build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми > Наука и технологија
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сеизмологија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 7>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 25-Dec-2009 at 19:58
Originally posted by Max


скелетот е подобен доколку дрма земјотрес, додека ѕидот заради претежно слабото врзување лесно испукува, сепак ако столбот испука за него нема замена мора да се крпи, додека идот комотно може да се преѕида

кога зборуваме за ѕидови мора да правиме разлика дали се армирано-бетонски или од ѕидарија. Во секој случај коментарот беше за а.б. ѕид или пак за жакетиран ѕид.

Originally posted by Max


на кој начин се докажува сеизмичка отпорност, само со проект или за тоа е потребно и ин-ситу испитувања, незнам досега некој за надградбиве да излегол на терен и да извршува анализи на геомеханика на тло, на постојна статика на зграда, квалитет и состојба на метеријал... според мене заради недоизџвакана регулатива која е оставена само на општинските инспектори да ја спроведуваат и контролираат, и те како си играат со лавоите од пред земјотресот

Секако сеизмичката отпорност на постоечки објекти се докажува со експериментални истражувања и нумерички анализи. Дали некој излегол и вршел испитувања незнам, би требало да биде така, не навлегувам. Што се однесува до неизџвакана регулатива, мислам дека тоа не е проблем на општината туку на проектантот и инвеститорот на надградбата, како и на ревидентот на проектот. Самиот проектант треба да ги спроведе овие истражувања, нормално во соработка со инвеститорот и практично да ја докаже стабилноста и отпорноста на објектот.
'Постојна статика на објект' e уште еден грешен термин. Такво нешто не постои. Постои однесување или одговор на конструкцијата на статички товари. Под одговор се подразбира определеување на деформации и внатрешни статички сили под дејство на приложените товари (сопств. тежина, тежина од материјали, корисни товари, луѓе, мебел и сл.).

Originally posted by Max


може да биде мр по технички науки со специјализиран за статика

Како научен степен може да биде само "магистер на технички науки". Кај нас нема никакви специјализации како кај докторите. Единствено што може, но за тоа нема титула ил слично, е човекот самиот да се насочи кон работа на одредени проблеми, па оттаму да се каже 'од потесен интерес кон тоа и тоа'.
На крај човек што е 'специјализиран за статика', 'магистар по статика' или слични непостоечки кованици на зборовите нема што да каже за земјотреси од проста причина што тие се динамички влијанија, а статика и динамика се различни нешта Smile. Да не бидам лошо сфатен, немам ништо против изјавата на г-динот цитиран од новинарката, туку имам против тоа што се искривува сликата и се формираат лоши изрази за кои луѓето веруваат дека се точни и коректни.

Originally posted by Max


колку што се сеќавам од документарци тоа е бидејќи земјотресот имал специфични синусоидални бранови кои немаат рамномерен удар, туку потскокнуваат т.е. првата зграда ја фаќа другата ја рипнува па третата ја закачува итн, затоа и било ова случај а не дека другата зграда била поцврста!?!

Мислам дека си блиску, но сепак лошо си го сфатил тоа. Земјотресот бил од 'ударен' тип, односно доминантна била вертикалната компонента на потресот. Истиот се случил на мала длабочина. Воопшто немало синусоидални бранови, тие се јавуваат при далечни земјотреси, нашиов бил локален. Земјотресот бил со длабочина на хипоцентарот од 5 km, магнитуда од 5.2 по Рихтер, и интензитет во епицентарот од IX степен. Точната локација на епицентарот е 42 00.5'N и 21 27.3Е.
Mojoт коментар се однесуваше на различните услови на тлото, различниот квалитет на изведба на исти непосредно блиски објекти.

Originally posted by Max


а ова сакаш да кажеш дека кај нас е пракса

Да, пракса е, правило, закон, пропис.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 25-Dec-2009 at 21:30

ме здрма со буквар во глава, сепак тука некаде е муабетот!

значи за првото претпоставував дека говориш за ѕидарија а не за блокови мислам shear walls беше англискиот термин, сетне за ова специјализацијата не мислам како титула туку секој дипломира, магистрира или докторира на специфична материја која се подразбира дека солидно ја владее или пак како научен работник има своја област каде е неприкосновен во случајов за статика, која кај старите згради може да се утврди дали има нарушувања на истата а со тоа и дали истите обезбедуваат или не минимални стандарди за асеизмичност.

