build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Образовни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Комплекс факултети на УКИМ

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2345>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 25-Sep-2017 at 16:21

мене лично не ми се допаѓа кампусот... можеби има некоја голема архитектонска филозофија во него, ама освен импресивниот ентериер (како и најчесто во брутализмот) комплексот е премногу комплексен за окото на случаен минувач... затоа толку голем број на луѓе имаат одбивност кон него
...повеќе личи на научен експеримент, отколку на сериозен функционален објект

згора на тоа, па и проблеми во изолација, па мораа онака шалабајзерски да шлапнат лим врз сето тоа
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 79
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 25-Sep-2017 at 16:27
Originally posted by BOJAN

Originally posted by skopskodete

А ја мислам боље сите згради да се срушат и на нивно место да се подигне одново целиот комплекс, пошо реално тие згради што се изградени се едноставно ужасни и не соодветствуваат за универзитет, пошо како прво не ни можеш да се разминеш кога одиш низ голем број ходници на тие факултети, а толку голем е целиот простор...


Причината зошто не можеш да се разминеш е гужвата пред кабинети и ништо повеќе од тоа. Барем јас можам да го кажам од моето искуство со кампусот на УКИМ. Е сега, причина за тоа е што професорите си ги пишуваат оценките и држат испити во кабинетите, а не во амфитеатри и предавални. Не се согласувам.

Идејата за тоа како е распореден внатрешниот простор на факултетите од архитет Мушич е сам по себе филозофија. Сакам да кажам, може да се напише цела книга за тоа.

Тоа што внатрешниот простор е сам по себе филозофија, и тоа што може цела книга да се напише за тоа, во ниту еден случај не го оправдува тотално нерационалното користење на просторот.
Професори се движат, студенти се движат, се држат предавања, голем дел од времето многу луѓе поминуваат таму итн. Тоа е универзитет, и затоа треба просторот да биде рационално искористен со цел да има непречено движење на сите, а не да се прават филозофии и да се пишуваат книги за објектот.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11624
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 25-Sep-2017 at 16:54
Можеби концептот е добар на стариот комплекс, но времето и зголемениот број студенти и професри веќе го надживеале. Сепак, не мора да значи дека некаква самонаречена неокласична зграда ќе биде подобар избор ако не се посвети внимание токму на проблемот со капацитетите и распоредот на просториите во новата зграда. Сметам дека некое современо решение (и екстериер и ентериер) би биле вистинскиот одговор за ова наше, сегашно време.
За сè има вторпат
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Online
Posts: 3361
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 25-Sep-2017 at 18:19
Архитектонското решение на Марко Мушич никогаш не е довршено во реалноста. На исток и на запад биле предвидени дополнителен број на објекти, а да не заборавиме дека Филозофскиот и Филолошкиот факултет по еден природен пат на еволуција требало да се одвојат просторно до денешен ден. Да не набројувам многу лудории за кои не е крив самиот автор. На пример, во архитектонското решение била предвидена климатизација, но нашите власти никогаш не ја реализирале!
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Online
Posts: 3361
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 25-Sep-2017 at 18:22
Во однос на самиот простор, централниот коридор (отворениот амфитеатар) на сите три факултети е наменет за студентите и професорите. Предвидени биле предавања на отворено, Мушич ја презема идејата од античка Грција. Централниот плоштад околу трите згради е наменет за одржување на разни настани. Тоа што не е искористена неговата идеја е резултат на некреативноста на самите студенти и професори. Ако се сетам што се направија Студентски пленум пред неколку години на овие локации од настани...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1198
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 06-Jan-2018 at 11:07
Еве една денешна

Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1355
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 24-Feb-2018 at 19:04
Натрапниците сѐ уште се градат, притоа навредувајќи ги комплексот и здравиот разум. Зошто реализацијата на оваа луда идеја на поранешното диктаторче не е стопирана, за потоа туѓото тело полесно и поефтино да може да се отстрани?
Во име на народот на Град Скопје, Република Македонија, студентите и архитектите, треба налог за запирање на изградбата, па да се дискутира за решението кое моментално се гради, и да се одлучи што потоа. Најдобро е да се срушат, на нивно место да се врати паркот, а простории за ФИНКИ и ФФОСЗ да се изградат кај ПМФ.

