build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми > Наука и технологија
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сеизмологија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 7>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 13-Mar-2009 at 17:56
Колку што знам тоа се посебни 3 система за сеизмичка или базна изолација. Не сум 100% сигурен за третиот систем, но:

- прв би бил системот со гумени лежишта (rubber bearings) каде меѓу слоеви од гума се поставуваат специјални плочи. Овие лежишта се поставуваат под конструкцијата. Ги има повеќе типови, а ИЗИИС има регистрирано патент за лежиште што би се произведувало во Македонија.

- втор би бил системот ALSC системот на воден душек, каде конструкцијата се става во резервоар со течност и едноставно плута на површината. Се разбира има одредени дампери кои спречуваат да се удира во ѕидот. Сето тоа треба да биде контролирано автоматски, односно во случај на земјотрес сензори го детектираат земјотресот, даваат сигнал да се подигне системот, односно конструкцијата да плута и на таков начин се активира заштитата.

- трет систем е веројатно системот на Friction Pendulum Seismic Isolation Bearings.

Би требало ова да се системите за кои се зборува во текстот.

П.С. Како да ставам слики зачувани кај мене во текстов???
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8777
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 13-Mar-2009 at 17:59
Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 13-Mar-2009 at 18:09
Фала, pbanks, требаше да си прочитам :-)

Rubber Bearings


ALSC


Friction Pendulum System



Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 13-Mar-2009 at 18:37
Еве и анимации:

Rubber Bearings

http://tinypic.com/player.php?v=2mcjdxh&s=5


Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 13-Mar-2009 at 18:39
Friction Pendulum

http://tinypic.com/player.php?v=2rh2x6t&s=5
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 13-Mar-2009 at 19:22

Медо благодарам за сликовитото инфо, значи не е еден систем во прашање во текстот, туку три различни изуми!

водениот душек нели на еурека во брисел  доби сребрен а во сеул златен медал за изум,  плус како што наведе душекот е дел од прохитеч програмата, но за останативе два изума немам чуено  за некакви пофалби или признанија од надвор.

патем ова последниот изум со нишалката мислам дека постои како изум и на запад, не сум сигурен но мислам гледав на дискавери експерименти за истиот... 




Edited by beTon - 13-Mar-2009 at 19:26
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 13-Mar-2009 at 20:10

еве едно  можеби реално видување  за изис на првоборецот Коле Јордановски    

Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС - Скопје) во минатото и денес

На крај на август 2005 година беше одбележана 40-годишнината од постоењето на ИЗИИС. По тој повод, во вашиот весник од 27 и 28 август 2005 година беше печатен напис од Б.А. (веројатно ваш новинар) афирмативен, претенциозен и нереален напис, во кој, помеѓу другото, се спомнува и следното: "Дека овој јубилеј на најренмонираниот (?) македонски институт, ќе биде прославен на свечен начин со гала-спектакл°. Точно, овој институт (ИЗИИС) беше некогаш многу реномиран и гордост на Македонија и на Скопје. Меѓутоа, во последните години, посебно во последните три години е негативно изменет и Владата на Република Македонија треба да преземе енергични мерки барем делумно да се врати сјајот на овој институт.
Во почетокот на 1964 година, идејата за формирање на ваков институт беше создадена во Меѓународниот одбор на консултанти за обнова и изградба на Скопје и тоа осум месеци по катастрофалниот скопски земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година. Претстоеше тешка и долга обнова и изградба на градот. Немаше ниту југословенско ниту македонско искуство за санација (на помалку оштетените објекти), немаше искуство за проектирање и градба на објекти отпорни - сигурни во случаи на земјотреси. Итно беше потребно донесување современи технички прописи за проектирање и градба на сеизмички објекти во Македонија и во Југославија. . Во формирањето и почетната работа на институтот одлучно и успешно помагаа УНЕСКО, УНХЦР и експерти од Јапонија. Првиот директор проф. инж. Тиберие Киријас и вториот директор проф. д-р Јаким Петровски беа ентузијасти и многу успешни во работата. Први и основни задачи на ИЗИИС беа да образуваат македонски и југословенски земјотресни инженери, кои би се ангажирале во инженерската санација на објектите оштетени од земјотресот. Се бараше ИЗИИС да работи на создавање микросеизмичка регионализација на Скопје, во создавање и разработка на прописи за проектирање и градба на асеизмички објекти - да се обезбеди контрола на проекти и контрола при градба на посложени објекти.
Институтот требаше да стане регионална организација од значење за целата земја, за Блискиот Исток (во кој регион сите земји се во сеизмички активни зони). Се очекуваше институтот да има и европско значење. Во првите 20 години од своето постоење, ИЗИИС стана вонредно реномирана и успешна стручна организација. ИЗИИС започна да му помага на земјите каде што се случуваа катастрофални земјотреси како што беа: Алжир, Турција, Грција, Романија, Мексико, Иран и други.
ИЗИИС стана гордост на Скопје. Институтот достојно го претставуваше Скопје, градот на солидарноста и меѓународното пријателство. Многу често во посета на институтот се носеа странски дипломатски и друг вид на делегации. ИЗИИС ја доби највисоката југословенска награда и признание (АВНОЈ). Тоа беа ѕвездени моменти на ИЗИИС.
Така беше некогаш, како е денес? За жал, денес е присутна само желба да се живее од славата на минатото. Потенцирана и присутната е желбата да се приредуваат свечености и гала-спектакли. Персоналот на ИЗИИС е значајно редуциран. Неколку надежни млади експерти си отидоа во Австралија, Канада, Франција, Англија. Во ИЗИИС нема натамошна разработка на прописи за проектирање и градба на објекти сигурни во случаи на земјотреси. Нема забележителна улога на ИЗИИС во проектирање и контрола на објекти што се градат во нашата земја, која е во активна ризична сеизмичка зона. Владата на Р. Македонија, преку своето (своите) министерства, скромно ги финансира активностите на ИЗИИС. Главните приходи (и преокупација на ИЗИИС) се од издавањето на просториите на прекрасната зграда која се најдува на падините на планината Водно.
Владата на Република Македонија треба темелно да ја анализира работата на ИЗИИС и да преземе енергични мерки.
Јас сум повреден од непочитувањето на мојот вложен труд во помагањето при основањето и подоцна при работата на ИЗИИС. Тоа мое чувство не е причина за овој мој критичен однос, туку причина е мојата желба ИЗИИС да биде поактивен и да го поврати реномето што го имаше во минатото. Апсолутно не се доволни едукативните активности на институтот во збогатувањето на знаењата на домашните и странските идни земјотресни експерти.
Ќе се радувам ако моите оцени бидат успешно демантирани. Меѓутоа, ако постои интерес, јас можам да ја проширам и аргументирам критиката за актуелните состојби во ИЗИИС.

Утрински - 20.09.2005

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 14-Mar-2009 at 18:19

Голем земјотрес во Македонија се очекува за 50-100 години 
 

Иако однапред не може точно да се предвиди дали кога ќе има земјотрес, макеоднските сеизмолози најавуваат голем земјотрес во Македонија, ист како скопскиот од 63-та, да се случи за 50 до 100 години од денес. Во следните 500-ни години пак може да се очекува катастрофален земјотрес од 10 степени. Сезимолозите не ги плашат вчерашните 40 земјотреси што се случија во југозападна Македонија само во еден ден, бидејки вакви мали потреси се вообичаени за едно трусно подрачје какво што е Македонија. Велат дека и да се дознае предвреме дека се очекува голем земјотрес, сеизмолошкиот кодекс не дозволувал тоа да им се каже на граѓаните за да се спречи паника. 

“Сеизмолозите имаат кодекс и дури и да знаат кога ќе има земјотрес не смеат да кажат –луѓето може полошо да реагираат“ вели д-р Вера Чејковска, сеизмолог.

Од Сеизмолошкиот институт за земјотреси велат дека и да се повтори земјотресот од пред 50 години, овој пат не би требало да има многу жртви бидејќи сега зградите се градат релативно стабилно. Сепак, предупредуваат на опасноста од надградбите на старите згради што се градени пред земјотресот.

“На старите згради со закон треба да им се забрани надоградба- за жал во новиот закон за градежно“ вели д-р Михаил Гаровски, директор на ИЗИС.

Гаровски вели дека, според новиот закон за градба, градежните претпријатија веќе немаат обврска да бараат мислење за сеизмичката градба од ИЗИС, иако дел од претпријатијата се` уште го почитуваат стариот закон. Експертите велат дека можеби е добро што има вакви почести земјотреси за да ги потсетуваат градежните претпријатија да градат стабилни објекти. 

Алфа - Александра Смилеска - 13.03.2009

Back to Top
dimme.von.macedonia View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 30-Jun-2008
Location: Hrvatska
Online Status: Offline
Posts: 78
  Quote dimme.von.macedonia Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 08-Apr-2009 at 14:19
Edno prasanje, bidejki ne sum siguren kade da go upatam ova prasanje, pod koj topic, smetam deka bi mu bilo mesto tuka, pa ako sum zgresil se izvinuvam.

Kako pred nekolku dena se sluci zemjotres vo L'Aquilla vo Italia, se prisetiv na Skopje deka e na slicno podračje, i deka istiot imase slicno devastirajuce iskustvo. Pa me zanima dali nakon zemjotresot vo Skopje 1963 godina se e prevzemala nakoja merka vo zastita od takvi prirodni katastrofi? Kako se konstruirani novite zgradi? Dali se posigurni? Sto bi se slucilo da povtorno udri zejotres od 7 po Richter, sto bi ostanalo od Skopje?

Mislam, temava e seriozna, i vredi da se spomene, pa ako nekoj znae kade vo koj topic da se prefrli, slobodno. A nikoj podobro od vas nema arhitekti nema da gi znae podobro tie raboti Big%20smile

Pozdrav! Cheers
The beauty comes from within.
Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 08-Apr-2009 at 17:46
dime добро прашање поставуваш, но морам да те коригирам дека ако прашуваш архитект за сеизмика во поглед на конструирање на објекти и слично нема да добиеш одговор. Затоа треба да прашаш градежен инженер, конструктивец во најмала рака.
Според мене, земјотресот во Италија беше многу сличен со оној во скопје од 1963, т.е. беше од ударен тип што може да се види од генерираните записи за истиот. Штетите и жртвите што се случија таму главно се должат на лошата конструкција на старите ѕидани објекти, нешто слично се има случено и во Скопје. Не дека нема начини како тие да се зајакнат и подобрат, но сепак кај нас луѓето неоправдано го напуштија овој тип на конструкции и се префрлија на конструирање таканаречени современи објекти од армиран-бетон и челик. Но сепак, науката докажува спротивно и беањето од ѕиданите објекти е неосновано. Но, за ова во некоја друга нишка.
Јас мислам дека при сличен земјотрес во Скопје не би се случиле такви загуби како во 1963 год, затоа што огромен број на објекти изградени по земјотресот и денес се проектирани според асизмичките прописи. Друго прашање е каква е нивната изведба, односно дали се почитувани одредбите во проектот. Основно е да се прави разлика проект-изведба.
Од аспект на истиот тип на земјотрес од Италија, краткотраен со ударно дејство највеќе би настрадале нискокатните објекти. Доколку земјотресот има фреквентен состав со поголеми фреквенции (сега малце стручни термини Smile) во тој случај би страдале повисоките објекти. Ова е генерална констатација, но секогаш има исклучоци од правилата поради други причини.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 08-Apr-2009 at 21:59
И уште една напомена, едно 20-30 години по земјотресот се испитуваше марка на бетон (јачина) на секој објект, сега како што вели medo едно се проектира друго се вградува трето се добива. Недај боже, да удри таков земјотрес мислам дека овие брзопрофитни градби би се нашле на купче.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 08-Apr-2009 at 22:02
Јас се сеќавам имаше еден земјотрес во скопје ~2000,2001 година и се сеќавам дека тогаш се сруши една трафика импрозивирана во Чаир. Дали случајно некој има информација или се сеќава на случајов.

Очигледно чим тогаш падна само таа трафика, значи била најслабиот објект во Скопје. Дали има инфо сега ки се најслабите објекти во Скопје.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 19-Dec-2009 at 05:16

незнам кој е најслаб но знам кои се се најкритични!

за помал интензитет на резонанца мислам дека тоа се оние старите маркети на славија, картонските, додека за поголем интензитет посекако на удар се новите кибрит (безгредови) конструкции по мичурин, дебар маало, карпош... 

мене ме интересира дали изиис прави неков увид или контрола на терен? или само е за должен за индиректна ревизија на проекти доколку некој го ангажира!? мое мислење е дека би требало да се шета како инспекција по градов особено кај ова надуените згради, кои ај што се пред земјотресот, туку постојната надградба не им е нешто особено квалитетна, бар тоа досега на повеќе места беше случај и кај нови згради а не па закрпи, тоа инвеститорите (пардон трговците) да можат ни арматура нема да ставаат!

Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 20-Dec-2009 at 08:55
Originally posted by Max


незнам кој е најслаб но знам кои се се најкритични!

за помал интензитет на резонанца мислам дека тоа се оние старите маркети на славија, картонските, додека за поголем интензитет посекако на удар се новите кибрит (безгредови) конструкции по мичурин, дебар маало, карпош...



Max, помал интензитет на резонанца? Резонанса си е резонанса, изедначување на фреквенциите на осцилирање на објектот и побудата. Нема тука помал поголем интензитет на резонанс.
Неосновано е тврдењето дека безгредовите конструкции се поповредливи на земјотрес од скелетните. Има правила и прописи како се проектираат безгредови конструкции, па ако се почитуваат може да се обезбеди нивната сеизмичка сигурност.

Originally posted by Max


мене ме интересира дали изиис прави неков увид или контрола на терен? или само е за должен за индиректна ревизија на проекти доколку некој го ангажира!? мое мислење е дека би требало да се шета како инспекција по градов особено кај ова надуените згради, кои ај што се пред земјотресот, туку постојната надградба не им е нешто особено квалитетна, бар тоа досега на повеќе места беше случај и кај нови згради а не па закрпи, тоа инвеститорите (пардон трговците) да можат ни арматура нема да ставаат!


Изиис нема ингеренции да прави увид или контрола на терен. Изиис е високообразовна научна институција, односно институт во рамките на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Подлежи на истите закони и прописи како секоја членка на Универзитетот. Секако поседува лиценци за проектирање, надзор и ревизија, па доколку некој ги ангажира си ја вршат својата работа.
Во врска твоето мислење за шетање по градот по објекти, апсолутно мислам дека не си во право од едноставна причина што зад секој проектант на објект прво стои фирма, потоа самиот проектант носи одговорност за тоа што го проектирал, по него стои ревидент на проектот кој исто така одговара за проектот, за на крај одговорноста да ја имаат изведувачот на работите, надзорот на работите, односно инвеститорот. Секако тука општините и градот си имат своја улога во ова. Така што тука постои една цела спрега што носи одговорност, па обично шетање по објекти без детален увид во проектот и изведбата не помага.
Се сложувам дека постојат понеквалитетни изведби, но не секогаш тие се на надградбите. За такво тврдење треба да одтвориме конкретна нишка за конкретен објект и да дискутираме.
Дека инвеститорите сакаат да заштедат, односно направат профит, тоа држи, но неможеме да генерализираме за сите. А како куриозитет за арматурата, сакам да потенцирам дека само арматурата не е главна во прифаќањето и пренесувањето на сеизмичките товари на една конструкција. Само со правилна конструкција, односно почитувајќи ги прописите за асеизмичко проектирање може да се обезбеди сеизмички сигурна конструкција.
Впрочем постојат низа објекти без грам арматура што преживуваат земјотреси. Да се потсетиме само на нашите цркви, џамии... или да речеме Камениот мост....


Edited by medo - 20-Dec-2009 at 08:57
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 20-Dec-2009 at 15:31

медо Благодарам на деталната експликација во однос на мојот пред се фигуративен пост

резонанца мислам пред се во однос на интензитетот кој се јавува во земјата односно кој се пренесува врз објектот и неговото резонантно поле, значи одредени конструкции (и материјали) и со мал интензитет на потрес можат да бидат закачени т.е. како што спомна да стигнат до изедначување на фреквенциите на осцилирање на објектот и побудата...

патем само низ вакви недоречености може да подгибнеме и малку подлабоко околу причините за некоја појава во случајов потскокнување на тлото... еве нешто интерени муабети во тој контекст

http://www.iris.edu/hq/files/programs/education_and_outreach/lessons_and_resources/images/rconceptmap-big.jpg

http://mceer.buffalo.edu/infoservice/reference_services/EQaffectBuilding.asp

http://faculty.washington.edu/tpratt/frequencies.htm

http://en.wikipedia.org/wiki/Mechanical_resonance

~

инаку за изис велам дека најдобро е како најодговорно тело во државава, институт со светско реноме, при него а се формира и одел кој ќе ги чешла сите проекти, всушност за да се рашетаат од зграда до зграда најнапред треба да ја прочешлаат општинската архива и сите проекти кои се депонирани во неа, потоа доколку утврдат некаде некаква недореченост или сомнеж да излезат на терен и да земат пробен материјал за анализа... значи да бидат еден главен монитор за имплементација на кодексите кој би се активирал по пријава или регуларно пример еднаш на три месеци заради одржување кондиција кај одговорните (односно страв кај инвеститротите) како би се избегнала евентуална идна катастрофа заради експериметнтални инвестиции, што мора да се признае дека во транзицијата кај нас си земаа прилично замав, а во одредена мера и денес тераат така, подмачкај ваму подмачкај онаму сите весели а правила исполнети само на хартија! тука е муабетот и за арматурата, не дека не може без арматура, туку проектантот предвидел една тонажа а инвеститорот притиснат заради профит го врбува изведувачот да импровизира... инаку знам за куќи од педесетите кои и без грам арматура изградени само од цемент и чакал, стојат без проблем и без ниедна пукнатинка, како што кажа многу нешта зависат од квалитетот на проектирање но и имплементација во целост на истото! 

Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 23-Dec-2009 at 10:53

Градат катови на згради без столбови

Експерти по сеизмика предупредуваат дека надградбите на старите згради во Карпош 1 претставуваат опасност за станарите при силен потрес, затоа што објектите имаат само ѕидови и не може да поднесат дополнително оптоварување

Големите потреси може да бидат кобни за старите предземјотресни згради во Карпош 1 каде што наголемо се надградуваат катови, затоа што не може да издржат таков товар, предупредуваат експерти по сеизмика. Проблемот е што овие згради се градени без столбови. Во оваа населба веќе две години владее инвазија за надградување и доградување на катови и на тераси, а тоа, според нашите соговорници, е опасно за стабилноста на објектите.

Надградбите може да предизвикаат големи штети на самите згради, а може да дојде и до загуба на човечки животи, вели Круме Атанасовски, магистер по статика и градежен инженер.

- Кој ќе одговара ако утре се случи такво нешто? Не е исклучено при силни потреси зградите да паднат бидејќи се ѕидана конструкција од тули, без армирано-бетонски столбови. Воедно, зградите претрпеа големи оштетувања од катастрофалниот земјотрес - вели Атанасов.

Станува збор за 6 од 12 објекти кои го „преживеаја“ земјотресот во 1963 година. Градежните работи на зградите на улиците Даскал Камче 3, Рузвелтова 55 и 59, како и на Гиго Михајловски 2 се веќе готови. На улицата Никола Тесла 8 градбата е стопирана, а на улицата Руѓер Бошковиќ работите не се почнати. Граѓаните сметаат дека Општина Карпош и покрај целата сериозност на проблемот останала глува на апелите да не издава одобренија за надградба на старите згради.

Атанасовски предупредува дека во повеќето згради за доградбите на терасите морале да се исечат армирано-бетонските платна (кожуси) што биле поставени со санацијата по земјотресот. Со овие потези е намалена отпорноста на објектите на сеизмичките влијанија.

Она што дополнително внесува немир е дека по земјотресот овие згради биле „обележани со црвено“, односно биле одредени за уривање. Но, како што вели Атанасов, кој тогаш бил инспектор во Општина Идадија, со разни проекти за сеизмика и статика зградите сепак биле спасени.

- Во овој реон, поточно во Карпош 2, се случил најголемиот потрес, при кој имало голем број жртви, особено во зградата број 13, која целосно била разурната - предупредува Атанасов.

Интересно е што за пет од овие згради како инвеститор за надградбите се води Тони Велјанов. Дел од одобренијата за градба биле издадени во времето на поранешниот градоначалник Андреј Петров, а дел во времето на в.д. градоначалникот Сашо Димиќ, кој се води и како станар во зградата на Даскал Камче.

Локалните власти тврдат дека сеизмичките проекти, доставени при процедурата за градежни дозволи, ја гарантираат безбедноста на зградите.

- Освен за зградата на улица Гиго Михајловски број 2, за сите други надградби инвеститор е Тони Велјановски. Во основниот проект што се доставува до Општина Карпош инвеститорот приложува документи за фаза архитектура, фаза статика и ревизија на основниот проект. Врз основа на добиената техничка документација, Општина Карпош издава одобрение за градба. Статичарот гарантира дека доградбата и надградбата се изградени во согласност со законските прописи. Значи, за стабилноста на зградите, доградбите и надградбите гарантира лиценцирана фирма - изјавија од Карпош.

Јорданка Ивановска


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=75F0D05B2A64DB4CA6208562D0353EC3

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 23-Dec-2009 at 11:26
Додека не падне една зграда кај нас?! Жал ми е што морам да кажа, ама додека недајбоже не видиме жртва не се фаќа никој превентивно да воведе ред! Како да сме го забораиле земјотресот!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 23-Dec-2009 at 14:29
Во основниот проект што се доставува до Општина Карпош инвеститорот приложува документи за фаза архитектура, фаза статика и ревизија на основниот проект. Врз основа на добиената техничка документација, Општина Карпош издава одобрение за градба. Статичарот гарантира дека доградбата и надградбата се изградени во согласност со законските прописи. Значи, за стабилноста на зградите, доградбите и надградбите гарантира лиценцирана фирма - изјавија од Карпош.
Ова на хартија делува смирувачки, ама ние не сме Германија, туку земја каде што дивее урбана мафија, корупција и неодговорност од огромни размери. А кобни пропусти може да се направат на пример и со лоша изградба или несоодветни материјали. Се разбира, како што кажа погоре medo, теоретски постои спрега на одговорности, но прашање е колку суштински функционира сето тоа.



Она што дополнително внесува немир е дека по земјотресот овие згради биле „обележани со црвено“, односно биле одредени за уривање. Но, како што вели Атанасов, кој тогаш бил инспектор во Општина Идадија, со разни проекти за сеизмика и статика зградите сепак биле спасени.
Дали ова се зема во предвид при изработката на проектите за надградба? Дали воопшто може да се најде документацијата кои згради и со какви интервенции биле „спасувани“?


-----------------------------------


medo, би било убаво да се слушна твое мислење околу текстот
Back to Top
medo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 217
  Quote medo Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 23-Dec-2009 at 16:58
Не дека бев прозван, ама неможам да одолеам на ваков текст Big%20smile.

Прво
Многу е лош насловот на текстот. Асоцира дека ако зградата нема столбови не ја бива. Лага. Подобар конструктивен елемент за прифаќање сеизмички сили од ѕид нема. Ако има потреба, кај зградите со столбови (Roll%20eyes) се проектираат и платна. Не за друго, туку да им помогнат на столбовите.

Второ
"Експерти по сеизмика". Кои се тие? Г-ѓо Ивановска, напишете ги со име и презиме да ги видиме. Не само како и останатите новинари за секој потенцијален проблем да барате "експерти". Уште малку кога ќе пукне канализациона цевка во град ќе пишувате мислења на "експерти по канализација".

Трето
Originally posted by La Linea


Големите потреси може да бидат кобни за старите предземјотресни згради во Карпош 1 каде што наголемо се надградуваат катови, затоа што не може да издржат таков товар, предупредуваат експерти по сеизмика. Проблемот е што овие згради се градени без столбови. Во оваа населба веќе две години владее инвазија за надградување и доградување на катови и на тераси, а тоа, според нашите соговорници, е опасно за стабилноста на објектите.


Воопшто нема проблем што тие згради се градени без столбови. Впрочем во тоа време кога се градени се користела ѕидаријата како материјал, односно се граделе неармирани ѕидани конструкции. Затоа немаат столбови, но тоа само по себе не е проблем. Се сложувам за инвазијата за надградување на вакви објекти и не би го препорачал истото освен во исклучителни случаи. Оправдувањето за тие исклучителни случаи го има во член 115а од Правилникот за технички нормативи за изградба на објекти од високоградбата во сеизмички подрачја (Сл. весник 52/90). Во него се допушта извршување 'битна' промена во конструкцијата на објектот, а под битна промена меѓу другото е наведено:
  • подигнување на еден или повеќе катови;
  • доградба до постоечки објект чија површина е поголема од 10% од површината на објектот;
  • реконструкција или адаптација на објектот чија постоечка површина се смалила за 10%, а масата на објектот се зголемува или намалува за повеќе од 10%.
За овие промени мора да се докаже сеизмичката отпорност на објектот.
Со други зборови, со законот се дозволуваат било какви зафати на објектот, а истиот доколку ја зголеми масата до 10% мора да ја поседува сеизмичката отпорност на првобитниот објект, зошто не настанува "битна" промена по завршување на работите.

Во сите други случаи би ја кажал српската мудрост "Не дирај лава док спава".

Четврто
Потполно се сложувам со г-динот Атанасовски во неговите искази. Се надевам дека се верно пренесени иако 'магистер по статика' нема!!. Може да биде само 'магистер на технички науки'.
Зајакнувањето на ѕиданите конструкции по земјотресот главно се изведувало со армирано-бетонски платна, односно се вршело 'жакетирање' на ѕидовите. Кожус не сум чул досега.
Страшно е ако истите стојат неповрзани за ѕидаријата заради доградбата на терасите. Нормално, на таков објект му е намалена сеизмичката отпорност.

Петто
Останатиот дел од текстот околу инвеститорот и локалните власти е дегутантен и ич не го сметам за важен од аспект на проблемот за објектите.

Резиме
Текстот за мене е добар бидејќи го истакнува актуелниот проблем со рашомонијадата создадена од секакви 'инвеститори'.
Од друга страна никој неможе да предвиди како тој објект ќе се однесува при земјотрес. Има многу непознати фактори кои неможе да се предвидат.
Не значи дека при земјотрес тие ќе се срушат.
Доколку некој се сеќава или слушнал од некој што го преживеал Скопскиот земјотрес од 1963, имало случаи кога 2 наполно идентични згради, од ист материјал, форма и катност доживеале различни судбини. Едната била поразрушена од другата или пак едната се срушила, другата не.

Сметам дека ако се надградува таков објект мора да се спроведат детални експериментални анализи на истиот, да се провери и утврди состојбата на конструкцијата, па потоа со детални пресметки да се заклучи дали тој објект може или неможе да се надградува. Се друго е мачка во вреќа.

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 25-Dec-2009 at 09:46

медо да не излезе дека нема дискусија еве од мене нешто контра муабет иако и без него нишкава ќе преживее!

 
Асоцира дека ако зградата нема столбови не ја бива. Лага. Подобар конструктивен елемент за прифаќање сеизмички сили од ѕид нема. Ако има потреба, кај зградите со столбови (Roll%20eyes) се проектираат и платна. Не за друго, туку да им помогнат на столбовите.

скелетот е подобен доколку дрма земјотрес, додека ѕидот заради претежно слабото врзување лесно испукува, сепак ако столбот испука за него нема замена мора да се крпи, додека идот комотно може да се преѕида

Не само како и останатите новинари за секој потенцијален проблем да барате "експерти".

медо посекако има луѓе кои се специјализирани за одредена област, експерт би требало да е проверен и етаблиран научен работник 

За овие промени мора да се докаже сеизмичката отпорност на објектот. Со други зборови, со законот се дозволуваат било какви зафати на објектот, а истиот доколку ја зголеми масата до 10% мора да ја поседува сеизмичката отпорност на првобитниот објект, зошто не настанува "битна" промена по завршување на работите. Во сите други случаи би ја кажал српската мудрост "Не дирај лава док спава".

на кој начин се докажува сеизмичка отпорност, само со проект или за тоа е потребно и ин-ситу испитувања, незнам досега некој за надградбиве да излегол на терен и да извршува анализи на геомеханика на тло, на постојна статика на зграда, квалитет и состојба на метеријал... според мене заради недоизџвакана регулатива која е оставена само на општинските инспектори да ја спроведуваат и контролираат, и те како си играат со лавоите од пред земјотресот 

'магистер по статика' нема!!. Може да биде само 'магистер на технички науки'.

може да биде мр по технички науки со специјализиран за статика

Доколку некој се сеќава или слушнал од некој што го преживеал Скопскиот земјотрес од 1963, имало случаи кога 2 наполно идентични згради, од ист материјал, форма и катност доживеале различни судбини. Едната била поразрушена од другата или пак едната се срушила, другата не.

колку што се сеќавам од документарци тоа е бидејќи земјотресот имал специфични синусоидални бранови кои немаат рамномерен удар, туку потскокнуваат т.е. првата зграда ја фаќа другата ја рипнува па третата ја закачува итн, затоа и било ова случај а не дека другата зграда била поцврста!?! 

Сметам дека ако се надградува таков објект мора да се спроведат детални експериментални анализи на истиот, да се провери и утврди состојбата на конструкцијата

а ова сакаш да кажеш дека кај нас е пракса

~

резиме: another point of view  http://www.cement.org/masonry/pp_wind_northridge.asp

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 7>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.