build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Здравствени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Клиничка болница - Штип

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 22-Sep-2020 at 16:34
Штипјани нема да добијат нов клинички центар, грчки „Интракат“ паѓа во стечај



Македонската подружница на грчката компанија „Интракат“ (Intracom Constructions Societe Anonyme Technical and Steel Constructions), која го доби тендерот за изградба на новиот клинички центар во Штип за сума од 30 милиони евра, се наоѓа пред стечај, објавува „Фокус“.

Барањето за поведување на стечајна постапка до Основниот суд Скопје – 2 го поднесе стечајниот управник Живко Калков во име на компанијата „Бетон-Штип“, поради неможност за наплата на долг од 2 милиони евра, направен од времето кога македонската компанија работеше како подизведувач на објектот.

Во меѓувреме, грчката фирма одлучи самостојно да го доврши проектот, по што склучи и анекс-договор вреден 7 милиони евра, но од Министерството за здравство велат дека нема никаква исплата кон изведувачот во овој период поради забавени градежни активности во услови на вонредна состојба.

https://vecer.mk/node/526168
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 22-Sep-2020 at 16:38
Грчки „Интракат“ паѓа во стечај пред да ја заврши изградбата на штипскиот клинички центар

Македонската подружница на грчката компанија „Интракат“ (Intracom Constructions Societe Anonyme Technical and Steel Constructions), која го доби тендерот за изградба на новиот клинички центар во Штип за сума од 30 милиони евра, се наоѓа пред стечај. Барањето за поведување на стечајна постапка до Основниот суд Скопје – 2 го поднесе стечајниот управник Живко Калков во име на компанијата „Бетон-Штип“, поради неможност за наплата на долг од 2 милиони евра, направен од времето кога македонската компанија работеше како подизведувач на објектот. Во меѓувреме, грчката фирма одлучи самостојно да го доврши проектот, по што склучи и анекс-договор вреден 7 милиони евра, но од Министерството за здравство велат дека нема никаква исплата кон изведувачот во овој период поради забавени градежни активности во услови на вонредна состојба.

Градежната компанија „Бетон-Штип“, застапувана од стечајниот управник Живко Калков, до Основниот суд Скопје- 2 поднела барање за поведување на стечајна постапка врз подружницата на грчката компанија „Интракат“, која го гради новиот клинички центар во Штип, за што неодамна склучи и анекс на основниот договор со Министерството за здравство во вредност од 7 милиони евра.

Оваа информација за Фокус ја потврдија од надлежниот граѓански суд во Скопје, како и стечајниот управник Калков, кој практично управува со компанијата-предлагач – „Бетон-Штип“, додека над неа, исто така, веќе една година се спроведува стечајна постапка.

Во предлогот за поведување на стечајна постапка доставен до скопскиот граѓански суд, Калков наведува дека должникот „Интракат“, односно нејзината македонска подружница формирана во 2016 година, е неликвидна и неспособна да ги сервисира доспеаните обврски, вклучително и долгот кон „Бетон-Штип“.

Имено, станува збор за долг во износ од 2 милиони евра врз основа на фактури од 2016, 2017 и 2018 година, од кои преку извршител периодов биле наплатени околу 500.000 евра, меѓутоа останатите 1,5 милиони евра побарувачот не може да ги наплати, бидејќи нема пари на ниту една од трите банкарски сметки на должникот.

На тој начин, се создадени законски предуслови за иницирање на стечај, откако претходно била блокирана сметката на „Интракат“ повеќе од 45 дена, а воедно компанијата-должник нема побарување, додека нејзините обврски се поголеми од имотот што го поседува.

Во ваква ситуација, надлежниот стечаен судија во рок од 30 дена треба да закаже рочиште за претходна постапка на кое, доколку предлогот е технички уреден, ќе се донесе решение за отворање на стечај, во однос на кое, патем речено, должникот нема право на жалба.

Како што е познато, грчката компанија „Интракат“ во 2015 година, во конкуренција на 5 меѓународни понудувачи, го доби тендерот за изградба на новата клиничка болница во Штип, која беше најавена како современ објект со површина од околу 34.000 квадратни метри, што треба да овозможи услови за здравствена заштита на над 200.000 жители од целиот источен регион на земјава.

