build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Плажи во Охрид, Преспа, Дојран и други

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 234
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 28-Jul-2016 at 12:14



не трабало толку да ја наџиџаат сливничката плажа со опрема

14.07.2016 - Битолчани го aресуваат туризмот во Преспа

Сите што во изминатите денови, откако почнаа летните одмори, макар еднаш биле на Преспанско Езеро се воодушевени. Некои дури не можат да поверуваат во глетката. Извонредно уредена песочна плажа, современ ресторан со капацитет од 360 гости, специјализиран рибен ресторан за 90 посетители, репрезентативно кафуле за 450 гости, огромен број лежалки со чадори, „шеички кабини“, детски игралишта, терени за одбојка на песок, бесплатни паркинзи за автомобили, мотори и велосипеди во Сливница, како и комплетно новоуредена песочна плажа, обновени бунгалови, целосно реновиран ресторан и летна бавча, нова урбана опрема за туристите во автокампот „Крани“. Тоа е само дел од новите содржини што им се достапни на многубројните туристи што деновиве престојуваат покрај Преспанско Езеро.

Но иронијата е во тоа што додека туризмот во Битола буквално умира и додека „менаџерите“ на битолските државни туристичко-угостителски објекти, детското одморалиште „Пелистер“ и на туристичкиот центар Нижеполе ставија клуч на вратите од своите некогаш култни и мошне посетени одморалишта и туристички центри, тројца битолчани едноставно го преродија туризмот во Преспа, од страната на Претор. Откако сопственикот на угостителскиот објект „Капри“ во Битола, Николче Трпеновски, го презеде менаџирањето на автокампот „Крани“, ова некогаш познато и реномирано туристичко место на преспанскиот брег доби сосема нов лик. Деновиве и плажата кај Сливница, во Преспа, според тие што веќе ја посетиле, почнала да личи на Ибица, благодарение на вложувањата на сопствениците на познатите кафулиња „Конект“ во Битола.



На свеченото отворање на комплексот „Конект бич“ кај Сливница деновиве присуствуваа над 7.000 гости, а викендов, на оваа плажа, која битолчани веќе ја нарекуваат Ибица, имаше над 3.000 гости од Ресен, Битола, Прилеп, Кавадарци...

- Преспа деновиве доживува вистинска ренесанса. Во изминатите денови илјадници туристи и гости ги запоседнаа плажите на преспанскиот брег. Големо е задоволството да се каже дека се остварија нашите предвидувања, кои ги споделивме со јавноста пред почетокот на годинашната летна туристичка сезона, дека летово Преспа ќе „експлодира“. Посетителите се задоволни од понуденото, бидејќи плажите веќе личат на оние во атрактивните туристички места низ светот. Најмногу посетители имаат двете реновирани плажи во Сливница и во Стење, кои добија сосема нов лик - нагласи градоначалникот на Ресен, Ѓоко Стрезовски, додавајќи дека плажите се уредени како со средства на концесионерите, така и со поддршка на Министерството за транспорт и врски.

Тоа што особено ги радува туристите на преспанскиот брег е што концесионерите на плажите кај Сливница и Крани не само што дадоа голем поттик во разубавувањето на амбиентот туку на сите гости им понудија извонредни услови за одмор и рекреација.
- Во комплексот „Конект бич“ вложивме над 600.000 евра. Во оваа инвестиција влеговме свесни дека таа нема да ни се врати толку брзо, но дека ќе се исплати на долги патеки. Сметам дека на сите гости што ќе се одлучат да се одморат во Сливница им создадовме извонредни услови - велат сопствениците на „Конект бич“, Томе Трампевски и Сребре Нечовски.

И во автокампот „Крани“ владее речиси монденска атмосфера.

- Уредена песочна плажа, реновиран ресторан, нов летен шанк, голем број лежалки. Изградени игралишта на песок, детски игралишта... Сето тоа го изградивме за да ги задоволиме барањата на нашите гости - вели концесионерот на „Крани“, Николче Трпезановски.

Особено радува фактот што, со новите инвестиции на младите битолски менаџери во Сливница и во Крани, над стотина млади битолчани и ресенци го најдоа своето прво вработување.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=Битолчани-го-воскреснуваат--туризмот-во-Преспа&id=12a9917b-eea6-48f0-9408-4b9ace0aacd4
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 10-Jun-2020 at 09:49
Владата со Уредба бара закупците да ги вратат во првобитна состојба плажите чии договори се истечени

Сите концесионери чии договори се истечени или раскинати задолжително треба да ги вратат плажите со кои стопанисувале во првобитна состојба. Ова е предлогот на Министерството за транспорт и врски со кој Владата на денешната 63 седница, денеска, ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба, која се однесува на плажите кои биле предмет на закуп.

