build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Образовни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Комплекс факултети на УКИМ

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 9>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 17-Dec-2014 at 10:15
Обзнанета комисијата што го избра дизајнот на двете нови згради во кампусот на УКИМ

Просторот на кој ќе се градат новите факултети Медиумите ги открија членовите на жири – комисијата којашто го избра дизајнот на двете нови згради што ќе се градат во комплексот факултети на УКИМ – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје. Според пишувањето на информативниот веб – портал „Плусинфо“, доставените идејни решенија на архитектите се вреднувани од жири – комисија формирана од Министерството за образование и наука, во состав: Александар Јанакиевски, раководител на секторот за урбанизам во Град Скопје; Вујица Живковиќ, декан на Факултетот за физичка култура при УКИМ; Кристина Радевски, вработена во општина Охрид; Наташа Хаџи Лега, поранешна директорка на Директоратот за технолошко индустриски развојни зони и Милош Стокуќа.

Заедно со министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми, оваа жири – комисија досега не излегла пред македонската јавност за да ја презентира одлуката за избор на најуспешните архитектонски трудови, што претставува вообичаена пракса при распишувањето на архитектонски Конкурси. Колку за споредба, Министерството за култура пред една година јавно излезе и ги обелодени резултатите од Конкурсот за избор на идејно решение за новиот објект на Универзална сала, заедно со образложение за одбраниот најуспешен архитектонски труд. Покрај тоа што не го следат овој позитивен пример од работењето на самата влада, од Министерството за образование и наука не излегуваат ниту со визуелно прикажување на најуспешните идејни решенија за двете нови зданија во рамки на кампусот на УКИМ.

Идејните решенија на авторот Жарко Чаушевски се избрани како најуспешни архитектонски трудови за планираните објекти во кои треба да се сместат два факултети од Скопскиот универзитет „Свети Кирил и Методиј“. Овој архитект со своите неокласицистички и барокни концепти за центарот на Скопје досега победи на неколку архитектонски Конкурси, меѓу кој е и оној за промена на фасадата и надградба на Градскиот трговски центар (ГТЦ). Надворешниот изглед на сите овие зданија е во согласност со преферираните архитектонски правци од владиниот проект „Скопје 2014“.

Најголемото прашање што се поставува од публикуваните резултати е дали се планира „барокизација“ и на комплексот факултети на УКИМ, изворно авторско дело на реномираниот словенечки архитект Марко Мушич. Овој познат интелектуалец во моментов ја врши функцијата претседател на Словенечката академија на науките и уметностите. Засега никој не ја информира македонската јавност дали воопшто е консултиран словенечкиот архитект при изборот на најдобрите архитектонски трудови за двата нови објекти во рамките на комплексот факултети на УКИМ.

http://www.build.mk/?p=41776
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4075
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 06-Feb-2015 at 14:33
Ova bi bilo odlicnooo!! Prezemeno od design.mk
Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 06-Feb-2015 at 17:07
1. За ФИНКИ и навистина одговара ваков објект
2. Локацијата, тотално промашување
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4075
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 06-Feb-2015 at 19:37
Jas bi rekol da se renovira fakultetot i da se sredi okolonata isto kako noviot objekt i se kje bide super. Inace renderot mnohu mi se dopagja a lokacijata e dobra, vakov objekt mora da im padne na sekoj skopjanec vo oci.
Mnogu se nadevam deka studentite i site drugi khe bidat protiv barok i vladata kje se odluci za vakov objekt.
90% ne e ralisticno da se sluci ova ama ne se zne.
Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 06-Feb-2015 at 20:12
Локацијата е и тоа како промашена.
Зошто?
Еднсотавно, и сега има големи сообраќајни гужви, гужви во автобуси... Замисли како би било кога би се изградиле и нови два факултети со 1500 студенти, со 500 вработени ...
И додека секаде во светот се врши децентрализација низ градовите, кај нас имаме централизација...
Back to Top
Z|evzek View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote Z|evzek Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 07-Feb-2015 at 02:19
Originally posted by martind

