build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Финансиска зона во центарот на Скопје?!

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 15-Mar-2015 at 13:45
Баш минатата недела во разговор со неколку економисти од кои еден од Холандија заклучивме дека во Македонија финансиската зона ќе доживее дебакал. Постојат повеќе причини меѓу кои економско-политичката и правната нестабилност која во континуитет се одржува на овие простори, а посебно во Македонија.
Бевме едногласни дека вакво нешто воопшто и нема да се реализира, при тоа не ја знаевме информацијата за ДПА во Влада, туку нашата констатација се донесе во случај да се направат измените во Уставот.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 15-Mar-2015 at 17:28

чим економист односно брокер ко Грујо ова ја турка идејава логично е дека ќе ја истурка, она што го посочуваш ко нестабилност тоа мислам економски зонава нема да ја тангира бидејќи не е врзана за домашната економија, а политички веќе добиените права за некој да им ги одземе утре тоа тешко или ќе треба да плаќа пенали арбитражно, така да што и да се случи економски ил политички тука лихварите ќе немаат кабает

многу веројатно во ваквата зона ќе бидат и финасиски фирми ќерки или партнери на постојните гринфилд инвеститори, а единствен друг кој би се паркирал тука а за тоа да има итерес веројатно ќе бидат блискоисточните и азиските банки, иако не ме чуди со ваква зона да се повлечат и балканските филијали на европските банки кои сега се учипени во Хрватска и Србија

~

мене друго ме багира, локацијата, дали постојната е логична, бидејки тежиштето на урбанизација во градов ќе го повлече во правец кон Север наместо кон Исток каде пак побро би се создале услови за лрт и исперзија на затнатиот скопски сообраќај наместо негово дополнително запушување

сепак вака ќе биде поатрактивна ваквата зона, речиси во центар на град е, доколку ја насадат кај касарната Илинден, плус и во таков случај со директен пристап до Аеродромот и Автопатот иако ќе треба поозбилно да поработат на потегот кај пластичарската улица за бул. Никола Карев да бидне навистина проточен

~

него народот ќе глави конзумеристички со супер поволни кредити, та на крај да не биде баравте гледајте ко што е сега случај во Хрватска она вештчки да кренеме стандард а со тоа и табиет за на крај да не знаеме кој пат да го фатиме, не дека сега е идеално ама бар се дише некако


Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 15-Mar-2015 at 19:05
Па не би се сложил. Иако можеби изгледа "автономно", но финансиската зона е директно поврзана со остатокот бидејќи користи бројни ресурси кои се вон финансиската зона. Исто така во однос на правата не би се сложил бидејќи Македонија важи како земја со не толку стабилен правен систем. Пример за тоа е и последната промена во законот за придонеси. Така на СДИ им беше ветувано дека нивните менаџмент тимови од странство што ќе работат во Македонија нема да бидат опфатени во поглед на придонесите кон пенизското, здравственото и социјалното осигурување, а последниот закон се однесуваше и на нив односно они се опфатени да плаќаат придонес и тоа 33% без разлика на нивната висина.

За локацијата целосно се согласувам со тебе. И во финансиската зона треба да биде поврзана со брзи транспортни врски, а ваквата локација не е поволна токму поради пластичарската улица. И претходно пишав дека многу поповлна локација е онаа до Хотелот Континентал. Има неколку хотели во близина, железничката станица и меѓународната автобуска станица исто така се блиску, блиску е и аеродромот и центарот на градот.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 15-Mar-2015 at 19:23

дефинитивно и јас ко потенцијален гледам на реонот околу Крњево ил Гази Баба, но и тука с ќе биде затнато од сообраќај се додека не се стави клучка кај Мавровка, но кога ќе го пуштат мостот на Асном кај мзт повторно и тука кај Саем ќе треба клучка за да е проодно

а за правна безбедност претпоставувам тоа кај банките нема да помине на жими мајка него со договор ќе си ги осигураат своите позиции, та во случај утре друга гарнитура да ги извиси за такво нешто да добијат и поврат на инвестирани средства, плус и кај нас мислам не е исто реметење терен на едикојси фирма и некоја светска банка

сепак офшор муабетов кој го тераше власта ето дошол до ендек во Европа па сега треба наново штимање а токму тоа може да биде пресудно дали ваквата финансиска зона ќебиде атрактивна или не, во спротивно сите што се во еу од балканов ќе имаа слична иницијатива, но дефакто ним и не ни им треба, додека кај нас бидејки ова банките спијат односно не се заинтересирани за пласирање инвестициски кредити кај малите и средните претпријатија Затоа и неопходно е да се привлечат што повеќе лихвари за и да се размрда паарот, но се плашам ко што реков да не го доразмрдаат само локалниот потрошувачки наместо локалниот производствен табиет


Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 15-Mar-2015 at 19:38
Постојат повеќе фактори зошто банките не нудат кредити на МСП:
- Секој економски субјект сака да инвестира пари во нешто што ќе му донесе поголем приход односно добивка, па така, нашите Банки повеќе сакаат да купуваат државни обврзници зошто тие носат високи камати.
- Неликвидноста на МСП во Македонија
- Поставеноста на макроекономската политика на НБРМ
Но да не навлегуваме во таа тема зошто е и онака доста комплексна.

