build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Образовни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Комплекс факултети на УКИМ

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Petar Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Sep-2014
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Petar Skopje Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 21-Dec-2015 at 19:33
Логиката е надмината работа. Тука се пари во прашање.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3805
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 21-Dec-2015 at 22:43
Originally posted by alexsend

4 години студирав таму, место за паркинг нема. На тоа додај хаос од 10.000+ студенти. А сега додај уште 2.000 и сигурно уште 300 автомобили.
Не мора се да биде на куп во центар! Отворете GoogleEarth и видете колкаво е Скопје, има место на претек. А факултет за фискултура не е пологично да биде опкружено со парк, терени, сали...


А зошто има толку автомобили не ми е јасно стварно.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1437
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 22-Dec-2015 at 19:38
Затоа што на голем дел од младите животна желба им е да имаат автомобил па штом наполнат 18 купуваат. Ама не е проблем тоа. Проблем е што во непосредна близина на најоптоварените раскрсници во градот се додаваат нови објекти кои генерираат сообраќај: административни згради/министерства, факултети... Но тоа е зошто немаме сериозна студија за развој на сообраќај па се гради кај се најде празен простор. А простор во Скопската котлина има на претек.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 301
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 22-Dec-2015 at 19:40
http://kajgana.com/vaka-kje-izgleda-noviot-univerzitet-vo-shvedska

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7006
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 23-Dec-2015 at 01:35
Originally posted by FT

http://kajgana.com/vaka-kje-izgleda-noviot-univerzitet-vo-shvedska

холот на објектов ме потсеќа на музеј на Македонија во Скопје
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2369
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 23-Dec-2015 at 02:31
Originally posted by FT

http://kajgana.com/vaka-kje-izgleda-noviot-univerzitet-vo-shvedska




Остај. Не знат шо е убаво.
Back to Top
Petar Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Sep-2014
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Petar Skopje Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 23-Dec-2015 at 08:29
Originally posted by FT

http://kajgana.com/vaka-kje-izgleda-noviot-univerzitet-vo-shvedska


Фантастично.
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 503
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 23-Dec-2015 at 23:50
За вкусови не се расправа, ама мене ова не ми се допаѓа.

Ваков стакларник во Македонија не може да функционира на +50 степени Целзиусови.

Можеби просторот е добро организирани, практичен и мотивирачки за студентите, ама ако е различен од барок не мора да значи дека е добар..
Од чаламот си патиме!
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2369
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 24-Dec-2015 at 00:14
Затоа може да функционира на -50 во Шведска?
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7006
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 24-Dec-2015 at 01:07
Originally posted by Bojan10

За вкусови не се расправа, ама мене ова не ми се допаѓа.

Ваков стакларник во Македонија не може да функционира на +50 степени Целзиусови.

Можеби просторот е добро организирани, практичен и мотивирачки за студентите, ама ако е различен од барок не мора да значи дека е добар..
ако пресметуваме што е најдобро за климата во македонија во поглед на материјали, тогаш комиблок е решението
за нас само цигла и малтер... други материјали никако
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10876
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 06-Jan-2016 at 12:55
Академик Марко Мушич: Никој ме нема известено за двата нови факултети во кампусот на УКИМ

Во функција на добивање сеопфатни и детални информации во однос на изградбата на двете „барокни“ згради во кампусот на скопскиот Универзитет „Св.Кирил и Методиј“, редакцијата на „Билд“ стапи во контакт со словенечкиот архитект и академик Марко Мушич, автор на изворното идејно решение за Универзитетскиот кампус изграден во 1974 година. Одговорите на поставените прашања ги објавуваме интегрално, со превод на македонски јазик:


Две нови згради ќе бидат лоцирани во постоечкиот парк пред зградата на Ректоратот во кампусот на УКИМ. Кое е вашето лично мислење во однос на проектот со кој се градат два нови објекти во Универзитетскиот центар во Скопје?

