build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Брза железница Будимпешта-Белград-Скопје-Солун
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Брза железница Будимпешта-Белград-Скопје-Солун

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 234
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 04-May-2016 at 03:50



13.04.2016 - The Chinese side believes that COSCO's investment in Piraeus is a "win win" situation. This argumentation is reasonable. The implementation of the "One Belt, One Road" initiative will involve Greece's biggest port, especially if the China-Europe Land-Sea Express Route is constructed... http://www.globaltimes.cn/content/978433.shtml


заради солунското пристаниште утре кинеската свилена рута наместо да оди по основниот Orient/East Med Corridor ќе тера по 'споредниот' Orient/East Med Corridor (MX)

The ambassador also mentioned the Belgrade-Budapest railway, whose blueprint involves plans to continue through Skopje (Macedonia) toward Piraeus (Greece). In the best case scenario, the railway is supposed to become a nexus between the Mediterranean Sea and the North and Baltic Seas, known as the China-Europe Land-Sea Express Route – a behemoth project which entails cooperation between a large number of European countries and which has a European doppelganger, the Orient/East Med Corridor. [1]

HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1404
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 20-Nov-2017 at 11:33

дај некој нека праша у влада какво мислење имаат за ккнеската хајспидка, колку да бидеме на чисто дали и сдс се за вакво нешто, бреј нашиве медиуми ни порано ни денес нит за лек не рециклираат инфо за потенцијална ваква пруга, а не пак предизборно да ги чешлаат партиите за став ...

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=296&PID=223233#223233

мислам не е лошо да пуштат и еден некоја нова верзија за Просторниот План на земјава, а каде ќе видиме бар на хартија една ваква проекција, која и повеќе од очигледно е дека пополека но сигурно завозува, прашање е само дали и кога и на воа вв бодстил ќе стават вето та кони во случајот со турски тек спрегнат некое ново диво насеље, можеби две ..

но, да гледаме оптимистички, може баш америте сега на чело со трамп заради некоја нова постојна геостратешка соработка со Кина оваа идеја и да ја дозволат, во спртивно ќе оди хајспидкава за Будим виа Софија ...
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1404
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 01-Sep-2018 at 03:33

охо може да очекуваме и кинезите да ги изгубиме како спона за Неутрална и Независна Република Македонија доколку колебаме и понатака на што сме, а ова фрла ново светло и на преспаниот За-Ци дил, односно од ова може да се извлече заклучок дека сириза навистина се надева дека истиот кај нив ќе помине доколкј кај нас на мала врата се протне, а можеби токму и ваков морков може да спинуваат на својата јавност за да ја аклиматизираат при евентуален јавен калабак, но тогаш ме чуди зошто како адут ова го немаат предреферендумски sds тука!?

https://china-cee.eu/2018/08/03/greece-external-relations-briefing-sino-greek-relations-flourish-within-and-beyond-161/

сепак чисто се сомневам дека кинезите ќе се пишманат илити грците ќе ги стопираат доколку за-ци дилот не помине потака од тргни-застани ратификација, но попрво на маса се глобални ризици него локални зицери апропо еден ваков проект, можеби светски еконосмки колапс, можеби светски тестесторонски вител, можеби глобален природен отпоздрав, но убо е да гледаме на и веруваме за подбро хајспид утре кое пак посекако вака нема да бидне чист ас и за нас бидејќи Скотје вака би станал глобален град со се тоа и сите ризици кои одат со еден таков ко регионален центар кој ќе ги апсорбира на ангро многу комшиски кадри и светски економски мигранти, заради што уште сега е паметно да се премести тежиштето кон нов град ко тоа концептот за Македон, конечно да се забрани уште сега добивање дозвола за престој и лична адреса на нови доселеници во метрополата за да не се продуцира уште поголема еколошка и етничка демографска катастрофа, но ако некогаш бидне ова ризик тоа би било в средината од веков кога потенцијално со ова темпо и во околности на регионален центар настане мегалополис налик Ку-Ско-Те иако неговиот рбет зависи како ќе се димензионира урабното планирање во главниот град дали ќе се шири кон Исток и Запад или пак Север и Југ она наместо висококатници во Скопје предградија врзани со ЛРТ од Куманово преку Скопје до Тетово што можеби немаше да биде глупост ако аеро-загадувањето не е норма за се поголем број здравствено попарени сограѓани!


Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1404
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 01-Sep-2018 at 14:55



во секој случај нема да биде топ хајспидка по К-10 ниту Г ниту Д туку Ц класа на брзи возоио ова значи ситен поклон ем мали очекувања ...

https://www.railfreight.com/corridors/2017/08/18/china-continues-silk-road-rail-project-in-serbia/

може Г или Д ќе тераат по јужниот свилен коридор!?

https://www.railfreight.com/corridors/2018/02/09/europe-china-rail-strategy-must-harness-potential-of-southern-silk-road/
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 564
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 01-Sep-2018 at 15:38
Originally posted by Zelenikovo



но, да гледаме оптимистички, може баш америте сега на чело со трамп заради некоја нова постојна геостратешка соработка со Кина оваа идеја и да ја дозволат, во спртивно ќе оди хајспидкава за Будим виа Софија ...

По сичко изглежда дека америте нема да ја дозволат оваа идеја..
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1404
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 01-Sep-2018 at 16:18



њу ворлд ордер и всичко е можно комшо, но прво ќе расчистат терен за полесно да оди изведба, ето немаат ли кинези ко хојти во арсенал, но се ми се чини хиперлуп во такви оконости ќе им биде поизводлива опција, бар потешко ќе може да се саботираат такви траси а веројатно и полесно ќе се репарираат, од кој аспект пловна вардарска долина ќе им биде долгорочно постратешка опција, но кој и што и да спростри е последни од тоа ќе имаме аиросвен ако не си дозволиме стандардизирано учипување та ко ботови и да може да се возоми во нивниот еугеничарски филм, Не Дај Боже бидејќи така заради краткотраен футуризам би трампале Вечно Блаженство, но ако мнозинството посакува преку Леб погача тоа и ќе им биде!

проблемот е што и при Г-хајспид опции пак грото Луѓе ќе си тераат друмски, ко што и сега не секој може да тера авионски, а и оние кои можат да си дозволат аеро аир денеска тоа не е остојан транспортен мод туку од време на време, та така и со хајспидка ниту екологија особено ќе се оправи ниту пак ќе се надминат аеро статистики, на страна сите ризици да сме директно зависни од поголеми играчи заради нивни бакшиш ко рушвет за доброволно отстапување сувереност!

Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 169
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 19-Feb-2020 at 19:13
Според мене, ако веќе прават брза железница, со момемталата траса низ која одат возовите е невозможно. Едно што, од Скопје до Велес минува низ брдо со многу кривини, и ако не се грешам максимална брзина е 80km/h. Пругата од Скопје до Велес не е во некоја лоша состојба, но сепак. Невозможно е и да се поднови да биде со 2 колосека за да има подобар проток на железничкиот сообраќај. Низ истата траса и товарни, и патнички возови поминуваат.
Слично е и делот со демиркаписката клисура. Стариот пат од таму минуваше, и новиот автопат кога се направи, се направи да минува низ брдото, ама пругата си остана на истата траса.
Прво за да се среди, ќе треба да се почне од делот од Железничката станица до Ж. Станица Лисиче. На тој дел дел од пругата од кај главната Железничка Станица до Депото, пругата се дели и едниот колосек оди во Депо, а другиот продолжува. Ќе треба да се направи, да се оддели посебен колосек што ќе завршува во депото,а посебен колосек кој што ќе биде со 2 шини кој што ќе оди до Ж. Станица Лисиче.
Ова го имам и сликовито објаснето:
https://ibb.co/ngynvcS
https://ibb.co/zsqBKtN
Овде на таа сликата со двете плави линии е веќе постоечката линија. Едниот коловоз се одделува од другиот и оди кон депото.
Решението за тоа е во другата слика (со црвените, и плавите линии), каде што ќе има влез и излез од депото, а двојниот коловоз ќе си продолжи понатаму, се до мостот после депото, кај Булевар Србија, т.е. железничкиот мост над Бул. Србија.
На една од сликите подоле, се гледа убаво дека има 3 шини, но 2 од тие кои што искачаат од депото не одат нигде, и завршуваат, а таа останатата е едниот коловоз кој што е од железничка до лисиче. Овде ќе треба да се среди овој дел и да се додаде и втор коловоз, или да се замени мостот со нов (или само шините), а за излезот од депото, може да се поврзе исто така како што нацртав на погорната слика. Од тука па се до малите мостови кај каналот кај горно лисиче, каде што пак на сликата подоле, може да се види убаво дека има повеќе мостови. Кога ќе се направи вториот колосек, или ќе се поврзе на еден од тие мостови или да се направи еден нов мост.
Еве како изгледа моменталната ситуација:
https://ibb.co/k5YkB1Y
https://ibb.co/x16NxQP
После ова се додава уште 1 колосек се до Ж. Станица Лисиче, која што ќе треба да се реновира од темел. Имам отидено таму, бев со другарче и можам да кажам дека е во многу очајна состојба.
Со ова испаѓа дека ќе може да се среди овој дел до Ж. Станица Лисиче, без никакви огромни проблеми.
Е сега, после Ж. Станица Лисиче, некаде на пола измеѓу Ж. Станица Лисиче, и Зелениково, колосекот да се раздели од веќепостоечкиот (бидејки накај Зелениково и после, почнува тој ридестиот дел и кривините, што поминува покрај реката вардар, се до Велес),ќе треба да се направи сосема нов колосек кој ќе оди покрај автопатот Велес - Скопје (како што е прикажано на сликата подоле), а накај Петровец ќе треба да се раздели и да оди друг колосек кон Меѓународниот Аеродром, а може и да продолжи понатаму после Аеродромот, и да се спои со пругата од другата страна (онаа што оди кон Куманово и Србија), и да се формира еден вид на Железничка Обиколница, па така да на пример, ако има директни линии Солун - Белград или Солун - Будимпешта, да не мора да се поминува преку нашата железничка станица.
Еве го истото сликовито објаснето:
https://ibb.co/bF7TqZ0
Е сега кај Велес новата линија или ќе треба да се спои со веќепостоечката (онаа што навлегува во градот), која што е 1 колосек, па таа бидејки поминува баш низ градот и низ многу земјишта и куќи, скоро е невозможно да се прошири. Овде има доста сообраќај, многу товарни возови поминуваат исто така. Тука се делат колосеците. Еден оди за Битола, Еден за Кочани, а другиот (најфреквентниот, и најкористениот) за Гевгелија. Па така да ќе треба да се изгради сосема нова Железничка станица во Велес која што ќе служи за поврзување со новиот колосек. Од овде нештата стануваат поедноставни. Теренот по повардарието е прилично рамен, и нема којзнае колку кривини. Е овде ќе треба само да се прошири веќепостоечкиот колосек, да се додаде уште 1,и да се направат кривините поблаги, за да можат возовите да возат со голема брзина без никаков проблем.
Со ова останува делот кај Демиркаписката клисура (Прикажано на сликите подолу. Плаво = постоечка траса, Црвено = Нова Траса), каде што новата траса ќе оди како што оди новиот Автопат. Ќе се искачи низ брдото, и ќе оди до Гевгелија.
Еве го истото прикажано на слика:
https://ibb.co/W3WpF11
После тоа, останува еден мал дел од Гевгелија, до границата, каде што ќе треба да се прошири колосекот, а од Грчката страна се гледа дека веќе имаат почнато (Прикажано на сликите подолу)
https://ibb.co/TmSR8nx
https://ibb.co/C0Yh3Jk
https://ibb.co/B2rdtGW
https://ibb.co/XXycrzK
https://ibb.co/7WNKkCJ
На една од сликите со плавата линија е означено каде оди веќепостоечката траса (пак по повардарие), а со црвената линија е означено каде го градат новиот колосек. После ова, ако не се грешам колосекот до Солун е со 2 шини, се спојува со Солун - Атина (ако не сум грешка), а и да не е, сигурен сум дека Грците лесно ќе го средат тоа, бидејки понатаму не приметувам никакви планини, ридови.
Од Српската страна исто така во полна пареа се гради од Београд до нови Сад, па така да ќе им остане делот накај Ниш - Врање кои што можат лесно да го средат (за делот кај Грделичка Клисура не сум сигурен, ама постојат виадукти и тунели), и ќе остане делот од Табановце до Скопје, кој што може лесно да се среди, само што ќе треба дел од колосекот да ги избегнува помалите општини и села, бидејки во повеќето од нив се вози поспоро, се поминува низ доста улици, а и поминува низ доста куќи, па така да не се исплати да се проширува таму. Е вака би можело да се направи брза железница. Прво да се средат веќе постојните колосеци, да се прошират, и да се изгради нови каде што ќе треба.
Ова е мое видување, јас вака си ги замислив работиве, цртежите не се нешто посебни, не сум некој професионалец у цртање, се е аматерски направено.
Ако има некој луѓе во МЖ, или во Влада слободно ова може да им се прати како пример. Зошто да се фрлаат милиони на подновување на веќепостоечките колосеци, кога нема да има некаков ефект. 95% се е на 1 колосек (1 шина), и не вреди да се инвестира, едино еве кај повардарието од Велес до Демир Капија каде што теренот е поприлично рамен, па таму да се прошири колосекот (да се додаде уште 1 шина).
Сепак, јас сум скептик за ова, и не верувам дека во наредните 10 години некој ќе направи нешто. Џабе сега зборуваат, од наша страна слабо дека некој ќе се нафати на вакво нешто, а особено не на ова што го спомнав јас. Едно у најлош случај е да го подноват веќепостоечкиот колосек, да фрлат пари на нови возови кои што ќе изгледаат нешто подобри од веќепостоечките, и да кажат еве нови побрзи возови, а пак да возат по 60-80km/h.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12126
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 19-Feb-2020 at 20:58

