Плажи во Охрид, Преспа, Дојран и други |
Post Reply | Page 123 4> |
Author | |
kultuzin
Senior Member Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
Quote Reply
#1 Topic: Плажи во Охрид, Преспа, Дојран и други Posted: 23-Nov-2014 at 15:51 |
Ако се сеќавам добро немам општа тема за плажите во Македонија (со исклучок на оние во Скопје). Темата ја отварам со новите предлог решенија за плажи во Охрид.ПЛАЖА ДАЛЈАН: Кое решение ви се допаѓа?23/11/2014 // Пред 26 минути // ИНФРАСТРУКТУРА // Коментирај
inShare
Министерството за транспорт и врски бара мислење од граѓаните за тоа какво да биде идејното решение за пет плажи на охридското крајбрежје. Проектите се претставени на интернет страницата на министерството, а за секоја од плажите има по три решенија. Ова се предлозите за плажата Далјан: Решение 1 Решение 2 Решение 3 Решение 4 Сите предложени решенија за петте плажи можете да ги погледнете на следниот ЛИНК. Од утре граѓаните ќе можат за нив електронски да гласаатна страницата на Министерството за транспорт и врски. http://faktor.mk/archives/132979?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=plazha-daljan-koe-reshenie-vi-se-dopagja Искрено никогаш досега на ниту една анкета изборот не ми бил полесен. РЕШЕНИЕТО 3 според мене е феноменално решение пред се доста вклопено во околината и еколошко. Edited by kultuzin - 23-Nov-2014 at 15:53 |
|
Galileo
Senior Member Joined: 25-May-2010 Location: Wien Online Status: Offline Posts: 1467 |
Quote Reply #2 Posted: 23-Nov-2014 at 16:35 |
Вариант 4.
На мен ми харесват такива концепции ,който максимално се доближават да естествената среда и намесата на човешка ръка е дискретно и назабележимо. |
|
Тркало
Senior Member Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
Quote Reply #3 Posted: 23-Nov-2014 at 16:57 |
Јас сакам да ги прашам доставувачите на решение 2 и 4, а посебно на 3, дали воопшто виделе слика од димензиите и изгледот на плажата?
Или мислат и паркот до плажата да го запоседнат со лежалки? И пак за тројката, од каде планини во рендерот и дали претходно е планиран за Љубаништа тој проект? Еве за споредба: ‘Комерцијалниот‘ дел и некомерцијалниот Паркот во позадина За кого е наменета програмава со оглед дека постојат веќе 2-3 концесионери на тој дел и лани ги обновија концесиите?! Edited by Тркало - 23-Nov-2014 at 17:09 |
|
kultuzin
Senior Member Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
Quote Reply #4 Posted: 23-Nov-2014 at 18:41 |
Тркало решението 3 се однесува на повеќе плажи. Веројатно тоа со планините е кај Љубаништа. И за таму има конкурс. Некој пратиле повеќе решенија за секоја плажа посебно а некој унифицирани решенија за сите плажи. Мене третото решение токму за тој дел ми е преубаво. Далјан може малку и поурбано да се среди.
|
|
jyvation
Senior Member Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
Quote Reply #5 Posted: 05-Mar-2015 at 13:18 |
ЌЕ СЕ УРЕДУВААТ ПЛАЖИТЕ КАЈ СТЕЊЕ И СЛИВНИЦА НА ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО
Долж крајбрежјето на Преспанското Езеро ќе се уредат 600 метри плажа. Изградбата на плажите почнува денеска. Предвидено е да се уредат 500 метри плажа во Стење и 100 метри плажа во Сливница. На почетокот на градежните работи е најавено присуство на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Според предвидениот проект, на плажата треба да се изградат шанкови, платформа за сончање, пристаниште за воден сообраќај и издавање на водени пловни средства, простор за соблекувални, чешми и тушеви, спортски игралишта на песок за одбојка, тенис, фудбал и пешачка патека. http://utrinski.mk/?ItemID=646B7830F1193244B163A36C236A8727&arc=1 |
|
jyvation
Senior Member Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
Quote Reply #6 Posted: 31-Mar-2015 at 10:46 |
Во Дојран ќе се бараат нови простори за плажи
Општина Дојран ќе бара нови простори за плажа, откако зголемениот водостој ги покри постоечките на крајбрежјето. Градоначалникот Борче Стамов информира дека Општината ќе го премести детското игралиште што го постави минатата година за да се отвори нов простор за плажа. По последните врнежи, хидролозите го измерија максималното ниво на Дојранското Езеро, кое било измерено пред повеќе од половина век, односно во 1963 година. Езерото се врати во полн сјај заземајќи го своето корито со што поголемиот дел од преуредените плажи во Стар и Нов Дојран останаа под вода. Меѓу нив се и најпознатите плажи во Нов Дојран, Алекс бич и Калдрмата и градската плажа во Стар Дојран. http://lider.mk/2015/03/30/vo-dojran-ke-se-baraat-novi-prostori-za-plazi/ |
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #7 Posted: 31-Mar-2015 at 17:43 |
На вести имаше репортажа од Дојран,и сите чадори буквално беа под вода.
Сега ќе бараме од грците пак да почнат да ги вадат нивите со водата од езерото за да се спаси сезоната |
|
kultuzin
Senior Member Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
Quote Reply #8 Posted: 31-Mar-2015 at 18:57 |
Gradonacalnikot kaza deka bilo zemeno vo predvid ovaa sostojba na ezeroto.
|
|
jyvation
Senior Member Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
Quote Reply #9 Posted: 31-Mar-2015 at 19:40 |
Летно време ќе се повлече секако.
|
|
Tzar_28
Groupie Joined: 07-Jun-2014 Online Status: Offline Posts: 95 |
Quote Reply #10 Posted: 02-Apr-2015 at 05:28 |
Ако и оваа година биде врнежлива не знам баш дали ќе се повлече... |
|
kultuzin
Senior Member Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
Quote Reply #11 Posted: 08-Apr-2015 at 14:03 |
Eve edno verojatno definitivno resenie za plazata Lagadin.
http://www.kurir.mk/republika/opstini/196081-FOTO-Lagadin-ke-dobie-mediteranska-plaza Koj koristi mozila neka gi kopira slikite ako saka. |
|
Kid_A
Senior Member Joined: 24-Nov-2014 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 452 |
Quote Reply #12 Posted: 08-Apr-2015 at 14:43 |
Дојранското езеро сеуште е далеку од тоа што треба да биде. Нормално дека се врши пропаганда туристи да доаѓаат, но ако ги гледаш сликите од езерото пред 50 години ќе видиш дека водата била до самиот кеј и тоа со длабочина во летни услови. Треба со сигурност уште 10-15 години да се полни езерото за да ја добие првобитната состојба каква што било во минатото. |
|
jyvation
Senior Member Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
Quote Reply #13 Posted: 01-May-2015 at 22:36 |
Интензивно се уредуваат плажите во Преспа, се очекува туристички бум
