build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Свети Три светители, населба Мичурин

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 11>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Свети Три светители, населба Мичурин
    Posted: 24-Nov-2014 at 15:05
МПЦ и мичуринци ќе градат нова црква – Св. Василиј

Св. Василиј е името на новата црква што ќе се гради во скопската населба Мичурин. Во четврток наредната недела, 4 декември, точно напладне ќе биде поставен камен-темелникот на новиот православен храм. Православната црква ќе биде изградена од страна на МПЦ и самите мичуринци.












republika.mk
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 24-Nov-2014 at 15:31
Нас у Аеродром не ни требаат реновирани улици и паркинзи, нови игралишта, тротоари и зеленило, се што ни треба се цркви, пошто на жителите од Мичурин најблиската црква им е чак 600-700 метри оддалечена. Само напред Аеродром, полека но сигурно стануваме православна енклава. Ќе ни треба тоа утре за да се молиме за општината и во она во што се претвори.
23ka.wordpress.com
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 24-Nov-2014 at 15:55
Па не гледам дека ја гради општината Аеродром црквава.
Што да кажеме ние од Карпош што сеуште немаме црква во општината со децении.Јас сум сигурен дека сме единствена општина во Македонија без храм, не рачунајќи ги тие на горно Нерези бидејќи тие се физички предалеку.

Edited by jyvation - 24-Nov-2014 at 15:55
Back to Top
damjan4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Sep-2010
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 358
  Quote damjan4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 24-Nov-2014 at 16:01
Позитивна страна е што барем ќе се среди тој простор што моментално е буниште во кое живеат цигани, а е првата слика за Аеродром/Скопје/Македонија кога излегуваш од Автобуската Станица. Црква и не е така лош избор за оваа локација, освен паркче не ми текнува нешто друго за пречек на туристи, ама и така сигурно хортикултурата ќе биде доволно застапена... негативно е што одма од карши има коцкарница. Генерално го поздравувам проектот
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 24-Nov-2014 at 17:12
Црквата е преубава личи на Свети Константин и Царица елена црквата која де гради во Центарот на Скопје. За Карпош немам коментар навистина. Таму најдобро е да се изгради една ама огромна црква.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 655
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 24-Nov-2014 at 18:12
Originally posted by jyvation

Па не гледам дека ја гради општината Аеродром црквава.
Што да кажеме ние од Карпош што сеуште немаме црква во општината со децении.Јас сум сигурен дека сме единствена општина во Македонија без храм, не рачунајќи ги тие на горно Нерези бидејќи тие се физички предалеку.


Па додека Аеродром станува православна енклава, Карпош останува комунистичка енклава И најбитното, барем има две џамии, црква не треба.

Edited by ehrlich - 24-Nov-2014 at 18:12
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 24-Nov-2014 at 18:45
Тука на местово на црквава што ја планираат како добро би дошла една кула...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2395
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 24-Nov-2014 at 19:37
Originally posted by jyvation

Па не гледам дека ја гради општината Аеродром црквава.
Што да кажеме ние од Карпош што сеуште немаме црква во општината со децении.Јас сум сигурен дека сме единствена општина во Македонија без храм, не рачунајќи ги тие на горно Нерези бидејќи тие се физички предалеку.



Има црква и во Долно Нерези.

На различни делови од Карпош им се во близина Соборниот храм, црквата во ЃП и црквата под Водно Св. Јован или како и да беше. Реално само на тие на средина од општината би можела да им недостига црква.


Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 24-Nov-2014 at 20:00
За нив мислев и јас само вака на памет не ми текнува ниту една Локација за некој инпозантен објект. Едно од ептен добрите места за некој огромен соборен храм е плоштадот Далфина. А вака по централно не ми текнува на некоја локација каде што црквата би го доминирала просторот.
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 405
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 24-Nov-2014 at 20:09
Originally posted by N23

Нас у Аеродром не ни требаат реновирани улици и паркинзи, нови игралишта, тротоари и зеленило, се што ни треба се цркви, пошто на жителите од Мичурин најблиската црква им е чак 600-700 метри оддалечена. Само напред Аеродром, полека но сигурно стануваме православна енклава. Ќе ни треба тоа утре за да се молиме за општината и во она во што се претвори.

Да ја тргнеме дебатата дали некој е религиозен или е атеист, дали подржува веронаука или наука, зачестеното градење на цркви и манастири е само резултат на големата морална и демографска криза што се случува кај Македонците, а и другите Православни христијани во Македонија( Србите, Црногорците, Бугарите, Власите). Со скоро 40% немакедонско и нехристијанско население во Македонија нормално е дека ќе почне со борба и обележување на територија. Природен процес.

