build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Матица на иселениците (доградба)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Матица на иселениците (доградба)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Online
Posts: 3681
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Матица на иселениците (доградба)
    Posted: 08-Jul-2009 at 07:35

Матица на иселениците на удар на инспекцијата

Повеќе од две години Матица чека да добие одобрение, а Општината не го издава

Деспина Трајковска

Матица на иселениците вчера се спаси од поместување на лимената ограда поставена поради доградба на објектот. Џентлменски, претседателот на Матицата, Илија Џо Петревски, му ветил на градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, оти оградата деновиве ќе ја повлече во дозволените граници. Ваков договор паднал откако утрината Општинската градежна инспекција дошла со намера да интервенира. Сепак, неколкутемина извршители и полициското обезбедување се повлекле од терен. Но, и покрај мирното надминување на проблемот, од Матицата на иселеници реагираат, како што велат, на неодговорното однесување на надлежните страни во врска со случајот.

Имено, според Петрески, повеќе од две години Општина Центар и Министерството за транспорт и врски не одлучуваат за предметот, поради одредени притисоци. И покрај барањето до Општината за добивање одобрение за доградба на објектот, поднесено уште пред три години, надлежните не одговориле позитивно, како што тврди Петрески, неосновано.

„Ситуацијава е резултат на притисоците што ги врши на сите страни тогашниот и актуелниот претседател на Советот, Владимир Здравев, кој смета оти има право на сопственост на објектот. Имаме добиено локациски услови, а сигурни сме дека Аларова не ни одговори позитивно оти Здравев и' се заканувал. Поднесовме жалба до Министерството за транспорт, од каде што го поништија решението на Центар и сега согласно со законите случајот треба да се разреши кај нив.Но, иако изминаа два месеца од рокот кога требаше да пресечат во ситуацијава, оттаму немаме никаков одговор“, објаснува Петрески.

Тој ги отфрла наводите дека Здравев има било каква врска со објектот, откако негови предци го продале на Матица на иселениците. И Врховниот суд утврдил оти Здравеви немаат право на наследство, односно денационализација. Во периодот, пак, на Владата на Љупчо Георгиевски, според Петрески, објектот присилно бил отстапен на тогашното Министерство на иселеништво, но откако Матица тужела за бесправно одземање на имотот, тој бил вратен во нејзина сопственост и до ден-денешен Матица поседува имотен лист. Бара да го догради објектот во рамки на дозволените граници со ДУП, односно со катност до 29 метри.

„Очигледно работата намерно се одолжува, не знаеме што ќе преземеме понатаму. Вчерашната планирана акција сметам дека неосновано значи опомена за нас“, дополни Петрески, кој вети оти поставената ограда ќе ја помести половина метар назад за колку што признава дека отстапил од дозволеното.

Тарабите се поставени пред две години кога Матица добила локациски услови за доградба, со одобрение од Град Скопје.

Инаку, вчера за случајот не успеавме да добиеме коментар од Владимир Здравев а на прашањата без одговор останаа од општина Центар. Од Министерството пак објаснија дека Управата за културно наследство за овој случај издала мислење оти во период од една година не треба да се преземаат градежни активности. „По истекот на овој период барателите треба повторно да се обратат до Управата“ дополнија од Транспорт.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=99966B7C7F1B2F4FA49C200DBF4E01E3

(ne sum siguren dali mu e ovde mestoto, ako ne togas brisite go)
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 25-Dec-2014 at 00:42
По пет години, објектот на Матица на иселениците од Македонија е повторно заградена со лимена ограда. Овојпат, најверојатно, ги имаат сите дозволи, и ќе ја истераат до крај работата. Но, за моја огромна жал, се работи за сосем ново ниво на ругло од архитектура која за чудо успева да ги надмине (подмине?) нивоата поставени од Скопје 2014. Луѓе, ова ми ја прелеа чашата. Ми го уништи денот. Заради вакви работи градов плаче за неподмитлив градски архитект кој би го откажал ова лудило.



Погледнете го само стаклениот дел! И кровот!



This is why we can't have nice things.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11032
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 25-Dec-2014 at 08:13
Леле, ова ми личи како најлошата транзициска архитектура што мислев дека веќе ја надминавме како држава...
За сè има вторпат
Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 25-Dec-2014 at 11:23
УЖАС
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 25-Dec-2014 at 15:12
во споредба со објектов, спомен-куќата на Мајка Тереза е мис на архитектурата... не ми е јасно како се стигнува до вакво решение и како се прифаќа
рано е да се збори од вакво мало рендерче, ама сепак... се работи за строг центар каде што треба да гледаме најквалитетна архитектура, а не нечии забегани идеи
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
СК View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Feb-2014
Location: СКопје
Online Status: Offline
Posts: 106
  Quote СК Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 18-Mar-2015 at 17:07
УУУУУУУЖЖЖЖЖЖЖАААААААССССССС!
и после ми се пењавите овде за објекти што се чудо над чудата за ова ругло!!! ова ако се изгради овака е навреда на сите граѓани на република македонија!
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11032
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 28-Apr-2015 at 17:22
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 26-Jun-2015 at 19:43


Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 20-Dec-2015 at 18:27
Почнаа со градба на грозотијава и унаказување на уште еден објект од предвоено Скопје
20151214_131726_Richtone(HDR) by Ani.build, on Flickr

На 14.12.15
20151214_131756_Richtone(HDR) by Ani.build, on Flickr
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11032
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 14-Oct-2017 at 17:33
Од утринава...

