![]() |
![]() |
![]() |
Комплекс факултети на УКИМ |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 567 |
Author | |
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 1773 |
![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2656 |
![]() ![]() |
На факултетиве очајно им треба освежување. Малку посветла боја на фасадата, ускладување на сите доградби од изминативе 50 години, унификација на амфитеатрите и предавалните, многу подобро осветлување, провев, отворен амфитеатар... Штета што само 2/3 од комплексов биле изградени. Со оригиналниот план би имало доволно кабинети за секој професор (наместо да се по 2-3 во кабинет или да прават кабини во ходниците, затворајќи прозорци) и солиден број предавални.
|
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 15065 |
![]() ![]() |
Заборавени објекти среде Скопје - Ќе се изгради ли несудениот дом на Финки и Факултетот за физичка култура?
Информатичките струки во подем, наставата во „подрум“. Седум години најбараниот факултет ФИНКИ мака мачи како да обезбеди услови за студирање на своите студенти. Развојот на информатичката технологија го зголеми интересот за студирање на ФИНКИ, но не го разбуди интересот кај надлежните да ги подобрат условите во кои се образуваат идните програмери. Додека раководсатвото ја чека ветената зграда кај комплексот факултети на Бит Пазар, наставата се одвива во простории за кои плаќаат кирија. Нова зграда чека и факултетот за физичко образование. Иако кампусот на УКИМ после долги години доби спортска сала но затворена за употреба. Нефицијално објектот немал имотен лист. Деканката на ДИФ вели дека постојано реагираат кај надлежните, но резултат нема.. Разочарани се и студентите кои се приморани постојано да се приспособуваат кон моменталната ситуација. Градежната руина не само што го нагрдува центарот на градот туку го отежнува и влезот на кампусот. Од МОН кои се финансиери на проектот за две нови згради, не се заинтересирани да зборуваат за градилиштето на УКИМ. Сител два дена чека одговор - до каде е постапката за конечно довршување на објектите. Интересот е сличен и кај раководството на УКИМ. Нема одговор на кој начин Ректорот „притиска“ неговиот кампус конечно да го добие изгледот кој го заслужува. Извори за Сител велат дека наводно во план било да се направи ревизија на проектот за да се измени фасада која требаше да биде во барокен стил. Фирмата која го доби тендерот од 20 милиони евра заврши во стечај, оттогаш секој нареден министер кој ќе стапеше на функција ветуваше доизградба која никогаш не се реализира. http://sitel.com.mk/zaboraveni-objekti-srede-skopje-kje-se-izgradi-li-nesudeniot-dom-na-finki-i-fakultetot-za-fizichka |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 15065 |
![]() ![]() |
Барокните фасади за факултетите се преголем трошок за Владата
Имаат 30 000 евра за да се тргне барокниот стил, но нема дополнителни средства да се довршат двете згради на ФИНКИ и ДИФ на кампусот на УКИМ. МОН го стави фасадното корегирање пред интересите на студентите. Средства во буџетот има само да се смени кровот а со тоа и ликот на двете згради на на Бит Пазар, но не и за целосно да се довршат објектите кои се од суштинско значење за повеќе од 12 000 студенти. 7 години поминаа за да се донесе одлука дека поради ковид пандемијата, ќе се крати на трошоци за изгледот. МОН најави отворање нова тендерска постапка за избор на нов изведувач. - Градежните работи се стопирани поради тоа што е потребно да се направи пресек на изведените работи до сега, кој ќе ја покаже моменталната состојба со изведените работи а потоа е потребно да се направи промена во постоечките проекти поради тоа што е установено дека чинењето на барокните фасади со сите декоративни елементи кои немаат конструктивна функција е прескапо во време на економска криза поради Ковид 19. Од ректоратот на УКИМ велат тие не се моќни да вложат но дека побарале од МОН решение на просторните услови на голем број универзитетски единици. - Универзитетот нема финансиски средства за капитални инвестиции за изградба на нови објекти. Поголемиот број на факултети и институти имаат недостиг од простории, сместени се во времени или дотраени објекти кои иако се адаптирани, тие се со субстандардни услови за одвивање на наставно образовниот процес. Иако реализацијата на капиталните инвестиции Владата ја постави високо на листата приоритети, сепак за МОН не е од врвен интерес доградбата на двете згради кои својот фото финиш го чекаат повеќе од 7 години. Загрижувачки е фактот што државата речиси и да не инвестира во високото образование. Моменталниот буџет изнесува околу 0,8 отсто од БДП, што е речиси двојно помалку од европскиот просек кој се движи околу 1,5 проценти. Оваа статистика покажува зошто македонските универзитети се во слободен пад на светските ранг листи. УКИМ кој е единствен во оваа конкуренција, последните три години назадуваше за 128 места. http://sitel.com.mk/baroknite-fasadi-za-fakultetite-se-pregolem-troshok-za-vladata |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
Vire ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Aug-2021 Online Status: Offline Posts: 136 |
![]() ![]() |
Преголем трошок ?
