build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Експресен пат Штип - Кочани

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11760
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Експресен пат Штип - Кочани
    Posted: 28-Jan-2015 at 08:47
Ќе се изготви проект за експресниот пат Штип – Кочани

Постоечкиот магистрален пат од Штип до Кочани ќе се надгради на ниво на експресен пат со по две коловозни ленти од по 3,5 метри и по две ленти за застанување од по 2,45 метри. Агенцијата за државни патишта објави оглас за избор на фирма што ќе ја изработи проектната документација за планираната делница во должина од 26 километри. Најповолниот понудувач ќе биде познат на 3 февруари.



Освен изготвувањето на проектната документација, се чини дека не постојат позначителни пречки за остварување на овој инфраструктурен објект. За реализација на експресниот пат се обезбедени потребните финансиски средства преку неодамна подигнатиот кредит во висина од 160 милиони евра од Европската банка за обнова и развој. Изградбата на планираниот полуавтопат следува со привршувањето на реконструкцијата на патот Велес – Кадрифаково, кој во моментов се наоѓа во трета фаза од реализација на проектот.

http://www.build.mk/?p=42794
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11760
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 24-Apr-2015 at 08:41
ГИМ ќе го проектира експресниот пат Штип – Кочани

На вториот тендер за избор на проектантско биро што ќе го проектира експресниот пат (полуавтопат) Штип – Кочани, како единствен понудувач победил Градежен институт „Македонија“ АД Скопје (ГИМ). Се работи за надградба на постоечкиот магистрален пат помеѓу овие два града, во должина од 26 километри. Вредноста на потпишаниот договор со ЈП за државни патишта изнесува 23.600.000 денари, односно 384 илјади евра. За изработка на проектната документација ГИМ има на располагање 10 месеци. Потребните финансии за изведба на експресниот пат се веќе обезбедени преку неодамна подигнатиот заем во висина од 160 милиони евра од Европската банка за обнова и развој. Предвидено е сегашниот магистрален пат од Штип до Кочани да се реконструира и прошири, после што коловозот би имал две коловозни ленти за возење широки по 3,5 метри и две ленти за застанување широки по 2,45 метри.

http://www.build.mk/?p=44154
За сè има вторпат
Back to Top
nonamemacedonia View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 10-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 1
  Quote nonamemacedonia Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 10-Nov-2015 at 13:36
Здраво,

На ТВ слушнавме и на интернет прочитавме дека ќе се граде ескпресен пат Штип - Кочани. Доколку некој е запознаен ме интересира што конкретно значи експресен пат? Затоа имам неколку прашања и очекувам Ваше мислење:
1. Колку ленти ке биде во една насока? (Дали ќе биде нешто слично како што е новиот пат Велес Штип)?
2. Доколку се двете ленти во една насока дали едната лента ќе биде за возење а другата за претекнување, или едната лента ке биде за запирање а другата за возење (како Велеш Штип)
3. Дали ќе биде дозволена земјоделска механизации (Трактори, Комбањи и слично) да се движи по патот?
4. Дали ќе биде од страната поставено банкина (или висок дол) за да не може да се приклучуваат земјоделките машини од нивите (Како што има висок дол на патот Велес - Штип)?
5. Дали некој ја знае точнаса траса на патот или приближна, од каде ќе почне во Штип и каде ќе заврши во Кочани?
6. И дали се знае кога треба да заврши градбата на експресниот пат Штип - Кочани?

Поздрав, чекам коментари и размислувања.
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 10-Nov-2015 at 16:02
Ќе се гради експресен пат Штип-Кочани, обезбедени средства од ЕБОР



Македонија доби од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) дополнителни 21 милион евра со кои се овозможува, наместо реконструкција на постоечкиот, изградба на нов експресен пат од Штип до Кочани. Договорот денеска во Лондон го потпишаа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, првиот потпретседател на Банката Фил Бенет и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојанов.

Експресниот пат ќе биде со должина од 28 километри и ќе има четири ленти. Ќе се зголеми безбедноста на сообраќајот, а ќе се влијае и на заштита на животната средина. Треба да почне да се гради во првиот квартал следната година.

Во Лондон го потпишавме договорот со Европската банка за обнова и развој за финансирање нов експресен пат од Штип до Кочани. Вредноста на проектот е 53 милиони евра кои ќе овозможат да се изгради целосно нов експресен пат со четири ленти во должина од 28 километри кој ќе ги поврзува Штип и Кочани. На тој начин им излегуваме во пресрет на граѓаните на Штип, на Кочани и на другите населени места со изградба на модерен пат кој ќе обезбеди побезбедно и побрзо патување помеѓу овие два града. Истовремено се овозможува да се подобри и конкурентноста во регионот и да се привлечат нови инвеститори кои ќе го користат овој пат, изјави Ставрески по потпишувањето на Договорот.

Тој додаде дека изградбата на регионалниот пат од Штип до Кочани се вклопува во агендата на Владата на РМ за интензивна изградба на регионални патишта од кои пак, како што рече, ЕБОР ја поддржува и изградбата на патот од Раевци до Дреново која, исто така, ќе започне набрзо, како и изградбата на патот од Охрид кон Пештани и од Требеништа до Струга.

