build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Експресен пат Штип - Кочани
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Експресен пат Штип - Кочани

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 19>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
deni86 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 07-Apr-2020
Online Status: Offline
Posts: 35
  Quote deni86 Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 02-Jul-2020 at 11:31
Автопато Скопје-Штип иако се вози според документација уште не е официјано пуштен. Имам другар што е казнет за брзина од 120. Сите овие проекти ги почна ВМРО и логично е овие да ги завршат. Зборам за експресните патишта и автопати,
А Кој има повеќе направено неќам да коментирам
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 276
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 02-Jul-2020 at 12:44
Сите наведени реконструкции се реализирани во 2019 година летото. Какво вмро какво почнување. Доста е со манупулации. Единствено што почнаа а другиве продожија се автопатите. Штип Кочани и Штип Радовиш ги почна сдсм ако сакаш линкови дека почнаа есента 2017 кажи.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 913
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 02-Jul-2020 at 13:51
Добро ќе беше да имаме листа со сите реконструкции и изградби од 91ва навака за автопати, магистрални и регионални патишта, со датуми на почеток и крај на изведба, но веројатно е многу тешко да се направи.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 821
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 02-Jul-2020 at 13:57
Originally posted by <Fresno>

Добро ќе беше да имаме листа со сите реконструкции и изградби од 91ва навака за автопати, магистрални и регионални патишта, со датуми на почеток и крај на изведба, но веројатно е многу тешко да се направи.

За тоа постојат новинари, но очигледно тие се повеќе зафатени со служење на политичките партии место да прават анализи и истражувања.
Back to Top
ammamm View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 29-May-2013
Online Status: Offline
Posts: 4
  Quote ammamm Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 02-Jul-2020 at 15:02
Најмалку што треба е да се расправаме за партии и политика. Сите патишта и се друго во Македонија, го имаат направено граѓаните на оваа земја кои чесно плаќаат даноци.

А сите овие политичари-л*јнари (pardon my french) немаат ништо направено!

Оваа делница е само еден пример, од многуте, чие пуштање зависи и од некакви си избори, а не само од инженерско-технички услови како што треба да е.

Малку отидовме оф-топик, модераторите нека бришат ако сметаат дека е нешто неприкладно.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1768
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 02-Jul-2020 at 16:21
Неможе да се пушти до избори, тешко таа работа. Единствено што е завршено е асфалтот. Банкини допрва ги почнуваат, хоризонтална сигнализаицја ништо не е нацртано, знак нема еден поставено. Клучката Крупиште ни оддалеку не е завршено, уште се асфалтира тука. Се има и еден одрон појавено на еден од усеците.

До избори може да го пуштат, ама ептен дифтарски да се проаѓа меѓу работници колку да го осетат гласачи, ама дека е готово и се чека лента да се сече а не смее ради избори, тоа ни од далеку. Моја проценка, можда за 2ри август за празник.
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 276
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 02-Jul-2020 at 16:37
Од видеата на гранит, на Николовски и Китанов се гледаше дека вертикалната сигнализациа е поставена. Мислам дека и банкините се готови, тие во дадени делови се прават и пред асфалтирање. Единствено хоризонталната сигнализација и еластични огради веројатно не е завршено.
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 313
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 02-Jul-2020 at 17:01
Originally posted by Vasilij

Сите наведени реконструкции се реализирани во 2019 година летото. Какво вмро какво почнување. Доста е со манупулации. Единствено што почнаа а другиве продожија се автопатите. Штип Кочани и Штип Радовиш ги почна сдсм ако сакаш линкови дека почнаа есента 2017 кажи.

Немој вакви елементарни непознавања жити се, како прво и прво сите овие проекти се почнати минимум 3 години пред всушност да дојде првиот багер да почне да копа земја. Барем овие податоци се транспарентни и може лесно да се види на веб страната на ЕБРД и Светска Банка точно на која дата е аплицирано за заем, кога е одобрен и за кога е поставена рамката да се проектира секој од овие патишта. Со други зборови, ни ДПНЕ, ни СДС немаат ништо изградено, туку ние со нашите граѓански пари! Некои проекти дури имаат видено смена на 3 мандати, така да не трчајте со овие бесполезни препукувања која партија направила повеќе. Според мене двете имаат направено недоволно!
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 276
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 02-Jul-2020 at 17:19
За последната реченица се согласувам. Инаку зборев и за реконструкции, какви три години, проект за реконструкција се прави неколку месеци највеќе.
Back to Top
deni86 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 07-Apr-2020
Online Status: Offline
Posts: 35
  Quote deni86 Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 02-Jul-2020 at 18:29
Потполно се согласувам. Не ми беше поентата да мешам политика и партии овде. Во секој случај добро е што проектите продолжуваат да се градат без оглед која политичка гарнитура ги има започнато или проектирано. Еве на пример ако дојде до промена на власта и кога ќе се доврши и делницата Крупиште-Кочани не може ниту една партија во целост да си го присвои овој проект како свој. Според мене ова министерство е и една од светлите точки на оваа влада
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1768
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 02-Jul-2020 at 19:15
Може да се лажеме сега и да се обидувате да дотурате некаква политичка коректност и избалансираност, ама вистината е дека ВМРО ги почна и ВМРО ги направи. И тоа што остана да се доврши е само инерција од владеењето на ВМРО со обид да се присвојат како сопствени проекти. И ја не ги сакам многу ВМРО, ама ако бараме која партија е заслужна тогаш јасно е тука. И треба да се завршува тоа што е почнато секако, ама не да се присвојуваат лажни заслуги со лаги дека ете го почнале кога не го почнале.

Е сега пошто, како што кажа Маркцентриц, пред да дојде прв багер има една голема предигра која е непопуларна и не носи гласови како проектирања, заеми, кредити, и таа предигра има кај да се провери, ај Ве молам тие што имате и инфо и генерално сите што имаме инфо тука насобрано, Да видиме што моментално во Македонија што од проекти е во предигра и каде допрва треба да дојде прв багер во наредниве две-три години. Дали имаме еден автопат во експропријација?, еден во проектирање?, еден во кредитирање?. Јок, Нема ништо, освен Скопје-Блаце!

Така да ова сега што се случува е е само ехо од претходно, ништо нема ново почнато, па макр и по кој критериум сакајте рачунајте, нити почнало проектирање па да не се гледа, ниту почнала изградба па да се гледа, едноставно нема!

СДСМ нема почнато проект од Скопска обиколница навака, за воља на вистината, што е голем залак!

Edited by user8642 - 02-Jul-2020 at 19:17
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 360
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 02-Jul-2020 at 19:36
Mene mi e zal sto pocnat so proektiranje bese Kicevo - Bukojacani od predhodnata vlada i eve posle 3 god uste ne se zavrsi. Dali nekoj znae sto se slucuva so taa delnica koja bi trebalo da e voved vo kompletiranje na avtopatsko reseni od Ohrid do Skopje?

Da ne ispadne deka gi kudime ovie sega na vlast, kolku so znam ima nekakvi proekti kolku so znam dve resenija razlicni za nadogradba i prosiruvanje na Tetovo - Gostivar, kako i proekt za rekonstrukcija na avtopat od TEC Negotino do Negotino.
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 313
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 02-Jul-2020 at 22:31
За реконструкција 2 години ги делат одобрувањето на заемот и првиот багер, за поголем проект и до 5 години. Има црно на бело, нема што да се препираме тука https://www.ebrd.com/cs/Satellite?c=Content&cid=1395274466052&d=Mobile&pagename=EBRD%2FContent%2FContentLayout Моменталната влада e заслужна за рехабилитацијата на Куманово-Страцин, К.Паланка-Деве Баир и некои регионални патишта, другото покрупно е веќе почнато претходно. Не дека ги фалам претходните, Грујо уште од 2011 од уста не ги вадеше Охрид-Кичево, Штип-Миладиновци и експресните, па требаа дури 8 години за некои од нив да отпочнат со градба. Многу фалба, малку реализација, но факт е дека повеќето проекти влечат од тој период. И пак ќе повторам, градат фирми како Гранит, народот плаќа, а политичарите се китат со перјето.
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 405
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 02-Jul-2020 at 23:27
Originally posted by Marxentric

За реконструкција 2 години ги делат одобрувањето на заемот и првиот багер, за поголем проект и до 5 години. Има црно на бело, нема што да се препираме тука https://www.ebrd.com/cs/Satellite?c=Content&cid=1395274466052&d=Mobile&pagename=EBRD%2FContent%2FContentLayout Моменталната влада e заслужна за рехабилитацијата на Куманово-Страцин, К.Паланка-Деве Баир и некои регионални патишта, другото покрупно е веќе почнато претходно. Не дека ги фалам претходните, Грујо уште од 2011 од уста не ги вадеше Охрид-Кичево, Штип-Миладиновци и експресните, па требаа дури 8 години за некои од нив да отпочнат со градба. Многу фалба, малку реализација, но факт е дека повеќето проекти влечат од тој период. И пак ќе повторам, градат фирми како Гранит, народот плаќа, а политичарите се китат со перјето.


Back to Top
deni86 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 07-Apr-2020
Online Status: Offline
Posts: 35
  Quote deni86 Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 02-Jul-2020 at 23:55
Ги прочитав последните коментари и баш убаво е објаснета целата процедура од идеа до реализација, временската рамка и слично. Одлично објаснето од Marxentric i user8642.
Главната задача на секоја влада е да се изготви проект, да се маркира трасата, да се обезбедат финансии да се избере изведувач, да се потпише договорот за изградба. Потоа останатото е за сликање и политички маркетинг. Токму тоа е тоа што сакав да го кажам во претходниот коментар.
Back to Top
Bistro View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 16-Dec-2018
Online Status: Offline
Posts: 80
  Quote Bistro Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 03-Jul-2020 at 05:56
И сето тоа кога ке се направи ке се закочи кај експропријацијата
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15040
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 03-Jul-2020 at 16:28










https://www.facebook.com/ДГ-Бетон-АД-Скопје
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 276
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 04-Jul-2020 at 14:10
Вчера, доаѓајќи си накај градот од кој потекнувам, застанав кај бензинската на Макпетрол, да видам до кај се работите на првата делница до Крупиште.
Забележав возила што веќе ја користат делницата и се движат, 2-3 помали камиони и една кола успеав да забележам . Клучката кај Три Чешми е целосно завршена и обележана, делот до ридот односно првите 2 или 2ипол километри се забележува дека се со последен слој на асвалт. Исто така на тој дел до кај се гледа од бензинската поставени се еластични огради и вертикална сигнализација.
Според мене веројатно сеуште постојат активности и завршни работи на другиот крај односно клучката кај Крупиште, тој дел не се гледа од стариот магистрален пат, кој мора да искоментирам дека е преоптеретен и оштетен и среќа во оваа ситуација е што се надевам прашање на денови е кога ќе биде пуштен првиот дел од новиот експресен пат.
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 405
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 09-Jul-2020 at 02:25
Првата делница за 2 недели ќе ја пуштат.
Нешто ми се предвидува дека така ќе биде.
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 276
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 09-Jul-2020 at 07:20
Јагода Шахпаска, кандидат за пратеник, рече дека делницата ќе може да се користи веќе следната недела, без да прецизира ден.

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 19>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.