build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Експресен пат Штип - Кочани

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 09-Jul-2020 at 11:31
Абе битно е дали ќе биде пред избори или не. Ако ја пуштат брзо тоа ќе биде за овој викенд тие што ќе си одат дома да видат. Ако не биде до тогаш нема да биде ни за два месеца. Кој би пуштал нешто било што во употреба изградено, една недела по избори?
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 09-Jul-2020 at 14:22
Него уште едно прашање тотално запоставено со изградбата на патов. Јасно се гледа дека некако патов не е многу во функција на локалниот сообраќај Штип-Кочани и за тоа е останат стариот пат, него исклучиво е од корист за идење Од-Кон Скопје/Велес/СветиНиколе и Кочани/Виница на другата страна.

Ама има уште една работа со патов. Општина Карбинци е речиси никако поврзана со новиот пат. И не само Карбинци, него цела Плачковица со плачковичките села како и сите села од таа страна на Брегалница. Мостови постоечки има во ДолниБалван-Таринци и Чешиново-Бурилчево. Баш измеѓу кога би се исклучиле од експресниот пат и би дошле во Крупиште на раскрницата главна, тука нема мост, него доаѓате во слепо. А треба да има врска меѓу Крупиште-Карбинци како две најзначајни и најголеми населби во овој дел од Кочанско Поле. Таман и патот за Пробиштип ќе се продолжи во линија и ќе се спои со патот за Туртел и цела Плачковица. Инаку ќе остане послабо искористен експресниот, зашто ќе биде поблиску уште во Штип да се исклучиш и да стигнеш до Карбинци, него да кружиш назад према Балван или напред према Бурилчево.

Мора што побрзо да се изгради мост и пат Крупиште-Карбинци. Ако чита некој релевантен би требало ваква идеја да влезе во партиските и владинитеи/општински програми за локален развој.



Edited by user8642 - 09-Jul-2020 at 14:24
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5628
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 13-Jul-2020 at 16:14
Во функција делницата Штип-Крупиште

Јавното претпријатие за државни патишта ја известува јавноста дека делницата Штип – Крупиште која е дел од експресниот пат во изградба А3 Штип - Кочани, е во функција, односно може да се користи за сообраќај.

Посакувајќи им пријатно и удобно возење на учесниците во сообраќајот на експресниот пат на делницата Штип (клучка Три Чешми)-Крупиште, сакаме да им посочиме патниот правец да го користат согласно со одобрениот времен режим и да се почитува поставената патна сообраќајна сигнализација.















https://www.facebook.com/drzavnipatista/
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 153
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 13-Jul-2020 at 16:16
  ApplauseApplauseApplauseСи остана на зборот Китанов. Искрено ми претставуваше денес задоволство што меѓу првите го возев експресниот пат. Само една реченица: делницат е две класи над Велес - Кадрифаково
Back to Top
ammamm View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 29-May-2013
Online Status: Offline
Posts: 3
  Quote ammamm Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 13-Jul-2020 at 17:30
Со здравје да се користи, па за брзо да биде и другата фаза.

Дали има и кои се ограничувањата на оваа делница?
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 153
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 13-Jul-2020 at 17:44
Ако се исклучат знаците за времено ограничување, и се разбира ограничувањето кај кличките, на останатите делови максималната брзина е 110km/h
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 76
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 13-Jul-2020 at 19:02
Originally posted by Vasilij

 

ApplauseApplauseApplauseСи остана на зборот Китанов. Искрено ми претставуваше денес задоволство што меѓу првите го возев експресниот пат. Само една реченица: делницат е две класи над Велес - Кадрифаково

Утре ќе го тестирам и јас првиот експресен пат во Македонија.
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 188
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 13-Jul-2020 at 22:29
Ајдеее нека е со среќа, убаво што им текна .
Јас прееска поминував ама не беше отворена, дали оти пред 4 сум поминал.
Ајде сега некој со dashcam нека снима да видиме како е Smile
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 76
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 13-Jul-2020 at 22:54
Originally posted by The Wild Boy

Ајдеее нека е со среќа, убаво што им текна .Јас прееска поминував ама не беше отворена, дали оти пред 4 сум поминал.Ајде сега некој со dashcam нека снима да видиме како е Smile

Ако не заборавам ќе снимам
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 188
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 13-Jul-2020 at 23:03
А чекајте, некој ако сака од овој експресен пат да се исклучи кон Штип ќе може? Оти гледам сега има знаци поставено, вака изгледа само према Скопје, и оние што доѓаат од Скопје. Или нешто грешам јас???
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 153
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 14-Jul-2020 at 05:37
Тоа на сликата е на другиот крај, клучка Крупиште. Не може да продолжиш право заради тоа што втората делница се гради. Мора да се исклучиш. многу едноставно. Е сега го немам возено во спротивен правец ама мислам дека клучка Три Чешми е целосно во функција.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1749
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 14-Jul-2020 at 11:54
Prviot znak na tretata fotografija e nevidena utka. Vakov znak se stava posle raskrsnica a ne pred, plus smeta na znakot koj informira za sledniot izlez.

Edited by Denko - 14-Jul-2020 at 15:37
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5628
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 14-Jul-2020 at 15:34
СЕ ВОЗИ ПО НОВИОТ ПАТ ШТИП – КРУПИШТЕ ШТО Е ДЕЛ ОД ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ ЗА КОЧАНИ

Јавното претпријатие за државни патишта дозволи да се вози по новиот пат Штип – Крупиште, како дел од експресниот пат за Кочани во вкупна должина од 16 километри, објави на својата фејсбук страница Јавното претпријатие.

„Јавното претпријатие за државни патишта ја известува јавноста дека делницата Штип – Крупиште која е дел од експресниот пат во изградба А3 Штип – Кочани, е во функција, односно може да се користи за сообраќај. Посакувајќи им пријатно и удобно возење на учесниците во сообраќајот на експресниот пат на делницата Штип (клучка Три Чешми) – Крупиште, сакаме да им посочиме патниот правец да го користат согласно со одобрениот времен режим и да се почитува поставената патна сообраќајна сигнализација“, велат од претпријатието.

Сообраќајната полиција вели дека експресниот пат Три Чешми кај Штип – Ванчо Прќе кај селото Крупиште може да се користи но со почитување на сообраќајните знаци, иако таблата кај Штип која означува дека десно може да се оди за Кочани е покриена со платно или прецртана со црвено.

На самата патна делница утврдивме дека асфалтирана и во можна употреба е првата делница од новиот експресен пат за Кочани. Ја има потребната ширина за обострано разминување, со помошна лента за паркирање која кај нас многу често се користи за престигнување. Има неколку надвозници за штипските села Горни и Долни Балван, а една од главните клучки е за ТИР зоната кај Штип која сега има многу важни комуникации и од страна на Штип и сега по новиот експресен пат одалечен 3 километри од автопатот за Скопје.

Патот може да се употребува со ограничена брзина, затоа што на неколку места уште се работи на дополнителните клучки и заштитници покрај патот. По пат и во двете насоки наидовме на работи што се изведуваат. Кај клучката за ТИР зоната кај Штип се поставуваат светла, па експресниот пат кај оваа делница целосно ќе биде осветлен. На само мал дел од патната делница се поставени заштитници на мостовите и на нив интезивно се работи, но нема насекаде заштитници од одрони и крајните заштитни мрежи после одводните канали кои спречуваат влез на дивеч.