Wild boy, ова сигурно ќе те интересира:

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1103&PID=156903#156903


За делницата од Драчево до Велес пред неколку години е направена физибилити студија која опфаќа варијанта со нова двоколосечна пруга за постигнување на брзини од 160 km/h.

За други делници не знам дали воопшто е ставено на хартија макар барем толку конкретно.


Инаку за кај депото Лисиче без гајле
Не е воопшто проблем да се изведат два колосеци и воедно да се поврзат со депото. Не мора да има премостување, доволни се две свртници кои директно ќе се упатуваат кон депото.


Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 169
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 20-Feb-2020 at 06:34
Видов ама сепак, пак 120km/h, па и 160 е далеку од брза железница. Зошто да одат по истата траса со кривини и да ја дуплираат, кога може да се направи сосема нова, како што предложив јас, а старата траса да си остане за старите регионални возови, и за товарните возови, а новата за брзи возови (од 160km/h до 200).
Зошто да одат со овој проект кој ќе ги чини може и поскапо, кога има и поедноставно решение.
Ако имаме мрежа со 200km/h и возови кои го дозволуваат тоа, знаете колку брзо ќе се стига, во споредба со кола. И така возовите ќе можат пак да се вратат во игра, и да станат конкурентни на сообраќајот со коли, па така да и МЖ ќе може да профитира.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 881
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 20-Feb-2020 at 10:07
Убаво е да имаш желби, веројатно сите на форумов имаат по некоја, но реалноста е сосема поинаква и премногу очигледна - немаме пари и немаме знаење. Немаме пари да изградиме 15 км од Крива Паланка до Деве Баир, а немаме знаење да изградиме пруга до Бугарија и Албанија веќе 30 години.

