build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Плажи во Охрид, Преспа, Дојран и други

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 4>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3805
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Плажи во Охрид, Преспа, Дојран и други
    Posted: 23-Nov-2014 at 15:51

Ако се сеќавам добро немам општа тема за плажите во Македонија (со исклучок на оние во Скопје). Темата ја отварам со новите предлог решенија за плажи во Охрид.


ПЛАЖА ДАЛЈАН: Кое решение ви се допаѓа?

23/11/2014  //  Пред 26 минути  //  ИНФРАСТРУКТУРА  //  Коментирај

Share daljan-604x345

Министерството за транспорт и врски бара мислење од граѓаните за тоа какво да биде идејното решение за пет плажи на охридското крајбрежје. Проектите се претставени на интернет страницата на министерството, а за секоја од плажите има по три решенија.

Ова се предлозите за плажата Далјан:

Решение 1

Решение 2

Решение 3

Решение 4

Сите предложени решенија за петте плажи можете да ги погледнете на следниот ЛИНК. Од утре граѓаните ќе можат за нив електронски да гласаатна страницата на Министерството за транспорт и врски.

http://faktor.mk/archives/132979?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=plazha-daljan-koe-reshenie-vi-se-dopagja


Искрено никогаш досега на ниту една анкета изборот не ми бил полесен. РЕШЕНИЕТО 3 според мене е феноменално решение пред се доста вклопено во околината и еколошко.




Edited by kultuzin - 23-Nov-2014 at 15:53
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 468
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 23-Nov-2014 at 16:35
Вариант 4.
На мен ми харесват такива концепции ,който максимално се доближават да естествената среда и намесата на човешка ръка е дискретно и назабележимо.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1021
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 23-Nov-2014 at 16:57
Јас сакам да ги прашам доставувачите на решение 2 и 4, а посебно на 3, дали воопшто виделе слика од димензиите и изгледот на плажата?

Или мислат и паркот до плажата да го запоседнат со лежалки?

И пак за тројката, од каде планини во рендерот и дали претходно е планиран за Љубаништа тој проект?

Еве за споредба:
‘Комерцијалниот‘ дел

и некомерцијалниот

Паркот во позадина

За кого е наменета програмава со оглед дека постојат веќе 2-3 концесионери на тој дел и лани ги обновија концесиите?!

Edited by Тркало - 23-Nov-2014 at 17:09
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3805
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 23-Nov-2014 at 18:41
Тркало решението 3 се однесува на повеќе плажи. Веројатно тоа со планините е кај Љубаништа. И за таму има конкурс. Некој пратиле повеќе решенија за секоја плажа посебно а некој унифицирани решенија за сите плажи. Мене третото решение токму за тој дел ми е преубаво. Далјан може малку и поурбано да се среди. 
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 05-Mar-2015 at 13:18
ЌЕ СЕ УРЕДУВААТ ПЛАЖИТЕ КАЈ СТЕЊЕ И СЛИВНИЦА НА ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО



Долж крајбрежјето на Преспанското Езеро ќе се уредат 600 метри плажа. Изградбата на плажите почнува денеска. Предвидено е да се уредат 500 метри плажа во Стење и 100 метри плажа во Сливница.

На почетокот на градежните работи е најавено присуство на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Според предвидениот проект, на плажата треба да се изградат шанкови, платформа за сончање, пристаниште за воден сообраќај и издавање на водени пловни средства, простор за соблекувални, чешми и тушеви, спортски игралишта на песок за одбојка, тенис, фудбал и пешачка патека.

http://utrinski.mk/?ItemID=646B7830F1193244B163A36C236A8727&arc=1
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 31-Mar-2015 at 10:46
Во Дојран ќе се бараат нови простори за плажи



Општина Дојран ќе бара нови простори за плажа, откако зголемениот водостој ги покри постоечките на крајбрежјето. Градоначалникот Борче Стамов информира дека Општината ќе го премести детското игралиште што го постави минатата година за да се отвори нов простор за плажа.

