build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Културно наследство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Аквадукт - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 234
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 15-Apr-2016 at 10:17
Neznam navistina sto e problemot so akvaduktot imase najavi za revilatizacija i sreduvanje na okolinata no nisto ne se slucuva. Tazno navistina no ne bi mozel da kazam na sto se dolzi ovaa negriza.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 22-May-2016 at 22:45
Konecno novi informacii za Akvaduktot. Znaci sepak se raboti na konzervacija i restavracija no ocigledno vakvite procesi si baraat dopolnitelni istrazuvanja vrz cija osnova se pravat konzervatorskite proekti. Da se nadevame deka vo bliska idnina ke pocne da se raboti i na teren.
КОНЗЕРВАТОРСКИОТ ЦЕНТАР ЌЕ ЈА ИСТРАЖУВА СТАРОСТА НА ЛОКАЛИТЕТОТ

Колку е стар Скопскиот аквадукт

Конзерваторскиот центар - Скопје се подготвува за испитување што точно треба да ја утврди староста на Скопскиот аквадукт, кој е познат и како Римски аквадукт. Резултатите од ова истражување се неопходни за да може да почне подготовка на проект за целосна конзервација на Аквадуктот.



"Единствено отворено прашање во делот на конзерваторските истражувања останува датирањето на Аквадуктот. Претпоставките во стручната литература хронолошки го поставуваат времето на неговото градење во многу широка рамка, од шестиот до шеснаесеттиот век. На објектот нема зачувани дрвени елементи на кои би можела да се направи анализа на староста, па поради тоа, останува да се направат анализи на староста на малтерот, со методи што ќе бидат определени од соодветна стручна институција, како на пример Институтот за атомска физика во Загреб, Хрватска", вели Ема Петрова, директорка на Конзерваторскиот центар Скопје.
За овие испитувања Конзерваторскиот центар веќе има одобрено средства од околу 300.000 денари, кои се веќе одобрени од Министерството за култура.
Во текот на 2013 и на 2014 година, НУ Конзерваторски центар - Скопје обезбеди два гранта во рамките на проектот "Љубљански процес 2 - Рехабилитација на нашето заедничко наследство" за реализација на истражувачки работи на Аквадуктот во Скопје.
"Со грантот од 5.000 евра беа реализирани сондажни археолошки истражувања и беше утврден начинот на фундирање на градбата, односно длабочината, обликот и опусот на градење на темелите. Сондите беа поставени по една на пет столба и на северната и на јужната рампа. Според резултатите од археолошките истражувања, начинот на фундирање на сите истражени столбови и на рампите е ист, поради што нема потреба од дополнителни археолошки истражувања. Со другиот грант, кој изнесуваше 30.000 евра, беа реализирани геотехнички и геофизички истражувања на почвата на која се наоѓа Аквадуктот, анализи на физичките, хемиските и на минеролошките карактеристики на вградените материјали и анализа на статичката и на динамичката стабилност на Аквадуктот. Резултатите од овие истражувања содржат доволно показатели за носивоста на почвата, за причините за деформација на објектот, за квалитетот и карактеристиките на градежните материјали, како и за неговата стабилност. Со овие показатели, возможно е во конзерваторскиот проект да се предвидат соодветни технички решенија за санација, конзервација и за реставрација на Аквадуктот во Скопје", вели директорката Петрова.
Кога ќе ги добијат резултатите за староста на малтерот од Аквадуктот, во Центарот ќе ги имаат сите неопходни податоци за изработка на проект на постојната состојба, а потоа и идеен и основен проект за санација, конзервација и за реставрација на Аквадуктот.
Аквадуктот во Скопје е споменик на културата, заштитен со Решение за утврдување својство споменик на културата од 1967 година, но не е конзервиран ниту еднаш. Нема пат што води до него, просторот околу него е неуреден, а и самиот споменик на некои делови е веќе разурнат.
(М.И.П.)
http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=1D8FDEF478B7564B87FF33BFFED0B3AD
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 26-Oct-2017 at 17:33
Наместо да се искористи неговиот потенцијал за туристички цели, ние го оставаме да пропадне. Што друго да се додаде?
__________________________________________

Аквадуктот е врв на негрижата за културното богатство

„Врв на негрижа за културно богатство, срам за градот и државата. Малце ќе ми биде остатокот од животот да го заборавам тоа што го видов“.

Ова е описот по посетата на Скопскиот аквадукт од „Антиводич“, кој е водич што сака да потсети дека одредени локации не се за туристи поради лоша сигнализација и небрижност кон културното богатство.

Аквадуктот претставува едно од позначајните знаменитости и наследства на Скопје. Тој со својата должина од 385 метри е единствен во Македонија и еден од трите сочувани аквадукти на просторот на поранешна Југославија, покрај тој кај Бар во Црна Гора и Диоклецијановиот аквадукт кај Сплит.