Инаку како за споредба брзата железница од Франкфурт до Келн чинеше 6 милијарди евра (тоа е околу 8 милијарди евра во денешни пари), должина од 180 км, макс. брзина 300 км/ч. Тие пари ќе ги имаме кога ќе имаме БДП колку Словенија во 2030, а можеби ни тогаш.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1404
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 19-Mar-2020 at 11:41

заборавате дека ако на ПетреШ му се може да дума за вијадукти в сред Скопје што пак на кинезите заради полуостровски маркетинг, та и по сосем нова траса него постојната на К10, особено доколку извадат некој нов маглев или хиперлуп карго систем кој би одел под столбоите додека горе леткаат пасажерите, арно ама не дали економски е исплатливо вакво нешто туку колку нам би ни било ризик истото како од туристички така и вирусен па и криминален аспект [1]

може да антиципирам дека ќе имаат голем Ќар сите од вакви инфраструктурни екскурзии кој и да земе да ги исфинансира, но може да прејудицирам дека многу арно не секогаш е на арно, само два милиона балкански туристи да имаме годишно па кој сите нив да ги пази помага во небрано здравствено а не пак да ги трпи зар сите тие се елоквенција во движење туку нормал многу ошле на одмор и да си се очукаат поштено дал со шишето со природата или месото, сетне ето га месо од Бразил бидејќи вашето најубавото ќе си го шитнете и беспари само некого да навлечете трајно тука да доаѓа директно или индиректно, хм само како тогај во манастирите да стигне некој да си лекува озбилни гурабии [1] та полсле кога ќе бидат принудени монасите да затворат порти бидејќи со време некој не се сетил да стави подобна културна стандардизација каде кој кога може и треба да оди да се свртитат полуписмени и против Црква зошто не дозволуе Свети Места да сстанат хедонистичко буниште како би спречила и тие да се искомерцијализираат!

Радувајте се и на она што го имате, и не посакувајте преку Леб погача за да не се загрцнете! само колку треба предострожност во вакви кризни корона времиња а ете вие сте си заробиле и времето и парите во проекти кои на крај за мала земја како нашата се поголем товар него растеретување ...

туку еве што ет предострожност во брзите возои [1]

Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 881
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 29-Apr-2020 at 10:51
Не знам дали објавија во нашите медиуми за ова, ме мрзи да барам па затоа еве на англиски.

Hungary, China sign loan deal for Budapest-Belgrade Chinese rail project

BUDAPEST (Reuters) - Hungary and China have signed a loan agreement to finance the construction of a railway link between Budapest and Belgrade, Finance Minister Mihaly Varga announced on Friday.

Varga said in a video on his Facebook page that the loan carried a fixed interest rate and an early repayment option but he did not say what the exact terms were.

A key piece of data in the loan agreement is what interest rate Hungary will pay.

Earlier this month, Hungary drafted legislation to classify all data included in contracts for the $2.1 billion, tax-payer funded rail project for 10 years.

“We have a loan agreement that is advantageous and secure for Hungary,” Varga said in the video, adding that the terms of the loan were “favourable relative to the currently available debt financing conditions.”

Some 85% of the financing comes from China as a loan, while 15% is provided by Hungary, he said.

Varga said the new rail link, to be completed by 2025, would allow Hungary to be a centre for European logistical networks as Chinese goods travel from Greece to western Europe.

The 150-km (93-mile) Hungarian stretch of the railway will be built by CRE Consortium which includes holding company Opus Global, controlled by Lorinc Meszaros, an associate of Prime Minister Viktor Orban.

The other half of the winning consortium is owned by China Tiejiuju Engineering & Construction Kft. and China Railway Electrification Engineering Group Kft., representing the Chinese state railways company.

According to a statement by Opus in 2019, the holding company could earn revenues worth about 295 billion forints from the project over the planned construction period.

