build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Патеписи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Низ Унгарија (неколку села и градови)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 4>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12238
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Низ Унгарија (неколку села и градови)
    Posted: 20-Jul-2015 at 17:21
Имав можност овој месец да престојувам 12 дена во северниот дел на Унгарија, па решив да направам еден патопис во кој ќе прикажам неколку села и градови што ги посетив. Бев сместен во Дејтар, едно село на самата граница со Словачка, а за време на престојот ги посетив Холоко (типично унгарско село со стара архитектура, заштитено од УНЕСКО), Кишмарош (селце/гратче на брегот од Дунав, на 20 км од Будимпешта), Вац (убав град со барокен центар, сместен на Дунав на 20-30 км од Будимпешта), Сечењ, Иполи, Балашаѓармат (убаво гратче со симпатичен центар), Сентендре (гратче со преубав стар град, на 20 км од Будимпешта) и - секако - главниот град на Унгарија, Будимпешта.

Патописот ќе ги опфати поголемиот дел од набројаните места. Првин би сакал да кажам збор-два за инфраструктурата во оваа земја. Автопатиштата им се одлични во секоја смисла на зборот: асфалт, сигнализација, помошна патна инфраструктура итн. Останатите патишта исто така им се во одлична состојба, посебно меѓу поголемите градови. За време на мојот престој успеав да видам само еден (1!) оштетен сообраќаен знак, и во два случаи да видам ѓубре покрај патот (локален, што поврзува две села). Како што знаете, Унгарија е претежно рамничарска земја, па веројатно изградбата на патишта е многу поевтина отколку во планинските земји. Посебен впечаток ми остави одржувањето на патната инфраструктура, како и општото ниво на јавна чистота во деловите што ги посетив.

Селата и градовите што ги посетив или низ кои поминав исто така ми оставија добар впечаток, почнувајќи од сообраќајната инфраструктура, јавната чистота, зеленилото, состојбата на фасадите, возниот парк итн. Како што дознав од мојот домаќин (Македонец што живее таму веќе 6-7 години), просечната плата во Унгарија изнесува околу 500 евра. Цените во супермаркетите се речиси исти како кај нас (10-20% поскапи, и тоа некои производи, а пивото, на пример, беше поевтино). Кафулињата, слаткарниците и рестораните (некои, не сите) имаа сосем пристојни цени, речиси исти како нашите.

Како луѓе Унгарците ми се видоа како да се мошне тивок народ. Многу внимаваат на почитување на законите и непишаните правила за однесување во јавност и сл. Тоа ме потсети да кажам дека на автопатиштата дозволена брзина е 130 км/ч, додека на магистралните патишта (кои тие ги сметаат за брзи патишта) дозволената брзина најчесто изнесува 90 км/ч (на некои места беше и 100 км/ч). Полицијата таму е многу строга, и често можев да видам како стои покрај патот и мери колку возиш. Низ населените места брзината е ограничена на 50, 40 и 30 км/ч, и лично се уверив дека сите го почитуваа тоа. Дозволено ниво на алкохол во крвта за време на управување со моторно возило изнесува нула промили.

Националната кујна (барем во делот каде што бев јас) главно се засноваше на месо и чорби,  а добив впечаток дека салати поретко се јадеа. Пробав и едно чудо унгарски пива и вина, и морам да кажам дека поголемиот дел од нив беа извонредни.

Накратко тоа би бил воведот, а ако имате други прашања, со задоволство ќе ви одговорам. Мојот патопис би го започнал со селото Дејтар, рамничарско село со околу 2.000 жители, сместено покрај национален парк и покрај самата граница со Словачка.

Зошто би ве замарал со фотографии од едно обично село? Од причина што би сакал да направите споредба со нашите села, и да видите колку убаво може да изгледа едно населено место ако се има волја (и малку пари, секако) за тоа.

Влезот во селото

DSC09578 by george k. 1981, on Flickr

Улицата пред куќата каде што бев сместен

DSC09583 by george k. 1981, on Flickr

Селската пошта

DSC09282 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12238
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 20-Jul-2015 at 17:26
Мала прошетка по улиците

DSC09281 by george k. 1981, on Flickr

DSC09280 by george k. 1981, on Flickr

DSC09274 by george k. 1981, on Flickr

Во повеќето села (па и гратчиња) што ги посетив, тротоарите за пешаци и за велосипеди беа одвоени со одводни канали од коловозот.

