build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавен велосипедски превоз - Македонија и странство

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Јавен велосипедски превоз - Македонија и странство
    Posted: 18-Dec-2015 at 17:25
За почеток, предлагам сите теми поврзани со воведувањето на велосипедот како превозно средство да ги објавуваме овде. Во Македонија постои проектот „Скопје изнајми велосипед“, но сигурен сум дека другите градови и самиот главен град ќе создадат нови проекти на оваа тема во иднина. Успешни проекти од типот на „Bicikelj“ во Љубљана се добредојдени овде.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 18-Dec-2015 at 17:32
Профункционираа велосипедските пунктови во Скопје

На граѓаните на Скопје од денес за изнајмување по цена од 10 денари за еден час им се достапни 70 велосипеди на три локации во градот. Првите три велосипедски пункта се јавното паркиралиште „Треска“, јавното паркиралиште „Плоштад Македонија“ и кај трговскиот центар „Бисер“ во населбата Аеродром, а велосипедот којшто е изнајмен од една локација може да биде вратен на друга. Ова е прва фаза од имплементацијата на проектот за изнајмување на велосипеди под мотото „Остави го автомобилот, вози велосипед“. Бројот на пунктови во иднина е планирано да се зголеми во зависност од расположението и заинтересираноста на граѓаните за користење на оваа услуга. Градоначалникот Коце Трајановски ја искористи можноста да истакне дека Скопје се вбројува во градовите кои имаат одлични услови за изградба на велосипедска инфраструктура и дека во изминатиов период активно работи на воведување на велосипедот како алтернативно транспортно средство.

Објавено на 28.07.2010     во категорија Вести.

Извор: http://www.build.mk/?p=4619
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 18-Dec-2015 at 17:34
ТЕМА: Треба ли да се менува проектот „Скопје изнајми велосипед“?

Приходите од изнајмување се намалуваат, бројот на искршени и украдени велосипеди расте, системот за наплатување е проблематичен, a нови вложувања сеуште нема. Му треба ли реобмислување на проектот „Скопје изнајми велосипед“ пред отпочнувањето на новата сезона на 1 април 2012 година? Моменталната состојба во која се наоѓа јавниот велосипедски систем во главниот град е проблематична за граѓаните, Ј.П. „Градски паркинг“ и упатените во оваа област.




Во неодамнешното соопштение за остварените проекти во текот на минатата година, Ј.П. „Градски паркинг“ напоменува дека треба да се вложат повеќе финансиски средства за проектот. „Потребно е да се смени процедурата за изнајмување велосипед, односно да постои депозит при изнајмувањето кој би важел од земањето до враќањето на велосипедот“, се истакнува во соопштението од јавното претпријатие. Интернет – порталот „Билд“ во изминатиот период во неколку наврати се обиде да добие одговори од надлежните за односи со јавност во ова претпријатие, но нашите напори досега не вродија со плод.

Информациите што се достапни на медиумите говорат дека проектот „Скопје изнајми велосипед“ втора година по ред создава загуби со тенденција на намалување на приходите и зголемување на расходите. Во периодот од 1 април до 1 ноември 2011 година е остварен прилив од 84.258 денари, а расходната страна изнесува 189.248 денари. За споредба, во првата сезона од започнувањето на проектот се прибрани 120.000 денари од изнајмувањата на велосипеди, а притоа расходите изнесуваа 150.000 денари. Ако се земе во предвид фактот дека проектот започна кон крајот на јули 2010 година, тогаш споредбените пресметки покажуваат значително намалување на приходите од рентање, но и на интересот на граѓаните за проектот.

Од невладината организација „Проактива“, која учествуваше во изработката на проектот, истакнуваат дека е потребно да поминат неколку години за подетално да се анализираат придобивките од истиот. „За изнајмувањето на велосипеди во Скопје може да се каже дека е во почетна фаза. Веројатно после 5 години од започнувањето на реализацијата на овој проект ќе може да се увидат подобро сите позитивни и негативни страни“, истакнува Владимир Карчицки од „Проактива“. Според него, постојат можности за натамошно подобрување на сегашниот систем. „Прво што би заменил е начинот на изнајмување, односно би вовел електронска наплата преку картички. Тоа многу би ја поедноставила процедурата за преземање на велосипедот и оставање на истиот“, вели Карчицки.