Откако го доби овој бизнис вреден над 30 милиони евра, обезбедени со кредитен заем од Банката на Советот на Европа, „Интракат“ за подизведувач го ангажираше токму „Бетон-Штип“, чии поголеми акционери беа „БИМ Инвест“ на Сашко Бошков (која ги откупи акциите од „Езимит“ на Зоранчо Митровски), по што следуваа „ТИМ ДОО“ на Панделески и „ОРКА Холдинг“ на Камчев итн.

Меѓутоа, соработката меѓу двете компании траеше се до почетокот на 2019 година, кога „Интракат“ го раскина договорот со „Бетон Штип“ и презеде обврски пред Министерството за здравство самостојно да го доврши објектот, со тоа што рокот на реализација по вторпат се пролонгираше, овојпат од 2019 до тековната 2020 година.

Откога извиси од проектот, подизведувачот „Бетон-Штип“ падна во стечај по барање на доверителите, пред се банките-кредитори, но оваа компанија истовремено поднесе тужба кон „Интракат“ со која побаруваше 2 милиони евра за неисплатени изведени работи на штипската болница.

Врз основа на ова побарување, стечајниот управник на „Бетон-Штип“ прво ја блокираше сметката на македонската подружница на грчката компанија, а сега и бара и покренување на стечај, кој ќе биде отворена во рок од еден месец, освен ако предлагачот го повлече предлогот, должникот го исплати долгот или пак долгот го презеде некоја трета страна.

Како што своевремено пишуваше Фокус, непосредно пред „Интракат“ да одлучи да ја прекине соработката со подизведувачот и самостојно да го реализира проектот, во сопственичката и менаџерската структура на грчката компанија влезе Димитрис Кутрас, кој претходно беше дел од друга добро позната грчка компанија – „Актор“, што ја градеше автопатската делница Демир Капија-Смоквица.

Колку за потсетување, обвинителката Фатиме Фетаи на почетокот на 2018 година објави дека СЈО отвора истрага со назив „Актор“, поради фаворизирање на истоимената грчка компанија од страна на екс премиерот Никола Груевски, кој, според Фетаи, во 2012 година му наложил на министерот Миле Јанакиески да ја елиминира конкурентската италијанска компанија „ТО-ТО“, иако имала подобра понуда, што предизвикало буџетска штета од скоро 8 милиони евра.

Всушност, аферата „Актор“ првично во јавноста ја обелодени СДСМ како опозициска партија во 2014 година, кога од Бихаќка побараа кривична одговорност за одлевање на кеш од сметката на грчката компанија што го градеше автопатот Демир Капија-Смоквица, чија вредност изнесуваше околу 220 милиони евра.

И тогашната владејачка ВМРО-ДПМНЕ потврди дека се ваделе средства од сметка на компанијата, но од таму се правдааа дека станува збор за автохтона одлука на компанијата да располага со парите кои сама ги заработила.

Како и да е, во тоа време Кутрас беше еден од главните фактори во „Актор“, но во меѓувреме направи трансфер во „Интракат“, откако кон крајот на 2018 година откупил 20 отсто од уделите на оваа фирма за сума од 8 милиони евра, а веќе во ноември ја презема и водечката менаџерска функција.

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на објектот ќе го пробие временскиот рок ама не и финансиската рамка, сепак, грчката компанија и Министерството за здравство на почетокот на годинава склучија анекс со кој вредноста на проектот се зголеми за 7 милиони евра.

– Не станува збор за зголемени трошоци, туку за проект кој го наследивме со сериозен надостаток. Во овој проект не беше предвидена електрика. Бидејќи проектот е финансиран со заем од Банката за развој при Советот на Европа, експерти на Банката доаѓаа за технички проверки, укажаа на недостатоците и побараа ревизија на проектот. По направената ревизија, на крајот на 2018, констатирано е дека ќе треба дополнителни средства за да се надополни и модернизира проектот – објасни тогаш министерот за здравство Венко Филипче.

https://fokus.mk/grchki-intrakat-paga-vo-stechaj-pred-da-ja-zavrshi-izgradbata-na-shtipskiot-klinichki-tsentar/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 18-Nov-2021 at 18:20
Не се знае кога ќе заврши изградбата на Клиничкиот центар во Штип

Банката на Советот на Европа која беше финансиер на изградбата на Клиничка болница Штип најавила оти сака да се повлече, потврди доцна попладнево министерството за здравство. Причина за повлекувањето е доцнење на изведбата,   како резултат на судски процес и блокада помеѓу изведувачот грчки Итеркат и првичниот подизведувач, штипски Бетон.