Продолжението од експресниот пат од Ванчо Прќе кај Крупиште за Кочани и патот за Пробиштип исто така е во изградба. Но, новиот експресен пат во многу ќе им олесни на оние кои патуваат од Кочани, а посебно од Пробиштип за Скопје и обратно кои сега не мораат да влегуваат во Штип и сите добиваат нов современ пат пократок за 10-20 километри.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/se-vozi-po-noviot-pat-shtip-krupishte-shto-e-del-od-ekspresniot-pat-za-kochani/
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 76
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 14-Jul-2020 at 21:42
Еве еден клип од делот што го пуштија.
https://www.youtube.com/watch?v=QT-F6CWVZBc&feature=youtu.be
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 188
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 15-Jul-2020 at 00:10
Одлично.
Не само што изгледа така, туку и делува дека доста побрзо ќе се стига до Кочани.
Кога ќе се заврши во целост овој патен правец, колкуе скрати време во споредба со претходниот патен правец? Има некоја огромна разлика, или?
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 15-Jul-2020 at 03:16
Мислам дека со експресниов пат се промакна една грешка која не требаше да се случи. Индустриската зона Штип мораше да биде целосно поврзана со автопатско решение без никаков компромис во профилот. Се работи само за 1,5 километар, а сега технички гледано зоната нема автопатско поврзување кон Европа што е клучен параметар кога компании одлучуваат дали ќе инвестираат во некоја зона или не. Секогаш ќе треба дообјаснување, а да имаше само уште една лента ќе можеше да се извади класификација на автопат од профил на Тетово-Гостивар и да се избрише секаков сомнеж дека зоната не е поврзана со автопат.



Edited by user8642 - 15-Jul-2020 at 03:16
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 188
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 15-Jul-2020 at 10:43
Originally posted by user8642

Мислам дека со експресниов пат се промакна една грешка која не требаше да се случи. Индустриската зона Штип мораше да биде целосно поврзана со автопатско решение без никаков компромис во профилот. Се работи само за 1,5 километар, а сега технички гледано зоната нема автопатско поврзување кон Европа што е клучен параметар кога компании одлучуваат дали ќе инвестираат во некоја зона или не. Секогаш ќе треба дообјаснување, а да имаше само уште една лента ќе можеше да се извади класификација на автопат од профил на Тетово-Гостивар и да се избрише секаков сомнеж дека зоната не е поврзана со автопат.



Да, ама и самата клучка кај Три Чешми требаше да биде доста поразлична и експресниот пат кон Радовиш требаше да има директно поврзуваење кај Три Чешми. Со тоа ќе се избегнеа моменталните проблеми на првата секција со бензинските, и со фабриките, оти тој пат ќе се врзеше директно на Штип Југ, па така да, автопат ќе си имаше целосно до влезот кај Штип.
Back to Top
Bakica View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Feb-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 89
  Quote Bakica Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 15-Jul-2020 at 16:59
Nemase da bideme nie Makedonci ako se bese napraveno kako sto treba
Back to Top
deni86 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 07-Apr-2020
Online Status: Offline
Posts: 7
  Quote deni86 Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 19-Jul-2020 at 14:51
Дали е пробиена трасата Крупиште-Кочани? До кај се работите таму? Од сега натаму тој дел ќе биде интересен за коментирање Инаку сите што ја возеа новата делница се со многу пофални зборови..Да се надеваме дека и Крупиште-Кочани ќе биде на исто ниво
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 153
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 19-Jul-2020 at 15:57
Бидејќи и јас се интересирам за прогресот, од лични извори (ова нормално не е сигурно најпрецизно), моментално вкупниот прогрес е околу 55%. Рокот од тоа што го имам прочитано и слушнато од изјави е февруари 2021.
Е сега, пред некој ден гледајќи ги снимките на сентиал хаб, најновите сфатив дека прогресот е многу поголем од Крупиште до кај Спанчево (тоа се некои десетина километри од 15 вкупно). Од Спанчево до моменталниот магистрален пат постои регионален пат кој се користи. Мислам дека идејата во октомври/ноември доколку финишира тој дел да се користи не е лоша, или во превод пуштањето на втората делница да се подели во две подфази. Ова го образложувам со тоа што моментално клучката Крупиште е на 3 километри од постоечкиот магистрален пат и таму се губи време додека да се приклучиме на стариот пат за Кочани.
За квалитетот на првата делница: убаво некој кажа - прв експресен пат во земјата. Останува ситни ситни финеси да се дотераат, на едно две места да се достави еластична ограда и вертикална сигнализација кај што фали.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.170 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.