Локацијата е и тоа како промашена.
Зошто?
Еднсотавно, и сега има големи сообраќајни гужви, гужви во автобуси... Замисли како би било кога би се изградиле и нови два факултети со 1500 студенти, со 500 вработени ...
И додека секаде во светот се врши децентрализација низ градовите, кај нас имаме централизација...
Другар УКИМ на времето не бил планиран за цела држава да ја прими. Децентрализација е најиздржано решение за факултетите.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 07-Feb-2015 at 11:50
Чекајте бе луѓе, првин да видиме што издизајнирал Чаушевски со архитектите од булевар Илинден. Убаво што ние си коментираме овде, ама се знае во кој кабинет, на која врата треба да чукнеме по ова прашање
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 07-Feb-2015 at 21:41
Originally posted by Z|evzek

Originally posted by martind

Локацијата е и тоа како промашена.
Зошто?
Еднсотавно, и сега има големи сообраќајни гужви, гужви во автобуси... Замисли како би било кога би се изградиле и нови два факултети со 1500 студенти, со 500 вработени ...
И додека секаде во светот се врши децентрализација низ градовите, кај нас имаме централизација...
Другар УКИМ на времето не бил планиран за цела држава да ја прими. Децентрализација е најиздржано решение за факултетите.
дури и со значително помал број на студенти и вработени, УКИМ ќе го има истиот проблем... проблем се недовршеноста, непромисленоста и утнатата локација, во поглед на функционалност

по мое, факултетиве може да се дислоцираат во многу поголем студентски град, ама некаде во друга смисла, еднаш дискутиравме дека тоа нокогаш нема да се направи поради политички причини
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 07-Feb-2015 at 23:44
Originally posted by Z|evzek

Originally posted by martind

Локацијата е и тоа како промашена.
Зошто?
Еднсотавно, и сега има големи сообраќајни гужви, гужви во автобуси... Замисли како би било кога би се изградиле и нови два факултети со 1500 студенти, со 500 вработени ...
И додека секаде во светот се врши децентрализација низ градовите, кај нас имаме централизација...
Другар УКИМ на времето не бил планиран за цела држава да ја прими. Децентрализација е најиздржано решение за факултетите.


Токму и поради тоа треба да се најде друга посоодветна локација. Ја мислам дека и до Машински Факултет да се изгради ќе биде одлична локација...
.... Иначе штета што на крај ќе испадне "барок"
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 08-Feb-2015 at 01:30
Ако збориме за локации мислам дека идеално е студентскиот дом Стив Наумов и околината па се до Математички Факултет да опфати еден дел и на Парк Шумата Гази Баба. Таман да го заживеат и паркот.
Back to Top
Z|evzek View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote Z|evzek Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 08-Feb-2015 at 02:06
Околу УКИМ е добро да се направи кампус за 60 % од студентите што ќе студираат на него. И те како ќе се намали гужвата...
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 07-Mar-2015 at 13:19
Ќе се гради „барокот“ во Универзитетскиот кампус на УКИМ!

Набрзина се турка изградбата на двата нови објекти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје кај кампусот факултети на скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Министерството за образование и наука пред речиси две недели склучило договор со фирмата „Архитектоника“ од Скопје за изработка на основни проекти за овие два објекти, кој најверојатно ќе го следат „барокниот“ архитектонски правец од владиниот проект „Скопје 2014“. Новите згради треба да се градат на местото на постоечкото зеленило, меѓу објектот на Ректоратот и булеварот Крсте Мисирков.




Целокупната проектна документација е предвидено да се комплетира во временски период од само два месеци, и тоа врз основа на победничкиот архитектонски труд на авторот Жарко Чаушевски. Овој архитект изработи бројни зданија од владиниот проект „Скопје 2014“, во кој доминираат протежираните архитектонски стилови: „барок“, „класицизам“ и „неокласицизам“. На распишаниот Конкурс во декември минатата година, Жарко Чаушевски ги освои двете награди во вкупен износ од 600.000 денари. Дополнителни 18.762.000 денари (околу 300.000 евра) од буџетот на Министерството за образование и наука ќе се одвојат за изработка на основните проекти за двете зданија.

И покрај силните притисоци од архитектонската јавност, Министерството за образование и наука досега не објавило ниту еден податок околу најавениот градителски потфат. Не се објавени визуелизации за идните образовни објекти, нема информации за висината на финансиските средства што ќе се потрошат од државниот буџет за оваа намена, нема податоци дали авторот на идејниот проект за Универзитетскиот кампус на УКИМ е информиран за промените што ќе ги претрпи неговото дело, ниту пак се објавува катноста и вкупната бруто површина на која ќе се простираат идните згради.