За жал затекнавме процес на изградба со нецелосен проект кој доведе до судски спор во кој Министерството за здравство не учествува, а со тоа и стопирање на изградбата на Клиничка болница Штип. Проектот се обидувавме да го корегираме. Во договор со Министерството за финансии изградбата ќе продолжи со друг финансиски извор, на што Министерството за финансии веќе работи, веднаш откако ќе се одглави процесот помеѓу изведувачот и првичниот подизведувач, односно ќе заврши спорот помеѓу овие две страни, се вели во соопштението на Министерството за здравство.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски синоќа во Топ Тема на Телма објави, а на денешната прес-конференција го покажа и документот, со кој банката, ги информира институции.

Инаку изградбата на болницата чини околу 30 милиони евра, тоа значи дека искористени се речиси 55 отсто од кредитот. Телма денеска беше пред градилиштето, кое од сите страни е обезбедено. Мештаните кои живеат на само неколку чекори од болницата велат дека и денеска е тивко, не е бучно како во едно големо градилиште, а во објектот има околу десетина работници, кои работата на електриката.

Штипјани се разочарани, доколку изградбата на болницата биде целосна прекинати.Грчки Интеркат го доби тендерот, подизведувач беше штипски Бетон, кој се замрси во стечајна постапка, остана без работници. Компанијата беше еден од најголемите тендерски корисници на Скопје 2014, а се поврзуваше со Камчев и Мијалков, бизнисмени порано блиски со ВМРО ДПМНЕ.

https://telma.com.mk/2021/11/18/не-се-знае-кога-ќе-заврши-изградбата-на/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 18-Nov-2021 at 18:37
Еве едно видео од август годинава каде може да се види до каде се со градежните работи...

За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 06-Dec-2021 at 13:43
Штипска болница: Задоцнета градба, стабилни хонорари

Нема ништо спорно. Тие луѓе сe тука, си работат“.

Ова во петокот ни го кажа министерот за здравство, Венко Филипче, на долго одложуваната средба за ангажманот на околу 20 луѓе што биле плаќани од потсметката на Министерството за здравство за изградба на нови клинички центри во Скопје и во Штип.

Оној поголемиот, скопскиот, поради политичките блокади, остана празна полјана и барем засега, завршена приказна, која ќе чека нови „раскажувачи“.

Но, затоа дел од кредитот од 97 милиони евра што Македонија уште го троши, а го доби од Банката за развој на Советот на Европа, се само за новата клиничка болница во Штип.

Таа во март ќе направи петта година како се гради.

Кредиторот на 5 ноември со писмо го извести министерот дека се откажуваат да го финансираат проектот.

Причината е бавната градба.

„Со оглед на бавниот напредок на терен од есента 2017 година и фактот дека целите на проектот не може да се постигнат, датумот на затворање на проектот, моментно поставен на 31 декември 2021 година, ќе остане непроменет, а преостанатиот заем од 13,43 милиони евра ќе биде откажан“, пишува во писмото од Банката до Филипче.

Ден пред да стигне писмото, поточно на 4 ноември, на 15-тина луѓе што се ангажирани да работат на проектот на сметките уредно им легнале хонорарите за ангажманот околу новата клиничка болница.

Сумите се меѓу 30.000 и 90.000 денари.

Откако банката соопшти дека се откажува, јасно е дека нивниот хонорар би бил сигурен заклучно само до крајот на годината.

„За потоа ќе видиме“, рече Филипче уверен дека градбата на болницата ќе продолжи:

„Со Министерството за финансии ќе најдеме начин“, ни кажа министерот, чија функција веќе е дел од политичкиот пазар за ново собраниско мнозинство.

Координатор, асистент, експерти, лице за односи со јавност



БИРН направи увид во исплатите за проектот во изминатите години.

Освен градежните работи, редовно, некои секоја година, некои по неколку години, а некои почнувајќи од годинава, биле исплаќани и хонорари за луѓе ангажирани околу изградбата на клиничката болница во Штип.

