build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Културно наследство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Аквадукт - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 14-Jul-2010 at 08:27
па еве да отидам нареден пат...  и поубаво ќе сликам... и од повеќе агли ќе фатам!Ако е некој заинтересиран, слободно нека ми пише порака!
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 14-Jul-2010 at 14:02

Можеби може и аквадуктов дечкиве да го направат во 3Д модел за гугл земја? Алекс, гитар?

Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 14-Jul-2010 at 14:12
Доколку имаме слики од повеќето агли, и по можност една со целиот аквадукт, секако. Само панорамски слики воопшто не се корисни.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 16-Feb-2011 at 13:34


http://utrinski.com.mk/?ItemID=E700CE02DC70D3479F2F0ADAD9F7B08A

Проект за ревитализација на заборавениот Аквадукт

Изработен е план за изгледот, активностите и идните цели за културниот споменик

Градот Скопје, Управата за заштита на културно наследство и Одделот за просторно планирање и Меѓународниот центар за конзервација при Католички универзитет „Лувен“ од Белгија во наредниот период ќе го ревитализираат скопскиот Аквадукт. Вчера беа објавени проект-планот и идните активности, визиите и идејните решенија за ревитализацијата на културниот споменик.

Презентирајќи ја публикацијата „Стратегиски план за заштита и рехабилитација на Аквадуктот во Скопје и неговата околина“, Белгијката Тереза Стенберген, менаџерка на проектот, рече дека две години се работело на планот за споменикот и се барало начин за изградба на шеталишта, хотели, локали за забава и релаксација во околината, но и можност за организирање културни и уметнички манифестации за посетителите.

„Не е доволно само да се реставрира еден историско-културен споменик. Потребно е да се придобијат и домашните и странските туристи со атрактивни содржини“, рече Стенберген.

„Водејќи се по примерите на Фландрија, имавме мултидисциплинарен пристап кон изнаоѓање соодветни конзерваторско-архитектонски решенија за проектот, при што се направени повеќе елаборати за активностите на споменикот и негова рехабилитација. Аквадуктот треба да претставува нов јавен простор што би ги обединил граѓаните со својата културна, естетска, социјална и рекреативна содржина“, рече директорот на Управата за заштита од културно наследство, Паско Кузман.

Коце Трајановски појасни дека Градот ќе испрати барање до Владата за да се обезбедат средства, бидејќи смета дека за целосна и успешна реализација на проектот ќе треба активно да се вклучат и Министерството за транспорт и врски, општините Карпош и Бутел, но и сите локални граѓани, кои со своите идеи и иницијативи би придонеле за побрзо расчистување на сметот околу локалитетот. (Б.Ш.)
Back to Top
Stibera View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 117
  Quote Stibera Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 13-Apr-2011 at 22:42
како може да се стигне до аквадутит да ми објасни некој фиино лепо просто пласстично од центар на скопје преку кои семафори каде што да се оди да с епаркира кад епеш и слично сакам да го посетам Smile
 
благодарам однапред
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4470
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 13-Apr-2011 at 23:38
While you're at it, и со градски превоз како се стигнува кажете
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 14-Apr-2011 at 09:14

Аквадуктот порано се наоѓаше во склоп на касарната Илинден, кај ПВО полигонот. Тоа би му дошло од десна страна на Бул. Словенија, ако се движиш во правец на Бутел, на самиот почеток. Дали е сеуште тука оградата на касарната, или е поместена незнам.



Edited by UrbanFreak - 14-Apr-2011 at 09:15
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
Stibera View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 117
  Quote Stibera Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 14-Apr-2011 at 10:55
Originally posted by UrbanFreak

Аквадуктот порано се наоѓаше во склоп на касарната Илинден, кај ПВО полигонот. Тоа би му дошло од десна страна на Бул. Словенија, ако се движиш во правец на Бутел, на самиот почеток. Дали е сеуште тука оградата на касарната, или е поместена незнам.

 
друже ја нема овде на гпс таа улица словенија?
 
 
гледам и бутел 1 и 2 ја нема

а ова јадранска магистарла улицата ја знам што проаѓа покрај касарна илинден и оди нели спрема граница на косово накај кчанички пат.

каде се врти тука за тој булевар словенија?

назад од качанички пат покрај касарната доаѓаме до семафори кај америчка амбасада

и сега да ми кажеш правец каде да идам кај да свртам, затоа пишав пластично ил ипросто објаснување Smile
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4470
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 14-Apr-2011 at 11:01
Види дали ова ти помага

Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Stibera View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 117
  Quote Stibera Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 14-Apr-2011 at 11:13
Originally posted by гитардемон

Види дали ова ти помага

 
да да, фала многу ова повеќе помага Yes
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 14-Apr-2011 at 16:59
Само малку е грешно, не одиш внатре во Касарната преку мостот на каналот, туку одиш, покрај каналот на Серава... патот ќе стане макадам и земја додека стигнеш до Аквадуктот.

