build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Образовни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Комплекс факултети на УКИМ

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 4567>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5361
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 23-Jul-2021 at 13:11
Замислете факултет со минијатурни џамчиња, со ич природна светлина, каде што повеќе пари биле потрошени на фасадата отколку на реквизити за предавање. Мора да се промени образованието. Тие глупости како студентски прашања и пријавување на испити (со таксена марка), чекање на професорот за подигање на оценка!?!? и секакви останати дебилштини кои не ми се верува дека постојат (не студирав кај нас, и кога ќе ми кажат како живееле нашите студенти не ми се верува).
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2656
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 23-Jul-2021 at 17:30
Не мора да замислиме, на едно метро од овие има факултети со минијатурни џамчиња, со ич природна светлина. Интересен е комплексот на УКИМ, ама многу е лошо тоа што 4-те амфитеатри во 3-те згради се осветлени и проветрени од едно минијатурно триаголниче у ќош. И ходниците не се добро осветлени, особено по сите преправки по изградбата. Бар сите плафонски прозори во амфитеатрите и аулите да ги обноват.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Теовел Еме View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 11-Jul-2021
Online Status: Offline
Posts: 8
  Quote Теовел Еме Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 23-Jul-2021 at 20:45
УКИМ оваа година бележи рекорд во најмал број на запишани студенти,не не е само заради пандемијата,факултетот освен што физички се распаѓа,се распаѓа и по кадар на професори,комплетно му е уништена репутацијата на професорите нормално по нивна вина,а максималната исполитизираност на скоро цел кадарсамо додатно брка студенти.

Нема поента овде што да се крпи,на се од кров до обични столови му е оддамна поминат рокот,едно време знам пуштаа проекти за нов кампус факултети,што би со тоа ? Можат на пример додека се двајца без тројца,5-10 години да ги префрлат студентитте во овие два незавршени(откако ќе ги завршат) па после со некој нов факс,кадар и генерации да може да се надеваме на нормални квалитетни луѓе што ќе ја влечат напред државата,оти вака само хоштаплери продуцираме.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15032
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 26-Jul-2021 at 12:03
Двете недоградени барокни згради, на ФИНКИ и на Факултетот за физичка култура, кои заедно чинат над 20 милиони евра, секојдневно ги пречекуваат студентите на УКИМ. Изведувачот на објектите штипски „Бетон“ не ги испочитува роковите, фирмата пропадна и сега така си стојат. Министерството ја активирало банкарската гаранција, но нема прогноза кога би се завршиле објектите.



https://www.facebook.com/prizma.mk/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15032
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 22-Sep-2021 at 14:27
Платото пред кампусот е тотално уништено(од твитер)





Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 821
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 22-Sep-2021 at 16:01
Катастрофа... Срам за државата.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15032
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 13-Dec-2021 at 10:44
Не успеаа толку години да го сменат партерот пред кампусот кој при помал дожд речиси целосно се поплавува,целиот е испукан а мермерот/плочките пред Економски,Правен и Филозофски се прилично лизгави,валкани и напукнати



https://www.facebook.com/ArchitectonicTravels/
Back to Top
Bezveza View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 12-Jul-2021
Online Status: Offline
Posts: 28
  Quote Bezveza Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 22-Dec-2021 at 21:33
А да не правиме муабет за внатрешноста на факултетите каде од таваните тече вода има пајажини дебели како јаже провиснати итн...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15032
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 04-Feb-2022 at 15:01
Денес,се копа стариот асфалт и плочки пред Економски.Работат екипи на ВИА Инженеринг Вевчани.
Не знам дали ќе го средуваа цел простор или само овој дел бидејќи таблата е поставена на влезот од Економски







Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 462
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 04-Feb-2022 at 18:17
Аии што им текнало да реновираат нешто на УКИМ? Ќе ни појде семестарот изгледа хахах.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 132
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 04-Feb-2022 at 18:39
На шо личи бре она мртвило,најпрестижен факултет ко бајаги
Боже Господи,и требит онде млади љуѓе да се образовет и да го поминет скоро цел ден таму,да се крсти чоек.