Тоа се случувало и во годините кога забавувала градбата на болницата, на пример, поради судски процеси.

Одговорот што го побаравме од Министерството за неколкумина од ангажираните луѓе беше дека работат на различни позиции како: административен координатор, општ канцелариски асистент на единицата, експерт за набавки по процедури на кредиторот, експерт за јавни набавки, кои се спроведуваат по национално законодавство, експерт за медицинска опрема, лице за односи со јавност…

Износот за овие трошоци што се водат како расходи за проектната единица што го менаџира проектот, го пишува во известувањето до него од Банката за развој на Советот на Европа.

Таму пресметката покажува дека кредитната транша од 11,6 милиони евра заклучно со април, била искористена за да се платат 9,7 милиони евра за градежни работи, пола милион за супервизија и 1,4 милиони евра за проектната единица.

Од државата може двапати

За некои хонорарци, медиумите пишувале на големо, како на пример раководителот на проектната единица, и државен советник на министерот, Јован Грповски, кој првично добивал по 150 илјади денари месечно, а последниве години по 90.000 денари.

Потоа на листата е пратеникот на ВМРО-Народна, Љупчо Балковски, исто така е меѓу луѓето што добивале хонорари како прв човек на проектната единица. Годишно во просек тоа се околу 19 илјади евра.

Од мај годинава ангажиран е и ексградоначалникот на Центар, Андреј Жерновски. Тој од главната сметка на Министерството за здравство добива по 60.000 денари за координација на изградбата на болницата.

Изборот на луѓето што ќе бидат ангажирани, кои потоа ги одобрува и кредиторот, е „дискреционо право на министерот“.

Меѓу ангажираните во рамките на проектот се и луѓе што веќе работат во Министерството за здравство, односно се редовно вработени административни службеници.

Меѓу нив е и советничка на министерот, која од 2020 добива хонорар и за изградбата на клиничката болница во Штип. И не е само таа.

„За ова бев повикан во Обвинителството во предистражна постапка, во ДКСК, со ДЗР…“, рече министерот за здравство, „и никој не најде ништо спорно“.

Толкувајќи два закони, антикорупционерите во постапката за едно од овие лица оцениле дека „не постои законска одредба што го уредува прашањето на дополнителен ангажман на лице што е во редовен работен однос и има статус на административен службеник“.

Се повикуваат на Законот за работни односи, според кој, „работодавачот може со определено лице да склучи договор поради вршење работи што се надвор од дејноста на работодавачот“.

Според тоа, ангажманот на Министерството за здравство во изградба на клиничката болница во Штип е „надвор од неговата дејност“.

Во ноември две фирми и петнаесетина хонорарци

Првите лопати за болницата беа фрлени во март 2016 година, а првите исплати од оваа потсметка се некој месец подоцна, поточно од јули истата година.

Најмногу пари отишле на фирмите што работат на болницата.

Уште на почетокот, на главниот изведувач на болницата, „Интраком констракшн“ му се исплатени 1,4 милиони евра во јули, па уште 1,5 милион во октомври, па уште 760 илјади евра во ноември 2016 година…

Тука се и други фирми што добиле пари за проектот: „Евро-консалтинг“ за надзор над градежните работи, потоа „Пелистер“ од Битола…

Тоа било на почетоците од проектот, кога за различни потреби во градењето годишно се плаќале по 20-тина фирми.

Во последниот месец, ноември 2021, исплатени се само две фирми и петнаесетина хонорарци.

https://prizma.mk/shtipska-bolnitsa-zadotsneta-gradba-stabilni-honorari/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 24-Dec-2021 at 09:27
Интракат“ и годинава сработи за ситно на Клиничка болница Штип

Интраком“, подружницата на грчката градежна компанија Интракат, сработила за 1,6 милиони евра годинава како изведувач на недоизградената Клиничката болница Штип. Ова го покажуваат, барем досегашните, декемвриските исплати од Министерството за здравство кон грчката компанија преку кредитот од Банката на Советот на Европа.

Ова се најверојатно последните исплати со транши од овој кредитор откако започна реализацијата на проектот, која течеше интензивно само во 2016, а потоа следните години се одвиваше многу бавно поради судски спорови, промена на планови, блокади на сметка, како и поради корона-кризата. Токму поради тоа Банката за развој на Советот на Европа го извести министерството дека рокот за изградба на клиничкиот центар истекува на крајот на годината и дека кредиторот се повлекува од понатамошното финансирање.