Автор на изворниот архитектонски труд за објектите на Правниот, Филозофскиот и на Економскиот факултет е познатиот словенечки архитект Марко Мушич, кој во моментов е и претседател на Словенечката академија на науките и уметностите. Овој комплекс претставува еден од симболите на постземјотресно Скопје, кој е комплетиран како проект во 70-те години на минатиот век. Градежното земјиште на кое се наоѓа Универзитетскиот кампус на УКИМ се наоѓа на територијата на општина Центар, што подразбира дека оваа локална самоуправа треба да ја издаде градежната дозвола за евентуалната изградба на најавениот „барок“.

http://www.build.mk/?p=43474
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 08-Mar-2015 at 00:04
се надевам дека ќе се остави простор за идна интервенција на раскрсницата и дека нема објектов да виси над улиците и да создава средновековни сокаци, как одосегашните објекти... барем нешто нека се испочитува
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 22-May-2015 at 21:23
Ни останува сега само да се молиме абдаливе да паднат побрзо од власт и ова да не се оствари.
На линковите има слики

ВО СКЛОП НА УКИМ
Барокните ФИНКИ и Факултет за физичко образование ќе чинат 13,6 милиони евра
Министерството за образование и наука денеска објави тендер за изградба на објекти на Факултет за физичко образование спорт и здравје и ФИНКИ. Двата објекти ќе бидат во склоп на УКИМ, со подземни гаражи и партерно уредување, а нивната процената вредност изнесува 838.120.060 денери, или близу 13.6 милиони евра.
http://www.mkd.mk/files/styles/statija-shiroka/public/article/2015/05/22/mkd-195372.jpg?itok=GptKjKZU

Со тендерот, МОН конечно го објави и барокниот изглед на образовните објекти, кои ќе се градат по идејно решение на Жарко Чаушевски, архитектот кој досега беше задолжен за фасади во духот на „Скопје 2014“ на Владата, „Водовод“, ГТЦ...

Двете згради на факултетите ќе имаат вкупна површина од 11.238 квадратни метри, а откако ќе биде избран изведувач ќе „никнат“покрај булеварот „Гоце Делчев“, наспроти „Мавровка“ во зеленилото на УКИМ.

Критериум за и доделување на договор за јавна набавка е најниската понудена цена. Понудите од потенцијалната фирма изведувач се доставуваат најдоцна до 6 јули.

Досега Градот Скопје за да придонесе во реализацијата на проектите и нивна изградба, оцени дека инвеститорот треба да биде ослободен за 60 отсто од надоместоците за уредувањето на земјиштето, односно на МОН им прости милион евра за комуналии.

Целиот досегашен процес за изградбата на објектите се одвиваше во тајност. На конкурсот на МОН за изгледот на Факултетот за физичко образование беа доставени 10, а за ФИНКИ - 7 трудови. Но, покрај избраните дела на Жарко Чаушевски, кој поради претходните барокни решенија доби „титула“ на „владин архитект“, МОН не информираше за целокупната постапка за подготвување на проектната документација.

http://www.mkd.mk/files/styles/statija/public/article/2015/05/22/mkd-195373.jpg?itok=RWrBHMh8

Службите во надлежното министерство не беа расположени да ја споделат одлуката на жири – комисијата, во која се образложува изборот на победничкиот авторски труд на Конкурсот. Засега не се организираше соодветна изложба каде пошироката јавност би се запознала со визијата на сите 17 вклучени трудови за објектите од кампусот на УКИМ. Нема ниту информации дали воопшто МОН контактирала со авторот на универзитетскиот комплекс, словенскиот архитект Марко Мушич, со оглед на тоа што двата факултети ќе влезат во постојниот архитектонски концепт на УКИМ.

За објектите веќе реагираа од архитектонската фела. Дејан Ивановски, дел од студиото „Архитектри“ и член на Асоцијацијата на архитекти, претходно појасни дека во барањата за конкурсот во ниту еден момент не бил споменат архитектонскиот стил барок. Па, со тоа, помислиле дека е логично во рамките на Универзитетот, како независна институција, да биде распишан и независен конкурс.