За сè има вторпат
Back to Top
Skopje 1982 View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 13-Nov-2016
Online Status: Offline
Posts: 25
  Quote Skopje 1982 Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 15-Oct-2017 at 13:24
Ова изгледа ужасно.
Back to Top
anonimen View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 10-Mar-2012
Online Status: Offline
Posts: 37
  Quote anonimen Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 20-Oct-2017 at 16:03
Denes pominav pokraj objektov. Takva bljuvotina ne sum videl odamna , uzasno e. Duri po selata lugjeto imaat povekje vkus i custvo za estetika. Vo najstrogiot centar e i ke bide golem ocobol . Uzasot e pogolem koga ke se vidi i stranicno.

Edited by anonimen - 20-Oct-2017 at 16:06
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 24-Oct-2017 at 08:46

знаејќи нешто околу историјата на местото, не може да се рече дека заслужило поарен изглед, дури и вака арпаџик карабина останало, но затоа тука се сограѓаните за да помогнат, а посекако можат ...

ете скоро беа најавени од новата власт озбилни корекции на законот за градење, а во чии подзаконски акти може да се разработи и естетиката, односно конечно и Градот и Општините бар за одредени хот-спотови или обем на инвестиции, за да не се удри дрско и по сиромашните, да се наметнат оштроумни критериуми, најнапред за конструкциска компатибилност, а потем и фасадна униформност во однос на околината, чисто да се знае до каде и колку можат архитектите и инвеститорите да експериментираат со материјали, форми и бои, но и во каков случај истите би добиле луфта за некоја екскурзија ...

во основа голем исчекор беа роковите за изведба кои ги пропиша претходната власт, но кои час поскоро и ги релативизира кога виде дека дури и странски инвеститори не можеа да се носат со ова, веројатно она со заштитните платна ко на карабината на печатницата Гоце Делчев навистина се компромис во однос слични карабини сред централни или значајни урбани зони, онака иштампана фасадата ко визуелизација за тоа како би изгледал објектот, а камо ова да можеме да го стандардизираме и рурално бар по села и места од културно и историско значење, доколку туризмот ни е цел, па и за самите жители како прст во око, она убаво убаво убаво оп крш и страва, демотивирачки не само по свест него и по дружба, такви табиети во околина такви вајбови и во душа

но за да дојде до поместување на која и да е пречка, та и урбанизмот како недоносена појава кај нас, треба јавна дебата по вакви невладини, но и институционални форуми, каде конечно ќе можеме сите да видиме што тоа и како тоа работат институциите ... за жал во овој домен а заради урбаната мафија како современ феномен наместо најнапред најпоследно властите би сакале 100% транспаретност, еве го и Билд цела деценија постои та само двајца без тројца дебатираме за градежништвото и урбанизмот во земјава, жално, бар еден градежник да споделеше некое инфо ако не критика, затоа и неопходни се јавни институционални форуми та народ воајерски ако не критички да почне да се навикнува на дебата на право место осреди прави играчи, а што ќе биде случај дури кога законски ќе бидат задолжителни јавни е-форуми за сите државни институции, она да мора секој во својот домен бар тековно да поднесува извештаи за секој свој проект, та бар политички ако не граѓански да се следи и чешла работата онаму каде може и треба ...

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11032
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 07-Dec-2017 at 21:47


За сè има вторпат
Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 10-Dec-2017 at 10:15
vo centarot na skopje max. kvadratura izvadile ko bitpazar... sve za $$$
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Online
Posts: 1340
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 10-Dec-2017 at 10:31
Ваму ко штро гледам, дека „имавте“ - гароначалник од редот на „слободарските“ и „некриминални“ групации - „конечно скопје залича како што треба“......
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Online
Posts: 3681
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 10-Dec-2017 at 11:01
Originally posted by Obedineta Makedonija

Ваму ко штро гледам, дека „имавте“ - гароначалник од редот на „слободарските“ и „некриминални“ групации - „конечно скопје залича како што треба“......


Ехј, да беше од диктаторските ќе имаше барем 10 ката Ко к_р ќе стрчеше.
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Online
Posts: 1340
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 10-Dec-2017 at 15:59
Originally posted by my Macedonia

Originally posted by Obedineta Makedonija

Ваму ко штро гледам, дека „имавте“ - гароначалник од редот на „слободарските“ и „некриминални“ групации - „конечно скопје залича како што треба“......


Ехј, да беше од диктаторските ќе имаше барем 10 ката Ко к_р ќе стрчеше.


битно не е „диктаторска“ па и ко Г***о да е грда, не е лоша.... ах...
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Online
Posts: 3681
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 10-Dec-2017 at 16:40
Originally posted by Obedineta Makedonija

Originally posted by my Macedonia

Originally posted by Obedineta Makedonija

Ваму ко штро гледам, дека „имавте“ - гароначалник од редот на „слободарските“ и „некриминални“ групации - „конечно скопје залича како што треба“......


Ехј, да беше од диктаторските ќе имаше барем 10 ката Ко к_р ќе стрчеше.


битно не е „диктаторска“ па и ко Г***о да е грда, не е лоша.... ах...

За изгледот на објектот може само самиот инвеститор да одлучи. Општината дава само лиценца за катноста и површината.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11032
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 10-Dec-2017 at 19:19
Ова чудо има потенцијал да биде мутант на годината.
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.