![]() |
![]() |
![]() |
Комплекс факултети на УКИМ |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 7> |
Author | ||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() Posted: 08-Dec-2014 at 21:33 |
|
За жал, отвораме уште една нова тема со исклучително лоша вест за уништување на нечија идеја, на нечиј творечки труд, некаков изворен концепт реализиран во стварноста. Оној што го уништува, барем официјално, не го знаеме: Влегува ли „Скопје 2014“ и во комплексот факултети на УКИМ?
Просторот на кој ќе се градат новите факултетиЌе се сместат ли студентите и универзитетските професори од скопскиот Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во владиниот проект „Скопје 2014“? Архитектот Жарко Чаушевски, автор кој што изработи мноштво „барокни“ идејни решенија за објекти од центарот на Скопје, ги освои двете втори награди за новите објекти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) и на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје. Овие зданија е планирано да се лоцираат на постоечката зелена површина во рамките на комплексот факултети на УКИМ, спроти трговскиот центар „Мавровка“. За вложениот труд во изготвувањето на двете архитектонски решенија, Министерството за образование и наука се одлучи на авторот Жарко Чаушевски да му додели две награди во вкупен износ од 600.000 денари.
Според објавените податоци на веб – страницата на Бирото за јавни набавки, архитектите доставиле вкупно 17 идејни решенија на распишаниот Конкурс кон средината на септември годинава. Од нив, за идното седиште на ФИНКИ биле доставени 7 конкурсни трудови, додека за објектот на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје се поднесени 10 архитектонски дела. Иако е вообичаено да се објавуваат подетални информации за севкупниот Конкурс, Министерството за образование и наука не се одважи да ги објави членовите на жири – комисијата што одлучувала за избор на најдобрите идејни решенија. Засега не се публикувани ниту визуелизации за идниот изглед на овие две зданија во склоп на комплексот факултети на УКИМ. |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7763 |
![]() ![]() |
|
ама ај да ги видам нека ги пипнат фавелите околу кампусот... тоа не може нели?
|
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4189 |
![]() ![]() |
|
Оф лелеееее.Наместо да се зафатат да го решат паркингот околу комплексов дека нели веќе сите се академски граѓани па мора сите со коли да доаѓаат на факултет.
Какви гужви се создаваат секој ден, фалат уште плус два факултета. |
||
![]() |
||
Petar Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Sep-2014 Online Status: Offline Posts: 271 |
![]() ![]() |
|
Барок си е барок.
|
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Обзнанета комисијата што го избра дизајнот на двете нови згради во кампусот на УКИМ
Просторот на кој ќе се градат новите факултети Медиумите ги открија членовите на жири – комисијата којашто го избра дизајнот на двете нови згради што ќе се градат во комплексот факултети на УКИМ – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје. Според пишувањето на информативниот веб – портал „Плусинфо“, доставените идејни решенија на архитектите се вреднувани од жири – комисија формирана од Министерството за образование и наука, во состав: Александар Јанакиевски, раководител на секторот за урбанизам во Град Скопје; Вујица Живковиќ, декан на Факултетот за физичка култура при УКИМ; Кристина Радевски, вработена во општина Охрид; Наташа Хаџи Лега, поранешна директорка на Директоратот за технолошко индустриски развојни зони и Милош Стокуќа. Заедно со министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми, оваа жири – комисија досега не излегла пред македонската јавност за да ја презентира одлуката за избор на најуспешните архитектонски трудови, што претставува вообичаена пракса при распишувањето на архитектонски Конкурси. Колку за споредба, Министерството за култура пред една година јавно излезе и ги обелодени резултатите од Конкурсот за избор на идејно решение за новиот објект на Универзална сала, заедно со образложение за одбраниот најуспешен архитектонски труд. Покрај тоа што не го следат овој позитивен пример од работењето на самата влада, од