build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми > Наука и технологија
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сеизмологија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 17-Oct-2010 at 21:36
Ова е тема за која што на трагичен начин се дознава кој е во право. За раседот за кој зборува професорот и јас сум слушнал од поодамна, а тоа што со картава не се подудараат податоците не мора ништо да значи. Сепак пресуден е квалитетот на конструктувниот систем, решението и изведбата. Ова дека во тафталиџе е најсигурно ми праи кеиф ...со тоа што, ако се случи некоја тешка катастрофа, мислам дека Скопје многу повеќе би страдало од лошиот урбанизам и непристапноста на одредени делови од градот (денес за камиони за ѓубре), а утре недајбоже за противпожарни и спасувачки екипи...останува впечатокот дека си се праиме наудрени во овој поглед, а тресењето од пред некој ден не потсети Земјава кој е кој...

Мене она за што зборуваше Гаревски, директорот на ИЗИИС, по медиумите деновиве, дека временските услови (т.е обилни дождови) не влијаат никако на сеизмичката активност на тлото ми е малку чудно. Знам дека звучи наивно, ама редовно, од кога памтам за себе, земјотреси имало после некој врнежлив период или во време на топење на снегови...или грешам???
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 20-Oct-2010 at 08:29

Земјотрес во Скопје - чаршиска „патка“



Се проширија гласишта дека француски сеизмолози предвиделе земјотрес за два дена што ќе го срамни Скопје

Билјана Ангеловска
Тони Гламчевски

Скопјани можат мирно да спијат, градот нема да го погоди катастрофален земјотрес, ниту деновиве ниту, пак, во блиска иднина. Сите најави за евентуален голем потрес се чиста шпекулација, велат експертите.

„Нема никаква научна основа за гласиштата дека на еден прецизен датум се очекува земјотрес на едно точно утврдено место, во случајов во Скопје. Ваквите прогнози не се научно втемелени, бидејќи актуелните познавања на науката не само што не дозволуваат да се даваат прецизни прогнози туку тие прогнози се невозможни“.

Ова стручно-научно мислење од Централното сеизмолошко биро и Научната опсерваторија на Земјата со седиште во Стразбур, една од најпознатите опсерватории во светот што се занимаваат со проучување на Земјината топка и сеизмолошките активности, го побаравме откако до редакцијата на „Утрински весник“ допреа шпекулации дека француски сеизмолози предвиделе оти Скопје, во периодот меѓу 21 и 24 октомври, ќе биде срамнето од катастрофален земјотрес. Дека не станува збор за новинарска, туку за чаршиска „патка“ може да се заклучи и од фактот што по долгото пребарување на Интернет-страниците и на форумите на француски јазик не наидовме на вест или какви било пишувања што зборуваат дека се очекува катастрофален земјотрес во Скопје.

Француските научници што работат на ова прашање категорично ги демантираат овие вести. Во едно сеизмолошко подрачје, како што е регионот, секогаш е можно да се очекуваат сеизмолошки кризи. Па и кога има серија земјотреси, статистичките податоци со кои располага науката не дозволуваат да се прогнозира поголем катастрофален земјотрес, без разлика на кој дел од планетата се појавува. Скопје и Македонија воопшто не се ни споменуваат на овај план. Затоа изгледа неоправдано и опасно да се шират вакви гласишта, кои немаат никаква научна основа, предупредуваат француските научници.



И македонските сеизмолози се категорични дека ниту смее ниту, пак, може да се предвидува појавата на земјотреси. Може да се зборува за очекувани потреси и тоа е според статистичките истражувања што ги третираат трусните подрачја, но никако не може со сигурност да се каже точно кога, каде и со каков интензитет ќе погоди земјотрес во одреден регион.

„Какви било изјави од кој било експерт за времето кога евентуално ќе се случат земјотреси се несериозни. Јас гарантирам дека нема таква изјава од стручњак во која било држава, нема шанса некој да зборува такво нешто, а уште помалку да кажува датум кога би се случил земјотрес“, вели проф. д-р Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија.