Сепак, според исплатите, подружницата сработила барем повеќе во однос на претходните години. Минатата година исплатата од министерството за здравство била едвај околу 200.000 евра, а во 2019 само 300.000.

- Министерството за здравство, како за сите договори, така и за овој, исплаќа средства по извршени работи, односно по доставена Времена ситуација потврдена од надзорниот орган. Министерството за здравство не навлегува во односот на градителите со други правни лица, велат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека засега нема промени во договорот со „Интраком“ и дека изградбата ќе продолжи со овој изведувач, независно од откажувањето на финансиерот.
Претходно, министерството во јавноста објави дека во договор со Министерството за финансии, изградбата ќе продолжи со друг финансиски извор „веднаш откако ќе се одглави процесот помеѓу изведувачот и првичниот подизведувач, односно ќе заврши спорот помеѓу овие две страни“.

Изградбата на болницата треба да чини околу 30 милиони евра, а искористени се само нешто над половина од кредитот, односно како извести меѓународниот кредитор, преостанатиот заем од 13,43 милиони евра ќе биде откажан. Грчки Интеркат го доби тендерот, а подизведувач беше штипски Бетон.

https://faktor.mk/intrakat-i-godinava-sraboti-za-sitno-na-klinichka-bolnica-shtip
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 05-Feb-2022 at 11:18
ГРЧКИ „ИНТРАКТ“ И ГОДИНАВА ЌЕ РАБОТИ НА ШТИПСКАТА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА



Наместо свечено пуштање во употреба, нов рок за завршување на 1-та фаза од изградбата на штипската Клиничка болница. Грчки „Интракат“ добил нова шанса до крајот на оваа година да го заврши објектот.

Засега нема одговор кој ќе го плати тоа, откако лани во ноември до Здравство стигна писмо од Банката за развој при Советот на Европа дека државата не може да смета на половина од кредитот во вкупна вредност од 26, 9 милиони евра. Иако претходно од Министерството за здравство ги потврдија намерите за повлекување на Банката, сега велат не се работи за повлекување туку истекол рокот за кредиот. Потрагата по кредитор и пари ја префрлаат во Финансии.

„Прашањето за нова финансиска конструкција е во надлежност на Министерството за финансии, со оглед дека со потпишаниот договор за кредит, кој во моментов е истечен (помеѓу МФ и ЦЕБ) државата се обврзала дека ќе бидат обезебедени потребните финансии со цел завршување на објектот над оние кои се искористени како кредитни“, се вели во одговорот на Министерството за здравство.

И додека работите веќе три години практично стојат во место, трпат пациентите. Директорот на штипската Клиничка болница вели покрупни инвестиции има во зградите што нема да влезат во составот на новата болница, во главната се прави неопходното.

Од Министерството за финансии молк на нашите прашања, дали е најден нов кредитор, има ли разговори со финансиски институции и дали до крајот изградбата ќе се финансира од државниот буџет.

https://24.mk/details/grchki-intrakt-i-godinava-kje-raboti-na-shtipskata-klinichka-bolnica
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 05-Mar-2022 at 15:36
ИЗГРАДЕНА САМО ЕДНА ТРЕТИНА ОД ШТИПСКАТА БОЛНИЦА



Се потрошиле 11,3 милиони евра, а не се завршиле ниту една третина од работите на новата Клиничка болница во Штип. Изведувачот, грчки „Интракат“ веќе доби нов рок до декември годинава да ја заврши оваа фаза што требаше да биде готова пред три години.

Последните исплати кон изведувачот се направени во декември лани и кон средината на јануари годинава. Само во декември на сметката им легнале околу 1,6 милиони евра. Од Министерството за здравство, велат работите не стојат туку се работи на терен.

„На објектот на КБ Штип работат до 100 работници на дневно ниво и активно се работи на поставување челична конструкција, поставување спуштен плафон во објект на линеарен акцелератор, како и завршни работи на фасадата и други технички градежни активности“, пишува во одговорот на Министерството за здравство

Од Министерството за здравство велат крајниот рок за завршување на целиот објект е јуни 2023-та. Но комплетирањето на целата Клиничка болница, според проектот опфаќа и уривање и повторна изградба на помал објект што треба да се поврзе со новоизградената болница на просторот каде сега се наоѓа лабараторија и рентген. Но, со оглед на динамиката на реализација и повлекувањето на Банката при Советот на Европа тешко дека ќе биде испочитуван.