„Цртавме 30 дена, надевајќи се дека конечно дојде време да нацртаме зграда со која ќе се гордееме. Но, згрешивме. Во тимот работеа и млади луѓе, патем одлично одговорни личности кои се надеваа на некаква награда за својот сработен труд , признание за тоа што заедно со своите постари колеги одлучиле дека на самото место треба да застане современа зграда што ќе биде репрезент на младите луѓе кои утре ќе се борат за своите права“, рече Ивановски.

Архитектот потенцираше дека работеле на зграда која со своите карактеристики ќе одговара на местото и на контекстот во кој е поставена. Гледале примери од локации кои им биле референтен пример, главно од Европа, како географска одредница.

„Потоа, легално, во рокот што беше предвиден од комисијата (во која нема ниеден проектант, баш ниеден) добивме одговор дека победник на легалниот конкурс во кој вистински, за последен пат веруваме, победил некој си Жарко Чаушевски. Не на едниот, на двата победил човекот! Истиот оној што ја поправи зградата на Владата, истиот оној што сака да го промени и ГТЦ...“, рече претходно Ивановски.

Конкурсот беше распишан на средината на септември. Од архитектите се бараше со своите творечки трудови да применат креативност, инвентивност и оригиналност. Исто така, да обезбедат современ третман на објектот во согласност со неговата функција, да применат ефикасно природно осветлување и да предложат конструкција што би обезбедила сеизмичка стабилност и економичност на функцијата.

http://www.mkd.mk/makedonija/politika/baroknite-finki-i-fakultet-za-fizichko-obrazovanie-kje-chinat-136-milioni-evra
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 22-May-2015 at 21:44
Previous
 
Е ако ова се подразбира под "разубавување" на просторот, како што велат одредени службени лица на одредени аудио снимки, тогаш не знам што е нагрдување на просторот.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 01-Jun-2015 at 12:33
Интересен текст во врска со предложените нови згради на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје:

Просторот и автономијата на универзитетот

Влатко П. Коробар

Автономијата на универзитетот, покрај академската слобода и автономијата во управувањето, ја вклучува и неповредливоста на универзитетскиот простор. Ова е запишано во Законот за високото образование и во Статутот на УКИМ. Законот утврдува дека просторот на универзитетот е неповредлив. Затоа полицијата и другите државни органи на безбедност не можат, без согласност на ректорот, да влегуваат во овој простор, освен за спречување на извршување кривично дело. Статутот на УКИМ е уште попрецизен. Неповредливиот простор на универзитетот ги опфаќа објектите и земјиштето во кое се сместени и во кое се остварува дејноста на единиците и ректоратот. Иако неповредливоста на универзитетскиот простор првенствено се сфаќа како неможност на државните органи за безбедност да влегуваат во универзитетскиот простор без посебна дозвола, изминативе месеци сме сведоци на една посебна форма на нарушување на неповредливоста на универзитетскиот простор.

Пред неколку месеци Универзитетскиот сенат на предлог на Ректорот, со мнозинство гласови одлучи од Владата да побара средства за изградба на објект за потребите на Универзитетот, без прецизна намена и програма за објектот и без потребните детали вообичаени за ваква одлука. Иако имаше барања за тоа, одлуката остана неусловена, односно не беше утврдено под кои услови би се искористиле евентуално доделените средства. Така, на крајот на оваа авантура, сепак, нема да се добијат средства за изградба на објекти, туку изградени објекти.

По неколку месеци од одлуката, предлагачот немаше одговор кој универзитетски орган одлучил во комплексот на објекти за општествени науки да се изградат токму објекти за Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и за Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, иако веќе беше завршен конкурсот за избор на идејно архитектонско решение за објектите распишан од Министерството за образование и наука, а според медиумите, членови на оценувачката комисија биле и деканите на овие факултети. Вообичаено, процедурата беше нетранспарентна, без увид на јавноста во пристигнатите и наградените трудови. Во духот на „остваруваме“ пред неколку дена беше објавен јавен повик за избор на изведувач на двата објекта. По ова следи изградба на објектите.