Истовремено, да се изработи проект за автентична реконструкција и збогатување на кампусот.

Originally posted by BOJAN

Ја има книгата за Универзитетскиот кампус, но проблем е скенирањето за да ја поставам на нет. Се надевам дека преку еден проект што допрва ќе следува ќе го надминеме и овој проблем.

Има некој напредок?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 79
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 24-Feb-2018 at 19:44
Една идеја да се нарече луда значи да биде крајно несоодветна, а градењето на објекти за два факултети кои немаат реални објекти е далеку од луда.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1355
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 24-Feb-2018 at 22:30
Овие објекти се сосема неповрзани со околината и нарушуваат веќе оформена целина. Згора на тоа, изгледаат ужасно и верувам дека се нефункционални - како големото џуџе кое треба да биде Кривичен суд од карши и остатокот од Скопје 2014. Да не напоменувам дека не се плод на сеопфатна јавна дебата и конкурс, туку на на едно бившо диктаторче.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Glava View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 08-Sep-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 61
  Quote Glava Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 25-Feb-2018 at 12:47
Originally posted by Staro Skopje

Овие објекти се сосема неповрзани со околината и нарушуваат веќе оформена целина. Згора на тоа, изгледаат ужасно и верувам дека се нефункционални - како големото џуџе кое треба да биде Кривичен суд од карши и остатокот од Скопје 2014. Да не напоменувам дека не се плод на сеопфатна јавна дебата и конкурс, туку на на едно бившо диктаторче.


Колку некој треба да биде исполнет со злоба за да каже вакво нешто??
Ова ли е порака што треба да се испрати на неколку илјади студенти, дека поради естетски причини објектите за вашите нови факултети ќе ги урнеме (речиси изградени), па ќе размислиме дали/како/кога/каде можеби ќе изградиме соодветни - а дотогаш вие одете студирајте во странство или притеснете се во постоечките никакви услови, само за да не се наруши нашиот естетски поглед на “купот од грд бетонски комплекс“ во рамките на универзитетскиот кампус
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11624
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 25-Feb-2018 at 13:09


Каков неверојатен автогол, не можев да не се вмешам.

Ќе те парафразирам:

Колку некој треба да биде исполнет со злоба за да изгради вакво нешто??

Ова ли е порака што треба да се испрати на неколку илјади студенти, дека поради хиртовите на еден човек кој губи контакт со реалноста опиен од власт, објектите за вашите нови факултети се градат во т.н. неокласичен стил со сомнителен квалитет и со распоред на простории што најверојатно нема да одговара на образовните потреби, па ќе размислиме дали/како/кога/каде можеби ќе изградиме соодветни - а дотогаш вие одете студирајте во странство или притеснете се во постоечките никакви услови, само за да не се наруши нашиот естетски поглед на “купот од грд бетонски комплекс“ во рамките на универзитетскиот кампус.

А за пораката што се праќа кога премиерот на една држава истовремено глуми архитект, просторен планер, естет, урбанист, ги заобиколува сите законски правила и прописи само да го спроведе намисленото итн. - мислам дека и излишно и да се зборува.

Edited by Џоле - 25-Feb-2018 at 13:11
За сè има вторпат
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 470
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 26-Feb-2018 at 08:27
Originally posted by Џоле

се градат во т.н. неокласичен стил со сомнителен квалитет и со распоред на простории што најверојатно нема да одговара на образовните потреби

Со оглед на тоа што не е ни завршена карабина, ниту една од овие работи не мора да излезе точна. Ако толку им смета неокласика - нов проект за фасада, строг надзор и... ревизија на внатрешниот план? Иако не знам од каде ја извлече оваа претпоставка.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11624
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 26-Feb-2018 at 09:42


Сите досега изградени згради во проектот Скопје 2014 се изградени со еден куп пропусти, така што не треба ни да се доградуваат овие за да знаеме дека ќе бидат фушерај. За тоа имаш повеќе текстови во темата за Скопје 2014.