The project has suffered significant delays. China, Serbia and Hungary signed a memorandum of understanding on the 370-km (230 mile) rail route in December 2014 in Belgrade.

https://www.reuters.com/article/us-hungary-china-railway-loan/hungary-china-sign-loan-deal-for-budapest-belgrade-chinese-rail-project-idUSKCN226123
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1990
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 29-Apr-2020 at 12:48
Ишала некоја вест. Планираат нешто нашиве (по можност без кинеско ропство)?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 898
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 29-Apr-2020 at 13:36
Па јас во веста читам Белград-Будимпешта, не мора да значи дека ќе биде и понатаму.

И воедно, ако добро разбирам дека вредноста ќе биде две милијарди во таа рамница, кај нас колку ќе биде, 6-7?
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 881
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 29-Apr-2020 at 16:21
Веста е за делницата од Будимпешта до граница со Србија која ќе чини 2.1 милијарди долари. Со оглед на тоа што одлучиле да ги класифицираат сите документи поврзани со проектот и договорот, се остава голем простор дека има инволвирана корупција, потсеќа многу на нашите закони за автопатите.

Инаку моето мислење за прашањата што ги поставивте (дали планираат и колку ќе чини) е ова од погоре:

Originally posted by ironm

Убаво е да имаш желби, веројатно сите на форумов имаат по некоја, но реалноста е сосема поинаква и премногу очигледна - немаме пари и немаме знаење. Немаме пари да изградиме 15 км од Крива Паланка до Деве Баир, а немаме знаење да изградиме пруга до Бугарија и Албанија веќе 30 години.

Инаку како за споредба брзата железница од Франкфурт до Келн чинеше 6 милијарди евра (тоа е околу 8 милијарди евра во денешни пари), должина од 180 км, макс. брзина 300 км/ч. Тие пари ќе ги имаме кога ќе имаме БДП колку Словенија во 2030, а можеби ни тогаш.

Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 898
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 29-Apr-2020 at 20:27

Најдов сличен проект со географска поставеност. Имено Германците градеа брза пруга помеѓу Нирнберг (Баварија) и Ерфурт (Тирингија) во должина од 190 километри со два колосеци, од кои до 2017 е направено само 107 километри брза пруга со максимални брзини од 300 км/ч, и ги чинело 5,5 милијарди евра

Така да, во целост се согласувам со тебе.

Проектот Нирнберг-Ерфурт

Edited by ehrlich - 29-Apr-2020 at 20:27
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1990
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 29-Apr-2020 at 21:06
300 км/ч би биле одлично сценарио, во Солун би се стигнувало за ~45 минути, а во Белград за час и половина (се разбира без граници), но во наредниве 50-тина години не е возможно.

Колку би чинела пруга од Табановце до Богородица со брзина од 200 км/ч (каква што веќе постои во Грција)? Впрочем првичниот проект на Кинезите беше за 200 километри на час од Будимпешта до Белград, а помалку на другите делници; во веста погоре не можам да најдам колку планираат сега. А пари и знаење за железничко поврзување со Бугарија и Албанија има, макар било тоа и со брзина од 100 или 120 км/ч, нема способност и визија. Колку пари се фрлија на СК14, корупција, вишок администрација и еден куп бунари без дно? За 30 години можеа да се изградат клучните железнички врски и да се постават основи за развој на секундарната железничка мрежа.

Edited by Staro Skopje - 29-Apr-2020 at 21:09
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1404
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 01-Jul-2020 at 01:16

https://innovationorigins.com/a-high-speed-train-to-take-you-from-lisbon-to-helsinki-and-further/

https://wiiw.ac.at/p-5352.html

short version of the interview with Mario Holzner



https://rs.sputniknews.com/radio_energija_sputnjika/202006291122895779-veceras-hoce-li-evropu-premreziti-brze-pruge/



~

тргни застани за едно 2-3 децении ако репер се Британци

https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_support_and_opposition_to_High_Speed_2#Other

http://www.railtechnologymagazine.com/Rail-Industry-Focus-/the-characteristics-of-high-speed-rail-track-around-the-world

https://www.hs2.org.uk

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 234

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.