build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Образовни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Комплекс факултети на УКИМ

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 234
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7004
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 25-Sep-2017 at 16:21

мене лично не ми се допаѓа кампусот... можеби има некоја голема архитектонска филозофија во него, ама освен импресивниот ентериер (како и најчесто во брутализмот) комплексот е премногу комплексен за окото на случаен минувач... затоа толку голем број на луѓе имаат одбивност кон него
...повеќе личи на научен експеримент, отколку на сериозен функционален објект

згора на тоа, па и проблеми во изолација, па мораа онака шалабајзерски да шлапнат лим врз сето тоа
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 52
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 25-Sep-2017 at 16:27
Originally posted by BOJAN

Originally posted by skopskodete

А ја мислам боље сите згради да се срушат и на нивно место да се подигне одново целиот комплекс, пошо реално тие згради што се изградени се едноставно ужасни и не соодветствуваат за универзитет, пошо како прво не ни можеш да се разминеш кога одиш низ голем број ходници на тие факултети, а толку голем е целиот простор...


Причината зошто не можеш да се разминеш е гужвата пред кабинети и ништо повеќе од тоа. Барем јас можам да го кажам од моето искуство со кампусот на УКИМ. Е сега, причина за тоа е што професорите си ги пишуваат оценките и држат испити во кабинетите, а не во амфитеатри и предавални. Не се согласувам.

Идејата за тоа како е распореден внатрешниот простор на факултетите од архитет Мушич е сам по себе филозофија. Сакам да кажам, може да се напише цела книга за тоа.

Тоа што внатрешниот простор е сам по себе филозофија, и тоа што може цела книга да се напише за тоа, во ниту еден случај не го оправдува тотално нерационалното користење на просторот.
Професори се движат, студенти се движат, се држат предавања, голем дел од времето многу луѓе поминуваат таму итн. Тоа е универзитет, и затоа треба просторот да биде рационално искористен со цел да има непречено движење на сите, а не да се прават филозофии и да се пишуваат книги за објектот.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10875
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 25-Sep-2017 at 16:54
Можеби концептот е добар на стариот комплекс, но времето и зголемениот број студенти и професри веќе го надживеале. Сепак, не мора да значи дека некаква самонаречена неокласична зграда ќе биде подобар избор ако не се посвети внимание токму на проблемот со капацитетите и распоредот на просториите во новата зграда. Сметам дека некое современо решение (и екстериер и ентериер) би биле вистинскиот одговор за ова наше, сегашно време.
За сè има вторпат
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3191
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 25-Sep-2017 at 18:19
Архитектонското решение на Марко Мушич никогаш не е довршено во реалноста. На исток и на запад биле предвидени дополнителен број на објекти, а да не заборавиме дека Филозофскиот и Филолошкиот факултет по еден природен пат на еволуција требало да се одвојат просторно до денешен ден. Да не набројувам многу лудории за кои не е крив самиот автор. На пример, во архитектонското решение била предвидена климатизација, но нашите власти никогаш не ја реализирале!
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3191
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 25-Sep-2017 at 18:22
Во однос на самиот простор, централниот коридор (отворениот амфитеатар) на сите три факултети е наменет за студентите и професорите. Предвидени биле предавања на отворено, Мушич ја презема идејата од античка Грција. Централниот плоштад околу трите згради е наменет за одржување на разни настани. Тоа што не е искористена неговата идеја е резултат на некреативноста на самите студенти и професори. Ако се сетам што се направија Студентски пленум пред неколку години на овие локации од настани...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 234

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.047 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.