По последните врнежи, хидролозите го измерија максималното ниво на Дојранското Езеро, кое било измерено пред повеќе од половина век, односно во 1963 година.

Езерото се врати во полн сјај заземајќи го своето корито со што поголемиот дел од преуредените плажи во Стар и Нов Дојран останаа под вода. Меѓу нив се и најпознатите плажи во Нов Дојран, Алекс бич и Калдрмата и градската плажа во Стар Дојран.

http://lider.mk/2015/03/30/vo-dojran-ke-se-baraat-novi-prostori-za-plazi/
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 31-Mar-2015 at 17:43
На вести имаше репортажа од Дојран,и сите чадори буквално беа под вода.

Сега ќе бараме од грците пак да почнат да ги вадат нивите со водата од езерото за да се спаси сезоната
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3805
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 31-Mar-2015 at 18:57
Gradonacalnikot kaza deka bilo zemeno vo predvid ovaa sostojba na ezeroto.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 31-Mar-2015 at 19:40
Летно време ќе се повлече секако.
Back to Top
Tzar_28 View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 07-Jun-2014
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote Tzar_28 Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 02-Apr-2015 at 05:28
Originally posted by jyvation

Летно време ќе се повлече секако.


Ако и оваа година биде врнежлива не знам баш дали ќе се повлече...
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3805
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 08-Apr-2015 at 14:03
Eve edno verojatno definitivno resenie za plazata Lagadin.

http://www.kurir.mk/republika/opstini/196081-FOTO-Lagadin-ke-dobie-mediteranska-plaza

Koj koristi mozila neka gi kopira slikite ako saka.
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 390
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 08-Apr-2015 at 14:43
Originally posted by gjoko

На вести имаше репортажа од Дојран,и сите чадори буквално беа под вода.

Сега ќе бараме од грците пак да почнат да ги вадат нивите со водата од езерото за да се спаси сезоната


Дојранското езеро сеуште е далеку од тоа што треба да биде. Нормално дека се врши пропаганда туристи да доаѓаат, но ако ги гледаш сликите од езерото пред 50 години ќе видиш дека водата била до самиот кеј и тоа со длабочина во летни услови.

Треба со сигурност уште 10-15 години да се полни езерото за да ја добие првобитната состојба каква што било во минатото.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 01-May-2015 at 22:36
Интензивно се уредуваат плажите во Преспа, се очекува туристички бум

На брегот на Преспанското езеро интензивно се работи на уредување на двете плажи во Стење и Сливница со цел плажите модернизирани и со нови содржини да ги пречекаат туристите на стартот на новата туристичка сезона, објави Канал 5.



Со ова Преспа треба да овозможи една една нова понуда и да привлече уште поголем број туристи.
– Со изградбата на овие две плажи кои што ќе бидат исклучително современи и многу модерни очекуваме збогатување на туристичката понуда на Преспа, збогатување на туристичките капацитети и привлекување на што поголем број туристи. Се работи за инвестиција вредна над 70 милиони денари за двете плажи заедно. Средствата се обезбедени преку Министерството за транспорт и врски на Република Македонија, односно од Владата на Република Македонија. Со изградбата на овие две плажи очекуваме интересот за Преспа како туристичка дестинација да стане многу поголем уште од почетокот на оваа туристичка сезона, вели Ѓоко Стрезовски, градоначалник на Ресен.
Со новите зафати плажите ќе добијат модерни платформи, шанкови и спортски терени.
Сето ова треба да ги привлече туристите во Преспа да не доаѓаат само во еднодневни посети, туку тука да минуваат подолг дел од својот одмор.
Плажата во Стење е долга 500 метри, а во Сливница 100 метри. И двете треба да бидат готови до 15 јуни.

http://fox.mk/aktuelno/makedonija/intenzivno-se-ureduvaat-plazhite-vo-prespa-se-ochekuva-turistichki-bum/
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1021
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 02-May-2015 at 19:13
Originally posted by kultuzin

Eve edno verojatno definitivno resenie za plazata Lagadin.

http://www.kurir.mk/republika/opstini/196081-FOTO-Lagadin-ke-dobie-mediteranska-plaza

Koj koristi mozila neka gi kopira slikite ako saka.