#Во просторот што го наведувате како локација за новите факултетски згради, значи во просторот на западната страна на ректоратот (која гледа кон центарот на градот), во првонаградениот проект и во сите фази на проектирање се предвидени програми и објекти за студентски културен центар. Тоа се Aula Magna, голема универзална повеќенаменска дворана за сите видови на приредби, помали сали, сали за музички, драмски, експериментални и други активности, изложбени простори за ликовно творештво, дизајн итн., како и сите неопходни пропратни простории за подготовка и изведба на програмата и за посетителите на тоа Универзитетско културно средиште.

Тоа се програми, односно згради, воглавно лоцирани на јужната страна на централниот, квадратно оформен Академски плоштад. Плоштадот на западната страна започнува од старата бања како објект од културното наследство, а на источната страна завршува со зградата на Ректоратот. На северната страна на Академскиот плоштад се наоѓаат дополнителни програми и објекти за друштвени и пропратни содржини, кои на студентите и вработените од образовните институции во Универзитетскиот комплекс им овозможуваат сè што е потребно за пријатен живот и работа; значи програми кои на академските аспекти на образованието, воспитанието и научната работа им ја додаваат својата вредност и цена.

Треба секако да се нагласи дека сите сегменти од програмата во контекст на Академскиот плоштад се воедно наменети и отворени кон градот. Поради тоа, Академскиот плоштад со јавните програми за култура, разонода, творештво, итн. е лоциран помеѓу центарот на градот и внатрешниот комплекс на кампусот со Филозофскиот, Економскиот и Правниот факултет. Овие факултети (и нивните придружни програми) се распоредени околу Агората, универзитетскиот плоштад. Објектот на Ректоратот, кој слично на портал е издигнат над главната променада, надолжна оска, претставува премин од градот и јавните содржини на Академскиот плоштад (на западната страна од Ректоратот) во клаузурата на комплексот факултети, придружните институти и итн., кои се распоредени околу универзитетскиот плоштад (Агора) и изградени на источната страна на Ректоратот.

Од сето ова е јасно дека лоцирањето на наставни содржини предвидени во внатрешниот комплекс на Универзитетскиот кампус (значи на источната страна на Ректоратот) и во влезното подрачје на Академскиот плоштад (на западната страна на Ректоратот, односно кон центарот на градот), предвиден за јавни културни и пропратни содржини, е несфатливо за мене како што е и неприфатливо за почитувањето на основниот концепт на Универзитетскиот центар „Св. Кирил и Методиј“.

Низ долгиот професионален пат по кој поминав, сè повеќе сум уверен дека е најважно да се почитуваат основните концепти на големите комплексни, испреплетени и комплицирани целини. Тоа е она што е потребно да се почитува во сите фази низ времето. Тоа се потпорните точки кои обезбедуваат чистина во мислата, идејата и концептот, и единствено ја гарантираат смислата и успехот на сите понатамошни идни визии, интервенции и реализации. Ако се наруши основниот концепт, се распаѓа смислата, квалитетот, вредноста, употребливоста и јасноста на целовитиот организам.

Жал ми е што одговорните лица никогаш не сметале за корисно, па дури и за потребно, да ме исконтактираат и консултираат како оригинален автор на комплексот и поединечните згради. Не толку поради мене лично, и цивилизираниот, етички и коректен однос во однос на моето дело и трудот на бројните одлични тимови и поединци со кои сме го конципирале и реализирале Универзитетскиот комплекс. Жал ми е првенствено поради сите оние што во тој комплекс се посветуваат на врвна научна и креативна работа, како и на хуманите и хуманистичките цели на академско образование. Со таквите, по мое мислење, непромислени и воедно арогантни активности, се уништува не само тоа што било направено и што постои. Се уништуваат сите јасни и отворени можности за иднината, која сè уште претставува значаен, пресуден фактор во просторното и архитектонското планирање и проектирање.

