build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Експресен пат Штип - Кочани
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Експресен пат Штип - Кочани

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 171819
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 462
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #361 Posted: 23-Apr-2022 at 08:03
Еее кога ќе начекаш „држава како купец“, одиш до крај
Треба како оној пример во Кина, да го заобиколат па ич да не вреди имотот тогаш.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
deni86 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 07-Apr-2020
Online Status: Online
Posts: 34
  Quote deni86 Quote  Post ReplyReply #362 Posted: 26-Apr-2022 at 16:14
Денес сакав да возам по делницата, но беше затворена бидејќи се асфалтираше помеѓу Спанчево и Бања. Се гледа некаква поголема активност за разлика од пред неколку недели кога имаше едвај по 4 5 работника на трасата. Да се надеваме дека градежните активности уште повеќе да се интензивираат и брзо решение за спорниот имот.
Back to Top
jjmacedonia View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 31-Aug-2020
Online Status: Offline
Posts: 26
  Quote jjmacedonia Quote  Post ReplyReply #363 Posted: 27-Apr-2022 at 12:00
Me интересира ако возеш откај Виница дали ке има можност да се исклучеш кај Новата индустриска зона кај Кочани, кај Европа 92 кај Антура. Или ќе мора низ кочани да се помине за да се стигне до антура. Сегашната клучка “Подлошки Пат“ ке ја затворат или не?
Back to Top
Leo View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 02-Mar-2022
Online Status: Offline
Posts: 45
  Quote Leo Quote  Post ReplyReply #364 Posted: 27-Apr-2022 at 15:17
Ни го начукаа со "автопатот" Миладиновци - Св.Николе - Штип
По многу стандарди (кривини, нагорнини, надолнини) не е соодветен за автопат...
Нели беше ваков експресен пат подобро , побрзо и поевтино решение?

Edited by Leo - 27-Apr-2022 at 15:18
Back to Top
jjmacedonia View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 31-Aug-2020
Online Status: Offline
Posts: 26
  Quote jjmacedonia Quote  Post ReplyReply #365 Posted: 28-Apr-2022 at 09:23
Поубаво си е автопат, знаеш дека од другата страна не ти иде кола. Проблемот е што на 20 километри (9 минути возење) имаш патара. Една работа е што се скапи патарини, но вака се прави и гужва, безебедноста се намалува, побавно се стигнува, дури се загасува и живитната средина. Гермаците кога правиле анализи за да воведат патарини направиле заклучок дека од патарините нема никаква корист туку само штета, на 100 други начини може да се наплатат тие пари ако и е за тие пари.
Back to Top
Leo View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 02-Mar-2022
Online Status: Offline
Posts: 45
  Quote Leo Quote  Post ReplyReply #366 Posted: 28-Apr-2022 at 10:20
Originally posted by jjmacedonia

Поубаво си е автопат, знаеш дека од другата страна не ти иде кола. Проблемот е што на 20 километри (9 минути возење) имаш патара. Една работа е што се скапи патарини, но вака се прави и гужва, безебедноста се намалува, побавно се стигнува, дури се загасува и живитната средина. Гермаците кога правиле анализи за да воведат патарини направиле заклучок дека од патарините нема никаква корист туку само штета, на 100 други начини може да се наплатат тие пари ако и е за тие пари.


Значи подобро експресен?
Back to Top
Bistro View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 16-Dec-2018
Online Status: Offline
Posts: 80
  Quote Bistro Quote  Post ReplyReply #367 Posted: 28-Apr-2022 at 10:43
Originally posted by Leo

Originally posted by jjmacedonia

Поубаво си е автопат, знаеш дека од другата страна не ти иде кола. Проблемот е што на 20 километри (9 минути возење) имаш патара. Една работа е што се скапи патарини, но вака се прави и гужва, безебедноста се намалува, побавно се стигнува, дури се загасува и живитната средина. Гермаците кога правиле анализи за да воведат патарини направиле заклучок дека од патарините нема никаква корист туку само штета, на 100 други начини може да се наплатат тие пари ако и е за тие пари.


Значи подобро експресен?


И поефтино 3 патарни имаш од Скопје до Штип
Back to Top
FiLo View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 107
  Quote FiLo Quote  Post ReplyReply #368 Posted: 28-Apr-2022 at 23:47
Originally posted by Leo

Originally posted by jjmacedonia

Поубаво си е автопат, знаеш дека од другата страна не ти иде кола. Проблемот е што на 20 километри (9 минути возење) имаш патара. Една работа е што се скапи патарини, но вака се прави и гужва, безебедноста се намалува, побавно се стигнува, дури се загасува и живитната средина. Гермаците кога правиле анализи за да воведат патарини направиле заклучок дека од патарините нема никаква корист туку само штета, на 100 други начини може да се наплатат тие пари ако и е за тие пари.


Значи подобро експресен?


Сигурно експресен подобро, па да има влекачи што возат 60 (брзина за во град) на патишта со дозволена брзина од 100 или 110 км/ч.

3 пати одам до Битола уназад, истото ми се случува, дали камион, дали кола да возат со 60-70, а дозволено е 100, и комотно се вози со 100-120 на Битола-Прилеп

Не фала, автопат бирам секогаш да си биде, нит да се замарам дека будала од спротива може да ми улета, нит да се замарам да чекам безбедно место и испрекината лента за да престигнам влекачи.

Edited by FiLo - 28-Apr-2022 at 23:49
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 402
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #369 Posted: 01-May-2022 at 09:16
Како прво, нај голема грешка е тоа што ни еден експресен пат изграден до сега не е проектиран за негово лесно проширување во автопат кога би имало потреба. Единствено Кривините што се благи, како на Автопат. Подвозници, Надвозници, Косини, и сл. тоа е се направено само за стандард на експресен пат.

Автопатот од Миладиновци до Штип, освен проблемите што го има сега, други проблеми барем јас не гледам. Трасата и рутата на автопатот е океј. Е сега, кај клучката Миладиновци има едно по "остро" искачување. Тоа можело да се среди со тунел, ама да ставиш тунел веднаш после клучка, или тунел кој што би бил дел од самата клучка, тоа нагло би ја зголемила цената.

Во времето на "режимот" кога беа ВМРО на власт, имаше план уште од 2011 - та (ако не и порано ако не се грешам) да има автопат уште од Битола па се до Делчево со Бугарската граница. Е сега појма немам зошто ВМРО се откажа од тие планови. Зошто потоа они излегоа со планови да има експресно патишта, како експресниот пат од Градско до пред Плетар, кој што претходно не ни беше во никаков обѕир, експресниот пат Штип - Кочани, кој што како што кажав претходно беше дел од автопатот до Делчево, експресниот пат Штип - Радовиш, кој што беше дел од проектот за автопат до Струмица, со се таа фамозма нова Обиколница на Штип, и поголема клучка кај Три - Чешми.

Овде да не заборавиме и на тоа што се случи со патот од Велес до Кадрифаково кој што се претвори во некаков си "експресен пат", а немаше ни 1% од тоа.

ВМРО имаа многу добри планови, но за жал самите себе си "забодеа" нож во грб. Сите знаме многу добро што направија и со автопатот од Кичево до Охрид, и колку си доделија...

Овие сега на власт, реално зборувајќи неможат ни 5% да имаат од тоа што ВМРО го имаа во план, а не го реализираа. На нив буквално им стојат проекти на хартија, и тоа повеќето од кои што беа планирани за време на "режимот". Проекти како автопатот Крива Паланка - Деве Баир.

Сега тие проекти се користат за евтин политички маркетинг, за лажење на народот, чисто да се лапнат тука - таму повеќе гласови. А проектите како автопатот до Делчево, Автопатот преку Бабуна до Прилеп се одамна "замрени" во некоја си темница, чекајки некој да ги отпочне истите повторно, кои што се од голема важност.

Него, доста "трубање" политика од мене, патов како пат што се гради сега мислам дека ќе е доста доволен, барем за до наредните 5 години. Исто и со експресниот пат Штип - Радовиш. Само треба да се внимава како се вози, има за жал многу идиоти што возат повеќе од дозволеното, се осеќаат како да се на автопат, возачи во мерцедес, бмв коли, млади момци кои што изиграваат "фраери" и "мафијаши" и кои што мислат дека никој ништо не им може (па во оваа банана корумпирана држава и тоа д така за жал).

Секако дека и јас секогаш ќе поддржувам автопат, барем на вакви клучни делници, каде што освен автопат до Р. Бугарија преку Крива Паланка, јас мислам дека треба и да има преку Делчево, што исто така би допринело доста за развој и на овој регион. Кога ќе ни се комплетира таа планирана автопатска мрежа, највеќе овој регион ќе трпи од тоа што нема да има автопатска мрежа. Други места кои што ќе трпат ќе бидат делови од пелагонискиот регион, како во случајот со Прилеп кој што барем за сега нема очекувања да добие автопат преку Бабуна, и евентуално ќе фали нов пад од Ресен до Охрид. Другото како што гледам горе доле ќе е поврзано со експресни патишта и автопатишта.

За тоа дали требаше да има автопат преку Велес до Штип а не преку Свети Николе, веќе дискутиравме за тоа и не планирам да се навраќам на тоа. Мое мислење и моја теорија зошто се отиде со оваа варијанта да има автопат преку Свети Николе, е бидејки теренот таму е по пристапен, резултирајки со поевтина цена. Да не заборавиме, и дека ако се изградеше автопат од Велес до Штип, тоа исто така ќе ја поттикнеше и изградбата на нов автопат од Катланово до Велес, што јас мислам дека самите ВМРО и Груевски го воочиле тоа, па најверојатно заради тоа не се одлучило да се гради автопат преку Велес.

Но што знам јас, гледам во плановите од 2011 за автопат до Делчево, го имаше и автопатот Миладиновци - Штип вцртан, и автопатот Велес - Кадрифаково. Можеби тогаш, го гледале автопатот Велес - Штип како поважно поврзување на пелагонискиот регион со Југоистокот, а не како автопат од Скопје до Штип преку Велес.

Е сега, за во иднина ако има барем некој паметен од овие по институциите и во власта, треба да се постават мерачи за сообраќај, да се утврди колку точно возила поминуваат и ќе поминуваат на овој експресен пат, па да се види дали ќе вреди да се оди со автопат во иднина. Исто и за експресниот пат од Штип до Радовиш.

Последни резултати што сум гледал за сообраќај, на сите делници (патишта во МК) беше на мапа од 2013 или 2015. И во тие бројки не сум 100% сигурен.

По развиени и саглам држави од нас, како на пр. Хрватска и Словенија, па дури и една СРБИЈА на годишно ниво си објавуваат статистики, кои што покажуваат колку возила поминуваат на кои патишта, значи точни цифри, убаво обележано. Се користи соодветна опрема за тоа, се мерат колку возила поминуваат во просек дневно, и врз база на тоа се прават планови што, како и каде да се гради.

Така е во сите нормални држави, само кај нас не е. Парите од патарините не завршуваат каде треба, туку во џебовоте на корумпираните директори, политичари и во џебовите на мафијашите. Еднаш да се инвестираше во нешто како што треба...

Edited by The Wild Boy - 01-May-2022 at 09:47
Back to Top
zorant View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 26-Aug-2019
Online Status: Offline
Posts: 88
  Quote zorant Quote  Post ReplyReply #370 Posted: 12-May-2022 at 12:41
ИАКО НЕ Е ЗАВРШЕН , ВОЗАЧИТЕ ГО КОРИСТАТ ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ ШТИП – КОЧАНИ

Сообраќајните знаци и песокот на патот не ги спречуваат автомобилите и камионите да минуваат по втората делница од патот Штип - Кочани, што се уште е во изградба. 

Меѓу селата Крупиште и Бања без проблеми се движат камиони и автомобили, иако на патот има и работници и градежна механизација. Патот е затворен за сообраќај и не е официјално пуштен во употреба што значи нема ни сигнализација, ни банкини, па секој по сопствени правила се приклучува каде ќе стигне. 

Жителите од околните села обично ги користат обиколните патишта.

Ова не е единствениот пат во државата каде никој од возачите не води сметка за безбедноста. 

Пет месеци автомобили се движат и по мостот кај селото Долни Балван. Иако еден од столбовите попушти за време на поплавите во декември лани. 

И пред него има и сообраќајни знаци и физичка препрека од песок, но тоа изгледа не му пречи никому.

http://www.radiokocani.mk/%d1%80%d0%b5%d0%b3%d0%b8%d0%be%d0%bd/item/6765-%d0%b8%d0%b0%d0%ba%d0%be-%d0%b5-%d0%b2%d0%be-%d1%82%d0%b5%d0%ba-%d0%bd%d0%b0-%d0%b8%d0%b7%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b1%d0%b0,-%d0%b2%d0%be%d0%b7%d0%b0%d1%87%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b3%d0%be-%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b0%d1%82-%d0%b5%d0%ba%d1%81%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%81%d0%bd%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%bf%d0%b0%d1%82-%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bf-%e2%80%93-%d0%ba%d0%be%d1%87%d0%b0%d0%bd%d0%b8
Back to Top
deni86 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 07-Apr-2020
Online Status: Online
Posts: 34
  Quote deni86 Quote  Post ReplyReply #371 Posted: 15-May-2022 at 15:28
Хахаха велат интензивно се градел а едвај двајца тројца работници на терен. Ова ептен смрди на тежок криминал. Во период од годината кога градежните активности треба да бидат најинтензивни да имаш само неколку работника на терен е навистина сумливо и нашите глупи новинари абер немаат да се позанимаваат со овој проблем. Истата фирма и истиот проблем и со автопатот Кичево-Охрид. Да беше ова некоја поасална држава досега министерот на клоци ке беше изнесен од канцеларија.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 171819

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.