Позз
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 22-Sep-2015 at 15:36
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 22-Sep-2015 at 17:43
Гледам, во темава нема многу фотографии од аквадуктот, па и јас да придонесам со неколку:



Skopje Aqueduct by Resul I., on Flickr



Timeless by Kristiina Aksberg, on Flickr

За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 10-Oct-2015 at 11:28
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 20-Mar-2016 at 21:00
Го посетив денес аквадуктот со пријатели од Унгарија. Првиот впечаток ни беше многу лош. Вториот - уште полош. Понатаму само се редеа лоши впечатоци што ги стекнувавме во меѓувреме.

Прв проблем - пристапноста. За тие што не биле, до аквадуктот се стигнува по бул. Словенија (по ул. Јадранска магистрала) по што се врти десно, па лево. Се вози по брегот на реката/канал Серава, која е полна со секакво ѓубре. На брегот живеат ромски и албански семејства во трошни куќи, наоколу има ѓубре и кал.

Втор проблем - ѓубрето. Ѓубре има насекаде. Во реката, во нивите околу аквадуктот, пред самиот аквадукт. Се запрепастив од тоа што го видов. Не треба да кажувам колку непријатно беа изненадени моите пријатели од Унгарија.

Трет проблем - самиот аквадукт. Аквадуктот е во очајна состојба. Ми се чини дека еден дел ќе падне секој миг. Мал дел се рони, столбовите едвај се држат. Реставрирани се само три-четири лака и тука завршува сè. Силно се разочарав од односот на надлежните установи кон ова значајно историско и културно наследство на Скопје и на Македонија. Да ве потсетам само дека за панорамското тркало се одвоени над 18 милиони евра буџетски средства.

Навистина не знам што правиме ние како држава. Значајни културно-историски споменици ни пропаѓаат, а ние создаваме кичозни торти што немаат никаква вредност. Аквадуктот може да прерасне во огромна знаменитост на градот, ама не ваков каков што е сега. Сега е олицетворение на нашата мизерија и негрижа. Се засрамив пред моите гости и си заминавме за многу брзо зашто никој не се чувствуваше пријатно. Толку за тоа, следи мала фоторепортажа од местото:

Еве што нè пречека http://s16.postimg.org/s75kuc72s/DSC01688.jpg

Skopje aqueduct / Скопски аквадукт by george k. 1981, on Flickr

Древни цевки

Skopje aqueduct / Скопски аквадукт by george k. 1981, on Flickr

Skopje aqueduct / Скопски аквадукт by george k. 1981, on Flickr

Skopje aqueduct / Скопски аквадукт by george k. 1981, on Flickr

Под аквадуктот поминува каналот на реката Серава

Skopje aqueduct / Скопски аквадукт by george k. 1981, on Flickr

Skopje aqueduct / Скопски аквадукт by george k. 1981, on Flickr

Skopje aqueduct / Скопски аквадукт by george k. 1981, on Flickr

Белите работи на тревата не се цвеќиња туку влажни марамчиња и друг вид хартии

Skopje aqueduct / Скопски аквадукт by george k. 1981, on Flickr

Тука се гледа реставрираниот дел

Skopje aqueduct / Скопски аквадукт by george k. 1981, on Flickr

Skopje aqueduct / Скопски аквадукт by george k. 1981, on Flickr

Skopje aqueduct / Скопски аквадукт by george k. 1981, on Flickr

Skopje aqueduct / Скопски аквадукт by george k. 1981, on Flickr

Зградата што се наоѓа под лакот (онаа десно) е зградата во која живеев триесет години, до лани Во поведрите денови од прозорците во мојата дневна соба можев да го видам аквадуктот (живеев на седми кат, а зградата има дванаесет)

Skopje aqueduct / Скопски аквадукт by george k. 1981, on Flickr

Вадени се камења од столобивте

Skopje aqueduct / Скопски аквадукт by george k. 1981, on Flickr

КРАЈ!
За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 580
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 20-Mar-2016 at 22:49
Fala Dzole.
Ako se prosledi vesta kon mediumite, ili barem na build.mk da se objavi kako vest, mozhebi kje ima nekakva pozitivna reakcija...
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 20-Mar-2016 at 23:50
Imase nekoj proekt za istrazuvanje i restavracija. Kade zapna pojma nemam. Gledajki gi nivite nisto cudno i da ima pravno imotni problemi za sreduvanje na cela okolina. No kako i da e sramota e vakov objekt da bide ostaven vaka sam na sebe. Ako nisto drugo barem da se napravi najobicna zastita i barem malku da se sredi higienata okolu objektot. I toa bi bil Minimum inaku ovoj objekt zasluzuva mnogu poveke.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 739
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 20-Mar-2016 at 23:58
И јас после многу долго време го посетив аквадуктор на почетоков на месецов, но заборавив да објавам, иако еве Џоле дал убава репортажа. Состојбата и мене ме запрепасти, жалосно е да се гледа тоа, со оглед на неговата важност.

