build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Експресен пат Штип - Кочани
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Експресен пат Штип - Кочани

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 9>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 157
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 01-Apr-2020 at 19:36
На поновите сателитски снимки, иако во полош квалитет, јасно се гледа дека патот продолжува покрај железничката пруга.


Очигледно се работи за понова промена, затоа што оваа варијанта ја нема на постарите студии, како на оваа од 2011 (картата е превртена):

Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 170
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 02-Apr-2020 at 09:27
Значи овој пат може и да продолжи по кочанската обиколница која што во иднина би можела во експресен пат да прерасне, и да продолжи како експресен пат до македонска каменица, па делчево се до бугарската граница. Ако во опште се нафатат во иднина, исто така и би се скратило времето за патување кон бугарија.
Back to Top
Bertu View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 01-Apr-2020
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Bertu Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 02-Apr-2020 at 13:48
Zdravo sakam da prasam kakva e sostojbata ma prvata delnica od tri cesmi do krupiste?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12126
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 04-Apr-2020 at 23:33

Ако експресниот пат се поврзува со обиколницата кај клучката „Кочани запад“ (што ми изгледа логично врз база на сателитските снимки), типувам дека вака некако ќе се модифицира клучката. Вака е потребно само едно скромно ново премостување и дооформување на една излезна и една влезна рампа на експресниот пат. Останатата инфраструктура веќе постои.





Вакво решение обезбедува безконфликтни сообраќајни текови:
- Кочани <-> Штип
- Кочани <-> Тркање, Спанчево, Соколарци, Облешево, Чешиново... (по старите патишта)

Не е обезбедена конекција Кочани <-> Виница, но колку што гледам клучката „Кочани запад“ во моменталната форма исто така не обезбедува вртење од Виница кон Кочани, што е и океј со оглед дека тоа е можно (а и многу поадекватно) на другата клучка („Кочани југ“ ли се вика официјално ??).

Во иднина сигурно и некоја постоечка крстосница ќе се надгради во клучка „Кочани исток“, на пример онаа кај Оризари. Затоа кај „Кочани запад“ која е најнерелевантна во однос на сообраќајот од/кон исток секако не е многу рационално да се изведува некое непотребно скапо решение.


Патем, ми изгледа дека на Кочани му е потребна сообраќајница што ќе ги поврзе двете индустриски зони, без да се поминува низ центарот на градот.



Edited by Cloverstack - 05-Apr-2020 at 00:30
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12126
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 05-Apr-2020 at 00:15

Оваа варијанта овозможува и вртење од/кон Виница:
(плус две рампи, од кои за едната е потребно проширување на обиколницата пред излезот кон Кочани, потоа премостување на пругата)




Edited by Cloverstack - 05-Apr-2020 at 00:19
Back to Top
MileX View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 13-Oct-2010
Location: Strumica
Online Status: Offline
Posts: 6
  Quote MileX Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 05-Apr-2020 at 02:51
Мене ми личи како споредниот пат да го преместуват до пругата, а моменталниот да прерасне во експресен.
[url=http://www.userbars.be][img]http://img689.imageshack.us/img689/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12126
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 05-Apr-2020 at 17:49



Помислив на таа можност, но со оглед на сателитската снимка на Google Earth, ширината на трасата каде што се изведуваат земјени работи мислам дека ја исклучува таа опција.
Back to Top
FiLo View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 26-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 65
  Quote FiLo Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 05-Apr-2020 at 20:39
А каква ќе остане функцијата на стариот пат ?
Дали некој што живее во Штип и треба да патува до Кочани, подобро би му било да вози до Три Чешми и да се уклучи на овој нов пат или да вози по постоечкиот ?
И обратно од Кочани до Штип ?
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 170
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 06-Apr-2020 at 00:06
Originally posted by FiLo

А каква ќе остане функцијата на стариот пат ?
Дали некој што живее во Штип и треба да патува до Кочани, подобро би му било да вози до Три Чешми и да се уклучи на овој нов пат или да вози по постоечкиот ?
И обратно од Кочани до Штип ?

Стариот пат ќе може да се користи за стока, трактори, ако на некој му се оди од едно село до друго, до нива, итн...
Е сега најбрз начин пак ќе биде да се оди по новиот експресен пат, бидејки овде ќе се вози повеќе од 80 km/h, и се надокнадува, оти низ стариот пат пак мораш на многу места 60 km/h оти и низ населени места минува патот.
А и плус ќе биде уште побрзо кога ќе се прошири штипската обиколница со експресниот пат Штип - Радовиш, и малиот дел од Три чешми до Штип да прерасне во експресен пат.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12126
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 06-Apr-2020 at 01:04
Originally posted by FiLo

А каква ќе остане функцијата на стариот пат ?
Дали некој што живее во Штип и треба да патува до Кочани, подобро би му било да вози до Три Чешми и да се уклучи на овој нов пат или да вози по постоечкиот ?
И обратно од Кочани до Штип ?


Клучката Три чешми не е баш блиску до Штип, ама сепак мислам дека дури и за релацијата Штип <-> Кочани, новиот пат е без дилема побрза, поудобна и побезбедна варијанта.

Причините за ова се тоа што стариот пат:
1. поминува низ повеќе населени места
2. има многубројни странични приклучоци од секаков тип
3. во однос на експресниот пат има инфериорни технички карактеристики (иако сам по себе не е лош)
4. обемно го користи земјоделска механизација, точаци, мопеди...


Во секој случај кон стариот пат гравитираат многу села со вкупно население кое не е за потценување, и на него се поврзуваат многу локални патчиња, така што мислам дека стариот пат ќе продолжи да биде солидно искористен.


Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1711
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 06-Apr-2020 at 12:45
Sekako deka stariot pat ke bide solidno iskoristen samo sto (iskustvoto taka pokazuva) sega nadleznite celosno ke dignat race od nego.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 882
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 06-Apr-2020 at 15:52
За тоа со искуството си во право, но во изминативе 2-3 години има нов тренд, па се реновираа многу споредни патишта што биле запоставени по 50 години.

Актуелни примери се експресниот од Ранковце до Крива Паланка, а истовремено комплетно го рехабилитираа моменталниот магистрален пат и експресниот од Градско накај Прилеп каде во периодов е отпочната рехабилитација на магистралниот. Друг пример (иако не со експресен) е Охрид - Струга каде комплетно се реновира R1208 иако тука е постоечкиот магистрален пат. Можеби ќе видиме рехабилитација и на Штип - Кочани (а можеби и не). Crazy
Back to Top
deni86 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 07-Apr-2020
Online Status: Offline
Posts: 6
  Quote deni86 Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 07-Apr-2020 at 20:34
Zdravo,
Dali momentalno se raboti na dvete delnici..Stip-Krupiste i Krupiste-Kocani?
I koga otprilika se ocekuva pustanje na prvata delnica od Stip do Krupiste?
Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 287
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 07-Apr-2020 at 22:47
Се работи и на двете делници, Штип-Крупиште на делови се асфалтира (околу Три Чешми е веке асфалтирано) имаше и некои вести дека делницата минува низ асфалтна база, и се работи интензивно на клучката кај с.Крупиште (бетонски и змејани работи)со стариот пат.

Крупиште-Кочани се работи на пробивање на трасата и изработка на објектите. Кај селата Жиганци и Соколарци се врши шриок ископ, материјалот се депонира близу Кочани и го користат како подобрен слој. После с. Соколарци се работи на голем (според мене) потопорен ѕид и према Кочани се изработуваат цевсти и АБ пропусти.
Кај с. Тркање се работи некој поголем фундамент најверојатно за клучка.

Некаде гледав имаше скици од проектот и колку ме држи паметот мислам дека кај с. Тракње ќе има клучка, а патот до пругата ќе биде влез за Кочани и влез за на експресниот пат. Експренсиот пат завршуваше пред постоечката клучка, што се гледа бидејки од с.Тркање до пред клучката е исчитена вегетацијата и е спремно за ископ за проширување на постоечкиот коловоз, а дали на посотечката клучка ке има измени незнам. Ке се потрудам да ги најдам тие скици, а и да направам некоја фотка од лице место.
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 142
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 08-Apr-2020 at 06:38
Да, за првата делница и јас имам такви информации, наводно било над 90% асфалтирано, освен 3-4 километри после Три Чешми кај што има засек (тоа се гледа и од снимките иако се пред неколку месеци). Искрено, очекувам во Јуни делницата да биде пуштена. Втората делница мислам дека секако нема да биде завршена оваа календарска година.
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 170
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 18-Apr-2020 at 12:33
На видеото подолу ја имам фатено клучката кај Три Чешми за новиот експресен пат.
https://youtu.be/Gs-JaNZ7fKc
Не се гледа баш убаво, ама барем јас како што можев да видам, ја имаат завршено.
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 142
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 20-Apr-2020 at 21:19
Денес прочитав дека рокот за завршување на делницата Три Чешми - Крупиште е до средина на Јуни. И Китанов во емисијата што беше споделена во темата за Штип - Радовиш во Јануари го споменува Јуни како месец на пуштање на делницата. Може ли некој да сподели линк од снимки од тие сателитите што погоре мислам дека имаше споделено линк, и доколку некој има нови информации може да сподели бидејќи е крај на месец Април, значи ако се запази рокот за 2 месеци од сега делниата треба да биде пуштена...
Back to Top
Bertu View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 01-Apr-2020
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Bertu Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 24-Apr-2020 at 11:42
Zdravo, znae li nekoj kakva e sostojbata na delnicata od tri cesmi do krupiste?
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 142
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 24-Apr-2020 at 19:24
https://apps.sentinel-hub.com/eo-browser/?lat=41.81617&lng=22.17719&zoom=15&time=2020-04-18&preset=1_TRUE_COLOR&datasource=Sentinel-2%20L1C

Според ова, би рекол 95% дека е завршена...
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1711
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 24-Apr-2020 at 19:38
Ova ne e "Stip-Kocani" tuku delnica "Tri Cesmi-Kocani". Isto kako avtopatot "Miladinovci-Tri Cesmi".
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 9>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.