Така се најдовме во ситуација Универзитетот да добие два нови објекта без притоа да е позната процедурата низ која Универзитетот ја реализирал својата автономија во управувањето и самостојно одлучувал за изградба на објектите. Што е овде спорно? Сè! Од почетната одлука за барање средства за изградба на објект до последниот чин на избор на изведувач. Во целиот процес не е почитувана ниту автономијата во одлучувањето, ниту универзитетскиот простор. Учесници во тој упад во неповредливоста на универзитетскиот простор, овој пат не се органите за безбедност, туку парадоксално тоа се самите органи на универзитетот и неговите единици кои си го суспендираа правото самостојно да одлучуваат.

Упадот на две згради во кампусот на Универзитетот без автономна одлука на универзитетските органи е фактичка повреда на универзитетскиот простор. Згора на тоа - две грди згради. Иако е некоректно да се суди за објектите само врз основа на два објавени приказа на фасадите, тие слики и обемната евиденција распослана низ центарот на Скопје од истиот автор и во слична процедура, ни дава за право да судиме и врз основа на толку штури информации.

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, кој по природата на академските содржини поврзани со него е свртен кон иднината, ќе биде сместен во зграда која наликува како да е правена во третата деценија на минатиот век, а не во втората деценија на 21-от век. Која е пораката што овој објект ја испраќа? Како треба да се чита ова апсурдно архитектонско здание? Иако во својот архитектонски јазик објектот пелтечи, тој прецизно ја испраќа пораката за нашата дезориентација и некритичност и за неможноста да се избориме самостојно да одлучуваме за работи кои се еклатантно универзитетски домен.

Уште поневеројатна е ситуацијата со објектот на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје. Веројатно Факултетот се специјализира исклучиво за спортови во сала, зашто во рамките на универзитетскиот комплекс ниту има ниту може да се обезбедат спортски терени на отворено. Еден колега од овој факултет ме убедуваше дека овде ќе се одржувал само теоретскиот дел од наставата, а ни самиот не веруваше во убедливоста на објаснението. Факултет за спорт без спортски терени е како факултет за хемија без лаборатории или факултет за ликовни уметности без ателјеа.

Кога големите универзитети, оние од првите педесет на Шангајската листа што ни се, нели, репер, сакаат да изградат нов објект, го избираат јазикот на кој зборува архитектонското совремие и ангажираат несомнени авторитети во архитектурата. Така, универзитетот Колумбија од Њујорк за изградба на објектот Northwest Corner го ангажира Рафаел Монео, еден од најпрестижните архитекти на денешницата, а кога познатиот Швајцарски федерален технолошки институт (EPFL) од Лозана одлучи да го гради центарот Rolex Learning, преку меѓународен конкурс ја ангажираше фирмата САНАА од Јапонија, едно од најавангардните архитектонски бироа на денешницата. Но, очигледно во овој сегмент не се инсистира да ги препишуваме примерите од „најпрестижните универзитети“ во светот.

Неповредливоста на универзитетскиот простор е нарушена. И тоа не на начин кој го имал предвид законодавецот, туку на еден уште пострашен начин, со траен упад во неговиот простор од кој долгорочно ќе црвенееме кога ќе треба да објаснуваме како тоа новите објекти се „постари“ од самите факултети што се сместени во нив.

Објектите не се обични контејнери. Преку престојувањето во нив и нивното користење тие нè обликуваат. Една шведска поговорка вели дека детето има три учители, прво - другите деца, второ – учителот и трето – просторот. Тоа е така во сите простори на образование – и просторот подучува.

И да се разбереме: никој не е против изградба на нови универзитетски капацитети и подобрување на условите за студирање и работење. Но, не може да се биде рамнодушен пред чинот кој освен што центарот на градот ни го направи за потсмев, сега и најстариот универзитет во државата ќе го направи да биде за потсмев со изградбата на овие објекти кои се вон контекстот во кој се лоцирани, вон духот на времето и вон здравиот разум.