Сепак, финансиската зона е добра идеја, но ја би рекол дека уште подобра идеја се технолошките паркови. Многу ќе беше добро да се отвореше технолошки парк во Скопје каде ќе бидат лоцирани бројни ИТ компании и тоа по добри услови налик на оние од индустриските зони. Технолошките компании би имале многу поголем ефект затоа што:
- Не вршат увоз туку само извоз и целокупната вредност на услугите се извршува на територијата на Македонија и е креирана од државјани на Македонија
- Би вработиле значителен број на луѓе, пред се оние високообразовни кадри кои иначе киснат под Завод

Затоа многу подобро ќе беше да се размислуваше и да се вложуваше напори за ваква идеа отколку за било која друга.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 15-Mar-2015 at 20:34


што мислиш на банките кај нас сите средства им се пласирани, не просто им се може т.е. тераат пасивно и на 100% сигурно, баш ги боли за нечија економија и потреби, велиш неликвидност зарем ова не е случај со малите и средни претпријатие другде, само што таму се големи пазари па нема простор да ескивираат и да се правдаат со вакви небулози ова банкарите пардон лихварите

просто и тие треба да ризикуваат ко што ризикува секој производител, но има и баланс во сето тоа, а доколку ризикот е добро менаџиран самото стопанство ќе крене а со тоа и стандардот кој на крај пак ним ќе им се врати в каса со камата

за ит секторот што да кажам, за него и со лопата да ринеме кадри мислам пак ќе немаме доволно за да пополниме ни две големи странски фирми, проста математика е, треба да се види колку едуцирани имаме и колку вадиме во една декаде на ова поле, а следствено и да сконтаме колку ова би ни било од корист, но реално во работничка и земјоделска земја макар и цел Гугл да го преселиме тука ќе немаме соодветен кадар ни за кафекувари, годишно колку информатичари вадиме на маса со диплома, приучени јасно ги има колку сакаш но во ит-парк ним би им дале да уредуваат зеленило
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1655
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 16-Mar-2015 at 16:31
Банките во РМ се пред се фокусирани кон поголемите конпании кои користат големи средства и влеваат сигурност во поглед на повраток на истите. Без директен напор на Владата МСП не се во можност целосно да го искористат својот развоен потенцијал. Земање кредит во фаза на основање на претпријатие дури и во случај кога е иновативно е речиси невозможно без посредство на Владата, USAID... Во случај кај постоечки МСП кредитите кои им се нудат се ниски, со повисоки каматни стапки околу 6% моментално и во сите случаи се гарантирани со меници или хипотека.
Владата мора да свати дека главен играч во стопанството не е таа, ниту СДИ кои ги носат во слободните економски зони - туку малите и средни компании.
Поддршка има и сега но недоволна.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 16-Mar-2015 at 19:34
Originally posted by alexsend

Банките во РМ се пред се фокусирани кон поголемите конпании кои користат големи средства и влеваат сигурност во поглед на повраток на истите. Без директен напор на Владата МСП не се во можност целосно да го искористат својот развоен потенцијал. Земање кредит во фаза на основање на претпријатие дури и во случај кога е иновативно е речиси невозможно без посредство на Владата, USAID... Во случај кај постоечки МСП кредитите кои им се нудат се ниски, со повисоки каматни стапки околу 6% моментално и во сите случаи се гарантирани со меници или хипотека.
Владата мора да свати дека главен играч во стопанството не е таа, ниту СДИ кои ги носат во слободните економски зони - туку малите и средни компании.
Поддршка има и сега но недоволна.


