОПХОДЕН пат), но уште почудно ми е ЗОШТО барем тие околу 25 км од постоечкиот пат преку Бабуна (Р1312) не се асфалтирани сите овие 60-ина години, можеби и повеќе, колку и да има свиоци и е некаде и тесен, со мали корекции и проширувања и кога би имал асфалт делот кој е макадам или не знам како можам да го наречам најточно (а го возев пред кратко време), повеќе камен отколку земја има, би бил сосем солидна алтернатива на пат до Велес, бидејќи е пократок за некаде 16-17 километри од актулениов преку Плетвар. Би бил дозволен само за превоз на на автомобили, иако некогаш низ него минувале и автобуси и камиони.... но доволно е да биде во функција само за лесни возила. Јас би го возел со задоволство. Има прекрасна глетка и пејзажи, има многу историја во тој крај, едноставно е многу, многу поубава природата споредено со Плетвар.

https://www.google.mk/maps/dir/Prilep/Veles/@41.5002926,21.523717,10z/data=!4m14!4m13!1m5!1m1!1s0x1356ebf17ddb9787:0xe5931e06fb2150c1!2m2!1d21.5527922!2d41.3440827!1m5!1m1!1s0x13542bc1d2b9c535:0xe4cd993f2bdee535!2m2!1d21.7704092!2d41.7138462!3e0?hl=en

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 03-Oct-2014 at 07:56
сум се возел по тој пат еднаш пред многу години и по таа траса неможи да се постави магистрала.класичен шумски пат.мора да се бара алтернативна траса

Иначе за помладите тука е удрен камен темелник пред камери за отпочнување на градежните работи на овој магистрален пат во 1998 г.Излегоа багери пред камери,распретаа земја на едно место и толку.Тоа беше пред избори 1998 а по избори новат влада не го продолжи проектот(вообичаена македонска грешка )
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 754
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 03-Oct-2014 at 12:08
Се согласувам околу неопходноста на овој пат. Барем да е модерен магистрален со 2 ленти не мора автопат.
Инаку, близу езерото Младост што се гледа од автопатот започнат недовршен мост, дали е поврзан со овој пат?
Back to Top
duki08 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Oct-2014
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote duki08 Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 03-Oct-2014 at 14:43
Да, да, мислам дека е од тој пат, отпочнат е од страна на Велес, изградени околу 10 км
Back to Top
duki08 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Oct-2014
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote duki08 Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 03-Oct-2014 at 14:45
точно е дека не може магистрала до Извор, ама барем да беше асфалтиран тој ШУМСКИ дел и да има едноставно ознаки, времето на стигнување до Велес би било скоро исто како и преку Плетвар, а сепак со 32-34 км помалку во два правци...
Back to Top
Bistro View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 16-Dec-2018
Online Status: Offline
Posts: 80
  Quote Bistro Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 18-Feb-2020 at 18:33
Можда е време повторно да ја оживееме и оваа тема после излагањето на Кристијан Мицкоски ВМРО дека ако го гласале него и неговата партија ке изгради нов автопат од Велес до Битола преку Чашка и Прилеп. Ке се возело за час и половина од Скопје до Битола, ми текнува 1998 год Бранко Црвенковски истото го вети, или тој до Прилеп можда ветуваше, овој сега е поамбициозен па до Битола ке продолжи, посекако изградбата на постоечкиот преку дреновската клисура тешко некако оди....
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2050
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 18-Feb-2020 at 19:25
Ова нема логика да се прави ако веќе се инвестира и гради нов експресен пат од Градско до Прилеп. За кој ќе биде овој пат тогаш? Нема никаква логика да има и автопат и експресен пат од Е75 до Прилеп...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14160
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 18-Feb-2020 at 19:26
Ех, што сѐ нема да се изнаслушаме сега предизборно. Не вреди ни да се дискутира за поголемиот дел од кажаното, од која и да било страна.
За сè има вторпат
Back to Top
Bistro View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 16-Dec-2018
Online Status: Offline
Posts: 80
  Quote Bistro Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 18-Feb-2020 at 19:41
Па истата логика со која на веке новоизграден експресен пат Штип - Велес, изградија и Автопат Штип - Скопје
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5361
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 18-Feb-2020 at 21:37
Originally posted by Bistro

Па истата логика со која на веке новоизграден експресен пат Штип - Велес, изградија и Автопат Штип - Скопје


Најзалудно потрошените пари во историјата на државата! Ама знаеме сите кој е од Штип... Следно автопат до Струмица.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 394
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 18-Feb-2020 at 22:22
Originally posted by Bistro

Па истата логика со која на веке новоизграден експресен пат Штип - Велес, изградија и Автопат Штип - Скопје

Вон темата е ова, но Штип-Велес со тие ограничувања и минување низ населени места само министерството може да си го смета за „експресен“ пат.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 19-Feb-2020 at 10:56
Како што рече Џоле, не вреди да дискутираме предизборни ветувања, ќе го отруеме форумов за џабе бидејќи ќе се појават и партиски фанатаци.

Инаку во моментов според ЈПДП се работи на проект за автопат Битола - Прилеп (дискутирано во темата за автопати), но никаде не можам да најдам таков тендер, па затоа и не го додадов никогаш на мапата.
Back to Top
Joralemon View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 02-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 25
  Quote Joralemon Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 19-Feb-2020 at 15:44
И вие од кого барате логика ја упропастија државата
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 913
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 19-Feb-2020 at 15:52
Напротив, треба да се дискутираат, за после некоја година да видиме што е реализирано. Впрочем низ сите теми има такви најави, особено за Град Скопје.

Конкретно оваа е сосема непотребна, освено можеби делницата Прилеп - Битола.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2543
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 02-Mar-2020 at 00:21
Во каква состојба е патов моментално?
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1363
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 02-Mar-2020 at 19:55

Ова е убавиот дел од патот, ако ме сфаќаш што сакам да кажам

Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2543
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 02-Mar-2020 at 21:33
па добро, за врвење со точак ок ќе да е.
Back to Top
AleksandarTheGreat View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 12-Jul-2019
Online Status: Offline
Posts: 52
  Quote AleksandarTheGreat Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 03-Mar-2020 at 17:07
До Присад патот е ваков, калдрма, ретко каде може да се најдат остатоци од асфалт. После Присад почнува малку подобар асфалтиран пат со асфалтот на ЈНА од 60тите години на минатиот век, и така се до пред Чашка.
Или, ако имаш БМВ Х5 или Ауди Q7 слободно може да се впуштиш во истражување на нашата мила и непрежалена, но сепак Северна Dunno
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2543
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 03-Mar-2020 at 17:59
фала за инфо.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1363
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 03-Mar-2020 at 19:07
И за да биде уште подобро доживувањето, ги имаш Ромите од Тризла во Прилеп, кои крадат дрвја со „мед мекс“ возила без кочници
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.379 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.