а за синусоидален бран мислам дека не сум грешка тоа е удар кој се јавува во длабочината (а не во далечина) како голем бран а потоа како оди нагоре кон површината и се намалува, односно магнитудата под површината била далеку поголема него енергијата која се јавила над земјата! е сега јас велам дека и дистрибуцијата одела нерамномерно па затоа и имало многу случаи кога бранот прерипнал објекти... http://en.wikipedia.org/wiki/Seismic_wave#Notation 

односно енергијата на површината не предизвикала (рамномерен) лонгитудален бран

туку станувало збор за нерамномерен бран на површината односно се судриле два удара кои предизвикале повржинскиот бран да не биде рамномерен, бар колку што се сеќавам ова е причината зошто се случило да има такви ситуации како едната зграда стои другата паѓа а се идентични и напоредно иградени... повторно !?! ова е коментар по сеќавање а не според потврдено сознание! исто посекако и геоморфологијата играла улога но колку и како незнам, знам постојат бранови кои се неутрализираат кога наидуваат на вода, но тоа е сосем друга тема и незнам колку во случајов има некаква врска! а тоа дека хипоцентарот бил плитко под површината првпат слушам!?!


Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 27-Dec-2009 at 08:56
Max, за ова брановите има толку многу за пишување и објаснување што нема да ми стигне целава нишка :-). Мислам дека си читал, но не си ги поврзал доволно работите. Ќе подготвам текст за сеизмички бранови, па ќе ти го доставам. Мора работите да ги поставиме како што треба, да нема забуни и лошо толкување на науката.
Единствено ќе искоментирам сега за shear walls и 'неутрализирање на брановите во вода'.
- Shear walls се всушност платна, односно конструктивни елементи што ги прифаќаат и пренесуваат товарите што предизвикуваат смолкнување на елементот, односно генерално тоа се хоризонталните сеизмички сили или сили од ветар и сл. појави.
- Сеизмичките бранови во разични почвени средини може да се амплифицираат или атенуираат. Во случај на вода или почва заситена со вода, како и меко тло тие сигурно се амплифицираат.
- Хипоцентарот бил под координатите што ги давам во претходниот пост, на 5 km под површината.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 28-Dec-2009 at 00:02

добро на нет има за сите поточно кај површинските се неколку мислам четири а кај подповршинските се повеќе линкот погоре... е сега она што незнам точно е дали синусоидалниот е дефинитвно подповршинскиот и кои бранови се јавиле како површински, односно најверојатно бидејќи алувијална почва под скопје посекако тоа допринесува до појава на реелеви површински бранови, но колку истите биле испреќинати заради присуството на вода тоа незнам, ова значи носам заклучок од она што може да се најде на нет како општа информација поконкретно  немам ништо научно за скопскиот земјотрес читнато освен некои спорадични текстови како овој http://www.meseisforum.net/1963_skopje.pdf каде на мапата може да се види колку шаренолик бил импактот врз зградите

е сега ова испреќинување на површинските релееви (рајлови) бранови се должи на рефракција на истите што е предизвикано заради постоењето на вода низ цела котлина во доволни количини за да се појави таков ефект на прескокнување на згради по мене друго објаснување тешко и да се најде, навистина е нетипично две иднтични згради изградени напоредно да имаат толку драстична резонанца...

When traveling from one layer to another, waves will experience reflection or refraction
S-waves cannot travel through a fluid (liquid or gas) - стр.3
http://www2.ups.edu/faculty/gjones/GEOL101c-Lecture02.pdf

последниов линк е изваден од наставен материјал каде има уште неколку општи но квалитетни документи за Geology 101c - Physical Geology - http://www2.ups.edu/faculty/gjones/

а еве и нешто по детално за брановите http://eqseis.geosc.psu.edu/~cammon/HTML/Classes/IntroQuakes/Notes/waves_and_interior.html

~

а за хипоцентарот можеш да извадиш некоја карта каде и кој расед точно бил!? имаше две карти во нишкава со раседи во мкд ама испариле, ако ги има некој сочувано слободно нека ги качи!

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 09-Feb-2010 at 05:59
Мостовите може да се обезбедат од земјотреси


НАТО ќе го развива иновативниот високоефикасен систем за сеизмичка изолација на мостови, со кој тие се безбедни при земјотреси, проект на Данило Ристиќ, професор по конструкторство и земјотресно инженерство на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС). Целта на проектот, кој свечено беше презентиран вчера во ИЗИИС, е развој и експериментална верификација на т.н. МЛ-ГОСЕБ систем, направен врз основа на патентиран систем на професор Ристиќ.