Искуствата од европските градови покажуваат дека е потребно натамошно усовршување на проектот „Скопје изнајми велосипед“. Автоматските паркиралишта, електронскиот систем на наплата преку смарт – картички, поставување на пунктови за изнајмување на секои 500 метри и вклучување на останатите сегменти од јавниот превоз, како што се градското сообраќајно претпријатие и железницата, претставуваат само дел од идеите што можат да се воведат за велосипедот во Скопје конечно да постане алтернативен јавен превоз кој ќе го намали сообраќајниот метеж, но и ќе им обезбеди ефикасен и евтин транспорт на граѓаните.


Бојан Блажевски


#
Објавено на 09.01.2012     во категорија Вести.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5063
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 05-May-2020 at 16:37
Град Скопје го подготвува проектот за воведување на систем за изнајмување велосипеди

Градските власти во моментов работат на подготовка на проектната документација за воведување на најавуваниот јавен систем за самоизнајмување на велосипеди во Скопје. Станува збор за поставување на пунктови на 30 локации низ главниот град, кои би биле опремени со терминал за самоизнајмување на велосипеди и 20 држачи за велосипеди.

– Проектирањето на овој проект сѐ уште не е завршено и токму тоа треба да даде прецизни одговори за тоа на кои локации да се постават пунктовите, каков вид на велосипеди, нивниот број, распространетоста и слично – велат за „Мета.мк“ од Град Скопје.

Градските власти минатото лето се одлучија идниот автоматизиран систем за изнајмување велосипеди да го префрлат на ЈСП-Скопје, со што тој полесно би се вклучил како алтернативно превозно средство во скопскиот јавен превоз. Идејата е граѓаните да можат со кредитна картичка или СМС порака да подигнат велосипед на некој од 30-те пунктови, да го користат како превозно средство и да го вратат по неколку часа на било кој од поставените пунктови низ Скопје. Рокот за реализација на овој проект засега не е прецизиран.

Целта на проектот е да се овозможи непречено функционирање на системот за изнајмување велосипеди во текот на целата година во Скопје, но и да се унапреди и модернизира претходниот проект „Изнајми велосипед“, со којшто управуваше ЈП „Градски паркинг“.

Од Град Скопје информираат дека новиот систем за самоизнајмување велосипеди ќе се разликува од претходниот бидејќи ќе се користи понапредна технологија за изнајмување велосипеди, која ќе биде поедноставна за користење од граѓаните, но и ќе обезбеди поголема безбедност за самите велосипеди. Овие превозни средства во иднина ќе имаат ГПС локатор, така што тие нема да можат да се крадат, а оштетувањата ќе мора да се надоместат од несовесните граѓани.

„Мета.мк“ веќе пишуваше дека во Скопје веќе неколку години наназад со потешкотии функционираше претходниот проект „Изнајми велосипед“, којшто со малиот број пунктови и недоволните инвестиции само го намали интересот на граѓаните за изнајмување на јавните велосипеди. Податоците на ЈП „Градски паркинг“ за изминатите две години покажуваат дека не се остварени приходи од изнајмувањето на овие велосипеди, додека во годините пред тоа се регистрирани симболични приходи недоволни за одржување на самиот систем.

https://meta.mk/grad-skopјe-go-podgotvuva-proektot-za-voveduvaњe-na-sistem-za-iznaјmuvaњe-velosipedi/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1999
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 05-May-2020 at 16:38
Град Скопје го подготвува проектот за воведување на систем за изнајмување велосипеди

Градските власти во моментов работат на подготовка на проектната документација за воведување на најавуваниот јавен систем за самоизнајмување на велосипеди во Скопје. Станува збор за поставување на пунктови на 30 локации низ главниот град, кои би биле опремени со терминал за самоизнајмување на велосипеди и 20 држачи за велосипеди.

– Проектирањето на овој проект сѐ уште не е завршено и токму тоа треба да даде прецизни одговори за тоа на кои локации да се постават пунктовите, каков вид на велосипеди, нивниот број, распространетоста и слично – велат за „Мета.мк“ од Град Скопје.

Градските власти минатото лето се одлучија идниот автоматизиран систем за изнајмување велосипеди да го префрлат на ЈСП-Скопје, со што тој полесно би се вклучил како алтернативно превозно средство во скопскиот јавен превоз. Идејата е граѓаните да можат со кредитна картичка или СМС порака да подигнат велосипед на некој од 30-те пунктови, да го користат како превозно средство и да го вратат по неколку часа на било кој од поставените пунктови низ Скопје. Рокот за реализација на овој проект засега не е прецизиран.