2. Дали некој ве исконтактира од македонското Министерство за образование и наука или од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во врска со овој проект?

Во 2006 година добив барање за да се одрекнам од авторските права за Универзитетскиот центар во Скопје, и со тоа да дадам согласност за изградба на Италијанскиот медиа центар во позадината на Филозофскиот факултет, објект проектиран од друг архитект. На тоа барање одговорив со реакција дека не се одрекнувам од авторските права и не давам согласност за изведба по проектот на друг архитект. Официјално протестно писмо против таа постапка и барање што е против етичките и моралните кодекси и авторски права упати Претседателството на Словенечката академија на науките и уметностите (САНУ) до Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

На моја иницијатива, во 2006 година се состанав со тогашниот Ректор на скопскиот универзитет. Ректорот ми предложи да испратам писмо до сите декани на факултетите што се вклучени во Универзитетскиот центар, во кое ќе ја изразам мојата спремност за соработка при доградбата и обновата на тие објекти. Основна цел на разговорот беше почитувањето на моите авторски права и вклучување во процесите на подготовка, проектирање и изведба на идните згради во Универзитетскиот центар. Резултати од сите овие активности немаше. И покрај наведениот протест и непотпишаниот документ на авторот за согласноста со другиот проект, објектот беше изграден. Уште повеќе, дознав дека негов проектант е професор на Архитектонскиот факултет во Скопје.

3. Дали бевте вклучени на некое ниво од процесот на донесување одлуки, пред или за време на архитектонскиот Конкурс?

Како одговор на вашето прашање, нагласувам дека никој од одговорните лица, како од Министерството за образование и наука, така и од Универзитетот во Скопје, никогаш не ме исконтактирале во врска со актуелниот проект за изградба на идните факултети во подрачјето на Универзитетскиот центар во Скопје. За идната изградба во Универзитетскиот комплекс дознав од вашето писмо. Мојот единствен, за жал, неуспешен контакт со Ректорот и неговите соработници, кој беше остварен на моја иницијатива и со поткрепа од МАНУ, веќе го споменав. Од тогаш па сè до денес, а исто така и пред 2006 година, никој никогаш ме нема исконтактирано, ниту пак има побарано мислење и соработка како оригинален автор.

Мојот став е сосема идентичен со оној што веќе еднаш, на средбата по сопствена иницијатива, му го нагласив на Ректорот во 2006 година. Тоа значи дека би било нормално и етички, па дури поволно и корисно, да се вклучи изворниот автор во понатамошните процеси на уредување, проектирање и изградба, односно авторот на првонаградениот проект за урбанистичко и просторно решение и архитектура на изградените објекти.

Во ова и понатаму верувам. Не се работи за мојот личен интерес. Станува збор за многу позначајна тема. Станува збор за почитување на континуитетот и традицијата на просторното творештво, тема која е пресудна за идентитетот на еден народ, неговото наследство и култура. Тема која била присутна во сите епохи на минатото, и која воедно е уште позначајна во денешниот глобален свет. Во ситуација во која еден по друг се губат идентитетите на малите народи и средини. Следствено на ова, неопходно е идентитетот не само да се чува, туку и да се зацврстува. Само преку националниот идентитет може успешно да се спротивставите на интересите и намерите на другите народи и цивилизации, кои се засноваат на аргументите на моќта и големината.