– Соработуваме и во делот на железничката инфраструктура каде со средства на ЕБОР се поддржува изградбата на пругата кон Бугарија, а очекуваме и поддршка во енергетскиот сектор, рече Ставрески и додаде дека на ваков начин се заокружуваат крупни транспортни проекти со кои се подобрува конкурентноста на македонската економија.

Се заблагодари на ЕБОР која во Македонија во изминатиот период изнесува вкупно 1,5 милијарда евра од кои голем дел се средства за траснпортната инфраструктура, изградба на железницата и поддршка на приватниот сектор.

Фил Бенет по потпишувањето на Договорот за ЕБОР рече дека клучен приоритет во Македонија е развој на инфраструктурата. – Добро развиени и современи регионални транспортни конекции ќе го зајакнат регионот и ќе го подобрат пристапот на оддалечените области до поголемите пазари. Во прилог на ова, подобрениот дизајн на продолжувањето на патот ќе резултира во значајно зголемување на безбедоста, истакна Бенет.

ЕБОР почна да инвестира во македонската економија во 1993 година. До денес, во земјата има потпишано над 90 проекти.

Извор
Back to Top
AmyntA View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 07-Nov-2011
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 40
  Quote AmyntA Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 24-Nov-2015 at 12:24
Навистина ми е смачено од проекти чии детали се кријат од јавноста. Од онаа јавност со чии пари треба да се градат. Срамота.
Back to Top
Blagoevgrad View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 19-Apr-2009
Location: Горна Джумая
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Blagoevgrad Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 24-Jan-2016 at 23:46
Како што имам прочитано, експресниот пат ке се гради по трасата, коjа беше планирана за автопат Велес-Делчево-Бугариjа по проектот на ДИВИ Македонија од пред неколку години, што значи далеко од сегашниот постоечки пат. Со тоа се цели во иднина експресниот пат да се прошири и да прерасне во автопат.

Еве тука има карти

Ке биде добро решение ако се продолжи кон Делчево и границата, со што ке се поврзат автопатиштата Скопjе-Штип и Софиjа-Благоевград. Со тоа се избегнува потребноста од експресен пат преку Кустендил. Растоjанието Скопjе-Софиjа ке биде речиси исто, но поголемиот дел ке биде автопат, со што вероватно и времето за патуванье ке е помалку, отколку вариjантата преку Крива Паланка-Кустендил.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1657
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 25-Jan-2016 at 17:06
Држи вода.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11760
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 06-Feb-2017 at 22:14
Објавен тендер за изградба на 13,8 км од патот Штип-Кочани

Македонското јавно претпријатие за државни патишта објави тендер за изградба на 13,8 км долга делница од експресниот пат Штип-Кочани која треба да се финансира со средства од заемот од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), соопшти банката.

Изградбата на делницата од Крупиште до Кочани треба да трае 24 месеци. Според договорот, компанијата која ќе го добие тендерот треба целосно да го изгради патот, вклучувајќи и 10 мостови и надвозници. Експресниот пат Штип-Кочани треба да биде долг 28 км и да има четири ленти.

Инаку, проектот е вреден вкупно 53 милиони евра, а е дел од Коридорот Исток-Запад, од Трбеништа до границата со Бугарија.

http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/objaven-tender-za-izgradba-na-138-km-od-patot-shtip-kochani
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1657
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 07-Feb-2017 at 17:52
Нели требаше да се почне со Штип-Крупиште, а не Крупиште-Кочани?
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11760
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 22-May-2017 at 18:39
Започната градба на експресен пат од Штип до Кочани



http://mia.mk/mk/Inside/RenderSingleGalleryTest/133706548/1?month=5&year=2017&day=22&desc=0
За сè има вторпат
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 483
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 22-May-2017 at 21:42
http://www.televizijastar.com/2017/05/09/%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%BD%D0%B0-%D0%B8%D0%B7%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B1%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B5%D0%BA%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BF%D0%B0%D1%82-%D1%88/ На почеток од видеото и на крајот има неколку интересни инсерти ....
Back to Top
AmyntA View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 07-Nov-2011
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 40
  Quote AmyntA Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 23-May-2017 at 10:23
Вчера возев до Кочани. Не ми личи дека се работи.

Edited by AmyntA - 23-May-2017 at 10:24
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11760
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 23-May-2017 at 16:15


Во медиумите проструи веста дека градежните работи се започнати на почетокот на Штип кон Кочани.
За сè има вторпат
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 483
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 23-May-2017 at 17:54
И се работи веќе денови уназад пред медиумите да објават ...А ти амунта коа си возел изгледа на пауза си ги фатил луѓето па не си ги видел

Edited by WolfLeader - 23-May-2017 at 17:55
Back to Top
elnino View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 89
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 23-May-2017 at 22:41
он мисле дека трасата е иста со старата, кажи му дека е комплетно нова траса, затоа не видел
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1852
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 23-May-2017 at 23:14
И јас не видов бидејќи трасата започнува кај Три Чешми, кај оној мутавион надвозник што нема никаква функција засега кога одиш од Штип за Кадрифаково, ако ги виде ископите околу надвозникот од лево и од десно за клучката ,на десно према Кочани се гледа дека се извршувани земјени работи.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 16-Apr-2018 at 20:49

1. Целата траса





2. Клучките Штип и ТИРЗ Штип





3. Клучка Крупиште





4. Клучка Кочани





Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.