![]() Добро шо комплекс имат овие од тој пусти барок ? Ова сите граници на забеганост ги поминвит,па човече милиони месечно фрлате на фстаци и бифтеци а зборвате за преголем трошок ? Па генерации и генерации ќе студират под кирија ради вашио малоумен инат така ? Бобобо,да се крсти чоек. |
|
![]() |
|
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 901 |
![]() ![]() |
Каков потенцијал имаше просторов со зелените површини...
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 14161 |
![]() ![]() |
Ќе се довршуваат зградите на ДИФ и ФИНКИ, ама не во барок-стил – многу е скапо
![]() Министерството за образование прави нова проценка за доизградба на зградите за Факултетот за физичка култура и за Факултетот за информатички технологии кои веќе шест години се градат во кампусот на УКИМ спроти „Мавровка“. Двете згради веќе трета година не виделе работници и се во фаза на карабина, откако пропадна компанијата-изведувач, Бетон Штип, пишува „360 степени“. За разлика од неколкуте досегашни најави за завршување на објектите, овој пат е ново тоа што од Министерството за образование велат дека се прави нова анализа, бидејќи претходните покажале оти доградбата на факултетите во барок, како што беше првично замислено, било премногу скапо. Причината што нема напредок е што инвеститорот, Министерството за образование и наука, нема распишано нов тендер за доградба на веќе започнатите барокни зданија откако Бетон Штип отиде во стечај. Сѐ додека нема нов тендер, не може ниту да се знае кога евентуално професорите и студентите ќе ги напуштат нивните стари објекти, пишува „360 степени“. Според податоци од МОН, за новата зграда на ФИНКИ веќе се потрошени речиси два милиони евра, а за таа на ДИФ 1,3 милиони, или вкупно околу 3,3 милиони евра државни пари. https://www.slobodenpecat.mk/kje-se-dovrshuvaat-zgradite-na-dif-i-finki-ama-ne-vo-barok-stil-mnogu-e-skapo/ |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Vire ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Aug-2021 Online Status: Offline Posts: 136 |
![]() ![]() |
![]() ![]() Имаја прилика да ги победат на нивни терен,да изградат прав барок од бетон,мермер,бронза,челик,да не ги реда сега сите материјали од системо...ама тоа е сдсм,сега ќе ги доазаебит ќе изгрдит некоја настел караконџула и ќе отидат в опозиција да одморат едно 20-30 години. ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 15065 |
![]() ![]() |
ВИДЕО) Новите згради ДИФ и ФИНКИ ќе се доградуваат ама не во барок бидејќи бил скап
https://360stepeni.mk/video-novite-zgradi-dif-i-finki-ke-se-dograduvaat-ama-ne-vo-barok-bidejki-bil-skap/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 567 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |