build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Нов објект на АДСДП

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2345>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 03-Feb-2020 at 17:40
Таман сакав да прашам што ќе биде со објектов...

----------------------------------------------------------------
АДСДП ќе му ја продаде на Владата својата зграда за 8,3 милиони евра



Владата за 8,3 милиони евра реши да ја купи зградата на Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор во која ова претпријатие никогаш не се всели и истата ќе ја даде на користење на некоја друга институција. Претпријатието ги очекува овие средства за да си ја олесни финансиската ситуација, а покрај тоа, деловни простории од зградата која е во нејзина сопственост ќе бидат издавани како комерцијален простор и на АДСДП ќе му носи месечен приход од кирија.

Набавката треба да ја направи Службата за општи и заеднички работи на Владата со непосредна спогодба. Зградата која се наоѓаат на улица „Филип Втори Македонски“ во центарот на Скопје има вкупна површина од 4.194 метри квадратни на шест ката, а Бирото за судски вештачења процени дека нејзината вредност изнесува 8.308.463,00 евра.

„Објектот кој што е лоциран на ул. „Филип Втори Македонски’’бр.11 Скопје, инаку сопственост на Ад за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје, изграден е со сопствени средства на Друштвото. Проценетата вредност утврдена од страна на Бирото за судски вештачења се однесува на дел од вкупната вредност на зградата“, гласи одговорот од претпријатието.

Од таму додаваат дека зградата е соодветна за вселување на три јавни институции кои би можеле да работат под условите кои ги овозможува објектот, или пак покажале интерес до сега.

„ Согласно досегашните преговори, како и барањата доставени до Акционерското друштво, предметните деловни простории одговараат на потребите на Управата за финансиска полиција и Државната комисија за спречување на корупцијата, а интерес за сместување изрази и ЈП Службен весник на РСМ“, дополнуваат од АДСДП.

Претходно зградата од административниот деловен простор со измена во програмата стана комерцијален деловен простор наменет за продажба и издавање под закуп за законски да биде овозможена нејзина продажба.

„На одлуката на Владата претходеше одлука на Одборот на директори на АДСДП, донесена на состанок одржан на 19.03.2019 година со која административниот деловен простор „Државни институции-објект за АДСДП, се пренаменува во комерцијален деловен простор наменет за продажба и издавање под закуп.Ваквата пренамена е во согласност со последните измени на Законот за продажба и давање под закуп на деловни згради и деловни простории и Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општествена сопственост, а со кои им се дозволува на државните институции кои имаат потреба од деловен простор да го купат по пат на непосредна спогодба“, појаснуваат од таму.

Изградбата започна во 2015 а беше предвидено 180 вработени во акционерското друштво да добијат нови простории за работа, наместо постоечките бараки на улицата „Орце Николов“. Изградбата на објектот кој е непосредно до Министерството за надворешни работи заврши во 2018, но и натаму е празна.

Александар Кузмановски

https://www.faktor.mk/adsdp-kje-mu-ja-prodade-na-vladata-svojata-zgrada-za-83-milioni-evra?fbclid=IwAR08lKq8YRYH_MJN8C_jGVlQjjFxl5VmpDtER-Fmww_4wRQS4DUparlzGPw
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2656
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 03-Feb-2020 at 23:10
Бедна копија на Opera Garnier, мада пораскошно личи од останатиот стиропор.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 403
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 04-Feb-2020 at 02:25
Зошто уопште го изградија објектов ако не планирале од АДСДП да се преместат тука...мислам многу глупо излегува вака, направено е за нив а уствари не е за нив
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14143
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 04-Feb-2020 at 10:07
Ми се чини дека во вториот дел од реченицата ја улови суштината на проектот Скопје 2014
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 04-Feb-2020 at 13:11
Ми беше успат па еве направив една фотка,градежни работи веќе нема просторот околу е уреден па сметам дека објектот може да се означи како завршен,е сега ќе видиме кој ќе се всели и за каква намена ќе се користи...

Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 462
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 04-Feb-2020 at 14:37
Originally posted by Staro Skopje

Бедна копија на Opera Garnier, мада пораскошно личи од останатиот стиропор.


Леле сега погледнав, во право сте, навистина бедно...