Бојан Блажевски
bojan.blazevski@build.mk


http://www.build.mk/?p=47955

Edited by Cloverstack - 21-Apr-2016 at 21:32
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Online Status: Offline
Posts: 598
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 21-Apr-2016 at 18:52
Denes pominav ottuka,imaat iskopano golema dupka no nema nekoi poznacajni aktivnosti,izveduvac mislam e Beton Stip.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7006
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 08-Nov-2016 at 17:34
нешто што мислам дека не сме го регистрирале на форумов, од студио BMA... патем студиово има учествувано на голем дел од конкурсиве во Скопје, меѓу кои за Филхармонијата, Театар центар, Универзална сала, а и за објектот на ФИНКИ што го има малце поназад во нишкава

http://besianmehmeti.com/skopje-think-belt/

Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Online Status: Offline
Posts: 598
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 28-Dec-2016 at 17:31
Еве некоја постара фотка од октомври,инаку веќе се излезени над земја

Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3191
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 23-Sep-2017 at 20:43
Туѓото тело во кампусот на УКИМ премолчено и забрзано се гради. И за викенд има работници на терен, очигледно дека на некому му е важно да се завршат грдосииве што побрзо:







Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1149
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 24-Sep-2017 at 22:09
Овие се катстрофални, и сами по себе и како дел од околината. Мора што побрзо да се запре работата за штетата да биде помала. Просторот или да се пренамени во парк, или да се изградат мали зградички со архитектура слична на факултетот каде би биле сместени простории важни за комплексот факултети (библиотека, книжара, мал културен центар - амфитеатар, кино, театар) или да се изградат факултетите со изглед сличен на зградите од 1974. Доколку се градат на друго место (идеална локација е близу ПМФ), тогаш да имаат модерен изглед. Вака изгледа универзитетска зграда од 21 век:


https://dtmw9u23bb9ya.cloudfront.net/uploads/image/file/4350/R36_top_modern_uni_uk.jpg


http://www.greenroofs.com/projects/ntu_singapore/ntu_singapore2.jpg
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 53
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 24-Sep-2017 at 23:53
А ја мислам боље сите згради да се срушат и на нивно место да се подигне одново целиот комплекс, пошо реално тие згради што се изградени се едноставно ужасни и не соодветствуваат за универзитет, пошо како прво не ни можеш да се разминеш кога одиш низ голем број ходници на тие факултети, а толку голем е целиот простор...
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3191
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 25-Sep-2017 at 09:52
Originally posted by skopskodete

А ја мислам боље сите згради да се срушат и на нивно место да се подигне одново целиот комплекс, пошо реално тие згради што се изградени се едноставно ужасни и не соодветствуваат за универзитет, пошо како прво не ни можеш да се разминеш кога одиш низ голем број ходници на тие факултети, а толку голем е целиот простор...


Причината зошто не можеш да се разминеш е гужвата пред кабинети и ништо повеќе од тоа. Барем јас можам да го кажам од моето искуство со кампусот на УКИМ. Е сега, причина за тоа е што професорите си ги пишуваат оценките и држат испити во кабинетите, а не во амфитеатри и предавални. Не се согласувам.

Идејата за тоа како е распореден внатрешниот простор на факултетите од архитет Мушич е сам по себе филозофија. Сакам да кажам, може да се напише цела книга за тоа.

Edited by BOJAN - 25-Sep-2017 at 09:52
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1149
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 25-Sep-2017 at 10:04
Се согласувам дека можеле малку подобро да го искористат просторот, особено природното осветлување внатре, но сепак делото на арх. Мушич е извонредно.

Дали некој ја има книгата „Univerzitetno središče v Skopju“ од Константиновски? За жал на интернет има само неколку скриншотови. Еве што најдов:

http://www.worldcat.org/title/univerzitetno-sredisce-v-skopju/oclc/966601356?ht=edition&referer=di


http://bvbr.bib-bvb.de:8991/exlibris/aleph/a22_1/apache_media/IC5GY1SF1FDKNA1RI57SQ9M566YH5P.pdf








http://www.ateljemarkomusic.si/univerzitetno_sredisce_v_skopju.html












http://www.ateljemarkomusic.si/p_skopje.html
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3191
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 25-Sep-2017 at 14:24
Ја има книгата за Универзитетскиот кампус, но проблем е скенирањето за да ја поставам на нет. Се надевам дека преку еден проект што допрва ќе следува ќе го надминеме и овој проблем.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.