Со дополнувањето на Уредбата се задолжува закупецот да го врати во првобитна состојба градежното земјиште кое било предмет на краткотраен закуп предвидено со урбанистички план или урбанистичко-планска документација за плажа, а за кое временскиот рок за краткотраен закуп е истечен или договорот за краткотраен закуп е предвремено раскинат. – информира Владата. Процесот треба да го следат надлежните државни инспекциски служби.

Договорите за закуп на плажите на Охридското крајбрежје, кои ги обврзуваа концесионерите да плаќаат надомест за користење на општините, во најголем дел се истечени во 2016 година, а на некои од нив и порано. Оттогаш имаше еден неуспешен обид во 2018 година преку јавно наддавање да се издадат плажите во Охрид.  Минатата година државата најави преземање на плажите на охридско-струшкото крајбрежје од општините, поради, како што беше образложени, неможноста тие да воведат ред и контрола. Општина Охрид ја поддржа иницијативата на Министерството за транспорт, додека градоначалникот на Струга Рамиз Мерко беше против бидејќи смета дека локалната самоуправа е таа што треба и натаму да стопанисува со плажите.

Во одлуката на Владата нема информација дали се планира издавање на плажите на Охридското Езеро и под кои услови, дотолку повеќе што на праг е летната сезона која е под сериозна закана поради пандемијата од коронавирусот кој најмногу го погоди туристичко-угостителскиот сектор.

Владата на денешната седница донесе и Уредба со законска сила за примена на Законот за угостителска дејност за време на вонредна состојба, со која се уредува начинот на работата на Комисија за категоризација на угостителските објекти.

https://www.ohridnews.com/vladata-so-uredba-bara-zakupcite-da-gi-vratat-vo-prvobitna-sosto-ba-plazhite-chii-dogovori-se-istecheni/


Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 31-Jul-2020 at 14:56
ВЕЛЕС ЈА УРЕДИ ПРВАТА ПЛАЖА НА ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ, ВЛАСТИТЕ АПЕЛИРААТ ДА НЕ СЕ ОШТЕТУВА ОПРЕМАТА

Уредена е „Првата плажа“ на езерото Младост кај Велес, на површина од 5.000 квадратни метри. Таа може да ги прими првите гости уште овој продолжен празничен викенд. Се поставија соблекувална, тушеви, чешма, пристапна патека која е прилагодена за лицата со попреченост, сламени чадори, поставен е песок на плажата, санитарии, се изградија скалила, забавен парк за деца, потпорен ѕид и канал за атмосферска вода и за водата од тушевите. Ова е прва уредена плажа откако езерото е изградено од 1961 година, потенцира градоначалникот на Велес.

„Во пресрет на големиот празник Илинден, симболично ја предаваме на користење првата уредена плажа на езерото Младост. Обезбедивме вода за пиење. Ја обезбедивме плажата од околните насипи. За најмладите има детско забавно катче. Плажата е прилагодена за лицата со попреченост. Има систем капка по капка, посеана е трева за да се зазелени околината. Обезбедивме и шест големи контејнери за отпад, за стакло и пластика. Ги потсетувам посетителите да ја чуваат урбаната опрема која е поставена“, кажа градоначалникот Аце Коцевски.

На забелешките од посетителите зошто не се сече трската, Коцески потенцира дека таа е заштитена е со закон и не смее да се сече поради мрестот на рибата.

Инвестицијата вреди еден милион денари, обезбедени од општинскиот буџет. На езерото веќе има две уредени плажи, но во рамките на угостителски објекти.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/veles-ja-uredi-prvata-plazha-na-ezeroto-mladost-vlastite-apeliraat-da-ne-se-oshtetuva-opremata/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 18-Aug-2020 at 16:26
Плажи во Преспа













https://www.facebook.com/macedoniafromabove360/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 06-Sep-2020 at 09:07
Плажи во Струга претворени во змијарници!



https://alsat-m.tv/mk/плажи-во-струга-претворени-во-змијарн/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 10-Nov-2020 at 18:42
Во Охрид до година ќе се распише нов оглас за концесионери на плажите



https://alsat.mk/mk/vo-ohrid-do-godina-ke-se-raspishe-nov-oglas-za-kontsesioneri-na-plazhite/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 24-Apr-2021 at 10:28
Георгиевски: Ќе ги отстраниме сите плажи од Метропол накај Пештани по Велигден

