build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Автопат Гостивар - Кичево
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопат Гостивар - Кичево

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Joralemon View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 10
  Quote Joralemon Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 08-Dec-2018 at 13:21
За автопатот Гостивар – Кичево се обезбедија првите 20 милиони евра

Првата секција од идниот автопат Гостивар – Кичево ќе се гради со неповратни средства од Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ) и со кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Првите 12,7 километри од идниот автопат меѓу Гостивар и Кичево ќе се поддржат во изградбата со средства во висина од 20.348.000 евра. Покрај добиениот грант, од владата информираат дека останатите средства ќе се обезбедат преку кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во износ од 79,2 милиони евра, додека Јавното претпријатие за државни патишта ќе обезбеди 6 милиони евра од сопствениот буџет.

За првата секција од автопатот Гостивар – Кичево до крајот на годинава треба да се комплетира инфраструктурниот проект, којшто се изработува од „Геинг КуК“. Основниот проект за првите 12,7 километри ги изработи фирмата „Балкан консалтинг“, при што за проектната документација досега се издвоени над 49,3 милиони денари. Со комплетирањето на проектот и со обезбедувањето на финансиските средства, македонската влада создаде услови за распишување на тендер за избор на изведувач. За преостанатите две секции од автопатот меѓу Гостивар и Кичево треба допрва да се бараат проектанти, а вкупната должина на целата траса е 42 километри.

Преку Инвестициската рамка за Западен Балкан се обезбедени и над 2,6 милиони евра за рехабилитација и реконструкција на делницата од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир од Коридорот 8. Овие неповратни средства ќе бидат доволни за санација на патот во должина од 13 километри, земајќи во предвид дека веќе се подигна заем од ЕБОР во висина од 10 милиони евра за оваа намена. Третиот грант што е доделен на нашата земја изнесува 1 милиони евра и со него ќе се подготвува физибилити студија и студија за влијание на животната средина и социјалните аспекти на проектот за изградба на хидроелектраната „Чебрен“.


Бојан Блажевски
bojan.blazevski@build.mk
Back to Top
Théoden View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 31-May-2018
Online Status: Offline
Posts: 16
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 08-Dec-2018 at 14:20
На кој дел се однесуваат овие 12,7 km? Ќе се настават како продолжение на Охрид-Кичево или се работи за некаква обиколница околу Гостивар?
Back to Top
Joralemon View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 10
  Quote Joralemon Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 08-Dec-2018 at 16:08
Овие 12.7 км се однесуваат на првата делница Кичево-Букојчани. Втората делница е Букојчани - Горна Ѓоновица и третата делница Горна Ѓоновица – Гостивар.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1658
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 08-Dec-2018 at 19:17
Нема логика да се прави во фази пат кој не води никаде. Ако не може да се пушта во фази нема логика да се гради во фази. Ова е нова траса и треба да се гради целосно.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 08-Dec-2018 at 23:05


Од делницата Кичево-Букојчани со должина од 12,7 km околу 10 km ќе бидат употребливи веднаш чим се заврши. Тие се надоврзуваат на оние цирка 2,5 km од автопатот Охрид-Кичево кои инаку би останале неупотребливи (делот што е пробиен низ шумата над Кичево).

Значи со изградба на Кичево-Букојчани реално добиваме околу 12,5 km веднаш употреблив автопат.

Но исто така важно, со пуштање во употреба на Охрид-Кичево без Кичево-Букојчани, транзитниот сообраќај останува да се одвива низ Кичево. Со Кичево-Букојчани се оформува обиколница на Кичево и на тие 2-3 села северно од Кичево кои се прилично незгодни од сообраќаен аспект, бидејќи на секој чекор има директни приклучоци на магистралниот пат (вклучувајќи и еден куп приклучоци директно од индивидуални куќи).

Немам мапа од трасата за да тврдам со сигурност, но веројатно спојувањето на автопатот со магистралниот пат ќе биде северно од Зајас, па на ист начин ќе се избегне и периферијата на ова село, каде што ситуацијата со магистралниот пат е слична.

Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1658
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 09-Dec-2018 at 08:53
Точно, за првата делница имаш право. Но втората делница без третата е неупотреблива.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.