build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Здравствени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Нова болница во Кичево

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Нова болница во Кичево
    Posted: 22-Oct-2014 at 19:16
после 30 години кичевската несудена болница,оставена во фаза на карабина,конечно тргна од мртвата точка.досега беше мета на крадци кои ја пустошеа безмилосно.се работи за доста голем објект со слична конструкција како битолската болница т.е. во форма на `Н`.преградните ѕидови се целосно срушени,како и се извадени прозорите кои иако беа нови беа со ужасен квалитет.внатрешниот распоред ќе биде целосно поинаков него иригиналниот.кога ќе ми дојди службено и проектот во раце ќе го претставам во ЈПГ формат


Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14152
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 23-Oct-2014 at 12:27
Ми се допаѓа фасадата. Мислам дека овој вид фасади (црвена или друга боја на тула) не застаруваат и речиси не се оштетуваат, па не им е потребна обнова како кај другите фасади.
За сè има вторпат
Back to Top
software View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 25-Sep-2015
Location: Kicevo
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote software Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 26-Sep-2015 at 16:42
Во полн ек се активностите на новата кичевска болница. Работите започнаа овој септември по цели 24 години пауза, време во кое и она што беше изградено пропаѓаше.

Новата кичевска болница се гради според сите најмодерни и современи стандарди и треба да опслужува над 80 000 жители од Кичево, Пласница и Македонски Брод и за гостите кои претстојуваат или транзитираат во овој регион.

Болницата се протега на 4500 квадратни метри и во неа ќе бидат сместени 5 одделенија за секундарна здравствствена заштита, 4 одделенија со дневна болница (ургентно, амбулантно, интерно и гинекологија), дел за дијализа и 10 специјалистички служби. Ќе располага со 65 кревети.

Кичевската болница започна да се гради во 1989 година, а работите целосно беа прекинати во 1991 година.Оттогаш имаше повеќе најави за нејзино доизградување кои никогаш не се остварија.

Конечно, во април минатата година министерот за здравство, Никола Тодоров при посета на медицинскиот центар кажа дека на владина седница е донесена одлука за конечно завршување на болницата. Истата информација пред точно 1 година и официјално беше потврдена од премиерот Никола Груевски кој тогаш го најави почетокот на изградбата на болницата за оваа година.

Тендерот за нејзината изградба беше распишан на 8 јануари годинава, а еден ден подоцна Тодоров на прес конеренција го презентираше конечниот изглед на болницата.

Кичевската болница изминативе неколку години од државни средства доби неколку современи апарати кои придонесоа во подобрување на квалитетот и услугите кои таа ги нуди, нејзините лекари во континуитет се дообучуваат во странски болници, а во моментов на специјализација се испратени 13 лекари.

Кичевската болница треба да биде готова во пролетта 2016-та година. За нејзината изградба ќе бидат вложени околу 200 милиони денари.









Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 26-Sep-2015 at 18:31
Болницата е форма на ``Н`` и во празниот простор на средината помеѓу крилата изградија дополнителни делови кои се гледаат на сликиве.

одлучија да ги остават само зидовите, друго све се ивади-внатрешните ѕидови се отстранети, сите прозори исто така..

Визуелно нема голем напредок од тие слики што ги поставив во темата ``здравствени институции`` пред некое време
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14152
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 27-Nov-2016 at 16:58
Од ЅЅС форумот...

Originally posted by gjoko-mkd;136830421

There are new builded elements inside the ``H`` of old construction. They are completely new. New windows, and new termo fasade around the old bricks fasade. Now they are building insde the hospital, with the new layout of rooms



За сè има вторпат
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4009
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 02-Apr-2017 at 13:16
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 02-Dec-2017 at 21:00

не може да се види од фотката кој е изведувач, а на нет освен ваков абер нема ништо друго ... сајтов е фора, а ако ние почнеме да го ажурираме, и на иселениците ќе им биде од полза ...

http://healthgrouper.com/en/profile/bolkicevo/General_Hospital_Kicevo#survey [1]

дали имаат и хелиодром? и колку ваква инфраструктура е задолжителна за болниците кај нас?

Edited by Zelenikovo - 02-Dec-2017 at 21:01
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 741
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 04-Dec-2017 at 23:48
Ова треба во учебниците по архитектура да влезе, како најефикасно за упропастиш пристоен проект
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 20-Mar-2021 at 17:49
30 години ветувања – ниту една Влада не ја доврши кичевската болница

Прашањето за болницата во Кичево се отвора само за време на предизборни кампањи. Како што се чини, така ќе продолжи и на наредните изборни циклуси. Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, во јули 2020 година го посети Кичево поради изборни активности и најави старт на градежните активности и издвојување средства за оваа болница.

Но, до јануари годинава немаше никакво движење… На почетокот на годината, и министерот за здравство, Венко Филипче го посети Кичево, при што ја најави втората фаза од изградба. Тој ден, неколку работници од фирмата која го доби тендерот, го расчистија дворот на болницата.
Но, болницата сѐ уште е во иста состојба.








https://mk.tv21.tv/30-godini-vetuvana-nitu-edna-vlada-ne-ja-dovrshi-kichevskata-bolnitsa/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7763
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 20-Mar-2021 at 22:03
настрана здравство и политика, штета што фасаднава цигла ја имаат заменето со некоја лоша сиво жолата шлаканица
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4009
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 29-Aug-2021 at 14:08





Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14152
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 29-Aug-2021 at 15:13
Седум години се гради и никако да се изгради
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 18-Dec-2021 at 15:47
По 32 години, за 18 месеци треба да заврши изградбата на новата кичевска болница

Новата зграда на кичевската Општа болница, што почна да се гради пред 32 години сè уште не е целосно завршена и како што најави министерот за здравство, Венко Филипче, овој објект во наредните 18 месеци ќе биде целосно завршен и ќе им биде ставен на располагање на жителите од општините Кичево, Македонски Брод и Пласница.

– Започнаа работите на доизградбата на новата Општа болница во Кичево. Веќе имаме една ситуација целосно завршена и, јас верувам дека со вака интензивна работа со која започна втората фаза, за најмногу 18 месеци ќе биде целосно завршен новиот објект и тоа ќе значи зајакнување на целиот здравствен систем во Кичево и регионот во кој гравитираат над 60 000 жители од трите општини Кичево, Македонски Брод и Пласница, најави министерот Филипче.

Овој објект почна да се гради во далечната 1989 година. Во неколку наврати започнаа градежни работи за негова доизградба, но, ниту еднаш досега не завршија целосно. Последниот зафат на овој објект се случи во периодот помеѓу 2014-2015 година, и по прекинот на работите, сега се очекува конечно да се финализираат градежните работи на овој долгоочекуван објект за граѓаните на Кичево.

https://nezavisen.mk/po-32-godini-za-18-meseci-treba-da-zavrshi-izgradbata-na-novata-kichevska-bolnica/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 13-Mar-2022 at 12:46
Неверојатно, но вистинито, се случува во Кичево – пред 37 години почна изградба на болница, но сè уште не е завршена



Не е за верување, но за жал вистина е. Болницата која во Кичево почна да се гради пред речиси 40 години, сѐ уште не е довршена.

„Се наоѓаме во објектот на новата болница во Кичево, која почна да се гради пред речиси 40 години. Овој објект неколкупати почнуваше да се гради, но беше оставан во заборав. Стигна до втората фаза од изградбата. Втората фаза ја најави и поранешниот министер за здравство Венко Филипче минатата година кога го посети Кичево, а истото го најавува и сега новиот министер Беким Сали. Останува да видиме дали втората фаза од градежните активности ќе продолжи или ќе почне, па потоа ќе се стопира како вообичаено“, истакна репортерката на ТВ21.

Кон крајот на минатата година започна втората фаза од изградбата на болницата. Беа забележани како се движат камиони, беше отворен канал, беше поставен еден слој изолација околу новата зграда, а беа донесени и неколку цевки. Но, оттогаш не е преземено ништо друго, а каналот и понатаму стои отворен. Министрите се менуваат, но никој од нив не ја истурка оваа работа до крај.

Сега на чело на Министерството за здравство е Беким Сали. Се очекува тој да преземе нешто во однос на изградбата на болницата, која слободно може да влезе во Гинисовата книга на рекорди. Сали вели дека болницата ја гледа како свој предизвик.

„Моите информации велат дека таму се работи, но динамиката на градежните активности не е на потребното ниво. Јас сѐ уште не стигнав да ја посетам таа болница. Секако дека еден од моите приоритети е кичевската болница да ги запали светлата и да профункционира. Секако дека за мене тоа е предизвик“, посочи Беким Сали.

Болницата почна да се гради во 1985 година, но и по речиси 4 децении сѐ уште е само карабина. Секоја година политичките претставници ветуваат дека ќе ја довршат, но Кичево никако да добие нов болнички објект.

https://mk.tv21.tv/neverojatno-no-vistinito-se-sluchuva-vo-kichevo-pred-37-godini-pochna-izgradba-na-bolnitsa-no-se-ushte-ne-e-zavrshena/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.047 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.