Токму така, но ја би додал дека МСП немаат поддршка од државата туку напротив тие се мета на рекетирање од страна на Државата
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 16-Mar-2015 at 19:57

владата и по цел ден на една нога да скока банките пак ќе си тераат по старо, само конкуренција може да ги натера на проактивна кредитна политика, а кај нас за да се довлечкаат други банки освен преку ваква финансиска зона не гледам тоа како би се извело поинаку

друга предност од сето ова би било дека самите банки би ја промовирале инвестициската клима овде на своите големи клиенти, и тоа индиректно преку самиот факт зошто и како дошле тука

но прво да рипнеме та сете да речеме оп, за сега постои само добар план кој ето пак е на доработка
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 679
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 17-Mar-2015 at 00:10
Значи како прво оваа зона нема да биде наменета за банки кои би давале кредити на македонски претпријатија и не би биле банки од оној вид какви што постојат во Македонија, туку пред се веројатно би се отвориле инвестициски банки, бидејќи јас како што разбрав тие ќе бидат издвоени и ќе бидат регулирани со посебен закон, а самото тоа ја исклучува НБРМ, која е единствен регулатор на банките.

Во последниов период толку се паднати каматните стапки, што не може да кажеме дека банките конечно не го пуштија кесето. Воедно, сите ние веруваме дека сета кривица е во банките, но тоа е така, бидејќи сме под влијание на изјавите на бизнисмените, кои цело време кукаат дека немаат, а не се запрашале дека можеби кај дел од нив не се проблем банките туку самите себе.

Воедно, проблемот со МСП е добро објаснет погоре и се сложувам дека недостасуваат извори на финансирање, иако ситуацијата се подобрува и мислам средните банки (Охридска, ПроКредит, Халк, Шпаркасе) се повеќе се насочуваат кон овие претпријатија и дека ќе добијат конечно шанса да се покажат во своето најдобро светло, иако се согласувам дека секогаш ќе недостасува поголема поддршка од страна на државата. А фактот дека секаде во светот ваквите претпријатијата вработуваат 90% од луѓето говори за нивната моќ.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 17-Mar-2015 at 00:30

во право си дека засебна појава ќе биде финансиската зона, но убеден сум дека со самиот влез тука ќе се заинтересираат и за нашиот пазар, доволно е да влезат кај нас ерсте и росбанк за озбилно да се освежи пазарот, а тоа на волку мал пазар директно сигурно нема да го направат итн.

што е за неоветноста на МСП тоа не сум сигурен, просто ова условиве на нашите банки просто се невозможни, до скоро дури не постоеја нит маргинг-кредити а не па друго, и тие сега ги пуштија во ве банки и тоа по приватна иницијатива, абе да незнаеш дали да плачеш или да се смееш

не дека пак нашите стопанственици се нешто особено инвентивни во диверзификација, реинвестирање, иновативност и што се не што е потребно за раст, но просто во поим се утепани од аљкавоста на банките, та мотив за кредит имаат само кога истиот е кофинансиран од еу, едно време ајде оправдување беше берзата демек таму се одлеа цела енергија ама сега откак оона тресна навистина не ми е јасно на што го вртат капиталот, нормално недвижности и услужни дејности наместо производство и развој

~

ако јас се прашувам кој и да е лихвар јас би го ограничил тука, а не па финансиска зона да им пуштам, би им сотрел можноста да го цицаат народот и да расфрла потрошувачки кредити ко алва, а би ги натерал да пласираат претежно инвестициски пакети, јасно утопија во овие околности, но друго чаре нема за да се сотре ненаситноста на мамонистите

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 06-Jun-2015 at 01:25


колку делува само ветувачки Богов за финансиската зона, имаме служби кои треба да си ја работат својата работа, алудирајки на евентуални куршлуси од финансиската зона

сепак утешителен е муабетот со Јункер и Луксембург, она дека би биле побогати и попочитувани во меѓународните односи

Financial zones in Macedonia upon Luxembourg’s model

The Deputy Prime Minister Zoran Stavreski announced creation of financial zone at a part of the Republic of Macedonia. The proposed Financial will be set up to attract banks, investment funds and corporations, similarly to the zone operating in Luxembourg. It will not be an off-shore zone but, on the contrary, will operate under very strict rules and international standards.

This will not be a zone styled after the off-shore destinations. Those allow companies, banks and investment funds to locate their business for taxation purposes and to have no other connection with the place where they are operating. The Macedonian zone will be designed differently, as a place that will follow trends in international finance, and offer lower costs and minimal risk to international banks and investment funds that will operate from Macedonia.

This is a newly created situation, following the World economic crisis, which the Republic of Macedonia needs to take advantage of. Taking into consideration the good geographic location, one that is very advantageous for businesses in Europe, the good tax environment that Macedonia has already offered to industrial companies that operate in the free economic zones and it will be similar to what will be defined for the free financial zone, the high quality workforce that can service a financial zone, the gain for Macedonia would be two-fold: it would establish Macedonia on the international financial map as a destination where international banks, investment funds and corporations can do business; and it will create new jobs, which in this case will have high added value, and will have a major impact on the Macedonian gross domestic production.