DSC09271 by george k. 1981, on Flickr

Стара пожарникарска кола

DSC09277 by george k. 1981, on Flickr

За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12238
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 20-Jul-2015 at 17:28
DSC09576 by george k. 1981, on Flickr

DSC09575 by george k. 1981, on Flickr

DSC09574 by george k. 1981, on Flickr

Некаков селски музеј

DSC09268 by george k. 1981, on Flickr

DSC09267 by george k. 1981, on Flickr

DSC09266 by george k. 1981, on Flickr

DSC09265 by george k. 1981, on Flickr

DSC09263 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12238
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 20-Jul-2015 at 17:30
Селската (католичка) црква

DSC09260 by george k. 1981, on Flickr

DSC09261 by george k. 1981, on Flickr

DSC09262 by george k. 1981, on Flickr

Домот на културата

DSC09258 by george k. 1981, on Flickr

Споменикот на милениумот

DSC09257 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12238
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 20-Jul-2015 at 17:33
Патем, да напоменам дека постарите Унгарци се доста побожни, додека помладите не се. Многу куќи по селата имаат посебни прозорчиња со кукли на Богородица, а покрај патиштата или покрај селските/градските улици и улички често се среќаваат и распетија со Исус.

Куќа со такво прозорче

DSC09256 by george k. 1981, on Flickr

Куќа со прозорче и со распетие

DSC09270 by george k. 1981, on Flickr

DSC09272 by george k. 1981, on Flickr

DSC09264 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12238
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 20-Jul-2015 at 17:36
Една панорама од далеку

DSC09273 by george k. 1981, on Flickr

И две фотографии од националниот парк. Додека се возевме со велосипеди, успеавме да бидеме сведоци на срни што претрчуваат, на зајци, на лисици и на штркови. Успеав да снимам еден штрк што не се плашеше од нас.

DSC09463 by george k. 1981, on Flickr

Кула за набљудување птици и дивеч

DSC09465 by george k. 1981, on Flickr

Толку засега, не би сакал да го оптоварувам патописов со фотографии од обични села, следниве денови ќе продолжам со впечатоците и со фотографии од другите места.
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12238
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 21-Jul-2015 at 10:12
Холоко (Hollókő), село во северниот дел на Унгарија кое се наоѓа под заштита на УНЕСКО. Во превод неговото име значи „Гаврански камен“, а според легендата, пред неколку века таму некој гавран му го донел кралскиот прстен на некој потомок на кралската лоза кој дотогаш живеел во Италија, а се вратил за одново да владее со Унгарија. Околината на селото и тврдината која се наоѓа на еден рид исто така се ставени под заштита на УНЕСКО. Замокот за првпат се споменува во 14 век.

Инаку, ова село претставува еден вид етно-село или музеј под отворено небо. Има нов, современ дел, и стар дел кој претставува засебна целина каде што се зачувала традиционална унгарска архитектура. Наводно сите куќи се изградени од дрвена конструкција, но додека шетав забележав една-две во изградба кои имаат ѕидови од класични цигли и некако не ми личеа за автентични. Како и да е, интересно е тоа што стариот дел на селото е жив, односно во куќите си живеат луѓе. Како што дознав, локалните власти направиле проект преку кој секое заинтересирано лице може да купи куќа и да живее во неа, под услов да ја обнови и да ја задржи во автентичен стил.

Селото е поплочено со калдрма, полно е со музеи, сувенирници, има кафуле и ресторанче. До замокот се пешачи околу 20 мин. и за влез во него се плаќа карта.

Пред влезот на селото ве пречекува споменик на црн гавран.

DSC09365 by george k. 1981, on Flickr

DSC09367 by george k. 1981, on Flickr

DSC09369 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12238
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 21-Jul-2015 at 10:13
Мапа на селото

DSC09320 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12238
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 21-Jul-2015 at 10:15
DSC09284 by george k. 1981, on Flickr

DSC09285 by george k. 1981, on Flickr

DSC09286 by george k. 1981, on Flickr

DSC09287 by george k. 1981, on Flickr

DSC09288 by george k. 1981, on Flickr

DSC09289 by george k. 1981, on Flickr

DSC09290 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12238
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 21-Jul-2015 at 10:16
Старата црква со дрвена конструкција.