Министерството за образование и наука не излегуваат ниту со визуелно прикажување на најуспешните идејни решенија за двете нови зданија во рамки на кампусот на УКИМ. Идејните решенија на авторот Жарко Чаушевски се избрани како најуспешни архитектонски трудови за планираните објекти во кои треба да се сместат два факултети од Скопскиот универзитет „Свети Кирил и Методиј“. Овој архитект со своите неокласицистички и барокни концепти за центарот на Скопје досега победи на неколку архитектонски Конкурси, меѓу кој е и оној за промена на фасадата и надградба на Градскиот трговски центар (ГТЦ). Надворешниот изглед на сите овие зданија е во согласност со преферираните архитектонски правци од владиниот проект „Скопје 2014“. Најголемото прашање што се поставува од публикуваните резултати е дали се планира „барокизација“ и на комплексот факултети на УКИМ, изворно авторско дело на реномираниот словенечки архитект Марко Мушич. Овој познат интелектуалец во моментов ја врши функцијата претседател на Словенечката академија на науките и уметностите. Засега никој не ја информира македонската јавност дали воопшто е консултиран словенечкиот архитект при изборот на најдобрите архитектонски трудови за двата нови објекти во рамките на комплексот факултети на УКИМ. http://www.build.mk/?p=41776 |
||
![]() |
||
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4009 |
![]() ![]() |
|
Ova bi bilo odlicnooo!! Prezemeno od design.mk
![]() |
||
![]() |
||
martind ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 29-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 332 |
![]() ![]() |
|
1. За ФИНКИ и навистина одговара ваков објект
2. Локацијата, тотално промашување |
||
![]() |
||
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4009 |
![]() ![]() |
|
Jas bi rekol da se renovira fakultetot i da se sredi okolonata isto kako noviot objekt i se kje bide super. Inace renderot mnohu mi se dopagja a lokacijata e dobra, vakov objekt mora da im padne na sekoj skopjanec vo oci.
Mnogu se nadevam deka studentite i site drugi khe bidat protiv barok i vladata kje se odluci za vakov objekt. 90% ne e ralisticno da se sluci ova ama ne se zne. |
||
![]() |
||
martind ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 29-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 332 |
![]() ![]() |
|
Локацијата е и тоа како промашена.
Зошто? Еднсотавно, и сега има големи сообраќајни гужви, гужви во автобуси... Замисли како би било кога би се изградиле и нови два факултети со 1500 студенти, со 500 вработени ... И додека секаде во светот се врши децентрализација низ градовите, кај нас имаме централизација... |
||
![]() |
||
Z|evzek ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 423 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Чекајте бе луѓе, првин да видиме што издизајнирал Чаушевски со архитектите од булевар Илинден. Убаво што ние си коментираме овде, ама се знае во кој кабинет, на која врата треба да чукнеме по ова прашање
|
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7763 |
![]() ![]() |
|
по мое, факултетиве може да се дислоцираат во многу поголем студентски град, ама некаде во друга смисла, еднаш дискутиравме дека тоа нокогаш нема да се направи поради политички причини |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
martind ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 29-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 332 |
![]() ![]() |
|
Токму и поради тоа треба да се најде друга посоодветна локација. Ја мислам дека и до Машински Факултет да се изгради ќе биде одлична локација... .... Иначе штета што на крај ќе испадне "барок" |
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Ако збориме за локации мислам дека идеално е студентскиот дом Стив Наумов и околината па се до Математички Факултет да опфати еден дел и на Парк Шумата Гази Баба. Таман да го заживеат и паркот.
|
||
![]() |
||
Z|evzek ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 423 |
![]() ![]() |
|
Околу УКИМ е добро да се направи кампус за 60 % од студентите што ќе студираат на него. И те како ќе се намали гужвата...
|
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Ќе се гради „барокот“ во Универзитетскиот кампус на УКИМ!