Сите плажи од Метролоп накај Пештани ќе бидат отстранети, вели Константин Георгиевски, градоначалник на Охрид, за Охрид1. Тој не е оптимист за престојната туристичка сезона глобално, најмногу поради траењето на пандемијата, но очекува домашните туристи повторно да дојдат во Охрид. Вели дека ќе се расчистува крајбрежјето, но ќе се вадат лежалки и рампи за паркинг кои некои самоволно ги поставувале. Нема да има никакви објекти на плажите впрочем.

„Во најскоро време ќе продолжиме со расчистување на крајбрежјето. Имаме објекти останати на плажите, тие оваа сезона нема да функционираат, сите ќе бидат отстранети. Предвидени се дополнителни 3 милиони денари за уредување на плажите. Ќе се ангажираа од ЈП Охридски комуналец дополнителни работници кои ќе се ангажирани само за одржување на плажите. Мислам дека оваа сезона конечно ќе воведеме ред во функционирањето на плажите. Во минатото имаше случаи каде се поставувани лежалки, препреки за да се наплаќа паркинг при паркирањето во близина на плажите. Тоа оваа година ќе го завршиме. Сите плажи од Метропол спрема Пештани, ќе бидат отстранети по велигденските празници. Додека плажите во опфат на ДУП-от, ќе мора да се отстранат. Во иднина, во однос на стопанисувањето, се прави урбанистички план. Ќе биде согласно сите критериуми. Општината ќе распишува изнајмување на тој простор, но треба да сфатиме дека тоа ќе бидат плажи, а не објекти од траен или времен карактер“, вели Георгиевски за Охрид 1

https://faktor.mk/georgievski-kje-gi-otstranime-site-plazi-od-metropol-nakaj-peshtani-po-veligden
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 05-May-2021 at 18:00
СЕ РУШАТ ПЛАЖИТЕ ВО ЛАГАДИН, КОНЦЕСИОНЕРИТЕ ОБВИНИЈА ЗА СЕЛЕКТИВНОСТ, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВЕЛИ ЌЕ СЕ ОТСТРАНИ СЀ ШТО Е ДИВО ПОСТАВЕНО



Со рушење на плажите кај Лагадин, денеска во Охрид продолжи акцијата за отстранување на диво поставените објекти долж Езерото. Во присуство на полицијата се отстрануваа шанковите и објектите на плажите „Акапулко“ и „Плажа 10“. Според најавите, отстранувањето на бесправно изградените објекти ќе продолжи и на останатите две плажи во оваа туристичка населба.

Сопствениците гневни и немоќни велат дека Општината е селективна бидејќи плажите пред големите хотели остануваат, а нивните се рамнат со земја.

„За овие четири плажи кои се рушат се прави лажна слика дека Општината се бори против урбаната мафија. Ете ние сме урбаната мафија, а овие кои се влезени во езеро како ‘Метропол‘, ‘Белви‘, ‘Парк‘ си функционираат. Се чуствувам изманипулирана и гневна. На ова место не постоеше плажа, беше змијарник. Направив и потпорен ѕид, паркинг. Вложено е околу 80 илјади евра“, вели Виолета Јаневска, концесионер на „Плажа 10“.

Концесионерите на плажите од хотел „Метропол“ до Пештани велат дека нивните плажи не се дивоградби, бидејќи се градени според одобрени проекти и услови пропишани од Министерството за животна средина.

„Инсистираа да има платформи, тоалети, паркинг. Правевме санитари чворови. Ни беше кажано дека ќе се корегираат договорите според условите, но со префрлање на ингеренциите на локалната самоуправа постојано се вршеше притисок дека ќе нѐ рушат. Последниве две години немаме договори поради нивна вина, не пропишаа услови. Плажата е жива материја и секоја година вложуваме за на крај да нѐ рушат“, вели Јаневска.

Сопственичката на хотел „Лагадин“ вели дека за плажата им било понудено да се земе со непосредна спогодба, но наместо договор добиле решение за рушење.

„Пред ‘Метропол‘, ‘Гранит‘ ништо не се руши единствено пред хотел ‘Лагадин‘ и пред хотел ‘Макотекс‘. Каде треба да си ги бараме ние нашите права при ваква селективност“ , вели Даница Бачовска.