(...)

https://meta.mk/grad-skop%d1%98e-go-podgotvuva-proektot-za-voveduva%d1%9ae-na-sistem-za-izna%d1%98muva%d1%9ae-velosipedi/
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 172
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 06-May-2020 at 00:38
Не постоеше овој систем едно време???
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1999
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 06-May-2020 at 00:59
,,Изнајми велосипед" со кого раководеше Градски паркинг. Како што пишува во продолжението на текстот погоре, не функционира(ше) како што треба. Има само 5 пункта и не работи зиме.

Имајќи предвид дека ЈСП ќе раководи со идниот систем, апсурдно е да се плаќа само со кредитна и СМС, а не и со Скопска. Се надевам дека тоа ќе се исправи, а пожелно би било идните пунктови да имаат безбеден паркинг и за приватни велосипеди.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 900
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 06-May-2020 at 07:44
Се откажав од проектов штом видов кој ќе го раководи.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4666
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 06-May-2020 at 10:45
Originally posted by ehrlich

Се откажав од проектов штом видов кој ќе го раководи.


Си виииииикам нема да биде полошо од ЈП паркинзи... Си викам.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5063
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 09-Jun-2020 at 11:48
На Скопје му треба нов систем за изнајмување велосипеди и негово интегрирање со јавниот превоз

Градот Скопје не треба да се откажува, туку треба да го имплементира новиот автоматизиран систем за самоизнајмување велосипеди во главниот град, но и да го интегрира велосипедскиот сообраќај со јавниот превоз. Ова е стручниот став на универзитетскиот професор по јавен градски превоз Никола Крстаноски од Техничкиот факултет од Битола.

Во периодот на глобална пандемија со корона вирусот, за експертите е актуелно прашањето на кој начин да се обезбеди одржливост на јавниот градски превоз, во услови кога тој е неопходно средство за патување на граѓаните, но истовремено е и една од опасните локации каде што би можело да се пренесе корона вирусот.

– По самата природа на работите, јавниот градски превоз е масовен превоз. Од друга страна, пандемиите го бараат токму спротивното – исклучување на било какво масовно собирање – вели професорот Никола Крстаноски.

Тој посочува дека Градот Скопје треба да вложи во воведувањето на најавениот систем за изнајмување велосипеди, а многу градови во Европа и без корона вирусот се одлучија да инвестираат во велосипедскиот сообраќај како дел од нивните градски сообраќајни системи. Професорот Крстаноски додава дека до стојалиштата и станиците за јавен градски превоз треба да се проектираат паркинзи за велосипеди, а би можело да се размисли и за посебен простор во автобусите што ќе биде наменет за сместување на велосипеди.

Покрај во рамките на новиот систем за самоизнајмување велосипеди, ваквите велосипедски паркиралишта би можеле да ги користат и оние граѓани што имаат сопствено превозно средство на две тркала.

– Верувам дека значаен процент на граѓани би откриле најпогодна варијанта за движење, ако со велоспед доаѓаат до стојалиште на ЈСП, таму го паркираат велосипедот и го продолжат патувањето со јавен градски превоз. Ова би било интересно за граѓаните кои живеат во подалечните населби кои немаат добра опслуженост со јавен градски превоз – смета професорот Никола Крстаноски.

Градските власти минатото лето го префрлија системот за изнајмување велосипеди во Скопје од ЈП „Градски паркинг“ на ЈСП-Скопје. Во моментов се работи на проектирањето на новиот систем за изнајмување велосипеди, со кој би се поставиле на 30 пунктови низ Скопје што би се состоеле од терминал за самоизнајмување велосипеди и 20 држачи за велосипеди. Идејата е граѓаните да ги изнајмуваат велосипедите со СМС или кредитна картичка, а велосипедот да го вратат на било кој од 30-те пунктови низ главниот град.

Краен рок за отпочнување со работа на овој проект засега не е определен, иако веќе трета година не функционира досегашниот проект „Скопје изнајми велосипед“, со којшто раководеше ЈП „Градски паркинг“.

https://meta.mk/na-skopje-mu-treba-nov-sistem-za-iznajmuvanje-velosipedi-i-negovo-integriranje-so-javniot-prevoz/
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1711
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 09-Jun-2020 at 12:10
A zosto mora gradot Skopje da investira, zosto ne investira nekoj privatnjak?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5063
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 15-Jun-2020 at 15:52
Pop up велосипедска лента во Измир, Турција.
Одземена е цела автомобилска лента и малку повеќе за да се добијат 2 велосипедски ленти и заштитен простор со густо поставени заштитни столпчиња.



https://www.facebook.com/NaTochak
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5063
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 16-Jun-2020 at 15:10
Нема ни М од модерниот систем за изнајмување на велосипеди

Иако помина цела година откако Градот Скопје најави формирање на модерен систем за изнајмување на велосипеди (public bike share system-PBSS), од реализацијата на проектот сè уште нема ништо.

Во услови на пандемија од коронавирусот, кога на скопјани им е потребен алтернативен и безбеден превоз, на градските власти изгледа дека не им брза.

Тие веќе цела година, како и сега, велат дека проектите сè уште се во фаза на подготовка, по што би се работело на изнаоѓање на извори на финансирање за негова имплементација.

– Самите проекти треба да дадат прецизни одговори за тоа на кои локации треба да се постават пунктовите, каков вид на велосипеди треба да се набават, за нивниот број, распространетоста и слично – одговорија од Градот.

Оттаму додаваат дека она на што генерално Градот инсистира е што е можна поголема распространетост на овој систем, за што се проектира терминалите за самоизнајмување да бидат достапни на околу 30 локации, со специјални пунктови (специјални држачи за велосипеди).
– Целта на овој проект е да се овозможи непречено функционирање, продолжување, но пред сè унапредување и модернизација на минатиот проект „Изнајми велосипед“, а истиот се разликува од претходниот бидејќи целосно ќе се користи понапредна технологија на изнајмување на велосипеди, од аспект користење на модерен систем на наплата, велосипедите ќе имаат вградени ГПС-локатори, објаснуваат од Градот.

Овој проект лани во јуни беше предаден во надлежност на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“(ЈСП), за што од Градот тогаш доби и субвенции од еден милион денари.

Градските власти велат дека работат на промоција на велосипедизмот како алтернативно сообраќајно средство, бидејќи истото е еколошко, не загадува, а воедно има и позитивно влијание на здравјето на граѓаните.

– Изминативе неколку години сите градежни работи на сообраќајниците беа искористени за изградба на нови или реконструкција на постоечките велосипедски патеки, а во 2017, 2018 и 2019 година беа изградени и реконструирани повеќе од 30 километри велосипедски патеки – информираат од Градот.

Притоа потенцираат дека овие неколку години се изградени (изведени) велосипедски патеки на локации каде тоа се прави на сметка на автомобилскиот сообраќај.

– Велосипедските патеки се изведуваат на самите коловозни ленти и истите се ограничени со столпчиња, а тоа досега е изведено на булеварите: „Свети Климент Охридски“, „Кочо Рацин“, улицата „Московска“… и оваа пракса ќе продолжи на сите локации каде ќе се појави потреба и условите ќе го дозволат тоа – изјавија од Градот.

Што се однесува на достапноста на велосипедите до граѓаните, градските власти потенцираат дека тоа го прават преку давање на субвенции за велосипеди.

– Во изминативе четири години доделени се субвенции за повеќе од 10.000 велосипеди, голем број на електрични тротинети, а годинава средствата за субвенциите беа реализирани за помалку од 10 дена – нагласија од Градот. Притоа, поднесени беа поднесени 2.830 барања за субвенции за велосипед и 214 барања за субвенции за купен тротинет.

Проектот „Изнајми велосипед“, кој беше воведен од Град Скопје во 2010-та во времето на градоначалникот Коце Трајановски со цел да се поттикнат граѓаните да го користат велосипедот како превозно средства, особено во централното градско подрачје беше прекинат бидејќи сите велосипеди кои Градот ги купи или ги доби како донација се искршени или украдени, па затоа проектот и е стопиран.
Проектот е основан во заедничка соработка на Градот Скопје, јавното претпријатие „Градски паркинг“ и Здружението на граѓани „Еко Свест“ .

(А.П.)

https://www.vecer.press/нема-ни-м-од-модерниот-систем-за-изнајм/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1999
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 16-Jun-2020 at 15:44
Re: инфо погоре - кај може да се купи ГПС локатор за велосипед?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.