За историскиот објект кај скопско Визбегово, долго време се споменува процес за негова конзервација и реставрација, но, сепак, Аквадуктот низ годините се повеќе е руиниран и потонува во негрижа.











http://www.radiomof.mk/foto-antivodich-akvaduktot-e-vrv-na-negrizhata-za-kulturnoto-bogatstvo/
За сè има вторпат
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 512
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 27-Oct-2017 at 11:06
30тите години од минатиот век

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 08-Aug-2020 at 11:32


https://www.facebook.com/GradotUbav
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 20-Apr-2021 at 17:02
Владата донесе Одлука со која го прогласи Аквадуктот за споменик со највисок степен на заштита

април 20, 2021

Владата на Република Северна Македонија, на предлог од Управата за заштита на културното наследство и мислењето на Националниот совет за културно наследство, на денешната седница донесе Одлука за прогласување на споменикот Аквадукт во Скопје за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење.

Одлуката уследи по усвоениот елаборат за ревалоризација на споменикот, процес кој долги години беше закочен во надлежнитe институции.

Со ревалоризацијата на Аквадуктот е опфатено и прашањето за категоризација на доброто според неговото значење, а со тоа и прашањето за режимот на заштита.

Одлуката овозможува трајно зачувување на Аквадуктот и на неговите вредности во културна и историска смисла, како и во однос на заштитата на архитектурата, на социјалниот, едукативниот, туристичкиот и економскиот аспект на локалитетот. Со тоа се овозможува конечно да започне и неговата физичка заштита.

Со донесувањето на Одлуката, Аквадуктот се вбројува во уставната категорија „добра од општ интерес за Република Северна Македонија“ и ужива посебна заштита во смисла на Уставот и Законот за заштита на културното наследство.

http://kultura.gov.mk/%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B5%D1%81%D0%B5-%D0%BE%D0%B4%D0%BB%D1%83%D0%BA%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D0%BA%D0%BE%D1%98%D0%B0-%D0%B3%D0%BE-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B3%D0%BB/?fbclid=IwAR1F9NfeTdOw41mVuRZEaoZaXji1G62Zm8SkPjO8DEKLkgZnUjUJ9rTQ7bw
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 20-Apr-2021 at 19:06
што ќе му е титулата ако не се работи активно на негова заштита и промоција?

некои од столбовите веќе се скоро целосно распаднати во основите, бар да го потпрат со нешто
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 19-Oct-2022 at 16:10
Конструкција времено ќе ги потпира искривените столбови на скопскиот Аквадукт



– Паралелно со поставувањето на конструкцијата, се работи на доѕидување со камен и тула во варов малтер на столбовите на местата на поставените затеги, но и на места каде што се поставува времена конструкција. Доѕидувањето со варов малтер се врши и на воочените пукнатини на столбовите, кои се предмет на оваа фаза од проектот – истакна Коле Чапкановски, директор на Конзерваторскиот центар Скопје.



Аквадуктот, инаку поранешен водовод преку кој се снабдувал градот Скопје со вода, се конзервира и реставрира. Коле Чапкановски, директор на Конзерваторскиот центар Скопје, за весникот ВЕЧЕР вели дека во моментот се работи на конструкција за времено потпирање на критичните столбови на кои е видлива искривеност.

Според него, еден од најбитните причинители за оваа конструктивна деградација на Аквадуктот е атмосферската стоечка вода, како и подземните води – што е решено со дренажа, како мерка за изведба на стабилизацијата на столбовите.

Ова е првата фаза од проектот „Аквадукт“, во чии рамки се изведени дренирање на теренот и прифаќање на атмосферските и инфилтрираните подземни води на оддалеченост од 400 метри кон исток од источната фасада на Аквадуктот, и тоа со дренажен ров во должина од околу 160 метри, со проектирана длабочина од околу два метра и со соодветна заштита од негово уривање.

– Паралелно со поставувањето на конструкцијата, се работи на доѕидување со камен и тула во варов малтер на столбовите на местата на поставените затеги, но и на места каде што се поставува времена конструкција. Доѕидувањето со варов малтер се врши и на воочените пукнатини на столбовите, кои се предмет на оваа фаза од проектот – истакна Чапкановски.



Тој додаде дека веднаш по изработката на конструкцијата за времено потпирање на критичните столбови, се пристапува кон следниот дел од оваа фаза, поставување микроколови и натколова врзна конструкција.

Во следната фаза, која е предвидена за 2023 година, пак, се вклучени столбовите 9, 20, 21, 27, 35, 36, 38 и 39.

– Конзервацијата е макотрпен процес и бара внимателност, особено кога се работи за капитален проект како што е Аквадуктот. Во наредниот период ќе се пристапи и на останатите столбови каде што на око е повидлива деградацијата, но е постабилна од архитектонски и градежен аспект – дециден е Чапкановски.