Има некои што тврдат дека овие објекти се всушност подарок (!?), а на подарен коњ забите не му се гледаат. Изгледа дека ова особено важи кога коњот е тројански.

http://okno.mk/node/47485
За сè има вторпат
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4075
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 09-Sep-2015 at 16:53
Од алсат м


Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 09-Sep-2015 at 21:26


Какви добри современи решенија се понудија, и пак ќе се изберат најретроградните.
За сè има вторпат
Back to Top
balcannibal View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 12-Sep-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote balcannibal Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 12-Sep-2015 at 10:36
Здраво на сите, одамна го читам форумов. Одличен, темелен, интелигентен, креативен, критички настроен, здраворазумен. Конечно решив да се вклучам. Кога ќе можам ќе бидам дел од дискусиите. Сега сакав да постирам текст. За „барокизацијата“ на кампусот УКИМ сумирано на едно место:



ГОСПОДИНОТ „БАРОК“ ЧУКА НА ПОРТИТЕ ОД УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ КАМПУС

Договорот „нарасна“ на 16,8 милиони евра: понудата на „Бетон Штип“ најпогодна за барокните факултети во УКИМ

Продолжуваат сагата и контроверзиите поврзани со изградбата на двата „барокни“ факултети што ќе никнат во зеленилото во универзитетскиот кампус „Св. Кирил и Методиј“. Фирмата „Бетон Штип“ дала најниска понуда за изведба на ФИНКИ И Факултетот за физичко образование, а договорот со Министерството за образование (МОН) од предвидените 13,6 „нарасна“ на близу 16,8 милиони евра, тендер за кој ВМРО-НП пред само две недели тврдеше дека наводно е наместен.

Милионските суми за новите домови на двете високообразовни институции можеби немаше да кренат толкава врева и реакции низ јавноста доколку не владееше толкав молк од надлежните од ресорот на министерот Абдилаќим Адеми. Инвеститорот (МОН) досега целиот процес за изградбата на двата факултети во склоп на УКИМ го водеше во тајност, со штури информации.

Целиот процес беше неодамна „размрдан“ и со тврдењата на ВМРО-народна партија дека нетранспарентно и незаконски била спроведена тендерската постапка при изборот на изведувачот. Обвинија дека фирмата што понудила најдобри услови и најниска цена, незаконски била предвреме елиминирана со образложение што целосно е спротивно со одредбите од Законот за јавни набавки.

„Сето ова е направено со цел да се спречи учеството на лицитацијата и заради најповолно понудени услови да не го попречи изборот на однапред утврдениот победник на тендерот“, соопштија од ВМРО-НП.

ВМРО-народна партија укажуваше дека се пробиени сите законски рокови за обврската на спроведувачот на тендерот да ги извести понудувачите и јавноста, која фирма е избрана за изведувач, под кои услови и што е најважно, по која цена ќе се градат објектите.

„Изградбата на факултети претставува општ јавен интерес на граѓаните на Република Македонија и тие имаат право да знаат кој, како и во колкава мера ги троши нивните пари. Зачудени сме што ваквата нетранспарентна практика при спроведувањето на тендерските постапки продолжува од страна на владејачката структура, кога се знае дека во изминатиов период реакциите од јавноста и од меѓународната заедница беа жестоко критички, насочени токму за нетранспарентно спроведување на тендерите. Исто така, беше посочено дека пристрасното одлучување е жариште што отвора простор за понатамошни коруптивни дејства, со кое се загрозува правниот систем во државата“, соопшти ВМРО-народна партија.

Но ВМРО-НП изминативе две недели не се појави пак да образложи кои се другите заинтересирани фирми и дали е точна шпекулацијата дека фирма блиска до лидерот Љубчо Георгиевски му конкурирала на „Бетон Штип“. Само „пуштија водичка“.

Бирото за јавни набавки објави дека „Бетон Штип“ на електронска аукција поднела понуда со најниска цена - 366.898.030 денари за Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, а 664.950.500 денари за подигнување нов објект на факултетот ФИНКИ со подземни гаражи и партерно уредување при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во „превод“ - тоа се вкупно 16.763.633 евра, што е за 3 милиони повеќе од првично проценетата вредност на МОН.

На сајтот на Бирото за јавни набавки пишува дека датумот за одлука е 30 јули, а во огласот за јавното отворање на понудите на градежни фирми како датум стои 6 јули, на 11. кат во зградата каде што е сместено МОН (бивша НИП Нова Македонија). Меѓутоа, до МКД.мк не стигна одговор од ресорот за образование да кажат колку понуди стигнале, од кои фирми, што е следно во постапката, дали има датум кога би почнале да се градат факултетите... Не вратија ниту дали има официјален записник од јавното отворање на понудите, чија обрска, пак, е во рацете на посебната Комисија за јавно наддавање (согласно со Законот за јавните набавки).