И сега откако АДСДП ќе го продаде на владата, агенцијава пак нов овјект ќе прави?
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 908
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 04-Jul-2020 at 12:12
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5359
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 04-Jul-2020 at 14:01
Дограмата ќе ме умри
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7763
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 06-Jul-2020 at 01:25
сите други дебилштини на страна, една од ретките фасади на објекти што барем ја направија достоинствена на било каква реална класика со реална историја, без окна од лифтови, сегменти на скалила, еден прозор-два спрата глупости, сервисни простори, вентилации и слично
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 10-Sep-2020 at 12:45
Денешни





Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 462
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 10-Sep-2020 at 13:06
Сѐ уште не се всели ниту една институција тука? Да не има некој информации за што ја „чуваат“?
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 11-Sep-2020 at 12:29
Еве ја рентаат,едно време рекоа ќе ја продаваат.....

-------------------------------------------------------------
Објава 4/2020-СК за издавање на деловен простор под закуп во Скопје по пат на електронско јавно наддавање (02.09.2020)
Деловниот простор со кој што стопанисува Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје, подружница Скопје може да биде издаден под закуп на правни и физички лица (домашни и странски) на определено време до 5 (пет) години. Деловниот простор се издава во видена состојба. За подетални информации за објавата, преземете го интегралниот текст. Пријавувањето за учество на јавното наддавање се врши на http://www.deloven-prostor.mk Објавата трае од 02.09.2020 до 16.09.2020











https://www.facebook.com/adsdp.makedonija
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 908
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 22-Sep-2020 at 20:45
Чудна работа, има толку институции што се под кирија или во супстандарни услови, а решаваат зградава да ја рентаат.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 821
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 22-Sep-2020 at 23:44
Можеби направиле некоја финансиска анализа, па излегло вака повеќе да им одговара на долгорочен план, но чисто се сомневам...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14143
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 23-Sep-2020 at 08:25
Идеолошки се причините, т.е. одбиваат да се сместат во грозотиите на Скопје 2014, зашто, нели, као се бореа против проектот итн. итн.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 23-Sep-2020 at 09:28
Можно е и тоа да е причината но многу глупав резон завршеното не го користат ново не градат. Барем ова што се доврши да се искористи има доста институции кои дремат во скапани бараки а за сметка на тоа си допуштаме вакви згради да стојат празни. Тотално без логика.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 23-Sep-2020 at 12:39
АД ЗА СТАНБЕН И ДЕЛОВЕН ПРОСТОР ЈА ПРОДАВА БАРОКНАТА ЗГРАДА ОД 8,5 МИЛИОНИ ЕВРА, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ ОСТАНАТ ВО БАРАКИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ



Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и деловен простор (АДСДП) поранешно ПУИГ нема да се сели во барокната зграда од 8,5 милиони евра кај Министерството за надворешни работи. Раководството на претпријатието одлучило дека е поисплатливо зградата да се продаде, а вработените ќе продолжат да работат во бараките на улицата Орце Николов изградени по скопскиот земјотрес.

„Заради поголема економска исплатливост, Одборот на директори на АДСДП на состанок одржан на 19 март 2019 донесе одлука со која административниот деловен простор се пренаменува во комерцијален деловен простор наменет за продажба и издавање под закуп. Поради изборниот период и коронакризата просторот сè уште не е продаден“, велат од Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и деловен простор.

Од АДСДП велат дека за дел од деловниот простор во зградата интерес пројавиле Финансиската полиција, Антикорупциска комисија и Службен весник. Доколку овие продажби не се реализираат, ќе следи комерцијална продажба на зградата.

„Деловниот простор во приземниот дел останува во наша сопственост и тој ќе се издава. Огласот за издавање на деловен простор под закуп во предметниот објект беше објавен на 2 септември. Постапката за електронско јавно наддавање е во тек. Закупците ќе бидат познати по нејзиното завршување“, велат од АДСДП.

Дали вработените ќе останат во старите бараки од акционерското друштво велат дека во моментов се разгледуваат неколку опции за селење, но најсоодветното решение ќе зависи од низа фактори, меѓу кои економските ќе бидат основни.

Барокната зграда во центарот на Скопје почна да се гради во септември 2015 година.

