build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Палата „Емануел Чучков“

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 345
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 07-Sep-2020 at 15:12
денес,некаква метална конструкција никнува пред зградата(од фб)

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5359
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 07-Sep-2020 at 18:06

Летна тераса за ресторанот аманет или како и да се вика.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 821
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 07-Sep-2020 at 22:51
Да се отвораа кај нас фабрики како што се отвораат кафичи и кафани, добро ќе беше.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 01-Oct-2020 at 16:10
ЌЕ СЕ УРИВА ДИВАТА ТЕРАСА НА ГОСТИЛНИЦАТА „АМАНЕТ“ ВО БАРОКНАТА ПАЛАТА „ЕМАНУЕЛ ЧУЧКОВ“



Општина Центар донесе решение за уривање на терасата на гостилницата „Аманет“ во барокната палатата „Емануел Чучков“. Градежниот инспектор од Општината констатирал дека терасата која е заградена со стакло е поставена без дозвола. Сега сопственикот има рок од три дена да го ја отстрани дивата тераса, ако не тоа ќе го стори Општината.

„Овластен градежен инспектор постапувајќи по службена должност, изврши увид и констатира дека инвеститорот ДПТУ ‘Примес Ко’ Скопје, не поседува решение за поставување на урбана опрема со челична конструкција обложена со стакло пред деловниот простор на гостилницата ‘Аманет‘. Општина Центар нема да дозволи нелегално поставување на градби и урбана опрема со што се оневозможува слободно движење по тротоарите и одвивање на сообраќајот“, велат од кабинетот на градоначалникот Саша Богдановиќ.

Палатата „Емануел Чучков“, во која се сместени Државниот завод за ревизија и Геолошкиот завод, почна да се прави во 2014 година како дел од проектот „Скопје 2014“, и е според идејно решение на Жарко Чаушевски, архитектот кој е автор на повеќе барокни новоградби од озлогласениот проект на владата на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ .

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ke-se-uriva-divata-terasa-na-gostilnitsata-amanet-vo-baroknata-palata-emanuel-chuchkov/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 01-Oct-2020 at 16:12
Општина Центар нема да дозволи нелагално поставување градби и урбана опрема со што ќе биде оневозможено слободното движење по тротоарите и одвивање на сообраќајот‼️
Почитувани,
Би сакал да ја информирам јавноста дека градежниот инспекторат на Општина Центар, постапувајќи по службена должност, констатираше дека инвеститорот ДПТУ Примес КО Дооел, со седиште на ул. Павел Шатев бр.2, не поседува Решение за поставување урбана опрема, односно, челична конструкција обложена со стакло, со димензии 10м x 11м, пред деловниот објект на гостилницата „Аманет”.
По приемот на ова Решение, инвеститорот во рок од 3 дена, ќе има обврска да ја отстрани градбата - челична конструкција пред деловниот простор.
Во овој случај, изјавената жалба против првостепеното решение, не го одлага извршувањето на решението, согласно член 137 став 4 од Законот за градење.





https://www.facebook.com/sasha.bogdanovikj
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 345

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.