build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Експресен пат Штип - Кочани

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Bakica View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Feb-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 68
  Quote Bakica Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 31-Jan-2019 at 10:28
Toa e super ako e stvarno taka i ako gi ispocituvaat rokovite i go zavrsat patot do kraj na godinava
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1912
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 31-Jan-2019 at 17:27
Ама не се работи за Три Чешми - Кочани туку Три Чешми - Крупиште, а тендер за Крупиште - Кочани мислам дека сеуште не е објавен.
Back to Top
Bakica View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Feb-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 68
  Quote Bakica Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 31-Jan-2019 at 23:29
Da, vo pravo si. Krupiste-Kocani kje pocne da se realizira od 2019 godina. Taka da za celosno povrzuvanje megu Stip i Kocani so ekspresen pat kje pocekame najmalku do kraj na 2021

Edited by Bakica - 31-Jan-2019 at 23:29
Back to Top
Albi View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 23-Feb-2019
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Albi Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 24-Feb-2019 at 00:01
Zdravo dali ima novosti za ekspresniot pat stip kocani?
Alberto
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 576
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 09-May-2019 at 10:53
Експресниот пат Штип – Кочани доцни половина година

Наместо како што беше првично предвидено да се пушти месецов, првата фаза од изградбата на експресниот пат Штип – Кочани ќе биде отворена за сообраќај на крајот на  годинава. Од Јавното претпријатие за државни патишта велат дека се соочиле со нерешена експропријација на земјиштето и дополнителни работи кои не биле предвидени во фазата на проектирање, вклучувајќи го ѝ откривањето на археолошки локалитети на самата траса и дислоцирањето на инсталации долж трасата.

– Физичкиот прогрес на градежните работи изнесува околу 50% – посочуваат за „Мета“ од ЈП за државни патишта. Тие нагласуваат дека наследените проблеми се решени, со што е интензивирана реализацијата на градежните работи на терен. Паралелно со ова, веќе е потпишан договорот со изведувачот на втората фаза од експресниот пат, на потегот меѓу селото Крупиште и Кочани во должина од 14 километри.

На втората секција од овој проект во моментов се вршат подготвителните работи на терен пред официјалниот почеток на изградбата. Очекувањата на ЈП за државни патишта се експресниот пат Штип – Кочани, со вкупна должина од 28 километри, да биде целосно завршен во 2021 година.

Овој патен правец во иднина ќе има четири ленти, по две коловозни и две ленти за застанување. Трасата на новиот пат Штип – Кочани минува надвор од населените места, со што ќе се намали времетраењето на патувањето и ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот. Првата фаза од експресниот пат ја гради скопски „Гранит“, додека делницата од Крупиште до Кочани ја изведува кинеската компанија „Синохидро“.

По неколку одолговлекувања на работите, експресниот пат Штип – Кочани почна да се изведува кон крајот на мај 2017 година. Проектот вреден 38 милиони евра се гради со средства обезбедени првенствено од заемот од Европската банка за обнова и развој.

https://meta.mk/ekspresniot-pat-shtip-kochani-doczni-polovina-godina/
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 816
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 10-May-2019 at 01:49
Едно прашање до тие кои можеби знаат. Кога се дефинираат трасите на економски побитните патишта, се прави ли во физибилити студијата и анализа на можноста на постоење на археолошко наоѓалишите на трасата? Знам дека не се знаат сите можни архолошки наоѓалишта во државава, ама сигурно постои “катастар“ на архолошко наоѓалишта и претпоставки за неоткриени археолошки наоѓалишта врз основа на историски текстови?
На пример во Скопје се знае дека на трасата која ќе ги поврзува идниот мост од Љубљанска во карпош и продолжението на Словенечка има поголемо археолошко наоѓалиште.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 759
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 10-May-2019 at 19:30
Постои Археолошка карта на Македонија, која брои над 6000 познати археолошки локалитети. Напоменувам дека под локалитет се подразбира и „осамен наод“, што претставува само еден сад, зачуван ѕид, и слично, но многумина сметаат дека бројката е дури и поголема.

Е сега дали се водат по оваа карта, не знам.
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 11-May-2019 at 00:07
Знаеме дека за сите проекти кај нас има одложувања тоа секогаш било така, ама едно е одложување со усул а сосема друго е одложување со години, роковите значи се ужас невиден права катастрофа, па неможе пат од 28км кој се нарекува експресен да се гради 4, 5 или повеќе години, ај да е автопат па да се проголта ама ова е мизерија
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 586
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 11-May-2019 at 10:58
Археолошка карта на Македонија постои, ама името на тој труд буни бидејќи се работа а книга со описно дефинирана локација и содржина на локалитети, а не карта во вистинска смисла на зборот како мапа на македонија со гео точки нацртани на неа. Археолошкат акарта иако некогаш корисна денес е сосема застарена бидејќи е изработена пред скоро 30 години и во неа имате описи на локалитети као на пример „На околу 1.5 километар северозападно од селото Крупиште во нивата на Петко Петковски откриени се остатоци од железнодопска населба“. Е сеа то 1.5 км може во реалноста да е 1200 или 1700 метри, свереозападно може да е у ствари северно или нешто измеѓу, а Петко и неговите врсници може дасе одамна умрени па така да скоро и да немате никакви информации за тоа каде се наоѓа локалитетот.

Пред неколку години беше започнат проектот за изработка на Археолошки Катастар на Македонија каде со поголема точно, со геолоцирање преку смартфон се внесуваа локалитети. Работата никогаш не се доврши и неам една централна баа туку секој музеј има своја листа со различно ниво на темеленост.

И покрај работите што ги набројав сепак секогаш пред отпочнување на голем инфраструктурен проект надлежнито музеј и завод за даден регион прави задолжително рекогносцирање на терен. Е сеа од надлежниот музеј или тоа го направиле многу површно па не нашле локлаитет пред почетокот на градба, или (за мене повероватно) во случајов овие си измислиле изговро за доцнењето на патот.

Инаку, еден пример како може и треба документриање на културно наследство да изгледа:
http://diendicure.mk

За жал проектот не доби поддршка од УЗКН, па ќе чмаеме аналогно уште многу години.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 576
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 13-May-2019 at 17:54
Пронајденo новo археолошкo наоѓалиштe при изградбата на експресниот пат Штип-Кочани

Изминатиот викенд ангажираните работници на кинески „Синохидро“ при изведбата на експресниот пат Штип – Кочани кај селото Жиганци, пронајдоа остатоци од ранохристијанска базилика, која датира од третиот до шестиот век.

Археолозите на штипскиот Завод и музеј, кои веднаш дошле на терен, првично соопштија дека се работи за дел од поголем објект од базилика (црква) од ранохристијанско време. Работниците ископале влезна порта – делови од скали и градежни тули. Ова за архолозите се вредни наоди и втори што се пронајдени на трасата на експресниот пат.

Директорот на Завод и музеј, Мите Штерјов потврди дека денеска до Агенцијата за државни патишта е испратен допис за програма и пресметка.

-Очекуваме најмалку еден месец да траат работите на истражувањето и конзервацијата, во кои треба да бидат вклучени триесетина луѓе. Финансирањето на работите се на товар на Агенцијата за државни патишта. Активностите на овој локалитет и тие кај претходно најдениот кај селото Соколарци, ќе чинат околу два милиони денари – рече Штерјов.

За инвеститорот на експресниот пат, клучно прашање е што ќе промени овој нов археолошки наод. За директорот на Агенција, Зоран Китанов, оваа информација беше нова и при денешната посета на изведбата на патот Пробиштип – Злетово, кратко изјави дека тоа ќе го решат по институционален пат.

Од друга страна, директорот на штипскиот Завод и музеј, Штерјов, кој е археолог по професија, вели дека локалитетот е на 100 метри од трасата и во зависност од тоа што ќе најдат, ќе се види дали ќе има поместување на трасата. Застој нема да има, бидејќи додека работи екипата на музејот, градежниците продолжуваат на друг дел од патот.