Тој не можеше да каже колку ќе трае конзерваторско- реставраторскиот процес, бидејќи, како што напомена, потребни се конзерваторско-реставраторски изведбени работи на арките на столбовите со вградување камен и тула и керамички плочи со изведба во варов малтер по рецептура, збогатен со зеолит, како и конзерваторско-реставраторски работи на горниот дел од Аквадуктот – каналите низ кои била доведувана водата.

Според Чапкановски, проектот започнал при крајот на 2021 година и првата фаза ќе биде завршена во текот на оваа година, по што ќе следува втората фаза.

-За оваа прва фаза, која е во завршен дел, од Министерството за култура беа одобрени пет милиони денари, а исто толку пари се одобрени и за втората фаза 2022-2023 година – информираше директорот на Конзерваторскиот центар Скопје.

Датумот на изградба на Аквадуктот до скоро не бил познат. Се сметало дека тој датира од времето на античкиот или на средновековниот период на Империјата, во времето на Јустинијан Први, од 527 до 554 година, па поради тоа, тој се нарекува и Јустинијанов аквадукт. Според овие мислења, тој бил поврзан со градот Скупи. Се смета дека преку аквадуктот била спроведувана вода од изворот Лавовец во селото Глуво на Скопска Црна Гора до „топџиската касарна”, Мустафа-пашината џамија, до некогашниот турски уќумат, Куршумли-ан и Сија-беговата џамија. Водата, преку аквадуктот, се пренесувала со цевки, кои оделе од запад кон исток.[

Аквадуктот за последен пат бил обновен по скопскиот земјотрес во 1963 година, кога биле поправени три лака и два столба што паднале од јачината на земјотресот. Според податоци од 1514 година, кога се смета дека бил изграден аквадуктот, тој содржел 55 лака, кои се потпирале на масивни столбови со квадратна основа, 42 отвори за олеснување на ѕидната маса, а вкупната негова должина изнесувала 386 метри. Според описот на Ѓорче Петров од 1896 година, мостот на аквадуктот имал 62 столба, од кои секој висок шест метри, долг пет метри, а широк четири метри.

https://www.vecer.press/%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%81%d1%82%d1%80%d1%83%d0%ba%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b2%d1%80%d0%b5%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d0%be-%d1%9c%d0%b5-%d0%b3%d0%b8-%d0%bf%d0%be%d1%82%d0%bf%d0%b8%d1%80%d0%b0-%d0%b8%d1%81/
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 07-Jan-2023 at 12:47
СО МИКРОКОЛОВИ СЕ СТАБИЛИЗИРААТ СТОЛБОВИТЕ НА СКОПСКИОТ АКВАДУКТ



Завршува првата фаза од стабилизацијата на столбовите на Скопскиот аквадукт и набргу почнува втората фаза од овој процес, ни рече Коле Чапкановски, директор на Конзерваторскиот центар – Скопје. Скопскиот аквадукт е културно наследство од 6. век, кој на 20 април 2021 беше прогласен за споменик од особено значење и со тоа добива највисок степен на заштита.

„Со несмален интензитет се работи на стабилизација на столбовите со вградување на микроколови, процес кој ќе оневозможи понатамошна инклинација т. е. наклонување. Микроколовите за првпат се користат кај нас, и можеме да кажеме дека сме пионери во таа работа. Изработката на времена конструкција за потпирање на критичните столбови како и поставувањето на челични затеги во отворите настанати од гниење на дрвените греди, стил на градење од отоманскиот период кој за жал придонесе за деградација на столбовите со обрушување на каменот, малтерот и останатиот вграден материјал, заѕидување на истиот беше неминовен процес за вградување на самобушечки цевки и инјектирање на микроколовите дупнатини со цементна инјекциона маса. Напоредно се изведуваат работите со две машини заради интезивирање на реализацијата на проектот во првата фаза кој е во завршна фаза“, ни рече Чапкановски.

Втората фаза ќе значи исто, продолжување со работа на стабилизацијата на столбовите. Првата фаза од конзервавацијата и реставрацијата на Аквадуктот почна во септември 2021, со дренажен процес.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска лани во октомври кажа дека со 5 милиони денари се завршува стабилизацијата на 6 инклинирани столбови со микроколови кои се изведуваат со континуиран надзор од стручниот тим, а следна фаза е стабилизација на уште 4 од накосените столбови со истата методологија.

„Заштитно-конзерваторските активности на Аквадуктот во Скопје се вклучени и во стратешките приоритети на Програмата за работа на Владата со цел да се зачуваат несекојдневните карактеристики на ова заштитено културно добро, негов адекватен третман, промоција и презентација во согласност со Законот за заштита на културното наследство“, кажа Костадиновска-Стојчевска.

https://sdk.mk/index.php/kultura/so-mikrokolovi-se-stabiliziraat-stolbovite-na-skopskiot-akvadukt/?fbclid=IwAR2mRvIQ8k3eMUzubg0Xvh_2_N2l439xGmWV3awYXR84juOGKd4_4D6O1ZI
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 234

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.