build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Реставрација на Јени џамија во Битола

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 487
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Реставрација на Јени џамија во Битола
    Posted: 10-Dec-2015 at 23:39
Со средства од надворешни донации, две џамии од централното градско подрачје доживуваат комплетна ренесанса. Исак џамијата веќе е во полн сјај и ги пречекува бројните туристи, претежно од Турција, кои ја посетуваат Битола. Хајдар Кади Џамијата е во полн ек на реновирање, оградена и без дозволен пристап за надворешни лица.

За разлика од нив, Јени Џамијата со години наназад се реконструира од фаза во фаза со средства од државата. Колку ќе се издвојат средства, толку и ќе се направи. Во меѓувреме, без соодветна заштита, таа е изложена на уништување.

Уметничката галерија Јени Џамија е опкружена со парк, кој секојдневно се користи од битолчани, сеедно дали тука играат табла, карти, одмараат на клупите или пак родителите тука ги носат своите деца. Истите реагираат дека иако во паркот постои јавен тоалет,најчесто луѓето не го користат, а за вршење нужда им служи оградениот дел од џамијата.

Од Заводот и музеј велат дека се отворени за соработка и им понудиле на надворешни лица и компании да се вклучат финансиски за побрзо уредување на Јени Џамија, но безуспешно. За динамиката на конечното уредување на уметничката галерија, која треба да биде еден од најубавите симболи во центарот на градот, сепак ќе одлучува државата.

видео:

http://tvorbis.com.mk/?p=21244

...Јени Џамија, во чија внатрешност под темелите на денешната џамија се наоѓаат остатоци од три христијански цркви. Најстарата датира пред 7 век, за која се смета дека е посветена на Св. Ѓорѓи, втората од 11 век и третата во периодот помеѓу 13 век. Во моментов се реновира надворешноста од оваа џамија, а по крајната фаза со уредувањето на внатрешноста во која ќе бидат обелоденети и црквените остатоци, овој простор ќе биде отворен како уметничка галерија....


Edited by hcitrS - 10-Dec-2015 at 23:40
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 487
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 10-Dec-2015 at 23:45
Конечно нешто да се превземе во врска со овој објект. Многу ме радува што проектот е финансиран од Министерство за култура, што значи дека, за среќа, проговори здравиот разум и објектот повторно ќе има културна намена, а не верска. Долго време ради проблеми со ИВЗ не се случваше ништо, и моментално џамијата е во мизерна состојба. Не знам дали со ИВЗ се договорија или едноставно ги изигнорираја, но пак ќе речам, ме радува дека нема да биде верски објект.

Е сега, ги нема парите и искуството на ТИКА и највероватно со години ќе се влечка, но битно почна. Новиот директор на музејот најави дека догодина ќе се почне и со реставрација на безистенот, за кој е апсолутно неопходно нешто да се превземе.

Edited by hcitrS - 12-Dec-2015 at 16:14
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 11-Dec-2015 at 00:07
Да може малку и темелите од црквата да ги ископат и да ги конзервират како што е на плаошник за да се гледа јасно дека џамијата е градена врз цркви. Мислам дека тоа би било доста атрактивно за посетителите.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 487
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 11-Dec-2015 at 01:00
Takov e i planot. Samo se nadevam deka istoto kje bide izvedeno so ograduvanje na otvorot, a ne so prodzirno podno staklo koe do sega se pokazhalo apsoluten promashaj koga se upotrebuva za pokrivanje na iskopini.

Jas iskreno bi ja prenel vo dzamijava srednovekovnata zbirka od muzejot, taka shot bi prerasnala vo muzej na srednovekovieto, shto vo krajna linija kje gi opfati i osmanliite i so toa i ovcite na broj i ovcharot sit :P
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7056
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 11-Dec-2015 at 01:05

зошто е промашај стаклото? има пукнато некаде?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 487
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 11-Dec-2015 at 01:51
ne, ednostavno nemam videno nekade da go imat resheno problemot so kondenzacijat. Barem od moe lichno iskustvo, nemam do sega videno takvo staklo a da ne e "spotnato", a so toa i neprodzirno
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 487
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 09-Feb-2016 at 01:50
Еве и скромна визуелизација на обновената џамија:


(клик за поголема)

И состојба од пред 2 недели:



Моментално целата џамија е оградена со скелиња, и колку што успеав да видам „нартексот“/тремот е целосно измалтарен.

Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 487
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 09-Feb-2016 at 01:54
Искрено малку сум скептичен околу настрешницата од левата страна (гледано од напред), која треба да ги покрива ископините. Дури и на „рендерот“ има мизерен изглед. Стравувам дека ќе сведи само на обична ламарина.

За рестото претпоставувам ќе го изведат добро, доколку имаат некои дилеми можат да тркнат преку улица до Исак џамија и да видат како треба

Edited by hcitrS - 09-Feb-2016 at 01:55
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.