Набрзина се турка изградбата на двата нови објекти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје кај кампусот факултети на скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Министерството за образование и наука пред речиси две недели склучило договор со фирмата „Архитектоника“ од Скопје за изработка на основни проекти за овие два објекти, кој најверојатно ќе го следат „барокниот“ архитектонски правец од владиниот проект „Скопје 2014“. Новите згради треба да се градат на местото на постоечкото зеленило, меѓу објектот на Ректоратот и булеварот Крсте Мисирков. Целокупната проектна документација е предвидено да се комплетира во временски период од само два месеци, и тоа врз основа на победничкиот архитектонски труд на авторот Жарко Чаушевски. Овој архитект изработи бројни зданија од владиниот проект „Скопје 2014“, во кој доминираат протежираните архитектонски стилови: „барок“, „класицизам“ и „неокласицизам“. На распишаниот Конкурс во декември минатата година, Жарко Чаушевски ги освои двете награди во вкупен износ од 600.000 денари. Дополнителни 18.762.000 денари (околу 300.000 евра) од буџетот на Министерството за образование и наука ќе се одвојат за изработка на основните проекти за двете зданија. И покрај силните притисоци од архитектонската јавност, Министерството за образование и наука досега не објавило ниту еден податок околу најавениот градителски потфат. Не се објавени визуелизации за идните образовни објекти, нема информации за висината на финансиските средства што ќе се потрошат од државниот буџет за оваа намена, нема податоци дали авторот на идејниот проект за Универзитетскиот кампус на УКИМ е информиран за промените што ќе ги претрпи неговото дело, ниту пак се објавува катноста и вкупната бруто површина на која ќе се простираат идните згради. Автор на изворниот архитектонски труд за објектите на Правниот, Филозофскиот и на Економскиот факултет е познатиот словенечки архитект Марко Мушич, кој во моментов е и претседател на Словенечката академија на науките и уметностите. Овој комплекс претставува еден од симболите на постземјотресно Скопје, кој е комплетиран како проект во 70-те години на минатиот век. Градежното земјиште на кое се наоѓа Универзитетскиот кампус на УКИМ се наоѓа на територијата на општина Центар, што подразбира дека оваа локална самоуправа треба да ја издаде градежната дозвола за евентуалната изградба на најавениот „барок“. http://www.build.mk/?p=43474 |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7763 |
![]() ![]() |
|
се надевам дека ќе се остави простор за идна интервенција на раскрсницата и дека нема објектов да виси над улиците и да создава средновековни сокаци, как одосегашните објекти... барем нешто нека се испочитува
|
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
ovaj_stariov ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1315 |
![]() ![]() |
|
Ни останува сега само да се молиме абдаливе да паднат побрзо од власт и ова да не се оствари.
На линковите има слики
http://www.mkd.mk/makedonija/politika/baroknite-finki-i-fakultet-za-fizichko-obrazovanie-kje-chinat-136-milioni-evra |
||
build.mk, гради форумска историја
|
||
![]() |
||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
|
![]() Е ако ова се подразбира под "разубавување" на просторот, како што велат одредени службени лица на одредени аудио снимки, тогаш не знам што е нагрдување на просторот. |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 14151 |
![]() ![]() |
|
Интересен текст во врска со предложените нови згради на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје:
Просторот и автономијата на универзитетот Влатко П. Коробар Автономијата на универзитетот, покрај академската слобода и автономијата во управувањето, ја вклучува и неповредливоста на универзитетскиот простор. Ова е запишано во Законот за високото образование и во Статутот на УКИМ. Законот утврдува дека просторот на универзитетот е неповредлив. Затоа полицијата и другите државни органи на безбедност не можат, без согласност на ректорот, да влегуваат во овој простор, освен за спречување на извршување кривично дело. Статутот на УКИМ е уште попрецизен. Неповредливиот простор на универзитетот ги опфаќа објектите и земјиштето во кое се сместени и во кое се остварува дејноста на единиците и ректоратот. Иако неповредливоста на универзитетскиот простор првенствено се сфаќа како неможност на државните органи за безбедност да влегуваат во универзитетскиот простор без посебна дозвола, изминативе месеци сме сведоци на една посебна форма на нарушување на неповредливоста на универзитетскиот простор. Пред неколку месеци Универзитетскиот сенат на предлог на Ректорот, со мнозинство гласови одлучи од Владата да побара средства за изградба на објект за потребите на Универзитетот, без прецизна намена и програма за објектот и без потребните детали вообичаени за ваква одлука. Иако имаше барања за тоа, одлуката остана неусловена, односно не беше утврдено под кои услови би се искористиле евентуално доделените средства. Така, на крајот на оваа авантура, сепак, нема да се добијат средства за изградба на објекти, туку изградени објекти. По неколку месеци од