Што се однесува до инфраструктурата, парковите, зеленилото општина Аеродром доби и премногу. Не бидете себични. За разлика од повеќето скопски општини другите општини во Македонија сеуште ги лажат со едно кошаркарско игралиште и евтин асфалт од 2 км и тоа помпезно им се најавува како “голем“ инфраструктурен потфат.

Во Скопје на секоја 4-та зграда гледаш скелиња за реновирање на фасадата и предворјето во Центар и околните населби коишто гравитираат околу Центарот додека Кратово на пример едвај доби реставрација на 3 дуќани.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11558
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 24-Nov-2014 at 21:45
Originally posted by kultuzin

За нив мислев и јас само вака на памет не ми текнува ниту една Локација за некој инпозантен објект. Едно од ептен добрите места за некој огромен соборен храм е плоштадот Далфина. А вака по централно не ми текнува на некоја локација каде што црквата би го доминирала просторот.


Како локација за некој поимпозантен храм во општина Карпош би го издвоил празниот простор кај салата Борис Трајковски, баш на аголот. Тука храмот ем ќе биде видлив од сите страни, ем ќе биде лесно достапен, т.е. ќе биде лесно пристапен, ем ќе служи за молење пред секој натпревар Но искрено, повеќе би сакал таму да видам некоја модерна зграда (административна, станбена, деловна, трговски центар, сеедно).

А за предлогот за црква во Мичурин ќе кажам дека визуелно многу потсетува на црквата Свети Константин и Елена што се гради во Центар, како што веќе спомна некој од членовите на форумов... Можно е да е проектирана од истата фирма.

Edited by Џоле - 24-Nov-2014 at 21:47
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7068
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 25-Nov-2014 at 00:05
1. Општината не ги гради црквите, ама затоа издава дозволи за нивна градба и се фали по нејзините медиуми со нив како неверојатни проекти... општината треба да одлучува каде ќе бидат лоцирани религиозните објекти и со колкава големина и важност ќе бидат... ова е проблем на урбанистите, не на МПЦ
2. Просторот на кој ќе се гради црквата (според рендеров, а чим има таков рендер значи таму е и маркицата), не е циганското буниште како што вика damjan4o, туку на самата раскрсница на К.Ј. Питу... буништето се наоѓа кај коцката што на рендеров е до црквата, каде има руиниран напуштен објект кој треба да се сруши, затоа што не само што не изгледа убаво, туку е и опасност... а факт е дека ако се изгради црквата, нема да го средат тој простор, кога веќе не го средиле до сега
3. Според мене, урбанистички и математички идеално би било во секоја општина да има по еден соборен храм со соодветна големина... и има уште една работа, сигурен сум дека граѓаните на градов не одат во најблиската црква, туку онаму каде што најмногу им одговара, или каде што имаат некоја традиција... па затоа не е добро да се гради црква според број на население или број на цркви, туку според потребите на населението... за ова треба самата МПЦ да има добар близок контакт со своите верници, нешто што кај нас не постои
...и џабе што го дискутирам ова, кога кај нас религиозни објекти се градат поради причините кои ги наведе Kid_A, и мене ми е срам што живеам во такво општество
4. Доста веќе со тие дискусии како некој бил привилегиран, а некој бил напатен... како прво, Аеродром е мизерна општина, само кога ја споредуваш со уште помизерна општина, номално дека ќе изгледа супер... како второ, се работи за општини, тука нема дискусија за тоа како се инвестирало во Кратово, затоа што ова се општини и си имаат свои посебни градоначалници и совети

Конкретно за црквава:
1. Многу незгодна локација за црква како прво, тука можеа да изградат било што, ама црква тешко... како второ, она што го кажа N23 погоре, едноставно доста ни е од безвезно лупање на цркви/параклиси насекаде низ Аеродром... да беше Св. Илија со соодветни димензии, само тоа ќе беше доволно, ова веќе е надвор од контрола
2. Стилот на црквата, не знам колку забележа некој, е многу близок на романескниот стил, стил кој ем го има во цела Европа, ем влече корени од кај нас... каде одам со оваа поента? ...Ск2014 ќе беше многу подобро доколку влечеше инспирација од него, барем ќе можеше да се потпре на аргументот дека има врска со нашата култура и историја
од сите работи, кај црквава ми се допаѓа единствено стилот на фасадата
...НО... црквава е со потполно исти димензии и геометрија како онаа кај паркот Авионче... не треба барем црквиве да ги ставаме на копир, со тоа ќе го достигнеме последното дно
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 405
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 25-Nov-2014 at 00:57
@zabegan
Нема што да ти е срам во какво општество живееш. Тоа е нормален природен процес на селекција и борба за територија. Секаде е така. Македонскиот народ е ставен на тапет на морално и демографско преживување, па затоа и се прават повеќе цркви, манастири за да народот повеќе се доближи до црквата отколку до кафаната и техно журките. Ниту јас не сум за градење верски објекти на секој агол, но таква ни е политичката ситуација.

Да, секој град има свој градоначалник, совети, буџет и останато, но смешно е да се споредува колку државата вложува во Скопје отколку во останатите општини. Не е до желбата и знаењето на градоначалниците, туку до тоа колку државата помага со средства.

По мој вкус Аеродром е супер населба, не мора секогаш да проработи тој македонски синдром “експерти и негатори за се“.

Најголема грешка е тоа што после втората светска војна Македонците не си градеа типични македонски традиционални куќи зачинети со нешто модерно, туку безлични комунистички грдотии. Староградските куќи во Охрид, Крушево, Битола, Прилеп, Кратово и други градови изгледаат далеку поубаво отколку комунистичките грдотии.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7068
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 25-Nov-2014 at 02:28
Originally posted by Kid_A

@zabegan
Нема што да ти е срам во какво општество живееш. Тоа е нормален природен процес на селекција и борба за територија. Секаде е така. Македонскиот народ е ставен на тапет на морално и демографско преживување, па затоа и се прават повеќе цркви, манастири за да народот повеќе се доближи до црквата отколку до кафаната и техно журките. Ниту јас не сум за градење верски објекти на секој агол, но таква ни е политичката ситуација.

Да, секој град има свој градоначалник, совети, буџет и останато, но смешно е да се споредува колку државата вложува во Скопје отколку во останатите општини. Не е до желбата и знаењето на градоначалниците, туку до тоа колку државата помага со средства.

По мој вкус Аеродром е супер населба, не мора секогаш да проработи тој македонски синдром “експерти и негатори за се“.

Најголема грешка е тоа што после втората светска војна Македонците не си градеа типични македонски традиционални куќи зачинети со нешто модерно, туку безлични комунистички грдотии. Староградските куќи во Охрид, Крушево, Битола, Прилеп, Кратово и други градови изгледаат далеку поубаво отколку комунистичките грдотии.
каков нормален природен процес жити све? што сме ние, животни?
се работи за манипулација со имот и дебело профитирање од тоа, од страна на двете големи религиозни заедници во земјава, и од страна на државата... криминал и зделки очи во очи, кој лежи мирно на грбот на проста раја чиј максимален капацитет на размислување и основна преокупација, се националистички глупости
дури и ако на некој му беше дојдено до тоа да си ги мериме силите и да одбележуваме територија, има и многу други начини за тоа наместо да има по 500 сакрални објекти на километар квадратен

коментарите за тоа како во Скопје бил вложен сиот државен капитал ми се одбивни... тоа го имам поопширно опфатено во нишката за загадување на воздухот, ме мрзи пак да го повторувам
Аеродром не е супер општина, затоа што за општина од 21-ви век, уште е заглавена во осумдесет и некоја... се што постои во населбата е руинирано, нема соодветно осветлување, нема скротување на зеленилото, нема прегледни и рамни улици, нема уредни и непречени пешачки патеки, секоја сезона има проблем со дивиот свет, доста е загаден, има проблем со паркирањето, со безбедноста, со вандализмот... а градот исто така не мрда со прст да реши некои негови инфраструктурни проблеми кои го засегаат и Аеродром кој треба да биде дел од нив
ама нормално ако го споредиш Аеродром со бразилска фавела на пример, дека ќе биде супер...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 405
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 25-Nov-2014 at 05:07
Национализмот не е глупост, туку природен процес на селекција, потреба за групирање со најблиските, основна клетка на функционирање. Дечко, забораваш дека и човекот е животно. Барем доволно читам и знам биологија. Баш ме интересира како Париз, Лондон, Берлин ќе изгледаат после 50 години кога имигранти ќе си формираат нивна територија и услови за живот. Ние сме на поголем тапет ставени, затоа што немаме механизам и услови да се справиме со тоа за разлика од нив, но само кај нив тој процес се одовлекува.

Само затоа што имаш интернет и можност да пишуваш тоа не значи дека имаш право да пишуваш што сакаш. Македонија пред се не е економски, социјално и образовно богата како остатокот од развиена Европа, Северна Америка, Австралија и Нов зеланд за да се споредуваме со нив. Нешто што пуштало канцер со години и години, некој што не водел воопшто грижа кон нешто ти очекуваш дека за 4 години ќе биде исправено и се да функционира како што треба? Како прво, кај нас менталитетот и културата треба на цел народ да се менува за да функционира подобро, а не само властите. Тие дивоградби, ѓубре, лошо паркирани автомобили, запуштени згради, уништени паркови, школи не го направил Никола Груевски, туку луѓето што живеат таму и нивната некултура. Кај нас до пред 7-8 години немаше никакво градење, реновирање, преуредување, туку сеење комунистички бајки и живеење на сон дека Југославија повторно ќе не храни. Македонија со децении е урбанистички уништувана. Земи еден авион и види одозгора кој град е урбанистички испланиран и изграден. Се е дивоградба. Многу европски градови уште пред 5 века имале подобар план за градење отколку ние, но таков ни е менталитетот и табиетот на овој народ. Не можеш против тоа. Се дур имаме ниска јавна свест кон општите добра ќе тапкаме во место.