Она што јавноста моментално единствено може да го дознае преку Јавни набавки е „Конечната одлука за оваа постапка ќе ја донесе одговорното лице, за што ќе бидете дополнително информирани“. И толку.

Не е тајна дека фирмата „Бетон Штип“ е блиска до бизнисменот Јордан Камчев. Односно „Орка Холдинг АД“ на Камчев заедно со „Ексико ДООЕЛ“ и уште неколку компании е акционер во „АД Бетон Штип“. За „Ексико“, чија сопственост завршува во Швајцарија, БИРН истражуваше кој се крие зад оваа компанија што се јавува како купувач на вредно земјиште на Водно, а НоваТВ претходно објави дека е акционер во „Евробалкан хотелс ДОО“, фирма што подоцна го менува називот во „Хотел Ибис ДОО“. Тоа е фирмата што близу плоштадот „Македонија“ (на улица „Орце Николов“) го градеше хотелот „Ибис“.

За „Бетон Штип“ на нивната страница стои дека ги имаат изградено Музејот на ВМРО-ДПМНЕ и Македонска борба, Меморијалниот центар на холкаустот и Народниот театар. Исто така и објектот на Инвест-банка, катната гаража „Макоил“ зад Универзитетска библиотека, хотел-казиното „Фламинго“ во Гевгелија... „Бетон Штип“ во проектот „Скопје 2014“ како изведувач учествува и во МЕПСО, зградата на Уставниот суд, Државниот архив и Археолошкиот музеј и партерното уредување кај МНР. За потребите на „Скопје 2014“ досега „Бетон Штип“ добила 34.343.706 евра.

Проблемот е што досега изградбата на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование се одвиваше во мрак, тајно и со неколку одлуки што повлекоа реакции. Двата високообразовни објекти се предвидени на простор од 11.238 квадратни метри, поточно ќе никнат покрај булеварот „Гоце Делчев“, наспроти „Мавровка“, во зеленилото на УКИМ.

Градот Скопје за да придонесе во реализацијата на проектите и нивната изградба, оцени, а потоа и донесе одлука инвеститорот да биде ослободен за 60 отсто од надоместоците за уредувањето на земјиштето, по што МОН ќе може да извади Одобрение за градба. Градот му прости на министерството 59.733.220 денари, или близу милион евра.

Она што најмногу го привлече вниманието на јавноста, а внесе револт кај архитектонската фела, беше конкурсот за избор на идејно решение на двата факултети. На конкурсот за изгледот на Факултетот за физичко образование беа доставени 10, а за ФИНКИ - 7 труда. И за двата беа избрани делата на Жарко Чаушевски, кој поради претходните барокни решенија во духот на „Скопје 2014“ доби „титула“ на „владин архитект“. Имено, Чаушевски и неговото студио „Архитектоника“ се автори на барокната зграда на „Водовод“, барокниот ГТЦ, фасада на Владата, новата Административна зграда на Државното станбено претпријатие што се гради покрај МОБ... Исто така, голем број од „барокните“ фасади на зградите (само од предна страна, задната остана запуштена) низ скопското централното подрачје се реконструирани токму по идејно решение на Жарко Чаушевски.

И по повеќе месеци од објавувањето на резултатите од конкурсот, ресорното министерство молчеше околу организирањето на целокупната постапка за проектната документација за идните згради на факултетите. Службите од МОН не беа расположени да ја споделат одлуката на жирито во која се образложува изборот на победничкиот авторски труд од Конкурсот.

Засега не се организираше соодветна изложба, што е нормално за поразвиените земји, каде што пошироката јавност би се запознала со визијата на сите 17 вклучени труда за факултетите од кампусот на УКИМ, особено што се работи за објекти од исклучително јавно значење. Нема ниту информации дали воопшто МОН контактирала со авторот на универзитетскиот комплекс, словенечкиот архитект и академик Марко Мушич, со оглед на тоа што двата факултети ќе влезат во постојниот архитектонски и изворен концепт на УКИМ.