Сеизмичките поместувања на земјата се резултат на долготрајно акумулирање на текстонските напрегања во Земјината кора, кои траат непрекинато. Постојат подрачја во светот каде што нема вакви тектонски напрегања и тие се релативно малку и најчесто кај старите планини и карпи. За жал, Македонија се наоѓа во подрачје на тектонски напрегања и појавата на земјотреси се смета за нормална.

Во денешната конвенционална сеизмологија прогнозата за земјотресите се врзува со конкретни подрачја и се базира врз статистичка обработка на случените земјотреси во подолг временски период. Прогнозата се сведува на одредување на периодот на можна појава на земјотрес со одредена јачина. На територијата на Македонија често се јавуваат серии слаби земјотреси со интензитет од 4 до 5 степени според Европската макросеизмичка скала -1998 и тоа барем три до четири пати годишно. Според статистичките истражувања, најсилниот земјотрес што може да се очекува кај нас во период од 500 години е со интензитет од 10 степени по ЕМС-1998 (скалата има распон од 12 степени). Во покуси периоди се очекуваат земјотреси со послаби интензитети.



Извор
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12035
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 20-Oct-2010 at 23:45
Многу сме мераклии на вакви работи. Мене неколку пати после некој здрав потрес ми се дешавало луѓе да ме известат дека „експертите“ предупредиле дека во рок од 2-3 саати ќе здрмал катастрофален земјотрес  Nuts
Ви се случувале слични ситуации?
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 21-Oct-2010 at 09:41
Пред 8-9 години, нешто пролет беше...имаше квалитетен земјотрес (5 степени или така нешто...) и немаше жив човек на факултет, одложија вежби, предавања...заради дојава, нормално

Да потсетам дека се работи за инженерски факултет што треба да владее со овие области....што да кажат на медицина или на книжевност
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 30-Jul-2011 at 14:53

Помалку тежина - помали маки

Практичен пример, според Eurocode 8 (EN 1998: 1997)

7-катна станбена зграда
• Армиранобетонска конструкција
• Вкупно височина: 19 m
• Основа: 18 x 12 m
• Референтна вредност на хоризонтално земјино забрзување: 0.4 g

• Тежина на носечката конструкција: 1095 t


• Вкупна тежина на ѕидовите - масивна изведба ( внатрешни: 200 kg/m2, надворешни: 240 kg/m2) : 518 t

• Вкупна тежина на ѕидовите - Кнауф системи (внатрешни: Knauf W112, 49 kg/m², надворешни: Aquapanel, 42 kg/m²) : 109 t

• Вкупна тежина на зградaта:
Со цигли: 1614 t
Со Кнауф системи: 1204 t

(25 % помалку тежина кога се употребуваат Кнауф системите наместо класичната градба со цигли) Со пресметка на сеизмичките сили според Eurocode 8 може да се одреди дека овие товари се намалени за околу 23% кога се употребуваат Кнауф W112 системи за внатрешни прегради и Кнауф Аквапанел за надворешните ѕидови. Заради тоа е овозможено поекономично димензионирање на армиранобетонската конструкција која во вкупните инвестиции зазема значаен дел. Значи, земјотресната сигурност е подобрена поради подобрата деформација и однесувањето при колапс на структурата на сувата градба за време на земјотреси.

стр.7 - http://knauf.com.mk/pdf/prospekti/KNAUF-Story-br3.pdf


Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 30-Jul-2011 at 15:31
асеизмички дрвени згради

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 05-Aug-2011 at 16:27

Теренот на Гевгелиската општина му припаѓа на просторот на Вардарската зона која се одликува со повремена сеизмичка активност.

Сеизмичката динамика на овој епицентрален предел се базира на неговиот тектонски склоп. Во основни потези тој склоп е многу едноставен. Меѓу хорстовите од стари маси (кристалести шкрилци од  I група) во облик на своевиден тектонски ров, стеснета е Вардарската зона. Главните нејзини хорстови, од исток се блоковите на Родопската маса, а од запад блоковите на Пелагониската маса. Всушност пред формирањето на Вардарската зона, двете маси представувале една целина - Родопски масив.

Со распаѓањето на овој масив, некои делови (блокови) помеѓу раседите се одвојувале, додека некои делови (блокови) помеѓу нив потонувале и биле засипувани со помлади творевини, создавајќи на тој начин тектонски депресии или ровови. Таков ров претставува и Вардарската зона. Рововите се подложни на разновидни притисоци и оттука на нив се применети разни движења кои повремено се манифестираат со сеизмички појави (земјотреси), од различен тип и интензитет.

Најсилните до сега забележани трусни катастрофи на ова подрачје настанале во 1931 година. По оваа трусна катастофа периодот е релативно мирен, со исклучок на 21.12.1990 година, кога се случи силен земјотрес со магнитуда од МЛ=5.6 по Рихтер, со епицентар 25 км јужно од Гевгелија.

http://www.gevgelija.gov.mk/mk/a/SEA%20_Gevgelija.pdf




Edited by Max - 20-Aug-2011 at 19:04
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 29-Aug-2011 at 20:00

ИЗИИС малку се консултира при градежните проекти

Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) речиси и да нема никаков увид во проектите што се градат во Скопје, но тоа не значи дека тие проекти не се сигурни. Ова денеска во Скопје го изјави директорот на ИЗИИС, Михаил Гаревски, истакнувајќи дека овој институт многу малку е консултиран при изградба на нови градежни објекти во државата.

„Прописите секогаш налагаат покрај статичките да има и сеизмички пресметки. Колку тие се применуваат и колку се издржани не можам да кажам, бидејќи Институтот во последно време речиси и да нема никаков увид по однос на проектите кои што се проектираат во Скопје, но тоа не значи дека тие проекти не чинат“, изјави Гаревски.

Тој истакна дека проектите кои се градат би требало да се квалитетни, бидејќи се проектирани од инженери. Запрашан колку се безбедни висококатниците кои се градат на Водно, Гаревски рече дека Институтот нема увид ниту во тие проекти, но кажа дека од она што може да се види со око, тие објекти делуваат сигурно.

„Ако правилно се проектира и ако доволно се испита тлото, може да се каже дека е можно да се гради на таа локација, а друго прашање е дали од аспект на урбанизмот или од аспект на заштита на човекова околина треба да се гради“, рече Гаревски.

Тој информираше дека ИЗИИС бил вклучен во изградбата на дел од објектите од проектот Скопје 2014, изразувајќи уверување дека театарот е еден од најсигурните објекти во државата, кој би го издржал дури и јапонскиот земјотрес. Гаревски информираше дека единствена зграда во Скопје, која што со гаранција може да се каже дека би ги издржала сите земјотреси, е основното училиште „Песталоци“, која што е целосно базно изолирана.

„Во светот сè повеќе за капиталните проекти се оди на интелигентни конструкции каде што се поставуваат одредени видови на дисипатори на енергија помеѓу самите рамки, се поставуваат изолатори на самите темели и со помош на компјутери се води управување на самиот проект, односно се прават контра-сили кои што делуваат на силите кои што се резултат на дејството на земјотресот“, вели Гаревски.

Во ИЗИИС денеска беше потпишан договор за соработка со највисоката државна институција на Кина која што се занимава со превенција на земјотреси и во која се вработени околу 30.000 лица.Договор за соработка помеѓу овие две институции подразбира значителни билатерални проекти и размена на научен кадар.

http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/ekonomija/12079/iziis_malku_se_konsultira_pri_gradezhnite_proekti.aspx

Гаревски вели дека Владата побарала мислење од ИЗИИС за стабилноста на столбот на споменикот на Александар Македонски, како и за мостот "Око", за лавовите и театарот, но не и за Музејот на ВМРО, Уставниот суд, Архивот...http://www.vest.com.mk/?ItemID=185FEA39DA98894D92503B7285AF08B5

За сеизмичката стабилност на коњот Букефал и Александар Македонски што треба да бидат поставени на плоштадот во Скопје, гарантирала леарницата "Фернандо Маринели" од Фиренца, каде што се правеше споменикот. Но од Општина Центар не даваат прецизен одговор зошто нарачале од државниот Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) да ја испита стабилноста само на столбот каде што ќе биде поставена коњаничката скулптура, а не и на целиот споменик.

"Во самиот проект (основен и изведбен) имаме позитивна ревизија за сите фази вклучувајќи ја и целосната статика. За самата коњаничка скулптура како целина гаранција за сеизмичка стабилност дава и леарницата 'Фернандо Маринели'", ни одговори Јовица Ацковски, портпарол на Општина Центар.

Согласно Законот за градење, за да се добие одобрение за градење, неопходен е проект за статичка и сеизмика издржливост.
Од Министерството за култура велат дека за секој објект во рамките на проектот "Скопје 2014", односно и за музејскиот комплекс, концертната сала за Македонската филхармонија и за портата "Македонија" има посебен проект за статика изработен од овластени инженери и лиценцирани субјекти и истите се ревидирани од надлежни ревидентски овластени субјекти.
"За портата 'Македонија' статиката ја направи 'Неимар', а ревизијата 'Евроконсултант', за Филхармонијата 'Македонија проект', а ревизијата ИЗИИС, а за музејот 'Неимар', со ревизија на Градежниот институт", изјавија од Министерството за култура.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=121FCFD2668B5349B7D1683C092A758C&arc=1



Edited by Max - 30-Aug-2011 at 20:22
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 01-Sep-2011 at 22:07

Гњиланскиот е познат регион со земјотреси. Раседите во тој регион се активни. Плочите еднаш се одбиваат, другпат се удираат и прават нови раседи, па како афтер шок тие удари или одбивања на земјините плочи се чувствуваат и во Скопје, кое и не е далеку од Гњилане http://www.vest.com.mk/?ItemID=D83A55DED6EF5F49ABC1F42F1D31069B&arc=1

Земјотресите обично се случуваат на местата каде што се вкрстуваат тектонските раседи, а Скопје, за жал, се наоѓа над јазол од раседи.

Скопје e исклучително богат со голем број на раседи со потенцијална можност да предизвикаат земјотреси со поголема магнитуда... Општо земено подрачјето преставува модел на блокови чии динамични движења не се секогаш синхронизирани, што се одразува врз постојните тектонски движења сврзани со сеизмичка активност на одредени блокови. Движењето на ваквите блокови во скопската котлина се класифицирани во три групи и тоа: бочни, лонгитудинални и трансферзални http://www.opstinacentar.gov.mk/systems/file_download.aspx?pg=370&ver=1

Во тој реон трасата го пресекува неотектонскиот хоризонтален расед кој се протега на релацијата Ќустендил-Крива Паланка-Куманово-Скопје-Дебар-Елбасан. http://www.moepp.gov.mk/WBStorage/Files/Izvestuvawe%20za%20namera%20za%20gasifikacija%20vo%20RM%20Skopje-Gostivar-Kicevo.pdf

http://geosphere.gsapubs.org/content/1/1/1.figures-only [1]

Threats of the earthquake especially near the Skopje-Razgrad fault line in Bulgaria worry Europeans over the safety of Soviet-designed reactors such as Bulgaria’s Kozloduy plant and over a nuclear plant being considered to be built at Belene. http://www.financialfeed.net/europe-does-more-reactor-tests-nuclear-free-future-in-mind/852463/

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 05-Sep-2011 at 22:03
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 05-Sep-2011 at 23:12

http://www.orfeus-eu.org/Earthquakes/recentquakes_googlemaps.html



http://www.emsc-csem.org/Earthquake/index.php?filter=yes

ML 3.0 - 2011-09-02 http://www.emsc-csem.org/Earthquake/earthquake.php?id=234265#summary

Magnitude:     ML 3.6Region:     MACEDONIADate time:     2011-05-14 23:32:31.0 UTCLocation:     42.04 N ; 20.89 EDepth:     13 km  Distances:     24 km SE Prizren, 7 km NW Tetovo, 1 km Sipkovica 

Witness location: Selce (Macedonia) (4 km E from epicenter) [1]

I was standing at my living room in front of my laptop. And when I wanted to call a friend of mine on the phone I started to hear a bad noise like some cut trees are falling. Then I really felt that the ground is moving but couldn't notice in which direction. And I was alarmed and a bit frightened. At that moment it was really hard to start to move or to run because you kinda loose any will to move (it is hard) but I managed and ran at the hall way and everything stopped. All this happened for around 3 or 4 seconds. I watched if lights were moving, they didn't. But the key on the door had a hanging thing and it was moving. Then after some minutes I heard another noise but it was weaker. http://www.emsc-csem.org/Earthquake/Testimonies/comments.php?id=221486

It was a swift feeling of being hit by a seismic wave! http://www.emsc-csem.org/Earthquake/Testimonies/comments.php?id=199473





Edited by Max - 04-Dec-2011 at 23:19
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 06-Sep-2011 at 15:30

Expanding Earth Theory - http://en.wikipedia.org/wiki/Expanding_Earth

   


Hollow Planet Seismology Vs Solid Earth Seismology by Jan Lamprecht - http://www.bibliotecapleyades.net/tierra_hueca/esp_tierra_hueca_9.htm





Edited by Max - 29-Dec-2013 at 23:33
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 23-Sep-2011 at 19:03
Италијански научници обвинети затоа што не предвиделе земјотрес

Седумина научници се изведени пред суд во Италија, под обвинение дека на време не ги предупредиле жителите на средновековниот град Аквиља на земјотресот со јачина од 6,3 степени по Рихтер во април 2009 година, кога загинаа 308 луѓе и целосно беа разурнати поголеми делови од овој град.

Според италијанскиот обвинител, седуммината научници се виновни затоа што давале „непрецизни, некомплетни и контрадикторни информации” околу тоа дали послабите потреси на тлото, што го чувствувале жителите на градот во претходните шест месеци, даваат основа за предупредување за силен земјотрес.

Обвинителот во својата тужба инсистира на пропуст на научниците кои биле собрани на 31 март таа година, на само една седмица пред катастрофалниот удар, на специјалната комисија за ризици, за да ја оценат ситуацијата во Аквиља и во регионот од неколку месечната сеизмичка активност.

Британски сеизмолошки експерти го оквалификуваат ова судење како „случај без преседан”. Тие тврдат дека е невзможно да се предвиди земјотрес, дури и кога има претходно потресување на тлото.

Околу 5.200 сеизмолози и научници од светот досега ја потпишаа петицијата за поддршка на италијанските научници. Во писмо до италијанскиот претседател тие велат дека судењето е „правен напад врз науката”.

http://poveke.info/италијански-научници-обвинети-затоа/

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 24-Sep-2011 at 20:48

Почувствуван земјотрес во дел од земјава

Граѓаните на Велес, Скопје, Куманово и Свети Николе во 10часот и 40минути почувствуваа земјотрес. Повредени и штети нема.Земјотресот најмногу го почувствуваа велешани. Некои од нив дури го поврзале со паѓањето на сателитот на НАСА. Скопјани пак не му се плашат.
Во сеизмолошката станица во Скопје веднаш по земјотресот се јавиле дваесетина граѓани. Епицентарот бил во Овчеполе-најблиску до Велес.

Од сеизмолошката станица смируваат и велат дека земјотресот нема врска со последните обилни дождови.

На последниот зејотрес му претходеле неколку помали земјотреси. До сега годинава биле почувствувани десетина земјотреси што било помалку од лани.
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=41089

Паника во Башино село: Сателитот на НАСА падна кај нас

Велешко Башино село, најпознато по младиот кромид, денеска е во центарот на вниманието поради тоа што епицентарот на земјотресот што ја потресе Македонија бил токму таму. Селаните го прераскажуваат настанот од претпладнето кога земјата силно се затресе. Во прв момент помислиле дека сателитот на НАСА паднал во близина на селото.

- Повеќето од селаните бевме на нива, во тек се есенските работи. Околу десет и пол силно тресна, баш така, тресна. Како да падна нешто крупно во близина. Не скокна од земја, толку беше силно. Со сопругата прво што ни падна на ум беше дека сателитот паднал токму кај нас. Викаа летал и над Македонија, па затоа мислевме дека е тој. Дури кога се прибравме дома на телевизија кажаа дека било земјотрес – вели Никола Димов.

Оваа приказна ја прераскажуваа сите во селото.

Првично не се регистрирани штети или некој да е повреден од земјотресот. Од велешката итна помош не добиле повик за интервенција.

- Малкумина бевме во селото, повеќето старци и деца, другите се по поле. Кога се случи потресот се собравме сред село. Сите викаме ова е сателитот што требаше да падне. Што ксмет имавме, па баш кај нас во Башино село да падне, помисливме. Имало земјотреси, ама овој некако дојде одоздола, бучава, се слушна тресок, како кога нешто тешко и големо паѓа. Не преплаши – вели Невена Николовска.

Таа дојде да полни вода на селската чешма, каде селаните го прераскажуваа настанот. Но, не само башиноселци, туку и за поголем дел до велешани, првата помисла беше дека вештачкиот сателит на НАСА падна во близина на градот.

Камперите и рибарите на езерото Младост исто така се со силни впечатоци од настанот.

- Водата се разбранува откако се слушна силен татнеж. Мислев дека приколката ќе тргне по удолнината, толку беше силен потресот. Не знаевме што е, бидејќи ваков земјотрес немам почувствувано – вели скопјанец, кој покрај езерото минува дел од викендот.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=7130D0E9FBBF1347B9F05E1713FFEF9B

Земјотрес во Велес, епицентарот е во Ново Село

Епицентарот на земјотресот кој ги вознемири велешани е 15 километри источно од градот, во непосредна близина на Ново Село .

Земјотресот најмногу го почиствиваа жителите во висококтниците. Тие ги напуштија своите домови но според првичните информации пријава за штета нема. 
Станарите од висококатниците на улицата Благој Ѓорев велат дека најголемата гужва имало пред ливтовите. Во своите дворови беа испаднати и оние кои живеат во куќи.

Велешани одма со коментари, земјотресот сигурно е последица на паѓање на шестонскиот истражувачки сателит на НАСА.

Шеесетина минути по земјотресот со соопштение се огласи и Сеизмолошката опсерваторија на Природно Математичкиот факултет. И тие исто како и Евро Медитеранскиот Сизмолошки Центар го посочуваат велешкиот регион како епицентар на земјотресот кој се случи утрово во 10 часот и 39 минути, информирајки дека тој бил во длабочина од 10 километри.
Земјотресот во Велес бил со интензитет измеѓу 4 и 5 степени, а во Скопје помеѓу 3 и 4 степени според макросеизмичката скала.

Земјотресот бил почуствуван во Скопје, Охрид, Битола, Валандово и Крива Паланка.
http://www.lisica.mk/statija/17138
Back to Top
tiberix View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Aug-2011
Location: Sofia
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote tiberix Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 25-Sep-2011 at 06:16
!!!
Велешани одма со коментари, земјотресот сигурно е последица на паѓање на шестонскиот истражувачки сателит на НАСА.

Back to Top
Superman View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 154
  Quote Superman Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 27-Oct-2011 at 20:31
Ништо ново, ама вреди да се архивира...

Во Македонија се гради сигурно, не може да се повтори ‘63

Никола Крстиќ

На Скопје и на Македонија не може да им се повторат разурнувањата од катастрофалната ’63. Најголемиот дел од објектите се безбедни и би издржале и посилен земјотрес. Во земјава се гради сигурно, уверуваат експертите.

„Иако градбата е страшно масовна и се гради неплански, сепак можам да кажам дека најголемиот дел од објектите многу лесно ќе го преживеат скопскиот земјотрес бидејќи системите се други, квалитетот на поголемиот дел од објектите е добар“, вели Михаил Гаревски, директор на ИЗИИС.

Најбезбедни се градбите од периодот по земјотресот, а пред почетокот на транзицијата. Но и новите згради во најголем дел ги исполнуваат стандардите за отпорност од потреси. Сепак, надлежните со совет – пред да купите стан, распрашајте се за инвеститорот, изведувачот, проектантот и ревизорот; посигурни се градбите на големите компании.

Проблематични се доградбите на старите згради – поткровјата и проширените тераси доколку при ваквите интервенции не се почитуваат стандардите и не се врши засилување на конструкцијата.

Објектите за кои инвеститор е државата се проверени и проектирани по сите стандарди, можат да издржат и посилни земјотреси од скопскиот. Тврдењата и шпекулациите дека новите згради крај Вардар се проблематични поради подземните води или дека фонтаната не може да го издржи товарот на Воинот на коњ се неосновани, децидни експертите.

„Тој да не кажам дека е предимензиониран, туку е и анализиран по сите норми, анализиран е и споменикот на Александар како товар... Мислам дека не постои никаква опасност“, вели Гаревски.

Токму неквалитетната градба е причината за големиот број жртви и обемните разурнувања во најновиот турски земјотрес, како и за катастрофите во Чиле и на Хаити. Во Македонија прописите се построги, контролата поголема, а сеќавањето од скопскиот земјотрес се уште свежо, па и совеста на инвеститорите е повисока, сметаат надлежните.

http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/makedonija/29493/vo_makedonija_se_gradi_sigurno,_ne_mozhe_da_se_povtori_%E2%80%9863.aspx

Edited by Superman - 27-Oct-2011 at 20:33
The One Whose Name Cannot Be Spoken...
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 10-Aug-2012 at 21:22

феномени - уште ова го немав чуено! дека јапонците имале пендулум систем пред 10 века

http://www.uh.edu/engines/epi1299.htm [1]

http://science.discovery.com/videos/what-the-ancients-knew-ii-shorts-pagoda-construction.html (изгледајте ги и другите видеа потоа)
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 11-Aug-2012 at 11:51

освен по уникатни асеизмички градби како пагодите, далечниот исток е заслужен и за првиот сеизмограф Houfeng didong yi [1][2][3] изум на кинески научник Ченг Ханг во 132 година






Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 11-Aug-2012 at 18:51

Кулата, како и целиот објект, ќе биде поставен на воздушни перници и сама по себе ќе биде пример за асеизмичка градба, отпорна на каков било земјотрес. http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=31911733502&id=14&setIzdanie=22235

бреј pr, ова на јапонциве сеуште им е во експериментална фаза [1], а Стефчо уште догодина ќе го смести во техничкио парк во карпош! може и индуктивно напојување ќе му врзат! ајде камо да им се посреќи!


Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 02-Sep-2012 at 22:12

Изготвен каталог на земјотреси во Европа кои се случиле во последните 1000 години! - http://www.igeografija.mk/Portal/?p=2959

http://emec.gfz-potsdam.de/pub/EMEC_Online/emec_online_frame_map.html
GFZ German Research Centre for Geosciences have succeeded in setting up a harmonized catalogue of earthquakes for Europe and the Mediterranean for the last thousand years. This catalogue consists of about 45000 earthquakes http://www.sciencedaily.com/releases/2012/08/120810133110.htm


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.