Да не зборувам и за оградените површини до самиот аквадукт, небаре некому му припаѓа.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 14-Apr-2016 at 06:58
ОД НОВИ СПОМЕНИЦИ СИТЕ ГО ЗАБОРАВИЈА АКВАДУКТОТ

Скопскиот Аквадукт, културен споменик од прва категорија тоне во трње и трева. Нема никаков патоказ кој покажува како да се стигне до него. Оние што знаат приближно дека е близу Визбегово до булеварот „Словенија“ во општина Бутел, веројатно мошне непријатно се изненадиле кога прво поминале по правлив пат покрај кој демнат ѓубришта и диви депонии се' до коритото на реката Серава. Во близина се издигаат арките на споменикот на културата, кој ги крие сите тајни на цивилизацијата која преку него се снабдувала со вода.

Околината на споменикот долг 386 метри само потврдува дека тој се наоѓа среде дива природа. Идејата на Општина Бутел да се скроти таа природа и да се облагороди и урбанизира просторот, да се отворат сувенирници и угостителски објекти за посетители и туристи остана само идеја. Толку нови модерни споменици се поставија во Скопје, а овој стар споменик сите го заборавија и го препуштија на забот на времето, наместо да го претворат во туристичка атракција. Препуштен е и на непознавачите на неговата вредност, па таму најверојатно излетници покрај вредните ѕидови палеле скара, а тоа го потврдува изгаснато огниште направено можеби од камењата извадени токму од неговите ѕидови. Од Општина Бутел велат дека целосната одговорност и надлежност за Аквадуктот ја презел Градот.

Аквадуктот за едни е споменик кој датира од 6 век, од времето на Јустинијан Први, а за други од 15 или 16 век. Од Градот велат дека на нивна иницијатива, а со поддршка на фламанската влада од кралството Белгија во 2009 година Универзитетот од Лувен изработил стратешки план за рехабилитација на скопскиот Аквадукт. Градот од своја страна, во исчекување на ревалоризација на просторот, во рамки на изготвувањето и донесувањето на новиот ГУП ги предвидел заштитените зони околу Аквадуктот, како и другите урбанистички рамки околу заштитениот појас. Ја очекува класификацијата, по што активностите за зачувување и рехабилитација на Аквадуктот ќе може да се внесуваат во буџетите и програмите на оние институции кои ќе бидат надлежни за нивно спроведување.

„Појдовна точка за спроведување на постапките за рехабилитација на Аквадуктот е ревалоризацијата и категоризацијата на овој културен споменик, кој не е во градска надлежност. Изготвувањето на стратешкиот план, според Законот за заштита на културното наследство, утврди обврска на Конзерваторскиот центар да изврши ревалоризација на Аквадуктот како споменик на културата. Тоа е потребно за ова културно добро да биде под заштита на законот, како и со цел да се утврди категоријата, границите, неговата контактна зона и режимот на заштита. Во тој контекст, конзерваторските заводи треба да изработат елаборат за ревалоризација. Кога ќе се изработи елаборатот и ќе биде утврден конечниот статус како заштитен објект, Градот, надлежните министерства, надлежните општини ќе можат да преземаат конкретни урбанистички, плански и програмски активности за ревитализација на Аквадуктот“, велат од Градот.

Од Градскиот конзерваторски центар, пак, информираат дека во 2011 година бил промовиран стратешки план за целиот простор околу Аквадуктот, кој требало да се третира како културен предел што најпрвин треба да се исчисти. Но, планот не наишол на разбирање кај креаторите на државната политика.

„Стратешкиот план вклучуваше мрежа на институции, но потоа во 2012 година ГУП-от предвиде нешто друго, некои други содржини кои не се вклопија во стратешкиот план. А стратешкиот план за кој државата воопшто не потроши пари пропадна. Поставувањето знаци каде е споменикот на културата, чистењето на ѓубрето и хортикултурното уредување не е наша работа. Наша задача се истражувачките работи и ние тоа го направивме, освен истражувањето на малтерот што треба да го направи Институтот за атомска физика во Загреб, по што ќе следуваат конзерваторски и реставраторски работи“, вели Лилјана Китановска, архитект виш конзерватор во Градскиот конзерваторски центар.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=0696DD41011A7442AF3D8A3662A8E6DA
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 15-Apr-2016 at 02:48

да беше на плоштад аквадуктов, можеби ќе добиеше внимание...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.