build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Надградба на Градски трговски центар Штип

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
avijacijamk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2013
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 364
  Quote avijacijamk Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Надградба на Градски трговски центар Штип
    Posted: 22-Jun-2015 at 00:31
Сега поминав низ трговскиот кој веќе некој период се заградува и се извршуваат некакви градежни активности и сосема случајно го видов постерот кај е даден изгледот на изгледот што треба да се добие. На вести пред некој период го најавија како мал зафат но според рендерот делува како многу повеќе...



Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 20-Jul-2015 at 12:00
Реконструкција на трговскиот центар во Штип



На крајот на 70-тите години од минатиот век, поточно во 1978 година, Штип го доби градскиот трговски центар. По намената, беше многу сличен на некогашната „НАМА“ на улицата „Ванчо Прке“, но по изгледот и дизајнот, беше нешто ново за Штип.

Распадот на социјалистичката економија, донесе проблеми и за штипска „Нова трговија“. Како резултат на неисплатените плати, бројни обврски кон доверители и останати правни предизвици, слично како и „НАМА“, градскиот трговски центар беше поделен на парчиња.



Во изминатите две децении, малкумина посветуваа внимание на изгледот и руинирањето на градскиот трговски центар. Доминираа имотните проблеми, а за сето време, објектот пропаѓаше, што резултираше со мошне лоша и грда слика за градот.

„Најспектакуларен“ беше погледот во холот на трговскиот центар, во кој на над 20.тина импровизирани картонски тезги, се продаваат текстилни производи. Над нив, руиниран кров со дотраени огромни светилки, кои се закануваат со секој нов ден, да паднат и некого да повредат. Изгниени ѕидови, протекувања при секој дожд, влага и страшна миризба на секоја педа од она што некогаш беше гордост за Штип.



Штипјани се прашуваа дали е можно оваа слика да се промени… Да, на нивно задоволство, градскиот трговски центар веќе десетина дена е предмет на обемна реконструкција.



Идејниот проект за надградба и реконструкција на дел од градскиот трговски центар во Штип е подготвено од „Радиус архитектс“ од Скопје, од проектантскиот тим: Мартин Пановски, Александар Наумчески, Јана Гугуловска и Душица Диновска. За ова сме пишувале и порано во „Порта 3“. Истиот опфаќа реконструкција на терасата, како прва фаза од проектот, додека уредувањето на холот на трговскиот центар, со времените картонски тезги е втора фаза во која влегува проект на друга група на сопственици.

Изведувачи на проектот се „Алмонт“ и „Бау инжинеринг“ од Штип а надзорот е на „Типинг“ од Велес.



Според актуелното идејно решение, отворениот влез на трговскиот центар лоциран на улицата „Кеј Маршал Тито“ ќе биде затворен а внатрешниот дел ќе биде поделен на сегменти со што ќе се овозможи и соодветен простор за тргување. Станува збор за вкупна површина од околу 1305 м/2 која е дел од вкупната површина на која се простира трговскиот центар а тоа е околу 3000 м/2. Предвидена е обнова и на самата фасада, со современи материјали со што ќе се реконструира она што сега е грда руина.



Всушност, се работи на два проекта од кои едниот се однесува на внатрешноста а едниот на надворешноста. Веќе се работи на големата тераса лоцирана спроти улицата „Маршал Тито“ која со децении беше подложена на пропаѓање. Во суштина, беше извор на болести оти во ноќните часови ја користеа само како јавно WC а од изметот кој стоеше со години не можеа да работат ниту околните дуќанџии.

Ова своевидно слепо црево беше и причина за многу реакции до Општината да презеде активности за да се реши проблемот со стариот и руиниран трговски центар, но локалната самоуправа нема ингеренции бидејќи станува збор за приватен објект. Сепак, во разговор е укажано на потребата сопствениците да преземат чекори и да го средат објектот.



Терасата ќе биде заградена, ќе се смени и урбанизира ликот на трговскиот центар но согласно Законските решенија и предвидениот ДУП на Штип во овој дел, висината на објектот ќе остане иста.

Со реконструкцијата ќе се добие 1800 м/2 корисна површина односно по 650 м/2 на два ката.



-Можам да кажам дека објектот ќе биде уникатен и прекрасен. По толку многу време, редно е овој дел од градот да заличи – изјави Александар Патраклиски од „Игедо“.

Шест други фирми кои имаат удел во трговскиот центар работат на вториот проект со кој ќе се реши проблемот и во внатрешноста кој се покажа како срам за градот. Овде пред неполна година се случи пожар кој изгоре дел од импровизираните тезги од картон а малку недостигаше да се срушат и големите и нефункционални рефлектори бидејќи пожарот изгоре дел од пластиката која се стопи и падна во холот. Ова наведе дел од инвеститорите да се ангажираат повеќе околу реконструкцијата, бидејќи постоеше опасност и од жртви.



http://www.porta3.mk/rekonstrukcija-na-trgovskiot-centar-vo-shtip/
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.