build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ТИРЗ Виница

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #1 Topic: ТИРЗ Виница
    Posted: 23-Oct-2014 at 12:01
Започна изградбата на индустриските зони кај Виница и Берово

Премиерот Никола Груевски денеска го означи почетокот на изградбата на технолошко – индустриските развојни зони кај Виница и Берово. Со средства од државниот буџет е предвидено да се реализира целата инфраструктура, со што ќе се овозможат директни странски инвестиции и во овие градови од источниот дел на земјата. Во рамки на зоните ќе се изгради патна мрежа, приклучоци за вода, електрична енергија и гас, канализациска мрежа, како и преземање на сите мерки за заштита на животната средина.



ТИРЗ „Виница“ е лоцирана во месноста „Поповец“, на два километри оддалеченост од градот Виница и ќе се простира на површина од 21,04 хектари, со 10 градежни парцели за индустриски објекти. Беровската технолошко – индустриска развојна зона е лоцирана покрај регионалниот пат Берово – Дабиле во месноста „Шушлевец“, на еден километар од Берово и ќе се простира на површина од 17,38 хектари, исто така со 10 парцели за фабрики.

Премиерот во своето обраќање на свеченоста истакна дека за развојот на овие зони од исклучително значење ќе биде изградбата на автопатот Скопје – Штип, експресниот пат Штип – Кочани и надградбата на магистралниот пат што води кон Делчево. Внатрешната инфраструктура на ТИРЗ „Виница“ ќе ја изведува „Жикол“ од Струмица, додека онаа во ТИРЗ „Берово“ ќе ја гради „Бауер БГ“ од Скопје.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 23-Oct-2014 at 12:02




Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.048 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.