Ако се земе во предвид дека на стартот беше најавено дека целиот проект ќе чини 30 милиони евра, треба да се најдат безмалку 19 милиони евра за заокружување на изградбата. Од надлежните Министерства молк како и од каде ќе се најдат средства. Од Финансии топката ја префрлија во Здравство, а од таму чекаат Финансии да најде нов извор на пари.

https://24.mk/details/izgradena-samo-edna-tretina-od-shtipskata-bolnica
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 15-Sep-2022 at 13:12
Продолжува проктот за изградба на кличката болница во Штип



https://24.mk/details/prodolzhuva-proktot-za-izgradba-na-klichkata-bolnica-vo-shtip
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 28-Jan-2023 at 17:57
Изградбата на новиот Клинички центар во Штип заглави, и по 7 години жителите од источниот регион сè уште чекаат да се изгради

3 март 2016 година е датумот кога беше поставен камен темелникот на новиот Клинички Центар во Штип, кој до денес над 200.000 жители од источниот регион веќе седма година по ред го чекаат да се изгради.

Штип ќе добие најсовремена Клиничка болница, почнува изградбата на новиот објект на штипската болница, Голема капитална инвестиција во македонското здравство. Ова беа само дел од насловите пред седум години, кога граѓаните на истокот очекуваа нова, современа болница по европски стандарди, но, од сето ова останаа само ветувањата.

Откако во 2016 година со 27 милиони евра кредит од Банката на Советот на Европа, започна изградбата, истата запре заради долг на изведувачот кон штипски “Бетон“ како подизведувач. Банката го запре финансирањето заради доцнење на изградбата, по што владата одлучи да ја финансира изградбата. Минатата година градежните компании постигнаа договор за продолжување на соработката и беше надмината пречката која ја закочи изградбата на новата болница.

По тригодишниот судски спор во кој штипски “Бетон“ побаруваше околу два милиони евра од главниот изведувач грчки “Инатракат“ беше постигната вонсудска спогодба, а главен медијатор беше штипскиот градоначалник.

ТВ 24 стапи во контакт и со ресорното министерство и прашавме, зошто се стопирани градежните активности, дали е изготвена финансиска конструкција за целосна изградба и дали до крајот на оваа година граѓаните од истокот ќе добијат нова болница?

- Се прават максимални напори со изведувачот и Владата на РСМ за забрзување на динамиката за реализација на овој проект за кој веќе има финансиска конструкција. Се прават максимални напори и заложбата е забрзување на динамиката за реализација. Инаку досега процентот на реализација е околу 40%.“ - велат од Министерството за здравство.

Бидејќи максималните напори на терен не се очигледни, па го прашавме и Премиерот, дали во блиска иднина штипјани ќе ја добијат долгоочекуваната Болница, која им е неопходна.

Факт е дека објектот, кој навлезе во својата седма година од изградба, е во фаза на внатрешно уредување, иако има уште делови од надворешната фасада, кои чекаат на завршување, но во меѓувреме најзасегнатите од целата оваа ситуација и понатаму се приморани да се лекуваат во сегашниот објект на Клиничката болница, која одамна бара итно реновирање.

ТВ 24 се обиде да добие одговори и од подизведувачот, штипски “Бетон“, меѓутоа нивните административни канцеларии во Штип одамна се затворени.

Сепак, јавноста заслужува одговори, бидејќи станува збор за изградба на нова најсовремена Клиничка болница во Штип, според врвни светски стандарди која беше проектирана да се протега на 34.000 метри квадратни површина, на осум спратови, хелидром и капацитет од 300 болнички кревети.

Во овој лавиринт на договори, изведувач-подизведувач, судски спор, крајно неизвесно е што понатаму ќе се случува со објектот, кој требаше да биде најсовремен Клинички центар во Источна Македонија.

https://24.mk/details/izgradbata-na-noviot-klinichki-centar-vo-shtip-zaglavi-i-po-7-godini-zhitelite-od-istochniot-region-se-ushte-chekaat-da-se-izgradi
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.