- Овој проект е базиран на мој патент кој обезбедува техничка сигурност на мостовски конструкции со вградување елементи за техничка изолација, за апсорпција на енергија и за редукција на поместување. Вклучува и елементи што обезбедуваат целосна просторна динамична контрола на вибрациите на објектот во текот на земјотресите. Со тоа, и во случај на најсилни земјотреси мостовската конструкција успева целосно да остане во своето линеарно подрачје. Тоа значи дека материјалите не се напрегнати над границата на нивната носивост. Сите мостови градени на овој начин остануваат сосема неповредливи. Сеизмичкиот ризик е сведен на минимум, односно е елиминиран - вели професор Ристиќ.

Тој вели дека оваа иновација е применлива и на најголемите мостови што се градат во светот со распони од еден километар и повеќе. Може да се примени и на таканаречени гредни мостови, кои се градат на балканските простори и во Македонија, а кои се армирано-бетонски, како и за сеизмичка заштита на згради, електроцентрали и други објекти од витално значење.

Овој проект е дел од проектот Сеизмичко унапредување на мостови во Југоисточна Европа со примена на иновативни технологии. Одобрен е од

агенција во рамките на НАТО во Брисел, во која постои специфична програма наречена „Наука за мир“.

Ристиќ објаснува дек е одбрана Југоисточна Европа поради високиот сеизмички ризик на транспортните мрежи во овој регион, што е сериозна закана за безбедноста на луѓето, одржливиот економски и социјален развој, па и за мирот и сигурноста.

- До денес овој ризик не е адекватно квантифициран и нема концепти за негово ублажување. На државите им недостига основа за донесување мерки што ќе ја намалат сеизмичката повредливост на транспортните системи. Ова особено се однесува на 15.000 мостовски конструкции што треба да гарантираат постојана функционалност на патните мрежи во Југоисточна Европа. Повеќето од мостовите се несеизмички градени и постари од 40 години. Се карактеризираат со висока сеизмичка повредливост, поради што итно треба да се преземат мерки - објаснува Ристиќ.

Одобрени се 300.000 евра, од кои две третини за професор Ристиќ. Ќе бидат потрошени за изработка и тестирање на прототипи, нивна верификација со аналитички модели и предлагање на протитипите за индустриско производство. Партнери се пет држави и шест универзитети, како и повеќе министерства.

- Самата програма бара една држава да биде членка на НАТО, а во овој случај тоа е Германија. Во проектот се вклучени и Албанија, Србија и Босна и Херцеговина. Сите развиени технологии и иновации во текот на овој проект ќе бидат применети на територијата на цела Југоисточна Европа - нагласува Ристиќ.

Главни истражувачи на проектот се проф. д-р Уве Дорка од Германија, а кодиректори се проф. Радомир Фолиќ од Нови Сад, Дамир Зенуновиќ од Босна и проф. д-р Аријан Лако од Албанија, кои беа присутни на презентацијата во ИЗИИС.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=33A15EC136654D4388F7501835C209C3



Edited by Cloverstack - 09-Feb-2010 at 18:12
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 12-Feb-2010 at 04:17
имтересно0 ова тогаш би можењло да се примени како систем и на други градби освен мостови или!? медо!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 02-Mar-2010 at 02:32

Градбите се сеизмички стабилни

Објектите во Скопје главно се сеизмички отпорни, а кога повторно би се случил земјотрес со јачина како катастрофалниот од 1963 година, повторно најголеми разурнувања ќе има во истите делови од градот што и тогаш најмногу настрадале, вели Вероника Шендова, раководител на одделот за згради и материјали, анализа, проектирање и тестирање во Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС). Сеизмичката градба спасува животи во случај на силни земјотреси, во што деновиве светот одново се увери по катастрофалниот потрес во Чиле со интензитет од 8,8 степени според Рихтеровата скала, во кој досега загинаа 700 лица. Благодарение на стандардите што кај нас беа воведени по разурнувањата во 1963 година, голем број од објектите во Скопје се сеизмички стабилни, особено оние што се изградени до 1990 година. Сомнеж има само за објектите по овој период, но се смета дека и тие се стабилни, оти се градени според одамна воведени прописи и правилници.

- Во случај на повторен земјотрес најмногу би настрадале деловите што се близу до раседни зони по долината на Вардар. Едната раседна зона е север-југ, а другата исток-запад во централното градско подрачје, односно делот на 14- катниците во Карпош, по булеварот Партизански одреди, потоа кај улицата Ленинова и во срцето на градот, каде што некогаш биле Офицерскиот дом и Стариот театар. Кога се гради на места на кои при земјотресот во 1963 година имало оштетувања, треба да се посвети поголемо внимание и да се направат поголеми истражни работи. Треба да се извршат геотехнички мерења на локалните почвени услови за да се види каков интензитет на земјотрес може да настане токму таму. Таков беше случајот при изградбата на црквата „Пресвета Богородица“, каде што интензитетот на земјотресот во 1963 година бил многу изразен. Сега кога повторно е изградена црквата, јас гарантирам дека таа ќе издржи земјотрес, бидејќи е ставена соодветна конструкција - вели Шендова.

Издржливоста на објектите, според неа, зависи од тоа каква е законската регулатива во една земја и колку се почитува.

- Поучени од земјотресот во 1963 година, ние имаме добра регулатива за проектирање и изградба. Во претходниот закон за градба постоеше член што ги обврзуваше оние што сакаат одобрение за градба, покрај основната документација, да имаат и мислење за сеизмичката анализа на објектот - вели Шендова.

Таа додава дека ИЗИИС до 1991 година имал убава соработка со тогашен ПУИГ, односно државното претпријатие за станови.

- Се' што се градеше доаѓаше кај нас на проверка на сеизмичката отпорност. По 1991 година немаме таков увид и таква надлежност, но сепак сметаме дека објектите се сеизмички стабилни. Објектите што минале низ наши раце и за кои може да гарантираме сеизмичка стабилност се целиот станбен фонд изграден до 1991 година во населбите Капиштец, Аеродром и во дел од Карпош. Сите проекти што дошле кај нас на ревизија апсолутно ги задоволуваат условите за сеизмичката стабилност - тврди Шендова.

Исклучок се објектите што се изградени само од тули или само од камен, кои според прописите не би требало да имаат повеќе од приземје, а имаат и по два ката.

- Станува збор за индивидуални куќи што се наоѓаат во Кисела Вода, Ѓорче Петров, Гази Баба. Тие треба да се ревидираат. Инаку, треба да се каже и дека 60 отсто од објектите во Скопје се градени пред земјотресот и за дел од нив не може со сигурност да се утврди сеизмичката издржливост, бидејќи не се градени ниту според правилникот од 1964 ниту, пак, според оној од 1981 година. Има објекти што издржале во земјотресот и се санирани. На пример, зградата на Собранието е санирана, пополнети се пукнатините и таа е вратена во состојба каква што била пред потресот. Но, сепак, на таквите објекти треба да им се направи повторна контрола, за да се види дали треба да се зајакнат - смета Шендова.

Единствена забелешка на нашата регулатива ја има на тоа што во прописите не е извршена категоризација на објектите според значење и според потребата да останат и по земјотресот, како што се училишта, болници, инфраструктурни објекти итн.

- За таквите објекти мора да се примени сето знаење на државата, односно за нив проектантите треба да имаат обврска да направат дополнителни анализи, бидејќи мора да останат во функција и по земјотрес - вели Шендова.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=74A8DAD614D6864AB51F4A221212409C
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 11-Mar-2010 at 11:02

пред некој ден Гаревски беше во бурекџилница и ја најави "скромно" но официјално 14тата Европска Конференција за земјотресно Инжињерство на која ќе се соберат светските сеизмолози, уште по атрактивно ќе биде што на истата наголемо ќе се анализираат катастрофите од хаити и чиле... да е уште и симболично поспектакуларна конференцијава доволно е што охридскиот басен како појава лежи на три тектонски плочи

 

http://www.14ecee.mk/

Announcement of the European Conference on Earthquake Engineering to be organized by the Macedonian Asociation of Earthquake Engineering (MAEE) and held in 2010

The Macedonian Association for Earthquake Engineering (MAEE) is delighted to have the opportunity to announce that, on September 3, 2006, at the 1st European Conference on Earthquake Engineering and Seismology (Geneva, Switzerland) Skopje was selected as the city to organize the 14th European Conference on Earthquake Engineering (14ECEE) in 2010. 

The candidate national organizations to organize the next ECEE were: (1) the Macedonian Association for Earthquake Engineering proposing Skopje and (2) the Italian National Association for Earthquake Engineering proposing Rome as the venue for the organization of the Conference in 2010. Following the presentations of the candidates' delegates and a secret ballot, Skopje, Macedonia, was selected as the city for the next European Conference on Earthquake Engineering by the majority vote of 25 to 14.

The European Association for Earthquake Engineering (EAEE) and the European Seismological Commission (ESC) have a long tradition of holding periodic conferences: the European Conference on Earthquake Engineering (ECEE) takes place at each four year period, and the General Assembly of the ESC takes place biannually. In 2006, the EAEE and the ESC joined the 13th ECEE and the 30th ESC General Assembly for the first time at the First European Conference on Earthquake Engineering and Seismology (1st ECEES).

If the 14th ECEE and the 32nd ESC General Assembly are joined again, which decision shall be made at the 31st ESC Assembly (September 2008 - Hersonissos, Crete), in addition to the 14th ECEE, Skopje will have the pleasure of organizing also the 2nd ECEES, in which case, the City shall accommodate and host more than 1,500 delegates from all around the World in 2010.

Ever since its establishment, MAEE has entirely been dedicated to national and world earthquake disaster mitigation. The 14th European Conference on Earthquake Engineering, or potentially the 2nd ECEES, is just another effort in the MAEE's endeavor to make a safer living environment as well as promote closer international cooperation and extensive exchange of knowledge, ideas, and the latest results from research and practice.

http://www.iziis.edu.mk/curent.htm



Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 11-Mar-2010 at 18:43
Originally posted by Max

имтересно0 ова тогаш би можењло да се примени како систем и на други градби освен мостови или!? медо!


Одамна постојат системи за сеизмичка изолација на сите видови објекти. Новитет може да биде само некое подобрување или поинаков концепт на постоечките системи. Не е ништо спектакуларно, но чини многу пари. Тука треба да се смени свеста на луѓето заради поголема примена на овие системи.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 12-Mar-2010 at 18:01

да но дали конкретно овој патент е применлив и на други објекти или е само типична сеизмичка изолација за мост!? имаме ние за базна изолација тоа понапред патентите кои ги посочи ти, ова е всушност четврт во низата

кажуваше гаревски во бурекџилница дека училишетето песталоци во скопје е првиот базно изолиран објект во светот 1965-67, истата изолација скоро е повторно заменета со помош на проект во соработка со нато исто, демек морало да се замени гумата бидејќи таа првата имала гарантен рок од 20 години, кој бил надминат, а и кога ја менувале воочиле дека за тоа и немало особена потреба...

наидов на недоумица во еден текст, каде гаревски вели дека ги мерат динамичките карактеристики на објектите http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=786&Itemid=73 кажи ова го прават компјутерски според постоечкиот проект на зградата или воедно земаат и параметри од терен!?! 

Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 12-Mar-2010 at 19:04
Почувствуван земјотрес во Охрид и Преспа

20.10.2003

Земјотрес со интензитет од 3 до 4 степени според Европската макросеизмичка скала изутрината е регистриран на подрачјето на Охрид и Преспа.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека земјотесот се случил во 7,36 часот, со епицентар во охридското подрачје.

Земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од 4 степени, а во подрачјето на Преспа со интензитетет од 3 до 4 степени според Европската макросеизмичка скала.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=25229
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 16-Mar-2010 at 01:03
Originally posted by Max

наидов на недоумица во еден текст, каде гаревски вели дека ги мерат динамичките карактеристики на објектите http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=786&Itemid=73 кажи ова го прават компјутерски според постоечкиот проект на зградата или воедно земаат и параметри од терен!?! 



Динамичките карактеристики на постоечки објекти се мерат со експериментални методи. Една од најпознатите е методот со амбиентални вибрации (Ambient Vibration Test). Еве пример за мерење на мостот во Мостар. Нормално, овие мерења се следат и обработуваат софтверски.
Со помош на овие резултати може најверодостојно да се калибрира нумерички модел и потоа да се симулираат различни влијанија (земјотрес, експлозии, работа на машини, опрема, луѓе...) со софтверска алатка. Скоро исклучиво софтверските алатки што денес се користат во праксата го користат методот на конечни елементи.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 30-Mar-2010 at 13:10

благодарам медо, всушност сакам да бидам на чисто кога ќе викнам некој да ми испита стара камена куќа да имам претстава како тоа би изгледало и јасно да знам бар колку е саат, ако истиот неможам и да го оправам впрочем затоа и прашував во технички речник за товарите http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=490&PID=61917#61917 

но ме буни друго нешто ајде за објект за кој имаш јасни параметри, и геолошки и конструктивно, се сложувам можеш веднаш да склепаш и анализираш компјутерски модел, но за постоечки објект без проби на материјал и геолошко мапирање на теренот, тешко дека ќе се постави прецизен модел за анализа, особено тешко за стара камена куќа, и особено ако не е изградена од еден тип на камен туку во неколку наврати со различен камен, па и врзивни средства! капак на тоа има и лепенки итн. да е уште посмешно самите ѕидови се носачки а гредите ги врзуваат истите дополнително а истите плус се оптоварени со корисен т.е. променлив товар... исто битен момент дали и како е крената на косина или на раб...

дополнителен проблем е што до неа има и друга помасивна куќа речиси залепена до неа ~1m растојание, што дополнително влијае на постојната куќа... цел амбиент и цела ситуација е премногу уникатна за да кренам раце од неа, но сакам темелно да ја осигурам преку прецизни анализи и прецизни интервенции онаму каде треба! патем освен изиис и градежен знаеш некој друг што би можел да ми излезе во пресрет а да не ме изгори



Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 30-Mar-2010 at 18:33
Воопшто не се грижи, се се средува. Секоја компјутерска симулација е само симулација односно апроксимација на реалната ситуација. При истата се прават одредени претпоставки и упростувања, како на пример она со материјалот, па така најчесто се прави хомогенизација т.е. се претставува камената ѕидарија како изотропен и хомеген материјал. Тоа реално е далеку од вистината, но релативно добро за проценка на состојбата на објектот.
Што се однесува до компетентни лица, веројатно има способни и искусни инженери освен во наведените институции, но не би знаел да посочам. Можеби ГИМ?!?
Мислам дека за таков објект мерење на динамички карактеристики со амбиент вибрациски тестови би била малку скапичка работа, но сепак последниот збор го имаш ти.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 30-Mar-2010 at 18:55

уф скапо претпоставувам да! плус нема проект за куќата туку мора допрва да се земат параметри, 100 год стара куќа... капак најзијан работа е што не е скопје па дополнителен трошок одими дојдими...

одприлика би знаел колку ова би чинело!? претпоставувам солено но чисто за ориентација фрли абер! 


Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 01-Apr-2010 at 01:27
Навистина незнам.Question
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 18-Apr-2010 at 02:46


Organic soils are undesirable as foundation or base course material and are usually removed from the construction site. 

soil engineering - стр.175 http://www.4shared.com/document/Hn6Q2I7P/SoilsEng.html
http://10zen.net/index.php?option=com_content&task=category&sectionid=6&id=22&Itemid=73

според ова скопје како тло кое претежно е мешавина од глина и песок (алувијално тло) излегува дека воопшто не е идеално за градба, јасно дека за секаква почва има чаре со добро стокмени темели на објектот, но од цитираното ми се наметнува недоумица дали е попрактично од сеизмички аспект да се отсранува глината од градежната парцела или да се оди на продлабочено фундирање т.е. длабоко темелење!? исто со оглед дека глината има екстра хигроскопски својства ме интересира во случајот на јо[1] дали може да се стабилизира тлото само со "правилна" дренажа околу објектот (а јасно воедно со тоа и да се скроти влагата)!?!  



Edited by Max - 01-Sep-2011 at 21:56
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4391
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 04-Sep-2010 at 20:02

Без поука од скопскиот земјотрес



Квалитетот на градбите порасна по катастрофата во 1963 година, но од 90-тите години почна да царува „урбаната мафија“, која во трката за профит заборави на безбедноста на објектите

Жителите на посиромашните земји се во поголема опасност од земјотреси и од природни катастрофи отколку луѓето што живеат во побогати држави, сметаат експертите. Неквалитетните градби и материјали, непочитувањето на законските прописи и стандарди, алчноста на инвеститорите, кои во трката за профит не обрнуваат внимание на безбедноста, придонесуваат природните катастрофи да предизвикаат илјадници човечки жртви во посиромашните региони. Но во која категорија од наведените земји може да се смести Македонија? Колку се безбедни и квалитетни градбите во земјава?

Експертите сметаат дека во Македонија состојбата со градбите генерално е подобра од таа во посиромашните региони што беа погодени од катастрофални земјотреси, како, на пример, во Турција, Чиле, Хаити каде што речиси и не остана здрав објект по потресот. Но едногласни се дека во земјава се' уште треба многу работи да се подобрат за да може да се каже дека секаде безбедно се гради.

СТРАВ И КВАЛИТЕТ

Според сеизмолозите и инженерите, најквалитетните градби во Македонија се изградени веднаш по скопскиот земјотрес во 1963 година. Стравот да не се повтори катастрофата и поуките од претходните грешки придонеле квалитетот на градбите да стане приоритет во градежништвото.

Директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизомологија (ИЗИИС), Михаил Гаревски, се согласува дека луѓето што живеат во посиромашните региони се позагрозени од природните катастрофи, но смета дека Македонците, сепак, се далеку од тоа.

- Ние сме на некое повисоко ниво, односно стандардот на градба е прилично повисок од таквите делови во светот. Тоа особено се должи на фактот што по скопскиот земјотрес посветеноста на квалитетна градба беше најголема. Луѓето беа многу исплашени, па обрнуваа големо внимание на овој сегмент. Но како што поминува времето, се' помалку се гледа на тоа. Генерално квалитетот на градбите е добар, иако од 90-тите години наваму контролата на градењето не е на највисоко ниво - вели Гаревски.

Тој смета дека регулативата не е многу рестриктивна во однос на сеизмичката контрола на објектите.

- Таа работа им се остава на проектантите и на ревидентите, па се' зависи од тоа колку се стручни и колку се совесни за тоа дали објектот ги исполнува стандардите. Ревизијата на сеизмичката стабилност на зградите не може да ја работи кој било инженер зашто не е едноставна работа - вели Гаревски.

Професорот на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски, во предавање во рамките на Европската конференција за земјотресно инженерство зборуваше токму за квалитетот на градбите по катастрофалниот земјотрес.

Во презентацијата наречена „Дали го заборавивме скопскиот земјотрес од 1963 година?“ Марковски објаснува дека по природната катастрофа во Скопје имало многу оштетувања на градбите. Земјотресот покренал интензивен развој на сеизмологијата и на земјотресното инженерство кај нас, се вложувало во образованието на домашните експерти, кои биле испраќани на обуки на престижни универзитети во САД и во Јапонија, а биле донесени и нови кодекси и стандарди за градење.

- Но, само 30 години подоцна, со почетокот на транзицијата, почнавме да го забораваме земјотресот од 1963. Агресивната трка за поголем профит откри многу аномалии, кои резултираа со многу лоша изградба и конструкции. Таканаречената урбана мафија го стави процесот на градење под своја контрола преку злоупотреби на просторот, сомнителен дизајн, ревизија и супервизија, како и трговија со неквалитетни градежни материјали. Македонските власти, а особено експертите, мора да направат напор за да ги елиминираат овие девијантни активности што е можно поскоро - наведува тој во својата презентација.

ОДНАПРЕД ПРЕСМЕТАН РИЗИК

Странските експерти не сакаат да ги коментираат состојбите на градбите во земјава бидејќи не ги истражувале и не располагаат со детаљни информации. Сепак, сите се согласуваат дека властите и луѓето во посиромашните земји треба да се концентрираат на квалитетното градење, со што ќе го намалат ризикот од природни непогоди со катастрофални последици.

Професорот на универзитетот „Стенфорд“, Хареш Шах, смета дека повеќето земји обрнуваат малку внимание на градбите во руралните делови.

- Сиромашните многу повеќе страдаат оти живеат во неквалитетно направени објекти, а по катастрофите немаат пари одново да ги изградат домовите. Во меѓувреме, дел од преживеаните умираат од епидемии и од заразни болести. Еден од начините да им се помогне на овие луѓе е нивните влади да одвојуваат одредена сума за помош уште при првите знаци на закана од природна непогода. Значи, најзагрозените да добијат помош иако не се погодени од природна катастрофа, со што ќе може превентивно да дејствуваат. Ризиците треба да се пресметаат однапред и да се влијае врз нив за да не губиме милиони луѓе и да се прават милијарди долари штета - рече Шах.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DF2C7AD49641BD45B06C59332FC5E2D0

Арно му текна!
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11810
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 17-Oct-2010 at 17:15

Се гради во црниот сеизмички појас

Евентуален земјотрес во Скопје може да предизвика многу големи оштетувања на објектите во строгиот центар на градот кај Старата железничка станица и Домот на градежници, како и во населбите Карпош 1 и Порта Влае, кои се изградени врз раседно земјиште. Во опасност ќе бидат и повисоките згради во населбите Аеродром, Ново Лисиче и Кисела Вода, зашто се направени врз почва непогодна за висококатници, тврди професорот во пензија на Градежниот факултет, Апостол Поцески.

Професорот, кој на факултетот предаваше статика и нумерички методи, своите тврдења ги заснова врз студијата „Ефектот на почвата од скопскиот земјотрес во 1963 година“. Таа е направена во годините по катастрофата, кога се испитувал составот на земјата во главниот град и нејзиното влијание врз градбите. Тогашните испитувања чинеле сегашни милијарда долари, а ги финансирале повеќе странски земји и југословенската влада. Се покажало дека целата скопска котлина лежи на чакал, кој некаде е длабок, а некаде многу плиток. Токму таквите разлики во длабочината може да бидат кобни при земјотреси. Студијата на Поцески во која се обработени раседите во Скопје е направена врз основа на овие податоци, а е објавена во едно од најугледните стручни списание во Америка, како и во публикации во земјава.

Процеп длабок 200 метри

Испитувањата на почвата покажале дека најголеми оштетувања во земјотресот имале објектите изградени врз голем расед, односно процеп длабок околу 200 метри, кој се протега од населбата Кисела Вода до реката Лепенец. Раседот минува низ делот кај Чешма во Кисела Вода, па преку улицата пред Старата железничка станица продолжува до поранешниот плоштад Слобода кај Домот на градежници. Оттаму преку улицата Ленинова излегува на „Партизанска“, па кај полициската станица во Карпош 1, преку Порта Влае, завршува кај реката Лепенец.

- Скопската котлина е испресечена со многу раседи, но овој е најстрашен бидејќи минува токму низ центарот на градот. Најголемите оштетувања во земјотресот беа по линијата на овој расед, кој е широк десетина метри од двете страни. Не смее да се гради врз него. Најмногу што може е да има улица, а не згради како што се направени. Дури има и висококатници. Никој претходно, а ни сега, не води сметка дека гради токму по линијата на раседот. Тоа може да биде кобно - вели Поцески.

Дека раседот има влијание врз интензитетот на земјотресот докажува и фактот што по катастрофата на релативно мала површина на која тогаш се простирало Скопје имало сосема спротивни оштетувања на градбите. Односно, во одредени делови на градот штетите биле незначителни, а во други имало целосно урнати згради. Имало и примери каде што градбите на една страна од улицата биле комплетно урнати, додека на спротивната немале никакво оштетување. Таквиот парадокс стручњаците го објасниле со специфичниот ефект на почвата, односно длабочината на чакалот. Таму каде што почвата била слаба и имала дебел слој чакал на површината, интензитетот на земјотресот бил поголем.

Градете во Тафталиџе

Токму поради различната почва, Поцески објаснува на кои места е посигурно да се градат повисоки згради.

- Низ цело Тафталиџе немаше никакви урнатини бидејќи населбата е изградена врз плиток чакал и тврда подлога - конгломерат. Затоа предлагав, ако веќе се градат висококатници во Скопје, да се градат на потегот од сегашен „Веро“ во Тафталиџе, Капиштец, па речиси до Водно. Наспроти тоа, повисоки згради не смее да има кај Поликлиниката „Букурешт“. Таму има висококатница изградена кратко време пред земјотресот чиј преден столб делумно се урна, најмногу поради составот на земјиштето. Во критичниот појас влегува и делот од Градски ѕид кај полициската станица „Беко“, како и околу Универзалната сала бидејќи е многу блиску до линијата на раседот. Не е препорачливо да се прават населби со високи згради во Железара и Кисела Вода. Чакалот во Аеродром и Ново Лисиче и денеска тоне, поради што таму не треба да се градат згради повисоки од осум ката - објаснува Поцески.

За сигурноста на населбите во Топаанско Поле, Бутел, Чаир нема многу информации, зашто овие делови не се испитувале многу по земјотресот. Не се правеле ни испитувања во Момин Поток и Зајчев Рид, за каде е планирано да се градат големи населби. Сепак, Поцевски смета дека ни таму не смеат да се градат висококатници, бидејќи носивоста на почвата е помала.

Професорот е револтиран бидејќи стручната јавност знае за испитувањата и резултатите од студијата, но не презема ништо за да го спречи градењето во критичните зони.

- Детаљно се знае каква е почвата низ Скопје и не мора да се прават нови испитувања. Затоа во сите нови урбанистички решенија мора да се земат предвид. Стручната јавност знае за испитувањата и за студијата, но намерно ги премолчува бидејќи веројатноста да се случи некоја нова катастрофа во скоро време е мала. Но, ова што се прави со градбите во Скопје е злосторство кон идните генерации. Нова катастрофа може да се случи за 100 години, ама луѓето сега не размислуваат за тоа бидејќи се чини далеку. Какви се овие луѓе што градат, не мислејќи на идните генерации? - прашува Поцески.

Стокатниците се бесмислица

Идеите за изградба на стокатници кај хотелот „Холидеј ин“ и во населбата Аеродром е бесмислица, смета Поцески. Според најавите, Владата планира да изгради три стокатници спроти хотелот во центарот на Скопје, а предвидена е и една од 125 ката во населбата Аеродром. На истата локација ќе се градат и три станбени згради од по 33 ката.

- Бесмислица е во Скопје да се градат стокатници и други високи згради. Почвата не може да издржи такво нешто. Друг проблем е што поради составот на земјиштето, станарите на овие згради многу посилно ќе ги чувствуваат земјотресите, дури и тие оддалечени 1.000 километри од Скопје - смета Поцески.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=258DB5BE3E0F0B4298E1F59C0AB8200E
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11810
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 17-Oct-2010 at 17:24


Колку се оправдани овие стравувања? Мене ми звучат пренагласени, но како тотален лаик на тоа поле, не би си земал за право да извлекувам заклучоци, туку би сакал да слушнам и некакво друго стручно мислење.

Во секој случај, дистрибуциајта на оштетувања предизвикани од земјотресот не се поклопува баш со искажаното во текстот  Dunno

Мапа:

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 7>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.