‘‘По целата должина на плажата ќе бидат посадени палми кои треба да го донесат духот на медитеранот‘‘.
Два големи шанка, две платформи во вода, два понтони за брод и други пловни објекти


Господава се поприлично изгубени во простор и време, посебно во простор.Како замислиле да го изградат ова ако од патот до водата се максимум 5 метри, некаде и помалку?



Освен ако не донесат морски песок од негде, заедно со планираните палми - ендемскиот вид на Охридското Езеро.Ама добро сега, ако во Вардар изникнаа палми, ја победивме биологијата.
Со сечење на трската и губењето простор за мрестење на дел од рибите и живеалишта за други видови и ќе ја убиеме

Прашања милион, ако сега замислиле да почант да градат до август дали (не)планирано ќе им ја уништат и таа минимална сезона на концесионерите и дали во позадина криеме некој поголем играч, како после ‘пожарот‘ кај Горица и хотелот Славија и плацот на ‘Субрата Рој‘.Колку и да сакаме да избегаме од вакви муабети, едноставно не пратат..бришете ако сакате само мачно е после главниот град и главниот туристички центар (какви такви) да ги упропастат ненаситни и болни личности.

http://www.telma.com.mk/vesti/peticija-protiv-mediteranska-plazha-vo-lagadin

https://www.youtube.com/watch?v=eKRP60RjyhE

Edited by Тркало - 03-May-2015 at 11:14
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3805
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 13-Jun-2015 at 13:16
Изработена документација за 1.350 метри нови плажи во Дојран



















На 22 јуни годинава завршува јавниот повик за изградба на дополнителни 2.800 метри патека околу Дојранското езеро како продолжение на веќе изградената од 2.600 метри, а изработена е и проектна документација за 1.350 метри нови плажи, соопшти денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

На работната средба со градоначалникот Борче Стамов во Дојран, Мисајловски најави дека проектот за патеката предвидува целосно осветлување и хортикултурно уредување. Вкупната инвестицијата е 32 милиони денари.

Како што соопшто Министерството за транспорт, фокус на состанокот беше и објавениот оглас за продажба на 17 градежни парцели во општина Дојран од кои 15 се наменети за изградба на викенд-куќи во населбата Калдрма во Нов Дојран, една е за изградба на комерцијален објект, исто така во населбата Калдрма, а една е за комерцијален објект во туристичката населба Сарач.

Почетната цена за парцелите наменети за викенд-куќи изнесува 61 денар за метар квадратен, а за комерцијалните објекти 500 денари за метар квадратен.

- Министерството за транспорт и врски во изминатиот период направи многу за подобрување на квалитетот за живеење во Општината преку подобрување на патната инфраструктура, комуналниот сектор и секако туризмот. Реализираме проекти преку кои сакаме на Дојран да му го вратиме стариот туристички дух, да го развиваме како атрактивна туристичка дестинација, да ги задржиме домашните туристи, но и да привлечеме што повеќе странски туристи, изјави Мисајловски.

