build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Финансиска зона во центарот на Скопје?!

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3371
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Финансиска зона во центарот на Скопје?!
    Posted: 24-Jan-2015 at 17:41
Финансиската зона ќе биде среде Скопје?!
 

На општо изненадување на јавноста, премиерот Никола Груевски вчера во гостувањето во емисијата „Јади бурек“ го призна тоа што многумина го предвидуваа - дека слободната финансиска зона, поради која се прави измена на Уставот, ќе ја прават среде Скопје. Потегот за отворање слободна финансиска зона, инаку, во земјава беше критикуван како крајно недозволив потег, којшто Македонија би ја направил криминално дувло и место во кое би се слевале и переле валкани пари.

Таа зона ќе биде во Скопје, или како што рече Груевски, сред град. Бидејќи центарот на градот е веќе „пополнет“, прашање е и што власта на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ има намера да урива или да узурпира, за да гради нови објекти на површина до 20 хектари.

- Нашата идеја е да направиме една меѓународна финансиска зона во сред град, во Скопје, тоа ќе бидат канцеларии во некои 10-20 хектари ... згради, канцеларии во кои ќе привлечеме да дојдат, меѓународни финансиски институции, како банки, осигурителни друштва, Хеџ фондови, инвестициски фондови, да ги отворат тука нивните хедквортери, нивните главни канцеларии. Две работи треба да им бидат сериозен магнет. Едната е: Во зоната да важат закони коишто важат во најкредибилните земји каде што одат финансиите, како Англија, Луксембург и слично. Втората е да има ниски даноци. Еве, упростено кажано, англиски закони со многу ниски даноци. Оти во Англија имаат многу високи даноци - рече Груевски.

Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3371
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 24-Jan-2015 at 17:44
Сега откога го изградивме „Скопје 2014“, кој дел од главниот град ќе го рушиме? 10-20 хектари земјиште се многу за Скопје, а особено за централното градско подрачје. Кај ќе го поставуваме динамитот? Во Дебар Маало? Градски ѕид? Водно? Стара Чаршија? Каде?
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Online
Posts: 3792
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 24-Jan-2015 at 17:46
Rano e za kritika. ama skoro siguren sum deka ,,barok,, kje bide..
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 24-Jan-2015 at 18:19
Грешите,мислев дека веќе сте ја прочитале веста.Зоната ќе биди стационирана во касарната Илинден.

ЕКСКЛУЗИВНО: Меѓународната финансиска зона на местото на касарната Илинден?


Меѓународната финансиска зона ќе никне на местотот на касарната Илинден, доззнава Пресс24 од неофицијални извори откако вчера премиерот Груевски обелодени дека зоната ќе се наоѓа среде Скопје

- Нашата идеја е да направиме една меѓународна финансиска зона во сред град, во Скопје, тоа ќе бидат канцеларии во некои 10-20 хектари ... згради, канцеларии во кои ќе привлечеме да дојдат, меѓународни финансиски институции, како банки, осигурителни друштва, Хеџ фондови, инвестициски фондови, да ги отворат тука нивните хедквортери, нивните главни канцеларии. Две работи треба да им бидат сериозен магнет. Едната е: Во зоната да важат закони коишто важат во најкредибилните земји каде што одат финансиите, како Англија, Луксембург и слично. Втората е да има ниски даноци. Еве, упростено кажано, англиски закони со многу ниски даноци. Оти во Англија имаат многу високи даноци - рече Груевски.

Слободната финансиска зона е предвидена со новите измени на Уставот

http://www.press24.mk/ekskluzivno-megjunarodnata-finansiska-zona-na-mestoto-na-kasarnata-ilinden
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 24-Jan-2015 at 18:48
Браво одлична локација. Милион пати подобро отколку да се пикат во центар. Ако успее ова со зоните ке биде уште еден голем чекор напред за македонската економија.
Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 24-Jan-2015 at 20:18
Многу попаметно ќе беше овој простор да се пошуми.
Идеална локација за финансиска зоан од овој тип е онаа локација која е поврзани со непречен сообраќај. Оваа сигурно таква не е пред се поради близината на Бит Пазар, гужвите што настануваат таму, а и Качанички пат.
Многу подобра локација ќе беше кај Хотелот Континентал пред се поради близината на центарот, а воедно и брзиот пристап до Аеродромот во Петровец, железничката и меѓународната автобуска станица,Скопскиот саем, банките ...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11673
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 24-Jan-2015 at 20:32
Originally posted by gjoko

Грешите,мислев дека веќе сте ја прочитале веста.Зоната ќе биди стационирана во касарната Илинден.

ЕКСКЛУЗИВНО: Меѓународната финансиска зона на местото на касарната Илинден?


Насловот содржи прашалник, што значи дека ништо не е официјално потврдено. И во самата вест се вели тоа.
За сè има вторпат
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 24-Jan-2015 at 20:43
Маџир Маало е идеално. Одамна иам желба Маџир Маало да се поруши и да изградат деловни згради
Можат и од спротивната страна да изградат деловни згради, па поврзаност со мостови, метро станица доле, мостови од железничка кон деловниот центар... Не дека ова не е реално, ептен реално е, ама треба на некој да му текне. Ако стварно ова со финансискава зона го сместат среде град, ќе биде пун погодок кон урбанизирањето на градов. Истата нема дополнително да го задуши градот ако се направи правилен план на згради, нови улици, булевари и сл. Ако треба и нека перат пари, не гледам дека Лондон е зијан од истото.
23ka.wordpress.com
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 24-Jan-2015 at 20:50
ако сакате да збориме за идеалност, тогаш касарната илинден требаше да биде резиденцијална... паметам дека имаше и еден интересен предлог план за таму

само во земји како нашава се форсираат станови во центар и што е можно поблиску до него (да ве потсетам за катастрофата Маџир маало), деловни објекти се форсираат некаде уџум, а административни институции се напикани како дроб-сарма во некои лошо испроектирани објектчиња, кои се наоѓаат на места каде што воопшто не треба да има објект... страшно е до каде се задлабочува упропастувањето на градов како функционална средина
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 24-Jan-2015 at 20:53
порталот што ја објави информацијата како и телевизиите се владини гласила,така да мислам дека е намерно лиферувана информацијата
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 24-Jan-2015 at 22:57
И двете локации кои ги спомувате кај Континентал т.е. саемот исто така и Маџир мало се добри. Сепак мислам дека Маџир мало скоро и да не е возможно поради разноразни имотно правни односи кои би се јавиле и оштетите кои би се барале. Кај континентал би било добро но тој дел и онака ќе се развие ако се изгради ЕРА центарот. Сепак со оглед на тоа дека се работи за огромна парцела која треба да биде во еден дел мислам дека касарната Илинден и не е толку лошо решение уште повеќе затоа што тој дел и така и така треба да се развива а беше планирано тоа да бидат стамбени единици, вака ако ништо друго ќе се добие еден бизнис центар кој патем кажано не е далеку од центарот а сепак инфраструктурно е одлично достапен. Според мене добра одлука
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11673
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 24-Jan-2015 at 23:41
А тоа што на пет метри од касарна Илинден е Топаана - што ќе се прави? Ќе ги избркаат Ромите оттаму, ќе им изградат бараки со релативно нормални услови за живот, или ќе ги депортираат во Германија? Или ќе ги остават да живеат на пет метри од „финансиската зона во Скопје“. Ми личи на она: „мижи да те лажам“.
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 25-Jan-2015 at 02:32
Originally posted by kultuzin

И двете локации кои ги спомувате кај Континентал т.е. саемот исто така и Маџир мало се добри. Сепак мислам дека Маџир мало скоро и да не е возможно поради разноразни имотно правни односи кои би се јавиле и оштетите кои би се барале. Кај континентал би било добро но тој дел и онака ќе се развие ако се изгради ЕРА центарот. Сепак со оглед на тоа дека се работи за огромна парцела која треба да биде во еден дел мислам дека касарната Илинден и не е толку лошо решение уште повеќе затоа што тој дел и така и така треба да се развива а беше планирано тоа да бидат стамбени единици, вака ако ништо друго ќе се добие еден бизнис центар кој патем кажано не е далеку од центарот а сепак инфраструктурно е одлично достапен. Според мене добра одлука
Маџир маало нема никаков проблем... проблемот со сила се прави од страна на некој кој сака да си го здебели џебот, станар, политичар, градежник, сеедно... станарите  на Маџир маало можеа да бидат сместени во буквално два објекти

а дури и без Маџир маало, постои Ново маало, каде има помалку објекти за манипулација и огромен паркинг кој што може да се смести во компактна катна гаража
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 25-Jan-2015 at 02:36
Originally posted by gjoko

порталот што ја објави информацијата како и телевизиите се владини гласила,така да мислам дека е намерно лиферувана информацијата
знам дека се работи за политички балони, ама сеедно, со оглед на фамозните проекти кои му се случија досега на градов, и неговото целосно урбанистичко проектирање, ништо не ми е чудно
не постои еден асален и промислен урбанистички план во земјава
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Z|evzek View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote Z|evzek Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 25-Jan-2015 at 03:21
Повеќето од вас сум сигурен дека не биле во овој дел на градот но еве во моментот како стојат работите таму...



Финансиската зона ако се изгради во Центар ќе донесе дополнителен сообраќаен метеж и на веќе постоечкиот. Целосно ќе треба да се смени инфраструктурата на централното подрачје, со што ќе бидат потребни огромни финансиски трошоци. Од друга страна пак, да се изгради на местото на касарната Илинден е добро, затоа што конечно ќе се воведе некаков си ред во тој дел на општина Чаир. Моментално да ти е страв да возиш за да не те удри некоја ненормално брза будала, а камо ли да поминеш пеш. Со финансиската зона ќе се зголеми полициското присуство кое што во моментов речиси го нема. Од друга страна пак ако размислите логично е според местоположбата, тој да биде изграден од Азиските пријателчиња на Грујо. Катар, Индија, Кина или незнам кој друг...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 25-Jan-2015 at 04:00
не ми е јасно зошто сметаш дека албанските куќи, балканскиот универзитет и исламската заедница се добри за финансиска зона... можеби е добро ако тука главни инвеститори (како и секогаш) ќе бидат некојси сомнителни турски компании...
со нив, толку далеку од центарот, нема да добиеш сериозни деловни центри, туку лименки и магацини во форма на продажни салони, како оние малце подоле, кај момин поток...
или па ако навистина добиеме трошка сериозност, сликата ќе биде ваква:

Чаир ако не се средил до сега, нема да се среди ни тогаш...

метежот во центар постои поради несоодветна генерална сообраќајна мрежа, и тоа што сообраќајот во центар го делат станари, луѓе кои работат во него и луѓе кои транзитираат низ него
и патем, деловен центар креира многу помал сообраќај, отколку станбени објекти, затоа што станбените објекти опфаќаат многу повеќе движења, вклучувајќи ги и пешачките и рекреативните

идеално функционално распоредување на градот е централното подрачје да опфаќа административни, деловни и културни зони, а во надворешните прстени да има мешани и резиденцијални функции

не го одбивам тоа да сместат ваква зона кај касарната, само ја кажувам подобрата опција
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Z|evzek View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote Z|evzek Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 25-Jan-2015 at 04:48
Originally posted by zabegan

не ми е јасно зошто сметаш дека албанските куќи, балканскиот универзитет
и исламската заедница се добри за финансиска зона... можеби е добро ако
тука главни инвеститори (како и секогаш) ќе бидат некојси сомнителни
турски компании...со нив, толку далеку од центарот, нема да добиеш сериозни деловни центри, туку лименки и магацини во форма на продажни салони, како оние малце подоле, кај момин поток...или па ако навистина добиеме трошка сериозност, сликата ќе биде ваква:Чаир ако не се средил до сега, нема да се среди ни тогаш...метежот во центар постои поради несоодветна генерална сообраќајна мрежа, и тоа што сообраќајот во центар го делат станари, луѓе кои работат во него и луѓе кои транзитираат низ негои патем, деловен центар креира многу помал сообраќај, отколку станбени објекти, затоа што станбените објекти опфаќаат многу повеќе движења, вклучувајќи ги и пешачките и рекреативнитеидеално функционално распоредување на градот е централното подрачје да опфаќа административни, деловни и културни зони, а во надворешните прстени да има мешани и резиденцијални функциине го одбивам тоа да сместат ваква зона кај касарната, само ја кажувам подобрата опција
zabegan читај подобро нигде не спомнав дека албанските куќи итн придонесуваат нешто за зоната. Едноставно сметам дека со оглед на нивната местоположба, на местото ќе гради некој Арап или некој си друг од Азија. Чисто се сомневам дека ова е се веќе договорено со сомнителните пријател на Грујо и Ставревски. Е сега сигурен сум дека нема да се изградат лименки, затоа што во таква финансиска зона се прави невиден ќеш. На инвеститорот му е интерес комплексот да е репрезентативен и да привлекува поголем број на бизнисмени од светот. Локацијата е добра затоа што ќе се воведе ред во тој дел на градот. Полицијата ќе биде присутна во огромен број, различно обезбедување, камери и триста други чуда. Сепак огромни пари ќе се движат низ тој дел на градот. Во Центар и самиот знаеш дека е хаос само за време на работна недела, затоа што речиси пола држава е во него. Преполн е со старци, студенти, шетачи. Дојде ли зимски или летен одмор, викенд споен со работен ден, Центар е празен.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 25-Jan-2015 at 04:53
Previous
ние како „проста раја“ тешко дека можеме да предвидиме кон која насока ќе се придвижи сето тоа

што се однесува до центарот, бев јасен... премногу различни движења, а премалку инфраструктура за сето тоа
пред да кажеш дали во центар има гужва или не, размисли што се има во центарот и што предизвикува движења
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Z|evzek View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote Z|evzek Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 25-Jan-2015 at 05:15
Во близина Транспортен центар, факултет Кирил и Методиј. Зелен пазар, Соборен Храм. Плоштад, улица Македонија. Скопје 2014, Администрација. Градски ѕид и кулите од после земјотресот, итн итн итн ... Добро знам што има во Центарот zabegan и што ја предизвикува гужвата. Секој ден се движам низ него и низ таа гужва.. Едноставно Центар е премногу мал и преглупо осмислен. +финансиска зона=нема спас. Се сложуваж дека треба да опфаќа администрација и култура, но за тоа е премногу касно.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3371
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 25-Jan-2015 at 10:47
Најпрво треба да се запрашаме што тоа значи финансиска зона. И зошто воопшто треба да постои во земјава. И како тоа ќе влијае на нашите европски и евроатлантски интеграции. Откога ќе решиме со ова, а земјава очигледно нема проблем да се вртат сомнителни пари кај нас, тогаш можеме да зборуваме за тоа дали странските фактори ќе се согласат за ваква работа. Да се разбереме, тука мора да има барем скриен договор со моќни интересни групи и држави од западот.

Потоа доаѓаме до локацијата каде што можеби некогаш ќе се гради. Касарна Илинден сметам дека е добра локација, под услов да се среди инфраструктурата во целиот тој дел на Скопје. И да не заборавиме, веќе многу се вети за касарна Илинден. Тука е ветено дека ќе се смести Државниот универзитет од Тетово, но и нови воени станови на лица од АРМ. Ова треба да се земе во предвид.

Маџир Мааало никогаш не би го дал како место за градење на вакви објекти. Едноставно, центарот на Скопје е презаситен од објекти, така што не знам како и станбени згради би се граделе таму. Ако се прашувам јас, тогаш на местото на тие куќи би никнала зелена површина, нов градски парк во Скопје. Со високо дрвја, места за фитнес и рекреација, градини за органска храна, езерца, и тоа на целиот тој потег од ВЕРО центар и Олимписки базен, како помал дел од површината, и од спротивната страна, целата околина околу Народна банка.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.