Нека го средат одвнатре и однадвор малку да заличи на нешто не вака прегрдо распаднато ругло
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1768
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 04-Feb-2022 at 18:49
Ќе го сУредат сега наместо да го средат! Ќе опнат некој наефтин бекатон што ќе почне да пропаѓа после една сезона, архитектите ќе се бунат за афтентичноста како нивни да е факултетот. И така по ред идат работите, егзотично и ендемично за ова Македонско општество.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2656
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 05-Feb-2022 at 00:41
Кровот е ужас

Цел комплекс треба да се реновира, партерот е никаков, фалат нови влезови и патеки, штрчат клими и шарени нови прозорци... Додуша внатре и не е толку лоша состојбата, со унификација и зголемување на зеленилото би изгледало добро. Најголем проблем е недостатокот на природна светлина и провев во амфитеатрите, што си мислеле со минијатурните триаголничиња наречени прозорци не знам.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15032
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 05-Feb-2022 at 18:13
7 години се градат два факултети?! – Предметот е заглавен во суд, ќе стигнат ли до фасада?



Се наоѓаме во дворот на Универзитотот Св. Кирил и Методиј. Во непосредна близина на Ректоратот. Како што многумина се сеќавате просторот позади мене до 2015-та беше засаден со дрвја кои во средината на декември истата година преку ноќ беа исечени. Причината беше што на истото место требаше да бидат изградени два факултети како што пишува на самата табла Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство и Факултет за физичко образование, спорт и здравје…..“, вели репортерката на ТВ21.

Но, седум години подоцна, овие бетоски ѕидови стојат така. Градежните работи одамна сопреа. За целиот проект предвидената сума беше 20 милиони евра, а изведувач градежната фирма Бетон -Штип на познатиот бизнисмен Орце Камчев. На 2 јули 2019-та оваа фирма е во стечај.

Со оглед на тоа дека инвеститор на проектот е Министерството за образование, одговор побаравме од актуелниот министер Јетон Шаќири. Какви се плановите за понатамошната процедура, дали ќе се градат или не овие факултетите.

„И за ова разговарав со ректорот. Станува збор за инвестиција која веќе е почната од страна на Министерството. Се разговара и со компанијата која ја почна инвестицијата, но ќе видим да го ангажирам и Народниот правобранител во однос на ова прашање. Ако има некоја покрената правна постапка, до каде е, со цел да се реши проблемот со објектите, бидејќи ако има правен спор, треба да го решиме во претстојниот период“, порача Јетон Шаќири.

За колкав временски период ќе се заврши изградбата на овие два објекти, министерот не ветува, бидејќи предметот можеби е заглавен во судските лавиринти. Главниот проблем е во градежната компанија Бетон Штип како изведувач.„Бетон Штип“ е фирмата што стана актуелна со истрагата „Тендер“ на СЈО од која беа дел објектите од проектот „Скопје 2014-та“.

https://mk.tv21.tv/7-godini-se-gradat-dva-fakulteti-predmetot-e-zaglaven-vo-sud-ke-stignat-li-do-fasada/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15032
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 05-Feb-2022 at 18:18
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2656
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 10-Feb-2022 at 20:54
Цело плато е раскопано
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 821
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 10-Feb-2022 at 21:23
Ај ваљда ќе го поправат и ќе заличи како што треба.
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 480
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 10-Feb-2022 at 22:29
Само да не стават бекатон, така ќе ја запечатат симболично нашата академска и воопшто иднина.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7765
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 10-Feb-2022 at 22:32
што и да стават факт е дека нема да се одржува и со тек на време ќе се искрши ли ќе се деградира од газење и атмосферски влијанија... проблемот е квалитетот на изведба и нашиот најдалечен и непознат термин, одржување
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1363
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 10-Feb-2022 at 22:49
Гледам никој не го коментира рокот на завршување на работите што е 11 ноември 2022, очигледно мозаик ќе прават
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 4567>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.