Можеше да се оди со современ изглед, употреба на еколошки материјали и енергетски ефикасни зданија, не треба да се измислува топла вода за тоа, само треба да се видат искуствата на поразвиените земји, и ќе добиевме релативно евтини, а сепак практични факултети. А вака, само џабе фрлени пари.
За сè има вторпат
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 470
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 26-Feb-2018 at 10:53
Да не се повтарам, прочитај го постот уште еднаш. Во врска со квалитетот, каква врска имаат другите проекти со овој (дури и сите да се со пропусти)? Сегашниот инвеститор нека го истера без пропусти. Во опасен реваншизам се навлегува, уште малце водовод што го поставил Коце ќе почне да се вади.

Edited by <Fresno> - 26-Feb-2018 at 10:54
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Online
Posts: 3361
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 26-Feb-2018 at 11:49
Чешкиот урбанистички планер Лудјек Кубеш при изработката на ГУП за Скопје(последниот пред земјотресот) го предвидел универзитетскиот и студентски град на локацијата испод парк-шумата Гази баба. Затоа, на оваа локација се изградени ПМФ, Шумарски и студентски дом.
Локацијата за овие два „барокни“ факултета кај Универзитетскиот кампус е дефинитивно погрешна, а на просторот кај ПМФ има дефинитивно простор за да се сместеа овие два факултета (ФИНКИ и ФС) на овој простор.
Back to Top
Glava View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 08-Sep-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 61
  Quote Glava Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 06-Mar-2018 at 04:32
Originally posted by Џоле



Каков неверојатен автогол, не можев да не се вмешам.

Ќе те парафразирам:

Колку некој треба да биде исполнет со злоба за да изгради вакво нешто??

Ова ли е порака што треба да се испрати на неколку илјади студенти, дека поради хиртовите на еден човек кој губи контакт со реалноста опиен од власт, објектите за вашите нови факултети се градат во т.н. неокласичен стил со сомнителен квалитет и со распоред на простории што најверојатно нема да одговара на образовните потреби, па ќе размислиме дали/како/кога/каде можеби ќе изградиме соодветни - а дотогаш вие одете студирајте во странство или притеснете се во постоечките никакви услови, само за да не се наруши нашиот естетски поглед на “купот од грд бетонски комплекс“ во рамките на универзитетскиот кампус.

А за пораката што се праќа кога премиерот на една држава истовремено глуми архитект, просторен планер, естет, урбанист, ги заобиколува сите законски правила и прописи само да го спроведе намисленото итн. - мислам дека и излишно и да се зборува.


Апсолутно се согласувам дека не е доцна да се интервенира со нов проект за фасадата - објектите се сеуште во фаза на карабина. Но акт на лудило е нивното рушење.
А за функционалноста, каква и да им е функционалноста, каква и да им е фасадата - сигурно ќе биде 100 пати подобра од функционалноста и естетиката на Економскиот, Правниот и Филозофзко-филолошкиот факултет. Кој бил таму и студрал - знае. Градбата на овие факултети 100 повеќе “заслужува“ рушење. А ич да не збориме за огромните пари што своевремено биле дадени за некакви нефунксионални забегани бетонски форми за кои како студенти секогаш се прашувавме што им требале тие тесни ходници, тие глупи купови бетон со футуристички изглед и психоделија.
Единствените објекти кои се позабегани од Скопје 2014 во градот и кои многу повеќе од било кој барок заслужуваат да бидат срушени (од естетски и функционални причини како за тоа време огромни нерационално потрошени пари) се токму овие објекти: Комплексот факултети околу Ректоратот и Студентскиот дом Гоце Делчев. Ниеден објект од Скопје 2014 не е толкава утка како овие објекти.

Edited by Glava - 06-Mar-2018 at 04:37
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11624
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 17-Jun-2018 at 20:03


За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1198
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 05-Aug-2018 at 10:47
Овие две фотки се исто од фб профилот на градот но ги поставив во оваа нишка бидејќи опфатен е дел од комплексов факултети во изградба.




Back to Top
ToniB View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 26-Mar-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 26
  Quote ToniB Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 05-Aug-2018 at 12:09
Го масакрираа овој комплекс. Не само со овие два факултета, туку и со спортската сала и со тој објектот зад филолошки. Сега е натрупан, претходно дишеше просторот и беше некоја функционална целина. Како некој што студирал во овој комплекс, криво ми е.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3788
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 31-Aug-2018 at 00:23
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2345>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.