А. АНТЕВСКА

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ad-za-stanben-i-deloven-prostor-ja-prodava-baroknata-zgrada-od-8-5-milioni-evra-vrabotenite-ke-ostanat-vo-barakite-od-zemjotresot/
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 898
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 23-Sep-2020 at 14:46
Буџетот е со дупка, ќе крпат сега кај стигнат...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 21-Dec-2020 at 14:52
Владата ќе купува зграда што вреди 14 милиони евра за да заштеди државата на кирии

Проценетатата вредност на зградата на Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор во која ова претпријатие никогаш не се всели е 13.937.448, а Владата ќе ја купи за таму да смести служби кои сега плаќаат кирија на приватни сопственици.

Парите се обезбедуваат од средствата од пренамената во буџетот за годинава кој инаку е во вкупен износ од 1,3 милијарди денари,а минатата недела беше одобрена од страна на Собранието. Меѓудругото, дел од парите се и за купување на зградата од ПУИГ.

„Обезбедени се и 620 милиони денари за купување зграда од акционерското друштво за стопанисување со станбен простор-ПУИГ, а со цел да се избегнат трошоците за закупнини и да се реши проблемот со сместување на вработените од државните органи“, гласи одговорот од Министерството за финансии.

Владата на седницата одржана на 10 декември 2020 година донесе одлуката за оваа набавка со непосредна согласност, а Бирото за судски вештачења ма 9 декември дало одговор дека зградата од проектот „Скопје 2014“ вреди 864.121.805 денари со пресметан 18 отсто ДДВ, според она што е подоцна објавено во одлуката во Службен весник. Зградата која треба да ја купи Службата за општи и заеднички работи на Владата е во вкупна површина од 6.770 метри квадратни.

Претпријатието наедно ги очекува овие средства за да си ја олесни финансиската ситуација, а покрај тоа, деловни простории од зградата која е во нејзина сопственост ќе бидат издавани како комерцијален простор и на АДСДП ќе му носи месечен приход од кирија.

Зградата која се наоѓа на улица „Филип Втори Македонски“ изградена е од сопствени средства на претпријатието. Во моментов е соодветна за вселување на неколку јавни институции кои би можеле да работат под условите кои ги овозможува објектот.

Изградбата започна во 2015 а беше предвидено 180 вработени во акционерското друштво да добијат нови простории за работа, наместо постоечките бараки на улицата „Орце Николов“. Изградбата на објектот кој е непосредно до Министерството за надворешни работи заврши во 2018, но и натаму е празна.

https://faktor.mk/vladata-kje-kupuva-zgrada-shto-vredi-14-milioni-evra-za-da-zashtedi-drzavata-na-kirii
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14958
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 29-Dec-2020 at 16:31
Владата купи нова зграда, ПРВ ЌЕ СЕ ВСЕЛИ АРТАН ГРУБИ!

Владата купи нова зграда за свои потреби, наводно за да не се плаќала кирија за изнајмување од приватни фирми. Како што дознаваме во новата зграда прв, или меѓу првите, ќе се всели потпретседателот на владата Артан Груби за кого е предвиден најмлаку еден кат од севкупниот простор.

Продавач на зградата е АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, државна компанија која работи во бараки на улица Орце Николов, блиску до Министерството за одбрана. Плацот на кој сега се наоѓаат е продаден на приватен инвеститор. По продажбата на нивната нова зграда тие не можат да се отселат од бараките, а купецот не може да располага со плацот кој го купил за градба.

Проценетатата вредност на зградата на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор во која ова претпријатие никогаш не се всели е 13.937.448 евра.

Парите се обезбедуваат од средствата од пренамената во буџетот за годинава кој инаку е во вкупен износ од 1,3 милијарди денари, а минатата недела беше одобрена од страна на Собранието. Меѓудругото, дел од парите се и за купување на зградата од ПУИГ.

Обезбедени се и 620 милиони денари за купување зграда од акционерското друштво за стопанисување со станбен простор-ПУИГ, а со цел да се избегнат трошоците за закупнини и да се реши проблемот со сместување на вработените од државните органи“, гласи одговорот од Министерството за финансии.

Зградата која треба да ја купи Службата за општи и заеднички работи на Владата е во вкупна површина од 6.770 метри квадратни.

Зградата која се наоѓа на улица „Филип Втори Македонски“, кај Филхармонија, изградена е од сопствени средства на претпријатието. Изградбата започна во 2015 а беше предвидено 180 вработени во акционерското друштво да добијат нови простории за работа, наместо постоечките бараки на улицата „Орце Николов“.

https://vecer.mk
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2345>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.