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески веќе подолго време најавува чистење на крајбрежјето и уредување на плажите пред почеток на летната туристичка сезона. Според него, акцијата продолжува со рушење на сѐ што е бесправно изградено.

„За секоја активна дива градба треба да се пристапи за отстранување по однос на решението. Тоа отсега ќе биде вообичаена пракса и за секоја дива градба ќе се постапува соодветно. Знам дека тие објекти се репрезентативни и навистина е штета што треба да се отстранат, но земјиштето мора да се врати во првобитна состојба. Сите тие луѓе кои ги имале тие плажи под концесија и вршеле дејност треба да бидат свесни дека едноставно нивното време заврши, мора да ги ослободиме плажите, нема да има веќе узурпација со лежалки и наплаќање паркинг на диво. Охрид е светско природно и културно наследство, Охрид е на сите нас, сите тие плажи се на сите нас, и ние оваа година ќе ги ослободиме. Нема повеќе да дозволиме узурпација на државно земјиште и да се стекнуваат со финансиска корист на земја која е на сите нас“, вели Георгиески.

Најдоцна до 15 јуни треба да биде завршено чистењето на плажите од времени објекти и тие да бидат уредени со песок од сливот на Охридско Езеро. За таа цел, обезбедени се 6 милиони денари од Владата и дополнителни 3 милиони денари од општинскиот буџет.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/se-rushat-plazhite-vo-lagadin-kontsesionerite-obvinija-za-selektivnost-gradonachalnikot-veli-ke-se-otstrani-s-shto-e-divo-postaveno/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 23-May-2021 at 09:45
ПО УРИВАЊЕТО НА ДИВОГРАДБИТЕ ПЛАЖИТЕ ВО ОХРИД ПОЛНИ СО СТАКЛА, ШТИЦИ И ШАЈКИ, ОПШТИНАТА ВЕЛИ ЌЕ БИДАТ СПРЕМНИ ЗА СЕЗОНАТА





Без стручен надзор, без план, стратегија и динамика се отстрануваат диво поставените објекти на плажите во Охрид, а багерите зад себе оставаат скршени стакла, ‘рѓосани железни конструкции, штици со шајки и секаков шут расфрлан на плажите на Охридско Езеро, реагираат од граѓанската иницијатива Охрид СОС. Тие прашуваат дали Општината ништо не правеше со месеци во врска со дивоградбите, за да почне неплански да урива кога ќе почнат да доаѓаат туристи и да гледаат депонии наместо плажи.

„Тоа што го гледаме на терен е повеќе за театар отколку за спроведување на препораките на УНЕСКО. Постојано се случува вака околу клучни термини и временски периоди. Првпат по седницата во Баку во 2019, потоа пред изборите во 2020 и сега пред претстојната седница на Комитетот на УНЕСКО. Во еден вака значаен регион со вакви извонредни природни вредности сето ова се спроведува без никаков стручен надзор. Гледаме дека никој не знае што прави, нема никаков ред, а што е најстрашно нема никаков надзор. За што постои Хидробиолошкиот завод, зошто не поканат стручни лица да го надгледуваат тоа што се случува? Тоа што го прават е неплански, аматерски, а згора на тоа го оставаат и шутот на самите плажи што е опасност за посетителите“, велат од Охрид СОС.

Според неа, ниту централната ниту локалната власт имаат стратегија за отстранување на дивоградбите.

„Со регионот со години, со децении неодговорно се управува и кога властите се доведени пред свршен чин во јавноста создаваат слика дека УНЕСКО нѐтера да уништуваме. Тоа што се бара од УНЕСКО е да се воведе ред, а за тоа треба професионални и стручни лица. Доколку стручни лица управуваа овие незаконски градби немаше да постојат“, велат од Охрид СОС .

Од граѓанската иницијатива Охрид СОС се децидни дека одржливиот развој треба да биде приоритет за еден вака значаен регион. Управувањето мора да биде одговорно, а елитниот туризам е единствениот кој треба да се развива. Според нив, стручните лица кои знаат што значи заштита и развој во склад и хармонија со природните и културните вредности, треба да бидат вклучени во заштитата и развојот на едно вакво единствено и уникатно скапоцено подрачје.

Од Општината велат дека градежниот шут кој остана по уривањето на дивоградбите навремено се отстранува и охридските плажи ќе бидат подготвени за туристичката сезона. Додаваат дека со отстранувањето на бесправно изградените објекти на плажите се овозможува нивно слободно користење без нелегално наплаќање за влез и лежалки.

Според најавите, до средината на јуни треба да заврши уривањето на дивоградбите на охридските плажи.

Општина Охрид донесе Решение и за отстранување на времените објекти во автокампот „Градиште“, откако при спроведениот вонреден инспекциски надзор на 15 автокамп приколки, затекнати биле бетонски подлоги, метални настрешници, целосно затворање на автокамп приколките со лим, дрво, алукобонд и водоотпорни гипс картон плочи. Исто така имало и недозволени дрвени и метални конструкции и времени објекти, а на одредени локации и приклучоци за водоводна мрежа, канализациона мрежа и електрична енергија.

За разлика од Охрид, локалната самоуправа во Струга останува на ставот дека нема да дозволи уривање бидејќи, како што велат, градот е туристички центар, а од друга страна со рушењето ќе се загрози егзистенцијата на повеќе од 300 семејства, а општинската каса ќе изгуби голем број на финансиски средства.

„Ние не мислиме негативно, ние секогаш размислуваме позитивно. Секогаш велам дајте да градиме туристички капацитети дека се бараат, а ние како локална власт им стоиме на располагање, ние сакаме да имаме привлечен град, не само за туристи од државата туку од цел свет. Сите атрактивни туристички дестинации треба да бидат уредени со угостителски локали каде туристите ќе може да уживаат “, вели градоначалникот на Струга Рамиз Мерко.

За градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, објектите на плажите не се за развој на туризмот туку само нелегални објекти кои ќе бидат отстранети пред туристичката сезона.

„Туризмот во Охрид не е врзан со пет-шест објекти на наши сограѓани, кои што сакаат да узурпираат државна земја и да заработуваат противправно. Охрид е многу повеќе од тоа, Охрид е светско природно културно богатство, сите плажи припаѓаат на сите нас. И затоа оваа година ќе ги ослободиме. Нема да дозволам приватни лица да узурпираат државна земја, тоа време заврши“, вели градоначалникот Георгиески.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/po-urivaneto-na-divogradbite-plazhite-vo-ohrid-polni-so-stakla-shtitsi-i-shajki-opshtinata-veli-plazhite-ke-bidat-spremni-za-sezonata/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 18-Oct-2021 at 12:42
На конкурсот за плажите во Охрид, пристигнати се само две безидејни идејни решенија

Врз oснова на Јавниот Повик за прибирање на идејни решенија за уредување на плажите на Охридското Езеро кој беше објавен на 30.08.2021 година, до Општина Охрид пристигнале само две идејни решенија согласно условите на повикот, соопштува општината.

Право на учество на повикот имаа сите физички и правни лица, регистрирани за вршење на дејност поврзана со предметот на повикот. Целта на повикот беше вклучување на стручната јавност и граѓаните во процесот на утврдување на активностите и дејствијата за уредување на плажите на крајбрежјето согласно препораките и насоките од Планот за управување со светското природно и културно наследство, препораките на УНЕСКО како и постојните законски прописи. Конкурсот беше анонимен и секој учесник имаше право да учествува со еден труд.

Пристигнатите решенија ќе бидат предмет на евалуација на стручната комисија и достапни на увид на граѓаните. Граѓаните можат да направат увид на комплетната документација на идејните решенија во Општина Охрид ,своите сугестии, забелешки и предлози во правец на избор на најсоодветно решение може да ги достават на следната електронска адреса javni_nabavki@ohrid.gov.mk со назнака „Идејно решение за плажи“, секој работен ден од 15.10.2021 до 21.10.2021 од 08 до 11 часот, соопштуваат од Општина Охрид.

Архитектите секогаш се залагаат за конкурси кои ќе бидат натпревар на креативност, ставови и идеи, но за жал малку од нив се пријавуваат за учество. На овој конкурс притстигнати се две идејни решенија, неразработени, кои прикажуваат лошо обработени 3Д слики, безидејност, сцени на вода, песок, лежалки, чадори за сонце, кои можат да бидат позајмени од било која анимација на плажи и тоа со исклучително лош квалитет.

Во прилог се фотографии од идејното решение број 1 и фотографии од идејното решение број 2 кои можат да се видат и на официјалната страна на општината тука.

Идејно решение број 1





Идејно решение број 2





https://www.porta3.mk/na-konkursot-za-plazhite-vo-ohrid-pristignati-se-samo-dve-bezidejni-idejni-reshenija/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 234

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.173 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.