DSC09293 by george k. 1981, on Flickr

DSC09295 by george k. 1981, on Flickr

DSC09360 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12238
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 21-Jul-2015 at 10:18
DSC09291 by george k. 1981, on Flickr

DSC09292 by george k. 1981, on Flickr

DSC09294 by george k. 1981, on Flickr

DSC09296 by george k. 1981, on Flickr

DSC09297 by george k. 1981, on Flickr

DSC09298 by george k. 1981, on Flickr

DSC09299 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12238
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 21-Jul-2015 at 10:20
Детаљ од покривот на една куќа

DSC09302 by george k. 1981, on Flickr

DSC09301 by george k. 1981, on Flickr

DSC09303 by george k. 1981, on Flickr

DSC09305 by george k. 1981, on Flickr

DSC09308 by george k. 1981, on Flickr

Некој музеј

DSC09310 by george k. 1981, on Flickr

DSC09311 by george k. 1981, on Flickr

Edited by Џоле - 21-Jul-2015 at 10:20
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12238
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 21-Jul-2015 at 10:22
DSC09312 by george k. 1981, on Flickr

DSC09314 by george k. 1981, on Flickr

DSC09315 by george k. 1981, on Flickr

Се гледа тврдината

DSC09307 by george k. 1981, on Flickr

DSC09355 by george k. 1981, on Flickr

DSC09319 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12238
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 21-Jul-2015 at 10:26
Во една просторија од тврдината се изложени грбовите на семејствата кои владееле од замокот. Изложени се и стари штитови, копја, мечеви, боздогани и друго средновековно оружје, како и макети кои го прикажуваат развојот и надоградувањето на самата тврдина низ годините и вековите.

DSC09324 by george k. 1981, on Flickr

DSC09325 by george k. 1981, on Flickr

Во други простории изложена е покуќнината која се користела во тие времиња.

DSC09327 by george k. 1981, on Flickr

DSC09328 by george k. 1981, on Flickr

Трпезаријата.

DSC09337 by george k. 1981, on Flickr

Нужникот.

DSC09333 by george k. 1981, on Flickr

Edited by Џоле - 21-Jul-2015 at 10:27
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12238
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 21-Jul-2015 at 10:27
Поглед кон етно-селото, т.е. кон стариот дел на Холоко.

DSC09339 by george k. 1981, on Flickr

DSC09340 by george k. 1981, on Flickr

И кон околината.

DSC09346 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12238
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 21-Jul-2015 at 10:31
Назад во селото.

DSC09356 by george k. 1981, on Flickr

DSC09357 by george k. 1981, on Flickr

DSC09358 by george k. 1981, on Flickr

DSC09361 by george k. 1981, on Flickr

DSC09362 by george k. 1981, on Flickr

Селото е многу убаво, сместено во убав крај, и беше посетено од многу туристи (намерно бирав моменти кога улиците се празни за да не фотографирам луѓе). Би сакал и скопското етно-село да доживее слична судбина и да заживее на сличен начин. Толку за денес, наредните денови ќе продолжам со кратко претставување на градот Сечењ.
За сè има вторпат
Back to Top
ink View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 01-Dec-2010
Location: Bulgaria
Online Status: Offline
Posts: 524
  Quote ink Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 21-Jul-2015 at 10:33
Унгария винаги е била една от лубимите ми држави после Полска.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2423
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 22-Jul-2015 at 23:11
Одлична репортажа, браво.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12238
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 23-Jul-2015 at 07:30
Сечењ е град на северот од Унгарија, на само 4 км од границата со Словачка. Има околу 6.000 жители, а од Будимпешта е оддалечен околу 110 км северно. За гратче со толкава големина има убава архитектура, а во градот се наоѓаат и неколку палати.

Оваа е една од нив. Тука живеело некое грофовско семејство. Сега таму е сместен музеј на градот, каде што е прикажана целата историја на ова место, почнувајќи од
праисториските артефакти што се најдени, преку античките и средновековните, до австроунгарскиот период.

DSC09389 by george k. 1981, on Flickr

Зад палатата се наоѓа огромен парк и езерце.

DSC09409 by george k. 1981, on Flickr

DSC09410 by george k. 1981, on Flickr

На овие фотографии се гледа и католичката црква.

DSC09407 by george k. 1981, on Flickr

DSC09404 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12238
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 23-Jul-2015 at 07:32
Во близина на палатата (спроти неа):

DSC09390 by george k. 1981, on Flickr

DSC09391 by george k. 1981, on Flickr

DSC09430 by george k. 1981, on Flickr

DSC09392 by george k. 1981, on Flickr

Edited by Џоле - 23-Jul-2015 at 07:34
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 4>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.