За несоодветниот Конкурс за објектите во УКИМ прв јавно реагираше Дејан Ивановски, дел од студиото „Архитектри“ и член на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Тој појасни дека во барањата за конкурсот во ниту еден момент не бил споменат архитектонскиот стил барок. Па, со тоа, помислиле дека е логично во рамките на Универзитетот, како независна институција, да биде распишан и независен конкурс.

„Цртавме 30 дена, надевајќи се дека конечно дојде време да нацртаме зграда со која ќе се гордееме. Но згрешивме. Во тимот работеа и млади луѓе, патем одлично одговорни личности, кои се надеваа на некаква награда за својот сработен труд , признание за тоа што заедно со своите постари колеги одлучиле дека на самото место треба да застане современа зграда што ќе биде репрезент на младите луѓе што утре ќе се борат за своите права“, рече Ивановски.

Архитектот потенцираше дека работеле на зграда што со своите карактеристики ќе одговара на местото и на контекстот во кој е поставена, почитувајќи ја изворната идеја. Гледале примери од локации што им биле референтен пример, главно од Европа, како географска одредница.

„Потоа, легално, во рокот што беше предвиден од комисијата (во која нема ниеден проектант, баш ниеден) добивме одговор дека победник на легалниот конкурс во кој вистински, веруваме за последен пат, победил некојси Жарко Чаушевски. Не на едниот, на двата победил човекот! Истиот оној што ја поправи зградата на Владата, истиот оној што сака да го промени и ГТЦ...“, рече претходно Ивановски.

Проф. д-р Влатко Коробар од Архитектонскиот факултет, пак, во текст за Окно се осврна на просторот и автономијата на Универзитетот. Потенцираше дека Универзитетскиот сенат по предлог на ректорот, со мнозинство гласови одлучил од Владата да побара средства за изградба на објект за потребите на Универзитетот, без прецизна намена и програма за објектот и без потребните детали вообичаени за ваква одлука. Иако имало барања за тоа, одлуката останала неусловена, односно не било утврдено под кои услови би се искористиле евентуално доделените средства. Така, на крајот на оваа авантура, сепак, како што рече, нема да се добијат средства за изградба на објекти, туку изградени објекти.

„По неколку месеци од одлуката, предлагачот немаше одговор како универзитетскиот орган одлучил во комплексот на објекти за општествени науки да се изградат токму објекти за Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и за Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, иако веќе беше завршен конкурсот за избор на идејно архитектонско решение за објектите распишан од МОН, а според медиумите, членови на оценувачката комисија биле и деканите на овие факултети. Вообичаено, процедурата беше нетранспарентна, без увид на јавноста во пристигнатите и наградените трудови. Во духот на ’остваруваме’ пред неколку дена беше објавен јавен повик за избор на изведувач на двата објекта. По ова следува изградба на објектите.

Така се најдовме во ситуација Универзитетот да добие два нови објекта без притоа да е позната процедурата низ која Универзитетот ја реализирал својата автономија во управувањето и самостојно одлучувал за изградба на објектите. Што е овде спорно? Сè! Од почетната одлука за барање средства за изградба на објект до последниот чин на избор на изведувач. Во целиот процес не е почитувана ниту автономијата во одлучувањето, ниту универзитетскиот простор. Учесници во тој упад во неповредливоста на универзитетскиот простор овој пат не се органите за безбедност, туку парадоксално, тоа се самите органи на универзитетот и неговите единици што си го суспендираа правото самостојно да одлучуваат.

Упадот на две згради во кампусот на Универзитетот без автономна одлука на универзитетските органи е фактичка повреда на универзитетскиот простор. Згора на тоа - две грди згради. Иако е некоректно да се суди за објектите само врз основа на два објавени прикази на фасадите, тие слики и обемната евиденција распослана низ центарот на Скопје од истиот автор и во слична процедура, ни дава право да судиме и врз основа на толку штури информации“, напиша Коробар.

Бојан Шашевски


http://www.mkd.mk/makedonija/dogovorot-narasna-na-168-milioni-evra-ponudata-na-beton-shtip-najpogodna-za-baroknite





Edited by balcannibal - 12-Sep-2015 at 10:38
„Некои луѓе никогаш не полудуваат. Којзнае колку ужасен живот живеат“
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 12-Sep-2015 at 16:00
Добро ни дојде на форумов.
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 9>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.