Ова е втор археолошки локалитет што е пронајден на трасата на експресниот пат Штип – Кочани, по откривањето на некрополата кај Соколарци. Сепак, за директорот на Агенцијата за државни патишта, Китанов, археолошките наоѓалишта не се проблем, туку до сега работата на патот, како што рече, ја усложнила експропријацијата, која кога го презел проектот, била завршена со само 10 отсто.

https://meta.mk/prona-deni-novi-arheoloshki-nao-alishta-pri-izgradbata-na-ekspresniot-pat-shtip-kochani/
Back to Top
ninjazelka View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 28-May-2019
Online Status: Offline
Posts: 9
  Quote ninjazelka Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 05-Jun-2019 at 13:57
Kako ide rabotata na ovoj pat, ima li nekoj predviduvanje koga treba da se zavrsi, pokraj oficijalniot rok deka do kraj na 2019 treba da zavrsi?
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 576
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 05-Jun-2019 at 21:18
Рокот не е за целата делница. До крај на 2019 е предвидено завршување на Штип - Крупиште, иако не сум најубеден дека ќе го постигнат рокот. Пред некоја недела беше објавен тендер и за Крупиште - Кочани што ќе се гради наредниве две години.
Back to Top
AmyntA View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 07-Nov-2011
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 63
  Quote AmyntA Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 18-Jun-2019 at 10:30
Јас тука гледам дека активно се работи и на Крупиште-Кочани. Како е можно да се работи без договор?
https://apps.sentinel-hub.com/eo-browser/?lat=41.86547&lng=22.25967&zoom=13&time=2019-06-13&preset=1_TRUE_COLOR&datasource=Sentinel-2%20L1C


Edited by AmyntA - 18-Jun-2019 at 10:31
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 576
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 18-Jun-2019 at 12:35
Потпишан е договор, мислам дека Синохидро ја работи таа делница. Актуелно беше пред нецел месец кога Китанов објавуваше некои бројки дека Синохидро понудиле 3-5 пати пониски суми за разни материјали отколку сумите што сме ги плаќале за Миладиновци - Штип.
Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 286
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 20-Jun-2019 at 18:44
Започнаа работите и на Кочани-Крупиште пред 2-3 недели. Синохидро работи на терен и од Кочанска страна а и од кај Крупиште кон Кочани.
За Штип-Крупиште мислам ако ги интензивираат работите можда ке има услови да се заврши до крајот на 2019, но мислам дека тоа нема да се случи.
Back to Top
zorant View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 26-Aug-2019
Online Status: Offline
Posts: 2
  Quote zorant Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 26-Aug-2019 at 08:23
Има некој информации како се одвива работата тука?
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 576
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 26-Aug-2019 at 09:33
Китанов даде изјава пред неколку дена дека почнале со работа на Крупиште - Кочани, а Штип - Крупиште ќе привршел до крајот на годината. Имајќи ги предвид сите инфраструктурни проекти кај нас, јас повеќе би рекол дека Штип - Крупиште ќе приврши лето 2020.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 576
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 05-Sep-2019 at 21:18
Back to Top
zorant View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 26-Aug-2019
Online Status: Offline
Posts: 2
  Quote zorant Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 06-Sep-2019 at 08:09
„Првата фаза од експресниот пат од селото Три Чешми до Крупиште е завршена со 80 отсто и очекувам во почетокот на идната година да се комплетира асфалтирањето, коешто веќе е започнато. Рокот за завршување на оваа втора фаза, од Крупиште кон Кочани е до пролетта 2021 година. Патот ќе биде со висок квалитет на градба, ќе биде широк 11,5 метри, односно две ленти од по 3,5 метри и уште две од 2,2 метри“ соопшти Китанов.

http://www.komarec.com.mk/?p=25514


Edited by zorant - 06-Sep-2019 at 08:09
Back to Top
Sashko View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 38
  Quote Sashko Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 06-Sep-2019 at 08:28
Дали ширината на овој пат и клучките дозволуваат во иднина да прерасне во автопат?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.