На брегот на Преспанското езеро интензивно се работи на уредување на двете плажи во Стење и Сливница со цел плажите модернизирани и со нови содржини да ги пречекаат туристите на стартот на новата туристичка сезона, објави Канал 5. Со ова Преспа треба да овозможи една една нова понуда и да привлече уште поголем број туристи. – Со изградбата на овие две плажи кои што ќе бидат исклучително современи и многу модерни очекуваме збогатување на туристичката понуда на Преспа, збогатување на туристичките капацитети и привлекување на што поголем број туристи. Се работи за инвестиција вредна над 70 милиони денари за двете плажи заедно. Средствата се обезбедени преку Министерството за транспорт и врски на Република Македонија, односно од Владата на Република Македонија. Со изградбата на овие две плажи очекуваме интересот за Преспа како туристичка дестинација да стане многу поголем уште од почетокот на оваа туристичка сезона, вели Ѓоко Стрезовски, градоначалник на Ресен. Со новите зафати плажите ќе добијат модерни платформи, шанкови и спортски терени. Сето ова треба да ги привлече туристите во Преспа да не доаѓаат само во еднодневни посети, туку тука да минуваат подолг дел од својот одмор. Плажата во Стење е долга 500 метри, а во Сливница 100 метри. И двете треба да бидат готови до 15 јуни. http://fox.mk/aktuelno/makedonija/intenzivno-se-ureduvaat-plazhite-vo-prespa-se-ochekuva-turistichki-bum/ |
|
Тркало
Senior Member Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
Quote Reply #14 Posted: 02-May-2015 at 19:13 |
‘‘По целата должина на плажата ќе бидат посадени палми кои треба да го донесат духот на медитеранот‘‘. Два големи шанка, две платформи во вода, два понтони за брод и други пловни објекти Господава се поприлично изгубени во простор и време, посебно во простор.Како замислиле да го изградат ова ако од патот до водата се максимум 5 метри, некаде и помалку? Освен ако не донесат морски песок од негде, заедно со планираните палми - ендемскиот вид на Охридското Езеро.Ама добро сега, ако во Вардар изникнаа палми, ја победивме биологијата. Со сечење на трската и губењето простор за мрестење на дел од рибите и живеалишта за други видови и ќе ја убиеме Прашања милион, ако сега замислиле да почант да градат до август дали (не)планирано ќе им ја уништат и таа минимална сезона на концесионерите и дали во позадина криеме некој поголем играч, како после ‘пожарот‘ кај Горица и хотелот Славија и плацот на ‘Субрата Рој‘.Колку и да сакаме да избегаме од вакви муабети, едноставно не пратат..бришете ако сакате само мачно е после главниот град и главниот туристички центар (какви такви) да ги упропастат ненаситни и болни личности. http://www.telma.com.mk/vesti/peticija-protiv-mediteranska-plazha-vo-lagadin https://www.youtube.com/watch?v=eKRP60RjyhE Edited by Тркало - 03-May-2015 at 11:14 |
|
kultuzin
Senior Member Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
Quote Reply #15 Posted: 13-Jun-2015 at 13:16 |
Изработена документација за 1.350 метри нови плажи во Дојран
На 22 јуни годинава завршува јавниот повик за изградба на дополнителни 2.800 метри патека околу Дојранското езеро како продолжение на веќе изградената од 2.600 метри, а изработена е и проектна документација за 1.350 метри нови плажи, соопшти денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. На работната средба со градоначалникот Борче Стамов во Дојран, Мисајловски најави дека проектот за патеката предвидува целосно осветлување и хортикултурно уредување. Вкупната инвестицијата е 32 милиони денари. Како што соопшто Министерството за транспорт, фокус на состанокот беше и објавениот оглас за продажба на 17 градежни парцели во општина Дојран од кои 15 се наменети за изградба на викенд-куќи во населбата Калдрма во Нов Дојран, една е за изградба на комерцијален објект, исто така во населбата Калдрма, а една е за комерцијален објект во туристичката населба Сарач. Почетната цена за парцелите наменети за викенд-куќи изнесува 61 денар за метар квадратен, а за комерцијалните објекти 500 денари за метар квадратен. - Министерството за транспорт и врски во изминатиот период направи многу за подобрување на квалитетот за живеење во Општината преку подобрување на патната инфраструктура, комуналниот сектор и секако туризмот. Реализираме проекти преку кои сакаме на Дојран да му го вратиме стариот туристички дух, да го развиваме како атрактивна туристичка дестинација, да ги задржиме домашните туристи, но и да привлечеме што повеќе странски туристи, изјави Мисајловски. Во делот на патната инфраструктура министерот најави дека ова лето ќе почне рехабилитацијата на регионалниот пат Нов Дојран-Николиќ во должина од околу шест километри. Финансиските средства се обезбедени. Се очекува градежните работи да траат шест месеци. http://sitel.com.mk/izrabotena-dokumentacija-za-1350-metri-novi-plazhi-vo-dojran |