Во делот на патната инфраструктура министерот најави дека ова лето ќе почне рехабилитацијата на регионалниот пат Нов Дојран-Николиќ во должина од околу шест километри. Финансиските средства се обезбедени. Се очекува градежните работи да траат шест месеци.
http://sitel.com.mk/izrabotena-dokumentacija-za-1350-metri-novi-plazhi-vo-dojran
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 16-Jun-2015 at 08:20
„Бауер БГ“ ќе гради плажа во Лагадин за 1,2 милиони евра

Министерството за транспорт и врски потпиша договор со скопската градежна фирма „Бауер БГ“ за уредување на плажа кај населеното место Лагадин, на брегот на Охридското езеро. Плажата ќе се гради на потегот од хотел „Два бисери“ кон југ, во должина од 500 метри. Градежните активности ќе се одвиваат период од четири месеци, така што се очекува проектот да заврши најдоцна до средината на октомври годинава. Од буџетот на Република Македонија за овој проект ќе се потрошат 73.499.958 денари, односно 1,2 милиони евра. Скопската фирма „Астрекс“ веќе ги изготви идејното решение и основниот проект.



Плажа е замислено да има два шанка, два објекти со тоалети, тушеви и гардероби, сервисен пункт, простор за сместување на лежалки и чадори, детски игралишта, две платформи за вода, два мола за прифаќање на чамци, педалини и други пловни објекти. Целокупниот простор ќе добие зелена површина, но и спортски терени за фудбал и одбојка на песок. Во водите на Охридското езеро ќе се навлезе со изведба на две дрвени платформи, додека на крајбрежјето е замислено да се засадат палми.

http://www.build.mk/?p=44879
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2369
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 16-Jun-2015 at 20:32
„Градежните активности ќе се одвиваат период од четири месеци, така што се очекува проектот да заврши најдоцна до средината на октомври годинава“

Во среде летна сезона ваков зафат? Мозок имаат ли овие?!

Edited by fichot - 16-Jun-2015 at 20:32
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 576
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 17-Jun-2015 at 17:56
Би го замолил министерството и премиерот (ако го чита овој форум) да не ја градат таа монструозна плажа во Лагадин, и да имаат респект кон природата и историјата на овој крај.

Навистина доста штети направија до сега со својот неолиберализам и алчност. доста е веќе.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6998
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 20-Jun-2015 at 02:02
Originally posted by fichot

„Градежните активности ќе се одвиваат период од четири месеци, така што се очекува проектот да заврши најдоцна до средината на октомври годинава“

Во среде летна сезона ваков зафат? Мозок имаат ли овие?!
да се гледа дека се гради нормално, исто како К10 што го градеа со полна пареа само во летна сезона на најгуст сообраќај
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 15-Jul-2015 at 15:51
Отворена „Библиотека на плажа“ во Дојран



Денес и официјално е отворена првата „Библиотека на плажа“ со настан на кој градоначалникот на Општина Дојран, Борче Стамов, го поздравил овој проект и соопштил дека сите љубители на пишаниот збор ќе може бесплатно да уживаат со читање книга на Градската плажа во Дојран.

„Чест ми е што на Градската плажа во Дојран се отвора првата ’Библиотека на плажа‘. Покрај многуте културни случувања ова лето во Дојран, покрај инвестирањето во плажите и подобрувањето на сместувачките капацитети, ова е само чекор до целта, а тоа е во Дојран секој да ужива и одмора онака како што сака. На ваков начин Општина Дојран придонесува за развојот на културата, зголемување на процентот на читатели и дава една поинаква димензија на одмор и уживање на плажа“, изјавил градоначалникот на Општина Дојран, Борче Стамов.

Меѓу насловите на полиците на библиотеката ќе бидат најчитаната книга за ова лето „Сеќавање на љубовта“, македонската најпродавана млада авторка Верче Карафилоска и книгата „Бездомникот со златен часовник“, како и мегапопуларните „Рингишпил“, „Шепнувачот“, „Кругот на животот“, „Полноќна роза“, како дел од насловите кои ќе можат да се читаат на Градската плажа во Дојран.

По овој проект, Општина Дојран ќе продолжи со плановите и идеите, а тоа е изнајмување на велосипеди, ново брендирање на Општина Дојран и ново туристичко лого, пешачка патека што ги спојува двата Дојрана и богата културно уметничка програма.

http://www.porta3.mk/otvorena-biblioteka-na-plazha-vo-dojran/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 4>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.