Дали ти се одбивни или не коментарите дека сиот државен капитал се вложува во Скопје не го менува фактот дека е така. Таквата политика само носи негативни страни.

Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2395
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 25-Nov-2014 at 07:20
Originally posted by Џоле

Originally posted by kultuzin

За нив мислев и јас само вака на памет не ми текнува ниту една Локација за некој инпозантен објект. Едно од ептен добрите места за некој огромен соборен храм е плоштадот Далфина. А вака по централно не ми текнува на некоја локација каде што црквата би го доминирала просторот.


Како локација за некој поимпозантен храм во општина Карпош би го издвоил празниот простор кај салата Борис Трајковски, баш на аголот. Тука храмот ем ќе биде видлив од сите страни, ем ќе биде лесно достапен, т.е. ќе биде лесно пристапен, ем ќе служи за молење пред секој натпревар Но искрено, повеќе би сакал таму да видам некоја модерна зграда (административна, станбена, деловна, трговски центар, сеедно).



Добра централна локација во Карпош би била кај бараките до ГУЦ, спроти бензинската.

Патем, само Карпош ли нема црква? Кисела вода? Освен св. Петка (која е доста малечка) не знам за некоја друга, барем во густо населениот урбан дел (Пинтија, Припор и сл. не ги рачунам).
Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 25-Nov-2014 at 11:32
Originally posted by fichot

Originally posted by Џоле

Originally posted by kultuzin

За нив мислев и јас само вака на памет не ми текнува ниту една Локација за некој инпозантен објект. Едно од ептен добрите места за некој огромен соборен храм е плоштадот Далфина. А вака по централно не ми текнува на некоја локација каде што црквата би го доминирала просторот.


Како локација за некој поимпозантен храм во општина Карпош би го издвоил празниот простор кај салата Борис Трајковски, баш на аголот. Тука храмот ем ќе биде видлив од сите страни, ем ќе биде лесно достапен, т.е. ќе биде лесно пристапен, ем ќе служи за молење пред секој натпревар Но искрено, повеќе би сакал таму да видам некоја модерна зграда (административна, станбена, деловна, трговски центар, сеедно).



Добра централна локација во Карпош би била кај бараките до ГУЦ, спроти бензинската.

Патем, само Карпош ли нема црква? Кисела вода? Освен св. Петка (која е доста малечка) не знам за некоја друга, барем во густо населениот урбан дел (Пинтија, Припор и сл. не ги рачунам).


Иако е блиску до Капиштец, па дури и така се рачуна, сепак Карпош има црква, "Св. Јован" во Козле.
Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 25-Nov-2014 at 13:33
На територијата на Општина Карпош има вкупно 4 православни цркви, 2 џамии и 2 останати цркви (на некој религии, секти)...
...Во следната година и дефинитивно ќе се знае каде точно во општината Карпош ќе се гради црква. Овие локации се како најверојатни Влае и Карпош 3/4 позади Сити Мол. Иначе на територијата на Карпош следната година најверојатно ќе се даде и дозвола и за другата (вкупно третата) џамија во Нерези.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 25-Nov-2014 at 13:40
Демографија[уреди]
- Национална структура

- Македонци 52,943 ( 88, 52 %)

- Срби 2195 ( 3, 67 %)

- Албанци 1952 ( 3, 26 %)

- Роми 615 ( 1.03 %)

- Власи 403 ( 0.68 %)

- Турци 334 ( 0,56 %)

- Др. 1364 ( 2,28 %)

Значи на 8 до 9% муслимани имаме 3 џамии а на 91 до 92% христијани 5 црквички. Насилната и вештачка муслиманизација на територијата на Македонија ви е пред очи веќе неколку децении. Се градат џамии без усул со минарија од 50 метри без никакви градежни дозволи, секојдневно се прекршува законот за бучавост. Во градови како Струмица се изградија џамии кои се најдоминантни во градовите. А ние овде полемизираме дали требало да се изгради црква во Аеродром или во Карпош. Ова се вика при очи слеп.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 25-Nov-2014 at 14:29
@martind од каде овие информации за црквата и џамијата? Немора и тука може и по ПП.

Edited by jyvation - 25-Nov-2014 at 14:29
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 11>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.