одлуката, предлагачот немаше одговор кој универзитетски орган одлучил во комплексот на објекти за општествени науки да се изградат токму објекти за Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и за Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, иако веќе беше завршен конкурсот за избор на идејно архитектонско решение за објектите распишан од Министерството за образование и наука, а според медиумите, членови на оценувачката комисија биле и деканите на овие факултети. Вообичаено, процедурата беше нетранспарентна, без увид на јавноста во пристигнатите и наградените трудови. Во духот на „остваруваме“ пред неколку дена беше објавен јавен повик за избор на изведувач на двата објекта. По ова следи изградба на објектите. Така се најдовме во ситуација Универзитетот да добие два нови објекта без притоа да е позната процедурата низ која Универзитетот ја реализирал својата автономија во управувањето и самостојно одлучувал за изградба на објектите. Што е овде спорно? Сè! Од почетната одлука за барање средства за изградба на објект до последниот чин на избор на изведувач. Во целиот процес не е почитувана ниту автономијата во одлучувањето, ниту универзитетскиот простор. Учесници во тој упад во неповредливоста на универзитетскиот простор, овој пат не се органите за безбедност, туку парадоксално тоа се самите органи на универзитетот и неговите единици кои си го суспендираа правото самостојно да одлучуваат. Упадот на две згради во кампусот на Универзитетот без автономна одлука на универзитетските органи е фактичка повреда на универзитетскиот простор. Згора на тоа - две грди згради. Иако е некоректно да се суди за објектите само врз основа на два објавени приказа на фасадите, тие слики и обемната евиденција распослана низ центарот на Скопје од истиот автор и во слична процедура, ни дава за право да судиме и врз основа на толку штури информации. Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, кој по природата на академските содржини поврзани со него е свртен кон иднината, ќе биде сместен во зграда која наликува како да е правена во третата деценија на минатиот век, а не во втората деценија на 21-от век. Која е пораката што овој објект ја испраќа? Како треба да се чита ова апсурдно архитектонско здание? Иако во својот архитектонски јазик објектот пелтечи, тој прецизно ја испраќа пораката за нашата дезориентација и некритичност и за неможноста да се избориме самостојно да одлучуваме за работи кои се еклатантно универзитетски домен. Уште поневеројатна е ситуацијата со објектот на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје. Веројатно Факултетот се специјализира исклучиво за спортови во сала, зашто во рамките на универзитетскиот комплекс ниту има ниту може да се обезбедат спортски терени на отворено. Еден колега од овој факултет ме убедуваше дека овде ќе се одржувал само теоретскиот дел од наставата, а ни самиот не веруваше во убедливоста на објаснението. Факултет за спорт без спортски терени е како факултет за хемија без лаборатории или факултет за ликовни уметности без ателјеа. Кога големите универзитети, оние од првите педесет на Шангајската листа што ни се, нели, репер, сакаат да изградат нов објект, го избираат јазикот на кој зборува архитектонското совремие и ангажираат несомнени авторитети во архитектурата. Така, универзитетот Колумбија од Њујорк за изградба на објектот Northwest Corner го ангажира Рафаел Монео, еден од најпрестижните архитекти на денешницата, а кога познатиот Швајцарски федерален технолошки институт (EPFL) од Лозана одлучи да го гради центарот Rolex Learning, преку меѓународен конкурс ја ангажираше фирмата САНАА од Јапонија, едно од најавангардните архитектонски бироа на денешницата. Но, очигледно во овој сегмент не се инсистира да ги препишуваме примерите од „најпрестижните универзитети“ во светот. Неповредливоста на универзитетскиот простор е нарушена. И тоа не на начин кој го имал предвид законодавецот, туку на еден уште пострашен начин, со траен упад во неговиот простор од кој долгорочно ќе црвенееме кога ќе треба да објаснуваме како тоа новите објекти се „постари“ од самите факултети што се сместени во нив. Објектите не се обични контејнери. Преку престојувањето во нив и нивното користење тие нè обликуваат. Една шведска поговорка вели дека детето има три учители, прво - другите деца, второ – учителот и трето – просторот. Тоа е така во сите простори на образование – и просторот подучува. И да се разбереме: никој не е против изградба на нови универзитетски капацитети и подобрување на условите за студирање и работење. Но, не може да се биде рамнодушен пред чинот кој освен што центарот на градот ни го направи за потсмев, сега и најстариот универзитет во државата ќе го направи да биде за потсмев со изградбата на овие објекти кои се вон контекстот во кој се лоцирани, вон духот на времето и вон здравиот разум. Има некои што тврдат дека овие објекти се всушност подарок (!?), а на подарен коњ забите не му се гледаат. Изгледа дека ова особено важи кога коњот е тројански. http://okno.mk/node/47485 |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 7> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |