build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми > Наука и технологија
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сеизмологија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 7>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Сеизмологија
    Posted: 29-Mar-2008 at 14:45
Мустафа пашината џамија е предмет на истражување на еден меѓународен научно-истражувачки проект PROHITECH (Earthquake Protection of Historical Buildings by Reversible Mixed Technologies) во склоп на 6-тата рамковна програма. Повеќе за проектот на www.prohitech.com. Во истиот е вклучена Македонија преку Градежниот факултет и ИЗИИС.
Освен џамијата, предмет на истражување се готската катедрала Fossanova Abbey во Италија и црквата Св. Никола во Македонија. За потребите на проектот ќе се направат реални физички модели на објектите во соодветна размера и ќе се применат различни мерки за зајакнување на истите. Моделите ќе се испитаат на вибро платформа во ИЗИИС. Нешто се ИЗИИС и кратко за џамијата има на www.iziis.edu.mk/departments/dep222.htm.

Ако сте заинтертесирани за фотографии од испитувањето на џамијата може да се објават тука.

Инфо за проектот: http://www.cisr.iri.titech.ac.jp/CISR/other/files/WS-Civic/WS3/presentation/01-Mazzolani.pdf


Edited by pbanks - 20-Jul-2008 at 18:42
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 29-Mar-2008 at 15:06
Thumbs%20Up

Како го ископа ова? Smile

Edited by Cloverstack - 29-Mar-2008 at 15:07
Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 29-Mar-2008 at 16:42
вклучен сум и јас Banana
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 29-Mar-2008 at 16:43
Originally posted by medo

вклучен сум и јас Banana


Мислиш, во реконструкцијата? Ај објасни поубаво за што се работи..
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 29-Mar-2008 at 16:45
Originally posted by La Linea

Originally posted by medo

вклучен сум и јас Banana


Мислиш, во реконструкцијата? Ај објасни поубаво за што се работи..


Не во реконструкцијата, туку во научно-истражувачкиот проект.
Веројатно реконструкцијата се погодила во исто време.
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 16-Jul-2008 at 13:42

УСПЕШНА ПРОВЕРКА НА ОРИГИНАЛНА МАКЕДОНСКА ИНОВАЦИЈА

„Воден душек“ штити од земјотреси

На моделот на црквата „Свети Никола“ од Псача, заштитена со македонска иновација, немаше ниту пукнатина по симулираниот земјотрес кој направил катастрофа во Црна Гора во 1979 година


Освен што се поместуваше по десетина сантиметри лево-десно, немаше никакви други последици за макетата на црквата

Моделот на црквата „Свети Никола“ од Псача, Крива Паланка, на сеизмичката платформа вчера се тресеше на земјотресот од девет степени според Меркалиевата скала. Земјотресот, кој со ваква силина во 1979 година направи катастрофа на црногорското крајбрежие, сега не успеа да направи ниту една пукнатина. Освен што се поместуваше по десетина сантиметри лево-десно, што беше очекувано, немаше никакви други последици за објектот. Ваква успешна проверка вчера во скопскиот Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија помина оригиналната македонска иновација наречена „воден душек“, со која сите видови објекти максимално се заштитуваат и од најсилните земјотреси. Освен тоа, пронајдокот овозможува целиот објект да може да се врти околу сопствената оска, така што влезот во објектот може да биде на источната страна, а другпат на западна, северна или јужна. Оригиналното решение на авторите Љубомир Ташков, Мирче Кокалевски и Антим Антимовски, кое досега беше тестирано на резервоар за течности, сега беше проверено врз верски објект. Тоа е направено во рамките на европскиот проект ПРОХИТЕК, чија цел е да ја унапреди заштита од земјотреси на културно-историски споменици. Во овој проект се вклучени 15 универзитети од 12 европски и медитерански земји и решенијата што досега се проверувани сигурно ќе најдат примена. Во скопски ИЗИИС досега беа испитани можностите за заштита на уште две методи - реверзибилна метода врз моделот на Мустафа-пашина џамија од Скопје и од катедралата Фосанова од местото Инверно во близина на Рим, Италија.

ЗАПРЕНО РАЗУРНУВАЊЕ

Мирче Кокалевски, еден од авторите на иновацијата, објаснува дека „водениот душек“, односно, течен слој што се инсталира помеѓу подлогата и објектот, успева да ги елиминира разорните сили и енергија, кои при земјотресот го уриваат објектот. Едноставно, не постои повеќе директна поврзаност на објектот со подлогата. Тој „плива“ на душекот и кога има потрес само се поместува лево-десно. Објектите на кои ќе се инсталираат ваквите „душеци“ може да ги издржат и најсилните земјотреси што досега се случија на земјата - вели тој.Иноваторите објаснуваат дека методата многу лесно се применува при градбата на објектите.Кога ќе се направи првата, темелна плоча, на која почива објектот, се прави уште една, и обрач околу нив кој има ја држи течноста. Потоа, објектот продолжува да се гради со многу помали трошоци. Односно, не е потребно да се вградуваат железо и цементот колку што досега беше потребно. Пресметавме дека цената на градбата на објектите може да биде и до 30 отсто поевтина отколку со досегашните методи - објаснува инженерот Љупчо Ташков.Но, овој пронајдок, кој во 2001 година беше прогласен за патент на годината во нашата земја и кој на саемот за иновации „Еурека“ во Брисел доби сребрен, а во Сеул - златен медал, засега е неискористен. Иако теоретски е научно поткрепено и практично проверено, досега никој во земјата не се заинтересирал за примена на иновацијата при градбата на објектите. Ми се чини дека постои страв и навика фирмите да градат на класичен начин, како досега. Тоа треба да се менува - изјави Кокалевски.

БЕЗГРАНИЧНА ПРИМЕНА

Професор Федерико Малоцани од италијанскиот универзитет „Федерико Секондо“ од Неапол, кој е и главен координатор на проектот, вчера изрази задоволство од тестирањето на македонската иновација.Се радувам што истражувањата ќе се потврдат со овој проект. Ова е важен проект со широка примена и македонскиот удел во него е значаен. Најважните практични истражувања се спроведени тука. На огромен број културно-историски споменици им е потребна заштита. Овој и другите пронајдоци ќе имаат голема примена - истакна професор Малоцани. Авторите укажуваат дека наспроти сите квалитети, нивната иновација досега не добила никаква поткрепа.Не добивме никаква помош од државата за афирмација на пронајдокот, кој би можел да стане и македонски бренд. Зошто државата да не застане зад иновација што може да стане нешто по што Македонија ќе се препознава во светот? - укажа Ташков.Оригиналните и единствени решенија до кои дошле македонски иноватори се' уште лежат во фиоки или се применети само во мал број случаи. Слична судбина имаат околу 200 нови пронајдоци, колку што во просек годишно се презентираат во земјава, од околу 3.000 иноватори. Најмногу од нив остануваат без шанси за масовно производство. Македонските иноватори во последните 15 години освоиле 44 златни, 23 сребрени и 10 бронзени медали на врвни светски саеми на иновации во Брисел, Женева, Мароко и во други светски метрополи.

Дневник




Edited by pbanks - 20-Jul-2008 at 18:42
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 23-Jul-2008 at 01:49
„Водниот душек“ веројатно ќе отпатува во Азербејџан
Скопје
Проектот за заштита од земјотреси наречен „воден душек“, кој неодамна беше претставен во просториите на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, најверојатно ќе заврши во Азербејџан, поради недоволната заинтересираност од нашите фирми и инвеститори. Професорот Љубомир Ташков, кој е еден од иноваторите на овој патент, вели дека тој бил претставен на вкупно 24 светски конференции, а за разлика од кај нас, голем интерес за него имало од Турција, Италија, Канада и Азербејџан. Ташков со своите соработници наскоро ќе го претстави „водниот душек“ во Баку пред околу 500 луѓе од познати градежни фирми.

ЗГРАДИ МОЖЕ ДА СЕ ВРТАТ ВО КРУГ

„Водниот душек“, според објаснувањето на Ташков, е активен безбедносен систем што ја намалува опасноста од уривање на објектот при силен земјотрес за најмалку пет отсто. Се состои од базен во кој се прави вдлабнатина од еден до два сантиметри каде што се става течноста. Подобро е да се стави масло наместо вода. Потоа се прави лизгачка плоча одлепена од базенот, а на неа има два отвора за цевки од каде што влегува течноста. Има и федери кои го центрираат објектот за време на земјотрес и спречуваат тој да се урне.
- Освен што ја зголемува безбедноста, тој овозможува да го поместувате објектот, односно да го ротирате како што ќе посакате, со помош на преси - објаснува професорот Ташков.
Изумот бил патентиран уште во 2001 година, но досега немал соодветна примена, иако добил повеќе награди како „патент на годината“ во земјава, златна плакета во Сеул и сребрена во Брисел.

НАЈРИЗИЧНИ СЕ НАДГРАДБИТЕ НА СТАРИТЕ ОБЈЕКТИ

Објектите во Скопје се главно добри, но некои се лошо проектирани и изведени, смета Михаил Гаревски, директорот на ИЗИИС.
- Најризични се тие што го преживеале земјотресот од 1963 година, а сега се надградени или доградени. Исто така, до пред две години градителите немаа обврска да добијат мислење за издржливоста на нивните проекти и тогаш многу малку од нив доаѓаа на консултации. Сега ситуацијата е сосема поинаква и секој мора да добие мислење од надлежна институција за да може да гради. Сепак, недостаток е тоа што не е прецизирано која институција е надлежна - додава Гаревски.
Според него, земјотресот од 1963 година бил лекција за градителите и го променил начинот на градење. - Традицијата која е воспоставена во минатото, не е прекината. Но, постои разлика во градењето. До 1963 година постојат само скелетни системи во кои носечките ѕидови се од тула, а меѓукатната конструкција не беше плоча туку ситно ребраста конструкција и затоа дојде до големи оштетувања. По земјотресот се градат рамковни скелетни системи или најчесто комбинација на рамки и армиран бетон, кои се побезбедни - истакна Гаревски.

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1071&ArticleID=59039
Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 25-Jul-2008 at 11:48
Originally posted by dejan

УСПЕШНА ПРОВЕРКА НА ОРИГИНАЛНА МАКЕДОНСКА ИНОВАЦИЈА

„Воден душек“ штити од земјотреси

На моделот на црквата „Свети Никола“ од Псача, заштитена со македонска иновација, немаше ниту пукнатина по симулираниот земјотрес кој направил катастрофа во Црна Гора во 1979 година


Освен што се поместуваше по десетина сантиметри лево-десно, немаше никакви други последици за макетата на црквата

Моделот на црквата „Свети Никола“ од Псача, Крива Паланка, на сеизмичката платформа вчера се тресеше на земјотресот од девет степени според Меркалиевата скала. Земјотресот, кој со ваква силина во 1979 година направи катастрофа на црногорското крајбрежие, сега не успеа да направи ниту една пукнатина. Освен што се поместуваше по десетина сантиметри лево-десно, што беше очекувано, немаше никакви други последици за објектот. Ваква успешна проверка вчера во скопскиот Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија помина оригиналната македонска иновација наречена „воден душек“, со која сите видови објекти максимално се заштитуваат и од најсилните земјотреси. Освен тоа, пронајдокот овозможува целиот објект да може да се врти околу сопствената оска, така што влезот во објектот може да биде на источната страна, а другпат на западна, северна или јужна. Оригиналното решение на авторите Љубомир Ташков, Мирче Кокалевски и Антим Антимовски, кое досега беше тестирано на резервоар за течности, сега беше проверено врз верски објект. Тоа е направено во рамките на европскиот проект ПРОХИТЕК, чија цел е да ја унапреди заштита од земјотреси на културно-историски споменици. Во овој проект се вклучени 15 универзитети од 12 европски и медитерански земји и решенијата што досега се проверувани сигурно ќе најдат примена. Во скопски ИЗИИС досега беа испитани можностите за заштита на уште две методи - реверзибилна метода врз моделот на Мустафа-пашина џамија од Скопје и од катедралата Фосанова од местото Инверно во близина на Рим, Италија.

ЗАПРЕНО РАЗУРНУВАЊЕ

Мирче Кокалевски, еден од авторите на иновацијата, објаснува дека „водениот душек“, односно, течен слој што се инсталира помеѓу подлогата и објектот, успева да ги елиминира разорните сили и енергија, кои при земјотресот го уриваат објектот. Едноставно, не постои повеќе директна поврзаност на објектот со подлогата. Тој „плива“ на душекот и кога има потрес само се поместува лево-десно. Објектите на кои ќе се инсталираат ваквите „душеци“ може да ги издржат и најсилните земјотреси што досега се случија на земјата - вели тој.Иноваторите објаснуваат дека методата многу лесно се применува при градбата на објектите.Кога ќе се направи првата, темелна плоча, на која почива објектот, се прави уште една, и обрач околу нив кој има ја држи течноста. Потоа, објектот продолжува да се гради со многу помали трошоци. Односно, не е потребно да се вградуваат железо и цементот колку што досега беше потребно. Пресметавме дека цената на градбата на објектите може да биде и до 30 отсто поевтина отколку со досегашните методи - објаснува инженерот Љупчо Ташков.Но, овој пронајдок, кој во 2001 година беше прогласен за патент на годината во нашата земја и кој на саемот за иновации „Еурека“ во Брисел доби сребрен, а во Сеул - златен медал, засега е неискористен. Иако теоретски е научно поткрепено и практично проверено, досега никој во земјата не се заинтересирал за примена на иновацијата при градбата на објектите. Ми се чини дека постои страв и навика фирмите да градат на класичен начин, како досега. Тоа треба да се менува - изјави Кокалевски.

БЕЗГРАНИЧНА ПРИМЕНА

Професор Федерико Малоцани од италијанскиот универзитет „Федерико Секондо“ од Неапол, кој е и главен координатор на проектот, вчера изрази задоволство од тестирањето на македонската иновација.Се радувам што истражувањата ќе се потврдат со овој проект. Ова е важен проект со широка примена и македонскиот удел во него е значаен. Најважните практични истражувања се спроведени тука. На огромен број културно-историски споменици им е потребна заштита. Овој и другите пронајдоци ќе имаат голема примена - истакна професор Малоцани. Авторите укажуваат дека наспроти сите квалитети, нивната иновација досега не добила никаква поткрепа.Не добивме никаква помош од државата за афирмација на пронајдокот, кој би можел да стане и македонски бренд. Зошто државата да не застане зад иновација што може да стане нешто по што Македонија ќе се препознава во светот? - укажа Ташков.Оригиналните и единствени решенија до кои дошле македонски иноватори се' уште лежат во фиоки или се применети само во мал број случаи. Слична судбина имаат околу 200 нови пронајдоци, колку што во просек годишно се презентираат во земјава, од околу 3.000 иноватори. Најмногу од нив остануваат без шанси за масовно производство. Македонските иноватори во последните 15 години освоиле 44 златни, 23 сребрени и 10 бронзени медали на врвни светски саеми на иновации во Брисел, Женева, Мароко и во други светски метрополи.

Дневник




Никако не смее да се занемари фактот дека иновацијата на ИЗИИС, во конкретниот случај со црквата во с. Псача, е применета во рамките на меѓународниот научно-истражувачки проект PROHITECH, финансиран од Европската комисија. Носител на проектот е проф. Federico Mazzolani од универзитетот во Неапол-Италија, а контрактор т.е. партнер од Македонија е Универзитетот "Св. Кирил и Методиј", односно Градежниот факултет од Скопје. ИЗИИС е субконтрактор во проектот.
Ова треба да се потенцира за да не се создава искривена слика особено преку средствата за јавно информирање дека испитувањата направени во ИЗИИС се нивна инвестиција, односно дека целиот настан бил организиран за да се претстави патент на ИЗИИС. Напротив, се искористи можност да се поканат медиумите и МПЦ да присуствуваат на несекојдневен настан што се одвива во рамките на меѓународниот проект.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 17-Aug-2008 at 00:11

Engineer a skyscraper capable of surviving an intense "Big One" simulation.  -  (уште само водениот душек за споредба фали...)

__________________________________________

__________________________________________

How bad can you make it? Create a tornado and see what happens. 




Edited by beTon - 31-Oct-2008 at 23:36
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 31-Oct-2008 at 23:02

Со „воден душек“ во темелите гарантирана заштита од најсилни земјотреси

Во рамките на европскиот проект за заштита на културно-историските споменици од земјотреси што се спроведуваше четири годиони, тестирани се три иновации применети на модели на црквата „Свети Никола“ во Псача, на Мустфапашината џамија во Скопје и на катедралаата „Фосанова“ во италија. Базната изолација со вода, изум на македонски стручњаци, црквата во Псача ја направи неуништлива на најсилниот земјотрес што се случил во светот.

ТЕСТИРАЊА НА СЕИЗМИЧКА ПЛАТФОРМА ВО ИЗИИС

Со нови темели, таканаречени „воден душек”, кои се македонска иновација од 2001 година, црквата „Свети Никола”во Псача, Крива Паланка, не може да ја оштети ниту најсилниот земјотрес што досега се случил во светот. Пробата направена на платформа во Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија - ИЗИИС покажа дека вака базно изолирана оваа византиска црква од 16 век без ниту најмала пукнатина издржува реален земјотрес, за кој како репер е земен оној со интензитет од девет Меркалиеви степени, кој направи пустош во Петровац, Црна Гора, во 1979 година. Експертите од ИЗИИС се уверени дека и многу поголеми возбуди не би предизвикале ниту една пукнатина. Без базната изолација овој објект, онаков каков што е сега, според тестирањето на платформата во Институтот, првите оштетувања ги доби на земјотрес со четири пати помал интензитет од оној во Петровац.

Тестот на црквата во Псача е само дел од европскиот проект ПРОХИТЕК- „Сеизмичка заштита на културно-историските споменици со примена на реверзибилни мешовити технологии”, финансиран со три милиони евра од Европската комисија. Од овој проект, во кој се вклучени 12 земји и по четири години спроведување треба да заврши на 30 септември, произлегоа уште две иновации за заштита од земјотреси на културно-историските споменици, кои ги „положија” тестовите во ИЗИИС. Едната, наречена повратна технологија, беше проверена на макета на Мустафапашината џамија во Скопје, а другата, висока технологија на жици со голема носивост, на модел на катедралата „Фосанова” во местото Инверно, 60 километри јужно од Рим. Учесниците во проектот велат дека не вршеле истражувања само заради истражувања, туку изумиле применливи технологии, за што доказ е тоа што Мустафапашината џамија сега се реновира со примена на технологијата тестирана во ИЗИИС.

На платформата која симулира земјотрес макетата на црквата „Свети Никола”, три и пол пати помала од вистинскиот објект, со новата базна изолација не само што не напукна туку и не се изместуваш е од првобитната позиција повеќе од десетина сантимери. Оригиналното решение на авторите Љубомир Ташков, Мирче Кокалевски и Антим Антимовски досега беше тестирано на резервоар за течности. Еден од иноваторите, Мирче Кокалевски, објаснува дека се работи за две плочи, темелна и горна, која е за објектот. Меѓу нив има флуид кој не дозволува вибрацииите од тлото да се пренесат на објектот. Директорот на ИЗИИС Михаил Гаревски додава дека при зголемен притисок малиот слој вода меѓу плочите на некој начин ја подига црквата и ја прави бестежинска, така што триењето меѓу неа и тлото, односно фундаментите е многу мало, па практично никаква сила од земјотресот не може да се пренесе на самиот објект. Раководителот на тимот иноватори Љубомир Ташков, пак, вели дека водниот душек нуди стоотстотна заштита од најјаки земјотреси. „Може да се примени на кој било објект, но посебно е евтин за новите. Кај нив малку се интервенира во фундаментот, се прави уште една плоча и на неа се почнува да се гради. Ако објектот е стар, треба да се поткопа и плочата да се вметне дополнително”, појаснува тој и додава дека со примената на оваа технологија градбата станува поевтина зашто ќе треба да се вградат помалку железо и цемент. „Пресметавме дека цената на градбата на објектите може да биде и до 30 отсто поевтина отколку со досегашните методи”, потенцира инженер Ташков. Иновацијата е патентирана, но с¢ уште не е применета во Македонија иако во 2001 година беше прогласена за патент на годината во нашата земја, на саемот за иновации „Еурека” во Брисел доби сребрен, а во Сеул - златен медал.

Првото тестирање во рамките на „ПРОХИТЕК” направено е на модел на Мустафапашината џамија во размер 1:6, и тоа, исто така, се покажа успешно. Професорот Кирил Граматиков од Градежниот факултет во Скопје, одговорен за сите експерименти што се спроведуваат во рамките на проектот, вели дека и во овој случај е применета иновација, која за разлика од онаа на црквата во Псача не е македонска, туку е резултат главно на македонски и италијански стручњаци. „Направивме испитувања и предложивме технологија со нови материјали и таа веќе се применува за реконструкција на џамијата. Тестот покажа дека имаме голем успех со примена на таканаречени нови, специфични технологии, зајакнување со сосема поинаква технологија од онаа за црквата во Псача. Зајакната со новата повратна, односно реверзибилна технологија џамијата издржа реален земјотрес, со оштетувања кои не ја разурнаа конструкцијата, па таа може да се санира. Без зајакнувањето таа напукна на двојно послаб земјотрес”, вели тој и појаснува дека ова не е техника која нема да функционира по првиот земјотрес, туку лесно може да се замени и да се аплицира нова, па затоа е важно да биде евтина и современа.

Трета технологија за заштита од земјотрес е применета на катедралата “Фосанова” во Италија, која датира од 15 век. Неа ја избрала италијанската влада бидејќи е една од најкарактеристичните во земјата. Применета е висока технологија за зајакнување со жици со голема носивост. „Моделот, пет пати помал од реалниот објект, беше испитан во повеќе фази и оваа технологија помогна конструкцијата на катедралата да не се урне и на реален земјотрес. Оригиналната, незајакната конструкција покажа механизам на лом во внатрешниот дел на 40 проценти од реалниот земјотрес. Италијанската влада беше многу задоволна од резултатите и сега чекаме четворица нови луѓе со кои ќе се договриме за експерименти за нивни потреби, кои не се од интерес за нашиот проект, односно за практична апликација, зашто таа катедрала е карактеристична и технологијата може да се примени на голем број такви објекти во Италија”, објаснува Граматиков.

Зграда што се врти
„Особено приватниците, кои имаат доволно средства за градење на екстравагантни објекти, ако не се заинтересирани за заштита од земјотрес, можат да направат ваков систем за друго, за да го ротираат објектот како што сакаат, кон исток, запад... ако не им се допаѓа соседството, и тоа се две обични преси за подигнување автомобил”, ги објаснува можните примени
на водниот душек неговиот изумител професорот Љубомир Ташков. Тој додава дека овој метод е многу поевтин од оној со мали перничиња под висок притисок кој се применува во светот, па посочува дека за да се совладаат 25 тони, потребни се 200 литри вода, така што за една петкатница што тежи 5.000 тони ќе бидат потребни околу 50 кубици вода. За подигнување на објектот потребен е многу низок притисок, па на пример зграда од 1.000 тони може да се заврти со преса од 100 тони.
Раководителот на „ПРОХИТЕК” професор Федерико Мацолани од италијанскиот универзитет „Федерико Секондо” од Неапол е задоволен од резултатите на проектот. Во него учествуваа над 100 истраж увачи од 15 универзитети во Македонија, Италија, Романија, Словенија, Турција, Грција, Португалија, Белгија, Мароко, Алжир, Египет и Израел, но Мацилани го нагласува македонскиот удел во него, бидејќи најважните практични истражувања се спроведоа кај нас. „На огромен број културно-историски споменици им е потребна заштита. Овие пронајдоци ќе имаат голема примена”, истакнува тој и најавува дека ќе аплицираат и за друг проект, кој за база ќе го има овој. „Сакаме да продолжиме во овој правец. Материјалот што треба да се истражи е толку голем, што не можеме да запреме на ова ниво”, вели тој.

Porta3 - С.Вукичевиќ - бр 87

Катедрата по Теорија на Конструкции на Градежниот факултет - www.ktk.gf.ukim.edu.mk

PROHITECH - www.prohitech.ukim.edu.mk
www.prohitech.com


Edited by beTon - 13-Mar-2009 at 20:33
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 01-Nov-2008 at 03:04

IZIIS - Department Name: Building Structures and material: design, analysis and testing

Bilateral Scientific Project

Project 1:
Title: “Reduction of Seismic Vulnerability of RC Building Structures Based on EC8-Application in Bulgaria and Macedonia”,
Period of realization: (2006-2008)
Investors: Ministry of Education and Science of Republic of Macedonia, Ministry of Science of Bulgaria
Abstract: The primary goal of the project is reduction of seismic vulnerability of RC buildings in the territory of Republic of Macedonia and Bulgaria. The ultimate goal of the planned investigations is elaboration and definition of a procedure for design of seismically resistant RC buildings in accordance with the recent performance based criteria pertaining to the European Technical Regulations, (Eurocodes). In more detail, the project objectives are:
Detailed investigation of the principles, the criteria and the rules of the European Standard for Seismic Design or EN1998: Design of Structures for Earthquake Resistance", (EN 1998-1:2004).
Development of procedures for as much as possible realistic definition of bearing and deformability capacity of structural elements for the defined performance levels incorporated in EC8, in order to perform realistic evaluation of seismic resistance of RC buildings based on EC8.
Quantitative definition of engineering indicators as criteria for the performance of structural elements and integral structures.
Development of a handbook devoted to theoretical approaches used in EC-8 and numerical examples illustrating the application of the analytical methods.

Project 2:
Title: Repair, Strengthening, Revitalization and Adaptation of an Enlarged School Building into a House of Correction in Kumanovo
Period of realization: (2007-2008)
Investor: Ministry of Justice of Republic of Macedonia
Abstract: The main project for repair, strengthening, revitalization and adaptation of a school building into a house of correction has been elaborated based on the required strength and deformability characteristics of the elements and the system as a whole, the Rulebook on Construction of Buildings in Seismic Areas, the special requirements considering the function of the structure as well as the possibilities for adding new elements in the structure. From among a number of variant solutions, the most appropriate solution has been selected from the economic aspect and from the aspect of satisfying the strength and deformability requirements from the valid technical regulations.

Project 3:
Title: Repair and Seismic Strengthening of Mustapha Pasha Mosque in Skopje
Period of realization: (2007-2008)
Investors: TIKA, Turkey and National Conservation Center of Republic of Macedonia
Abstract: The project task is elaboration of a main project on repair and seismic strengthening of Mustapha Pasha Mosque in Skopje. The main principles of seismic strengthening are (I) application of new technologies and materials, (II) reversibility and (III) invisibility of the applied technique. Based on the submitted architectonic data, the investigations of the soil conditions, the investigations of the characteristics of the built-in materials, visual inspection of the structure as well as previous experimental investigations of a mosque model, a solution for repair and strengthening of the existing structure is to be elaborated, followed by a detailed analysis and computation of the bearing system under gravity and seismic loads.

Project 4:
Title: Sixth Framework Programme: Earthquake Protection of Historical Buildings by Reversible Mixed Technologies (PROHITECH)

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 10-Feb-2009 at 01:40

информацијава можеби не е за тука, но во недостаток од сеизмолошко едукативна нишка нека оди сега тука.

Апокалиптична брана  

Земјотресот кој минатата година уби најмалку 80.000 жители на кинеската провинција Сечуан и остави повеќе од 5 милиони луѓе без дом, најверојатно бил предизвикан од огромната брана, изградена на само неколку километри од епицентарот.

155 метри високата брана Зипингпу задржува 315 милиони тони вода и лежи на само 500 метри од тектонска пукнатина. Кинеските и американските научници веруваат дека тежината на водата и ефектот на пенетрирање во карпата, можеби влијаеле врз притисокот на пукнатината.

Фан Ксиао, главниот инженер во Геолошокото биро во Ченгду, вели дека голема е веројатноста изградбата и полнењето на резервоарот во 2004-та година, да довеле до големата катастрофа. Како дополнителен доказ го наведува фактот што никогаш претходно не се случиле поголеми сеизмички активности во таа област.

Од вкупно 400 хидроелектрични брани кои се наоѓаат во близина, Зипингпу е единствената која е лоцирана во зоната на потресот. Владата залудно била предупредена од опасноста која со себе ја носи изградбата на еден таков проект.

Причината за земјотресот со јачина од 7,9 степени сe уште важи за осетлива тема за кинеските власти. На истражувачите кои сакаа да продолжат со испитување на земјотресот, им беше забранет пристапот до сеизмолошките и геолошки податоци.

Иако Сечуан е регион склон на земјотреси, сепак многу научници беа изненадени од јачината на катастрофата од мај 2008-ма година. Причина за голем број потреси низ светот биле токму браните, вклучувајќи ги и неколкуте предизвикани од изградбата на американската брана Хувер, но ниту еден не бил со толкава јачина.

Он.Нет - 03.02.2009

Брана го предизвикала големиот земјотрес во Сечуан - Утрински - 10.02.2009

Постои опасност 69 брани да попуштат, иако се преземаат чекори за намалување на тој ризик - Утрински - 27.04.2008

интересно вели биле предупредени, но кој би поверувал дека неаргументирано предупредување може да застане посреди на потребата за економски и енергетски развој, уште повеќе што во кина има многу малку простор за компромиси на  ова поле, во спротивно тигарот ќе стане маче! незнам кај нас како стојат работите и колку постојниве акумулации околу скопје можат да влијаат на евентуални тектонски раздвижувања, но не ми се верува институтот да има доволно опрема и кадар за пообемни истражувања кои би можеле да предвидат прецизно вакви геолошки нус ефекти,  иако експертите таму се се добро расположени и светски признати Smile

Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 10-Feb-2009 at 01:51
Originally posted by beTon

незнам кај нас како стојат работите и колку постојниве акумулации околу скопје можат да влијаат на евентуални тектонски раздвижувања, но не ми се верува институтот да има доволно опрема и кадар за пообемни истражувања кои би можеле да предвидат прецизно вакви геолошки нус ефекти,  иако експертите таму се се добро расположени и светски признати Smile



Моја претпоставка е дека за да се влијае на тектонските раздвижувања потребни се брани односно акумлации поголеми од оние кои што се во околината на Скопје. Многу интересен текст инаку, не знаев дека акумулациите можат да влијаат на тектонските раздвижувања - тоа ме загрижува помалку
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 10-Feb-2009 at 02:29

абе и малку сол може да отвори голема рана, но треба како во случајот со кина да е посолен бар блиску до раната Smile е сега незнам каде и како поминуваат раседити под скопје и колку ова скопските акумулации можат да извршат притисок врз истите тие раседи, барав на нет каде има жаришта во скопската котлина и околина, но нема скоро ништо инфо освен две карти на МКД кои колку толку кажуваат доволно, според долнава карта скопските раседи буквално лежат под вештачките акумулации околу скопје, е сега дали некој размислувал за ова и дал позитивно мислење околу изградбата на браните(пред се мислам на ИЗЗИС) или пак водени од енергетските потреби овие аргументи се ставени во втор план тоа времето ќе покаже.

На епицентралната карта се прикажани епицентрите на земјотресите, чии магнитуди се поголеми од 4 степени според Рихтеровата скала а кои потекнуваат од територијата на Република Македонија во периодот од 1900 - 2000 година. раседите се прикажани со црвени линии.   

Изосеисти се линии кои ги спојуваат местата од Земјината површина во коишто еден земјотрес е пројавен со ист степен на земјотресниот интензитет.



Edited by beTon - 14-Mar-2010 at 15:59
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 10-Feb-2009 at 03:40
Па нормално е дека влијаат браните. Гледано макроскпски земјата и не е некое тврдо тло! Нормално е кога една голема количина вода ќе натежне врз едно тло да се јаван и т.н. тензори! Јас нашиве не би ги споредувал со Кинеските кои се далеку поголеми и повасивни. Тамо буквално се градата вештачки мориња.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 10-Feb-2009 at 22:23
според ова втората карта на изосеисти, најголемата концентрација на овие повторувања на земјотреси со ист интензитет има некаде на потегот Стрежево и Бигла. она што го имам чуено за стрежево е дека браната не била сигурна почнала да попушта брзо по изградбата па истата на повеќе места морале да ја пунктираат со длабоки бетонски шипови како би спречиле евентуално свлекување со што би попуштила браната и би го поплавила јужниот дел од Пелагонија, донекаде Битола... е сега ова е сигурно последица најверојатно на недоволни геомеханички испитувања што малку ми е сомнително или пак станувало збор за реметење од константни изосеисти, тоа само можам да нагаѓам, сепак реално браната според првата карта лежи на расед, па не е и така нелогично проблемите заради кои морале да создадат инекционо - ревизиона галерија да биле настанати од сеизмолошка активност!

Edited by beTon - 10-Feb-2009 at 22:24
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 10-Feb-2009 at 22:38
Beton попуштањето на барните не е воопшто врзано со трусни подрачја и тензори. Сега скоро имаше некоја брана знакај гевгелија исто така процури од страните па се зтаваа незнам какви некои бетонски прачки ли незнам што беа, се пунеа со бетон дополнително темелите!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 10-Feb-2009 at 23:12

па се е можно денес Smile со какво темпо и кава опрема гледаат се да закрпат не ме чуди причини за проблеми да се лоша изведба и слабо гео испитување и врз основа на тоа проектирање, но кај сите постари акумулации ваквите недостатоци се до перфекција избегнувани, посебно кога во испитувањата и проектирањата биле вклучени словенци(или хрвати) како што било случајот со стрежево. е сега колку и да верувам дека брана може да попушти од антрополошки фактор  сепак за такво нешто да се случи најголема беља мислам дека е геолошко раздвижување...

инаку тоа бетонските прачки се тие бетонски шипови што ги спомнувам претходно така ги викаат геомеханичарите, значи тоа полнењето-пунктирањето со бетон е со цел да се зајакне структурата на браната а не на темелите, односно поентата е насипот да се врзе, атемелите не ми е јасно како може да се полнат дополнително со темел!

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 11-Feb-2009 at 06:56
Не знам како се викаат, дали се шипови ли темели ли се него почна да цури вода околу браната, значи низ карпата ли, низ почвата ли, незнам. Се работи иначе за Турија, сега се информирав!

Edited by lslcrew - 11-Feb-2009 at 07:04
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 20-Feb-2009 at 14:31

Мапирање на геолошките опасности на Балканот - 05.05.2008  

Југоисточна Европа е еден од деловите на континентот кој е најмногу склон на земјотреси, но сепак досега не постоеше заеднички регионален пристап за проценување на овие геолошки опасности. Оваа ситуација би требало да се промени со новиот проект за мапирање.

Балканскиот полуостров има најсложени тектонски карактеристики во Европа. Сеизмичката активност предизвика низа катастрофални земјотреси во регионот, кои уништија цели села и однесоа многу животи.

Со помош на донацијата од американската Фондација за цивилно истражување и развој (ЦРДФ), мал тим стручњаци од Албанија, Бугарија, Косово, Македонија, Црна Гора и Романија направија нова мапа која ги прикажува геолошките опасности во нивните земји. Овој проект претставува прв обид да се направи хомогена, комбинирана мапа на геолошките опаности на Балканот.

Досега, ова беше правено посебно од разни организации и агенции, често користејќи различни методологии. Но, земјотресите и другите опасности не почитуваат државни граници. Проблемите како пренаселеноста, брзите и лоши конструкции и несоодветните подготовки постојат во многу земји. Експертите се согласуваат дека одамна беше потребен заеднички пристап. Новиот проект ветува дека ќе го отвори патот за идна соработка.

Првата историска документација за земјотресите на Балканот датира од шестиот век п.н.е. Со текот на годините, многу градови беа многу оштетени или во некои случаи целосно уништени од земјотреси. Во просек, во регионот секоја година се случува по еден земјотрес од 6,3 степени. Само во минатиот век забележани се над 80 катастрофални земјотреси.

Што предизвикува ваков геолошки немир? На Балканот влијаат големите литосферски плочи на Евроазија и Африка, како и помалите целини како Арапската плоча и Јадранската микроплоча. Покрај тоа, бројните активни тектонски целини кои се наоѓаат во внатрешноста на регионот ја зголемуваат оптовареноста, што одвреме навреме предизвикува голема сеизмичка активност.

Колку и да се силни, земјотресите не се единствената закана. Чести се и одроните на земјиштето. Тука се и појавите како процесите на поминување во течна состојба, одрони на карпи, ерозија, спуштање на земјиштето и ширење на почвата. Овие, исто така, можат да ја загрозат животната средина, човечкиот живот и економијата.

Иако геолошките опасности долго влијаеа врз животот на Балканот, заради неодамнешните социоекономски и политички промени сега е уште повеќе потребно соодветно решение. По падот на комунизмот, повеќето земји во регионот започнаа брза транзиција од тоталитаризам во демократија. Наглиот развој на слободниот пазар доведе до неконтролирано движење на луѓето, брза изградба на стамбени и други објекти и несразмерна концентрација на луѓето во големите градови и околу нив.

Во комбинација со тектонските карактеристики на регионот, овие трендови укажуваат на потенцијални катастрофи во иднина. Се повеќе е важно да се разберат, проучат и мапираат елементите на геолошките опасности со цел да станеме свесни за штетата што би можеле да ја предизвикаат.

Новиот проект за мапирање е иновативен на повеќе начини. Пред се, настана преку Интернет, кој им овозможи комуникација на тимовите од различни земји. Тимовите, исто така, одржаа работилница во Охрид, Македонија на крајот од март 2007-та година и состанок во Тирана на крајот од август истата година.

При мапирањето е користена ГИС технологија со цел да се постигне поголема ширина и прецизност. Резултатот е најсовремен алат кој обединува многу различни сетови на податоци кои овозможуваат широк преглед на потенцијалното влијание на геолошката опасност врз една заедница, област или земја. Картографијата и компилацијата на мапи ја направи Албанскиот геолошки институт во Тирана.

Сепак, најголемата новина на овој проект е можеби неговиот обид овој проблем да се согледа регионално. Во минатото, организациите во земјите учеснички користеа различни методи за собирање, прикажување, анализа и проценка на информациите за геолошките опасности. Дури и внатре во една иста земја, можат да се сретнат изненадувачки различни техники и методи употребени за една иста појава.

Достигнувањта на проектот нема да застанат тука. Авторите планираат да ја рашират нивната работа преку разни конференциски активности и резултатите да им ги стават на располагање на структурите на Балканот кои носат одлуки и прават планови, на тој начин што мапите ќе им бидат достапни на соодветните геолошки и еколошки органи.

Тие информации би можеле да им помогнат на органите поефикасно да ги користат ограничените ресурси. И покрај тоа што превентивните напори беа попречени од административните проблеми и немањето доволно средства карактеристично за земјите во транзиција, земјите од Југоисточна Европа се надеваат дека состојбата ќе се подобри -- особено во контекст на проширување на ЕУ. Три земји -- Бугарија, Грција и Романија -- веќе се членки на ЕУ. Другите се во различни фази на пристапување, од официјален статус на земји-кандидатки до преговори за Договор за стабилизација и асоцијација. Постојат разни претпристапни програми и програми за земјите-членки, кои нудат заеднички и прекугранични проекти за подобрување на патната инфраструктура и капацитетите.

SET - Бетим Мучо - 05.05.2008

Large Map
www.crdf.org/usr_doc/Map_PDF_final.pdf


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 7>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.