The model is taken from Luxembourg, which, being a small country, has declared a financial zone on its entire territory. But, Luxembourg is becoming an expensive place to do business. The legal, consulting and other services are becoming extremely expensive, so this bill is a great chance for the Republic of Macedonia. At the same time, Switzerland has changed rules in its financial laws and no longer allows registration of banks that used to be registered there. So, there is opportunity that Macedonia should use it, and appear on the map of countries that have financial centers that service international corporations.

The zone would respect high standards for the capital inflows, and will not allow dirty money, coming from sources that can’t be verified, to operate in the zone. There is a great potential for employment from the future Financial Zone.

http://balkanbusiness.nl/financial-zones-in-macedonia-upon-luxembourgs-model/



Edited by Max - 06-Jun-2015 at 08:53
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 06-Jun-2015 at 10:48
Луксембург нема ништо друго освен `финансиски зони` и легално перење на пари
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1384
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 08-Mar-2016 at 23:50
Ова ни пред избори не е актуелно? Јас мислам дека, ако некогаш се изгради ова, најдобро би било тоа да биде карши Саем (индустрискио-селскиот дел помеѓу Саем и р. Вардар). Тоа би придонело и кон урбанизација на околните неразвиени зони.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 679
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 09-Mar-2016 at 00:29
А дали на некој му текнува дали се донесоа уставните измени кои требаше да ја дозволат оваа зона?
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 598
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 09-Mar-2016 at 08:50
izgleda nisto od offshore zona za Makedonija. Rekov jas deka toa e mozno smao ako golemite dadat soglasnost, a izgleda ne davat taka da dzabe ustavnite promeni
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 09-Mar-2016 at 09:58
Originally posted by ehrlich

А дали на некој му текнува дали се донесоа уставните измени кои требаше да ја дозволат оваа зона?
Не се донесоа.

Originally posted by nenad

izgleda nisto od offshore zona za Makedonija. Rekov jas deka toa e mozno smao ako golemite dadat soglasnost, a izgleda ne davat taka da dzabe ustavnite promeni
Не си го разбрал предлогот, нема ништо со оф-шор. Целата идеја беше како да се создадат услови и атрактивна средина за големи финансиски корпорации да основаат регионално/континентално седиште во РМ и да "фактурираат" од тука. На тој начин, тие би плаќале пониски даноци во споредба со постоечките земји, а државата би добила големи даночни приходи и вработувања. Единствено како проблем во оваа идеја ја гледам квалификуваноста на работната сила.
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 598
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 10-Mar-2016 at 13:14
Originally posted by Navigator

Originally posted by ehrlich

А дали на некој му текнува дали се донесоа уставните измени кои требаше да ја дозволат оваа зона?
Не се донесоа.

Originally posted by nenad

izgleda nisto od offshore zona za Makedonija. Rekov jas deka toa e mozno smao ako golemite dadat soglasnost, a izgleda ne davat taka da dzabe ustavnite promeni
Не си го разбрал предлогот, нема ништо со оф-шор. Целата идеја беше како да се создадат услови и атрактивна средина за големи финансиски корпорации да основаат регионално/континентално седиште во РМ и да "фактурираат" од тука. На тој начин, тие би плаќале пониски даноци во споредба со постоечките земји, а државата би добила големи даночни приходи и вработувања. Единствено како проблем во оваа идеја ја гледам квалификуваноста на работната сила.


dobro se izvinuvam, ne se rabiram mn od finansii, vo sekoj slucaj i za ovaa rabota e potrebno golemite da dadat soglasnost, ili ne?
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 820
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 06-Dec-2017 at 15:15
Originally posted by gjoko

Луксембург нема ништо друго освен `финансиски зони` и легално перење на пари


па со постојните премиери може да се надеваме само на легализација на болни идеи, некого ќе го боли уво за тоа, некого ќе го боли глава, а некого и морал ќе му кородира, но нели бидејќи тоа на мала врата тука би донело пари, и тоа кај нас ќе ни го продадат како оправдано ... јас ќе разберев да имаме вакви планови доколку нашата популација има сесрдно таков табиет, но да направиме финансиски офшор заради туѓи интереси тоа е несфатлива идеја а не пак официјален план ... се надевам sds ќе бидат поразумни од дпмне и ќе ја испанираат локацијата кај Касарната Илинден за нешто порационално пр. Нов Клинички или слично [1]

Edited by Zelenikovo - 06-Dec-2017 at 15:15
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.