|
jyvation
Senior Member Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
Quote Reply #16 Posted: 16-Jun-2015 at 08:20 |
„Бауер БГ“ ќе гради плажа во Лагадин за 1,2 милиони евра
Министерството за транспорт и врски потпиша договор со скопската градежна фирма „Бауер БГ“ за уредување на плажа кај населеното место Лагадин, на брегот на Охридското езеро. Плажата ќе се гради на потегот од хотел „Два бисери“ кон југ, во должина од 500 метри. Градежните активности ќе се одвиваат период од четири месеци, така што се очекува проектот да заврши најдоцна до средината на октомври годинава. Од буџетот на Република Македонија за овој проект ќе се потрошат 73.499.958 денари, односно 1,2 милиони евра. Скопската фирма „Астрекс“ веќе ги изготви идејното решение и основниот проект. Плажа е замислено да има два шанка, два објекти со тоалети, тушеви и гардероби, сервисен пункт, простор за сместување на лежалки и чадори, детски игралишта, две платформи за вода, два мола за прифаќање на чамци, педалини и други пловни објекти. Целокупниот простор ќе добие зелена површина, но и спортски терени за фудбал и одбојка на песок. Во водите на Охридското езеро ќе се навлезе со изведба на две дрвени платформи, додека на крајбрежјето е замислено да се засадат палми. http://www.build.mk/?p=44879 |
|
fichot
Senior Member Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
Quote Reply #17 Posted: 16-Jun-2015 at 20:32 |
„Градежните активности ќе се одвиваат период од четири месеци, така што се очекува проектот да заврши најдоцна до средината на октомври годинава“
Во среде летна сезона ваков зафат? Мозок имаат ли овие?! Edited by fichot - 16-Jun-2015 at 20:32 |
|
nenad
Senior Member Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 740 |
Quote Reply #18 Posted: 17-Jun-2015 at 17:56 |
Би го замолил министерството и премиерот (ако го чита овој форум) да не ја градат таа монструозна плажа во Лагадин, и да имаат респект кон природата и историјата на овој крај.
Навистина доста штети направија до сега со својот неолиберализам и алчност. доста е веќе. |
|
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #19 Posted: 20-Jun-2015 at 02:02 |
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
jyvation
Senior Member Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
Quote Reply #20 Posted: 15-Jul-2015 at 15:51 |
Отворена „Библиотека на плажа“ во Дојран
Денес и официјално е отворена првата „Библиотека на плажа“ со настан на кој градоначалникот на Општина Дојран, Борче Стамов, го поздравил овој проект и соопштил дека сите љубители на пишаниот збор ќе може бесплатно да уживаат со читање книга на Градската плажа во Дојран. „Чест ми е што на Градската плажа во Дојран се отвора првата ’Библиотека на плажа‘. Покрај многуте културни случувања ова лето во Дојран, покрај инвестирањето во плажите и подобрувањето на сместувачките капацитети, ова е само чекор до целта, а тоа е во Дојран секој да ужива и одмора онака како што сака. На ваков начин Општина Дојран придонесува за развојот на културата, зголемување на процентот на читатели и дава една поинаква димензија на одмор и уживање на плажа“, изјавил градоначалникот на Општина Дојран, Борче Стамов. Меѓу насловите на полиците на библиотеката ќе бидат најчитаната книга за ова лето „Сеќавање на љубовта“, македонската најпродавана млада авторка Верче Карафилоска и книгата „Бездомникот со златен часовник“, како и мегапопуларните „Рингишпил“, „Шепнувачот“, „Кругот на животот“, „Полноќна роза“, како дел од насловите кои ќе можат да се читаат на Градската плажа во Дојран. По овој проект, Општина Дојран ќе продолжи со плановите и идеите, а тоа е изнајмување на велосипеди, ново брендирање на Општина Дојран и ново туристичко лого, пешачка патека што ги спојува двата Дојрана и богата културно уметничка програма. http://www.porta3.mk/otvorena-biblioteka-na-plazha-vo-dojran/ |
|
Post Reply | Page 123 4> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |