build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Виртуелна Македонија
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Викимапија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
CHE91 View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 05-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 12
  Quote CHE91 Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Викимапија
    Posted: 05-Mar-2015 at 13:26
Викимапија е сајт за исцртување на мапи.
ВикиМапија е интернет извор којшто ги комбинира Гугл картите со вики систем, овозможувајќи им на корисниците да додаваат информации (во вид на забелешка) на било која локација на планетава. Проектот е лансиран на 24 мај 2006 и цели кон „опишување на целата планета Земја“.
ВикиМапија не е поврзана со Википедија и фондацијата Викимедија, но нивната страница изјавува дека „била инспирирана од Википедија“.
До мај 2014 на сајтот се исцртани повеќе од 23 милиони објекти од страна на регистрирани корисници или гости. Или во овој момент 24339589 објекти.
Викимапија е сајт со отворена содржина за копирање и користење на податоците внесени за објектите.
Проектот е создаден од русите Александар Корјакин и Јевгениј Савелијев. Името на проектот е преземена од Wiki филозофијата, и не е поврзана со Викимедија/Википедија.
Сајтот има некаде околу 2 милиони регистирани корисници.
Сајтот користи подлога за исцртување од Гугл Мапс или Бинг. Претежно се работи на Гугл Мапс.
Може да се исцртуваат секакви објекти како полигони (згради, куќи, продавници) или линии (патишта, реки, железници). Секој од овие објекти има можност за додавање име (повеќејазично) , слики, опис, врски кон Википедија и категории.
На сајтот може да се придонесува како гостин или како регистриран корисник. Гостите можат да додаваат објекти, но не можат да изменуваат постоечки. Секој објект има своја историја каде што има податоци што е изменето и од кого. Гостите се забележуваат по IP адреса.
Регистрираните корисници можат да создаваат листа на надгледување на било која територија интересна за нив. Во неа се прикажани измените на таа територија од други корисници.
Сајтот има и форум, на кои се разгледуваат проблеми и решенија за се на сајтот, како и поддршка за корисници.
Во секое време може да се побара помош од администратори и модератори по било кое прашање.

Врска: http://wikimapia.org/

Викимапија е попријателска од Гугл Мапс од причина што на Гугл чекаш некој да ти ја одобри измената. На Викимапија измената е видлива веднаш по зачувувањето.
Викимапија е достапна на македонски јазик. Нема многу активни уредувачи од Македонија.
Населените места во Македонија се додадени и обележани. Патиштата исто.
Од населените места најдобро обележани се Скопје, Прилеп и Гевгелија.

Edited by CHE91 - 05-Mar-2015 at 13:27
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 16-Mar-2015 at 22:05

колку е веродостојна Викимапија, како функционира модерирањето тука, може ли некој да поништи туѓа мапа, да хакира односно саботира нечиј труд со преклопување
Back to Top
CHE91 View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 05-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 12
  Quote CHE91 Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 25-Mar-2015 at 02:26
Доколку објектот е нереален, непостоечки, тогаш тој се бриши.
Originally posted by beTon

колку е веродостојна Викимапија

Веродостојна како и секое мапирање.
Originally posted by beTon

како функционира модерирањето тука

Модерирање на сајт, објект или?
Originally posted by beTon

може ли некој да поништи туѓа мапа, да хакира односно саботира нечиј труд со преклопување

Нема туѓи мапи, моја, твоја. Има една мапа, и на неа може да се исцртуваат објекти. Доколку сакаш, можеш да надгледуваш некое подрачје. И ќе ти биде означено дека има некој нов објект.
Back to Top
CHE91 View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 05-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 12
  Quote CHE91 Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 23-Apr-2015 at 18:11
Позитивни и негативни страни на Викимапија спрема Гугл Мапс.
1. Додавање на име, опис, повеќе категории, врска кон википедија. Додавање на истото на било кој друг јазик.
2. Доколку нема соодветна категорија, модераторите на категорија ја креираат. Пример побарав две категории: [МПЦ-ОА], и [амбасада на Македонија]. Исто и категориите можат да се преведуваат на други јазици.
Еве ги досега означените објекти на МПЦ на мапата.
http://wikimapia.org/#lang=mk&lat=41.543533&lon=22.008362&z=9&m=b&tag=57760
Еве ги досега означените објекти како амбасада на Македонија.
http://wikimapia.org/#lang=mk&lat=18.479609&lon=37.968750&z=3&m=b&tag=58537
3. Комбинација на мапи. Можеш да работиш на подлога од google maps, bing maps, here maps, yahoo maps.
За официјална мапа се смета подлогата од гугл мапс.
4. Додавање на слики за објект или линеарни објекти.
5. На еден објект можат да се сврзат многу други објекти. (Пример трговски центар и дуќани)

Негативни:
1. 2000 точки максимум за еден полигон.
2. Не можеш да означиш еден линеарен објект со повеќе детали. (Пр. Александар Македонски како улица во Прилеп припаѓа на Р1101, и може да биде означена само како Александар Македонски или Р1101, а не со двете како и на ОСМ и ГМ.
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.031 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.